Правна помош и совети

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Здраво. Бев застанат(5 мин.) на автобуска постојка да отиде другар ми да купи нешто од продавница и дојде џандарче и ме казни 200 евра и ми вика уште ако сакаш не ја плаќај може ќе те помилуваат на суд.., па би сакал да знам дали е рално да те казни на автобуска постојка со 200евра што си застанал и дали да си ја платам упола или да не ни ја плаќам(да си чекам на суд)?
Ако си бил застанат на место кое е определено за паркинг простор само за автобуси(а не за автомобили,мотори и сл) тогаш немаш некои аргументи..
Ист случај имаше другар ми пред некој месец,го казнија за тоа што застана на неколку минути на автобуска постојка..:eek:
Мој совет е подобро плати си упола 100 евра во рок од 8 дена,зошто ако чекаш на суд голема е веројатноста да ја платиш цела казна+судски трошоци...
Досега ретки се случаите кога некого "помилувале"за сообраќаен прекршок...
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Каде се пријавува за чување животни во градска урбана средина.. И каква е постапката ако е запознаен некој..
 
Член од
20 декември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
3
да не случајно некој има терк од предлог до нотар за барање за донесување решениа за извршување врз основа на веродостојна исправа да ми прати :)
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
156
Поени од реакции
156
Здраво, имам наследено огромен долг кон Водовод, околу 4500 е.
Тужбите се уште од 2007, 2008, 2009 год. време кога водата се водеше на дедо ми,
кој е починат, кога дошле извршители 2012 немало од што да извршат
бидејќи куќата не е легализирана и само ни рекоа да се префрли водата на татко ми,
пред 2 години почина и татко ми а легализацијата е сеуште во процес,
ја продолживме на мое име.
Тужбите ги немам во писмена форма, но ги гледам на сајтот на водов на профилот од мојот водомер.
Една тужба е енормно висока 220 000 денари, (другите се од 5000 до 20000 ден),
дали е можно да има толгу голема тужба од 3.500 евра или е направена грешка,
како може да добијам информација зошто е толку голема сумата на таа тужба?
Ве молам за совет!
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Колку е долгот толку е вредноста на тужба, инаку ако го тужеле дедоти а извршители немале што да земат и вие немате наследство од кој што може да се наплати долгот така да пиши пропало или тако звано свиркај си...
 
Наследство е куќата кога ќе се легализира,
од неа нема да може да се изврши?
Или пак од плата да ми сопираат?
Од водовод ја тераат мајка ми водомерот да се префрли на нејзино име,
тогаш ќе може нејзе да и сопираат? Дали да го префрли на нејзино име?
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
139
Поени од реакции
9
здраво. сакам да прашам нешто во врска со имот. инаку имотот е од на дедоми сестра која живее во австралија а имотот се наоѓа во македонија и е на име на нејзиниот сопруг кој сега е починат, а пред повеќе години тој дедо му испрати на татко ми полномошно. имотот ми е остаен мене, е сега прашањето ми е дали татко ми со полномошното може да ми го префрли имотот на мое имe?
 
Последно уредено:

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
здраво. сакам да прашам нешто во врска со имот. инаку имотот е од на дедоми сестра која живее во австралија а имотот се наоѓа во македонија и е на име на нејзиниот сопруг кој сега е починат, а пред повеќе години тој дедо му испрати на татко ми полномошно. имотот ми е остаен мене, е сега прашањето ми е дали татко ми со полномошното може да ми го префрли имотот на мое имe?
Чекај сега, викаш дека е на дедо ти сестра, а на име на нејзиниот сопруг. Многу ми мешаш роднини. Објасни го убаво, на чие име е имотот, кој е сопственик официјално.
За што е полномошното, како гласи?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Наследство е куќата кога ќе се легализира,
од неа нема да може да се изврши?
Или пак од плата да ми сопираат?
Од водовод ја тераат мајка ми водомерот да се префрли на нејзино име,
тогаш ќе може нејзе да и сопираат? Дали да го префрли на нејзино име?
Не сте одговорни за долгови кои го надминуваат наследениот имот...
Значи,ако сакате да ја легализирате куќата и сите сметки да се водат на ваше име.ќе треба да ги исчистите сите долгови кои ги направил дедото....
До висина на пазарната вредност на куќата,имотот шо сте ја наследиле..
На пример,ако долговите се 10 илјади евра,а куќата не вреди толку тогаш не сте одговорни за долгот кој ја надминува таа сума, и можите да не го прифатите наследството,со тоа и долговите кои идат со него..
Ако го прифатите наследството тогаш ќе треба да ги прифатите и долговите,после ќе можат да ви извршуваат од плата,останати приходи,имот и останати средства за напалата на долг според закон за извршување..
Но доколку сакате да ги средите докоментите со легализацијата и да ја завршите,ќе мора да ги исчистите сите долгови,како би ја завршиле постапката за легализација....
Затоа ви е закочена постапката за легализација...
А дотогаш видете дали висината на сметките одговара на реалната сума,и со камати некако нереални се сумите...
По кои стапки сумата стигнала да е толку висока...
Дали се навремени тужбите,да не била некоја сметка застарена,дали бил поднесен приговор на времето кога биле оптужени ненаплатените сметки?
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Здраво.

