Го купив летото, крајот на Јуни почнав да го користам. Околу 2 месеци го користев првото шишенце, доста позитивен ефект имаше. Меѓутоа не можам со сигурност да тврдам дека тој целосно ја заврши работата... зошто? Јас сум од Охрид и сум студент на ФИНКИ 2. година во Скопје, во 18 години што живеам во Охрид не сум имал никакви проблеми, а после неколку месеци во Скопје ми се појави овој проблем со себореата и ме мачеше се до летото... кога се вратив во Охрид, а баш и тогаш почнав да користам BlueCap шампон, бев повеќе изложен на сончева енергија, на чист воздух за разлика од Скопје.... можеби повеќето работа беше завршена од BlueCap...
Додека сме кај неговото користење, после првото шишенце, купив уште едно и го користам чат-пат некојпат, еднаш неделно или така нешто... утре баш ќе одам на фризер ќе ја кратам од страна на единица па ме интересира каква ќе биде состојбата, мислам дека и да има нешто би било незабележливо, а како што пишав погоре, тоа не беше случај и на многу подолга коса од страна