Пиљара али со ептен богат асортиман на производи , не само овошје и зеленчук. Фактички би дошло како минимаркет во кој ќе можеш да работиш сам , ако имаш веќе многу работа максимум двајца да сте. Баш бев за Бугарија пред некој ден и ми влезе во око едно вакво слично местенце кое работеше со фул пареа. Имаше буквално се , разновидно овошје и зеленчук , цигари , алкохол , мед , тестенини кои ти ги подготвуваат топли , тостови , пици , буквално беше како пекара+пиљара+тобако споено во едно.
Ептен интересно ми стоеше , плус имаше надвор мало место кое беше покриено со цирада и имаше 5-6 мали маси и 2 автомати за кафе. Пуно беше се , а и најинтересно беше што се наоѓа на автопат на 50 километри пред Софија и има многу големи паркинзи за камиони , и вриеше народ. Се одмараат луѓето таму од пат , пијат кафе , пивце , буквално се дупнаа луѓето од работа и што беше најубаво по се изгледа беше семеен бизнис. Работеа постари маж и жена , плус едно помладо девојче , сигурно беа семејство.
Кога би имал вакво место не се ни мислам дали да го отворам , инвестицијата не е поголема од 6-7 илјади евра , па можеш да почнеш и со помалце а после да се прошириш ако ти оди. Сакав јас слично нешто да отворам во Петрич , али ме предомислија во последен момент , а имав и место кај да престојувам без кирија да плаќам.