Украдени ми се документи на мое име, односно договори со кои сум се обврзал да давам услуги лично јас, и тоа од членови на потесно семејство.
Сакам да знам по кој закон можам да ги повикам на одговорност. Иначе они немаат никаква врска со документите, нити пак се засегнати со истите.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
156
Поени од реакции
156
Не сте одговорни за долгови кои го надминуваат наследениот имот...
Значи,ако сакате да ја легализирате куќата и сите сметки да се водат на ваше име.ќе треба да ги исчистите сите долгови кои ги направил дедото....
До висина на пазарната вредност на куќата,имотот шо сте ја наследиле..
На пример,ако долговите се 10 илјади евра,а куќата не вреди толку тогаш не сте одговорни за долгот кој ја надминува таа сума, и можите да не го прифатите наследството,со тоа и долговите кои идат со него..
Ако го прифатите наследството тогаш ќе треба да ги прифатите и долговите,после ќе можат да ви извршуваат од плата,останати приходи,имот и останати средства за напалата на долг според закон за извршување..
Но доколку сакате да ги средите докоментите со легализацијата и да ја завршите,ќе мора да ги исчистите сите долгови,како би ја завршиле постапката за легализација....
Затоа ви е закочена постапката за легализација...
А дотогаш видете дали висината на сметките одговара на реалната сума,и со камати некако нереални се сумите...
По кои стапки сумата стигнала да е толку висока...
Дали се навремени тужбите,да не била некоја сметка застарена,дали бил поднесен приговор на времето кога биле оптужени ненаплатените сметки?
Секако дека планирам да го прифатам наследството, зошто без него би останал на улица. За жал немам ни тужби ни сметки од тој период. А тужбите според мене имаат нереални суми, како може тужба од 2007 да изнесува 4600 ден, а од наредната год. 2008 да биде 216000 ден., каде можам да добијам информација за тужбиве за кои најверојатно не е поднесен приговор, и дали би можело нешто да се исправи кога веќе стигнале на извршител?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Секако дека планирам да го прифатам наследството, зошто без него би останал на улица. За жал немам ни тужби ни сметки од тој период. А тужбите според мене имаат нереални суми, како може тужба од 2007 да изнесува 4600 ден, а од наредната год. 2008 да биде 216000 ден., каде можам да добијам информација за тужбиве за кои најверојатно не е поднесен приговор, и дали би можело нешто да се исправи кога веќе стигнале на извршител?
Проверете во судот,ќе ве известат таму од кој период се тужбите,ако веќе немате копии од тужбата дома,редовни и вонредни правни лекови по предметот..........
Па ќе проверите дали сметките се оптужени навремено,или се застарениама штом стигнале до извршител сигурно се постапило по сите,сепак најдобро проверете си за да сте на чисто,...
А за висината на долгот,и по која основа е направен информирајте се подобро кај извршителот кој го работи вашиот предмет,па тој ќе мора да ве извести детално за висината и основот по кој сумите стигнале до таква цифра...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Здраво,

Дали можам да барам забрана за пристап на наследниците до имотот додека оставинската постапка е во тек и нема физичка поделба?
Можиш да бараш со предлог до судот,да се одредени мерка за обезбедување на оставината...
Ако постојат основани причини дека останатите наследници би отуѓиле некои подвижни предмети,би оштетиле дел од имотот и слично, дел од имотот пред да заврши постапката..
Сето ова треба да се наведе во предлогот,па судот ќе одлучу во вонпарнична постапка со решение..
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1
Здраво.
Ми треба помош околу долг кон ВИП Оператор, ако има некој некакво искуство или познавање за правна помош.
Долгот е од 2009, договорот мислам беше од 2008 или 2007, неможам да го најдам.
2010 и 2011 ми има стигнато опомена пред тужба од адвокат кој ги застапува. Но тужба немам добиено.
2013 од нивниот адвокат добив "последна опомена пред присилно извршување на наплата на долг кај извршител" каде што бараат ВЕДНАШ да го платам главниот долг и судските трошоци, со можност да склучам Вонсудска Спогодба долгот да го платам на рати, без камата и адвокатски трошоци.
По еден месец добив од извршител "Налог за Извршување" каде што ми се определува забрана за 1/3 од плата. Но јас од тогаш не зимав плата од тука, имав фирма, но беше во мирување, не бев во државата. Така да нема од каде да ми сопират.
За на крај пред 2 дена ми стигна пак писмо од нивниот адвокат "известување за поднесено барање за извршување кај извршител и можност за плаќање на долг со одредени поволности" каде што бараат веднаш да го платам долгот во целост и 50% од адвокатски трошоци и извршни трошоци, ќе биде простена камата.

Дали сега може да поднесам приговор за застарен долг? Ве молам кој може да ми даде совет што да правам.

Ви благодарам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom