Почна изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
08.09.2012, 16:11
Почна изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица

Со изградбата која треба да заврши во 2016 година треба да се комплетира главната оска од Коридорот 10 кој поминува низ Република Македонија

Со поставување камен темелник денеска почна изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица во должина од 28 километри. Со изградбата која треба да заврши во 2016 година треба да се комплетира главната оска од Коридорот 10 кој поминува низ Република Македонија и во целосна должина од 1.451 километар.

Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 257 милиони евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА гранд од ЕУ, 170 милиони од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра се од Буџетот на Република Македонија.

Демир Капија - Смоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти, секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Планирано е да бидат изградени два тунела во должина од 1.200 метри, по еден во двата правци, како и шест мостови од кои најголемиот во должина од околу 660 метри кој воедно ќе биде и најголемиот мост во државата. Предвидени се и две клучки кон населеното место Миравци и Смоквица.

На поставувањето камен темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, евроамбасадорот Аиво Орав, министри, градоначалници и претставници на дипломатскиот кор.

Обракајќи се пред присутните премиерот Груевски рече дека токму на овој ден роденденот на Република Македонија лани била пуштена во употреба новоизградената автопатна делница Табановце-Куманово со што Република Македонија се поврзала со автопат со својата северна граница со Србија.

- Ние ветуваме и остваруваме. Ние ветуваме и реализираме големи дела и големи проекти. Онака како што ветивме така и реализираме. Владата успеа да обезбеди 257 милиони евра и со овој камен темелник влегуваме во една од највисоките ако не и највисока инфраструктурна инвестиција во последните 20 години. Станува збор за најмодерна автопатна делница со два тунели, шест мостови, пет надпатници, седум подпатници и две клучки, посочи Груевски.

Вицепремиерот Ставрески истакна дека генерациите што денеска живеат во Македонија треба да работат за неа, за нас но и за поколенијата.

- Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија, во преписка Гоце Делчев му се обраќа на Даме Груев „Дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија“. Ете, во овие зборови во зборовите на еден од најголемите македонски великани, дејци, идеолози ја наоѓам насоката и патот по кој треба да одиме. Денеска ја продолжуваме визијата на Гоце, да се работи, да се гради, да се создаде нова вредност и да се остави наследство на идните генерации. Градители - тоа е нашата определба, рече Ставрески.

Според вицепремиерот и министер за финансии Коридорот 10 е најзначајната инфраструктурна артерија во нашата земја поврзувајќи не на север со Европа и со Солунското пристаниште на југ. Ставрески истакна дека овој Коридор ја подобрува геостратешки добрата позиција на Македонија и атрактивноста за инвестирање и водење бизнис во земјата.

Со изградбата на делницата целосно ќе биде заокружена изградбата на Коридорот 10 на ниво на автопат. Коридорот 10 е најзначаен елемент на централната транспортна мрежа која ги поврзува Република Грција со Австрија
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AECA76DD001DB540905430EA33E47C8F
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Од вкупно 257 милиони, само 6 милиони обезбедени од Влада на РМ.И после остварувале... како не ви е брука да се фалите со вакви бројки, а онаму се фрлија толку пари за врби, циркузи, Летачки Холанѓани и резерви од бронза во наредните 104 години :sick:
28 км. за 4 години, 7 КИЛОМЕТРИ ГОДИШНО ЕЕЕЈ.Ама ај да не јадам бурек, Табановце - Куманово 10 км. ги работеа 4 години, да не заречам...

Кај е автопатот Скопје - Миладиновци - Свети Николе - Штип, требаше да е почнат во почетокот на 2012 година, според манифестот во 100 страници...

Исто и експресниот пат Градско - Прилеп (2 х 2ленти х 3,75 м.), исто така планиран за 1/2 од 2012?

Исто и Кичево - Извор - Гари - Лазарополе - Бошков Мост - Дебар (целосно нова изградба), планиран за почеток во 2012...
Реконструкција на мизерниот Битола - Гевгелија, преку Мариово и Кожуф, со почеток 2012?

А за овие некое решение?
Или не нашле уште средства од туѓи извори со големи камати, па да се фалат како да им е лична заслуга....
И не чудете се зошто најголем број проекти за (авто)патишта и општо инфракструктура се наводно планирани со почеток во 2013.Сетете се во МАРТ.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Патиштава и улиците низ Македонија ама баш се во катастрофална состојба. Од толку милиони кои ги има владата да вложи во патиштата да направи автопати и да ја среди онаа делница од гостивар - тетово-скопје а посебно да стават светло кај гостивар на кај тетово пред некој ден возев кола и бидејќи на мојот другар му се спиеше морав јас да возам таа делница е долга ко писта а светло ама баш ниедно нема а кај што нема светло па и направена е со две ленти :cautious: а од едната страна има едни забетонирани не дај боже некој пијан да ти налета со кола и да те закачи малце си иба мамата. Од толку милиони не и текнува да направат или пак да стават само светла не е само оваа таква делница низ Македонија има премногу вакви слични работи.

- Ние ветуваме и остваруваме. Ние ветуваме и реализираме големи дела и големи проекти. Онака како што ветивме така и реализираме. Владата успеа да обезбеди 257 милиони евра и со овој камен темелник влегуваме во една од највисоките ако не и највисока инфраструктурна инвестиција во последните 20 години. Станува збор за најмодерна автопатна делница со два тунели, шест мостови, пет надпатници, седум подпатници и две клучки, посочи Груевски.
:facepalm: Од толку пари од толку милиони што се даваат за некои глупави проекти може да се поработи повеќе на патишта низ Македонија и на тие црни точки да се направат да не бидат. ама кој да слушне сите овие ги боли .!. за нас дали мие имаме или немаме дали сме имале лоши патишта или сл. :mad:
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Ако викаат 2016-та,значи ќе биде готов до 2020...најрано.:facepalm:
--- надополнето: 8 септември 2012 во 16:43 ---
Од вкупно 257 милиони, само 6 милиони обезбедени од Влада на РМ.И после остварувале... како не ви е брука да се фалите со вакви бројки, а онаму се фрлија толку пари за врби, циркузи, Летачки Холанѓани и резерви од бронза во наредните 104 години :sick:
28 км. за 4 години, 7 КИЛОМЕТРИ ГОДИШНО ЕЕЕЈ.Ама ај да не јадам бурек, Табановце - Куманово 10 км. ги работа 4 години, да не заречам...
Абе ние во 2012-та год. немаме железница кон 2 соседи од кои еден член на НАТО и ЕУ,а другиот на НАТО.
Битно 3 жални врби од 250 000 евра имаме.:гомце:
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Само кај нас вакви вести се проследени со хејтеризам :icon_lol:. Како и да е, како што знам тие пари од европските банки не се дадени туку така, еден ден ќе треба да се вратат од буџетот на РМ.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Само кај нас вакви вести се проследени со хејтеризам :icon_lol:. Како и да е, како што знам тие пари од европските банки не се дадени туку така, еден ден ќе треба да се вратат од буџетот на РМ.
Зависи, постојат и неповратни кредити, но како и да е, кредити од ЕУ се најчесто со многу поволни каматни стапки.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Браво конечно излегоа од лавиринтот од споменици и излегоа на инфраструктура.

Нека продолжат вака , но кога гледам дека 4 години ќе трае само овој автопат , ми се чини до тогаш ќе останат на овој проект само.

Нека ми објасни некој зошто 4 години ќе трае изградбата , во други држави гледам вакви кратки автопатишта за една година ги завршуваат.
 
Зошто ќе треба да се градат два големи тунели и треба да се изградат 6 нови моста и плус теренот не е баш најпристапен инаку 4 години за таков ридско планински терен е во рамките на просекот од кај 4 години за таков проект е долг период стварно не знам. Инаку ако Бранко го градеше и ја искрено ќе се посемневав дека ќе стварно ке се заврши, но чим финансиска конструкција ја имаат направено преку ебор е.и.б и дел е од Ипа и е избран изведувачот на проектот и е потпишан договорот, не се соменавм дека ќе се изгради во дадениот период, инаку ова е најголем инфраструктурен проект од осамостујавањето на Македонија!
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Ајде бре....... изградба на М7 автопат...кај е М7?
Браво конечно излегоа од лавиринтот од споменици и излегоа на инфраструктура.

Нека продолжат вака , но кога гледам дека 4 години ќе трае само овој автопат , ми се чини до тогаш ќе останат на овој проект само.

Нека ми објасни некој зошто 4 години ќе трае изградбата , во други држави гледам вакви кратки автопатишта за една година ги завршуваат.
колку подолго трае. толку повеќе парички во џепчето.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Од вкупно 257 милиони, само 6 милиони обезбедени од Влада на РМ.И после остварувале... како не ви е брука да се фалите со вакви бројки, а онаму се фрлија толку пари за врби, циркузи, Летачки Холанѓани и резерви од бронза во наредните 104 години :sick:

Или не нашле уште средства од туѓи извори со големи камати, па да се фалат како да им е лична заслуга....
И не чудете се зошто најголем број проекти за (авто)патишта и општо инфракструктура се наводно планирани со почеток во 2013.Сетете се во МАРТ.
Мешаш баби и жаби изиграваш експерт а трескаш глупости, сите земји што градат вакви проекти гледаат финансиските средства, да ги обезбедат од странски извори со помала каматна стапка во овој случај 130 милиони евра ќе бидат од Европската ивестициска банка а 170 милиони евра се од Ебор тоа се кредити по помала каматна стапка, а само 45 милиони евра се неповратни, инаку парите пак ке треба да ги враќа нашата држава како и секоја друга држава што влегува во ваков зафат, се фалеле викаш а зашто да не се фалат кога над 80% се кредит што нашата држава треба да ги враќа не ни го прават за џабе автопатот па ние само да го користиме. Не знам што е тука спорно и нејасно кога сите земји на овој принцип градат големи проекти. Што мислите да не била квалитетно изработена физибилити студијата и да не бил издржан проектот дека овие институции така ќе ни позајмеа пари , како не. Не е ова куќа па ајде направи го набрзина проектот и почни следниот месец со градба поминаа неколку години од фаза на физибилати студија додека се најдат финансиери, додека се најде изведувач на проектот на меѓународен тендер до овој момент сега кога почна изградбава , некоја друга влада да ги завршеше подготовките како физибилити студија , финансиери на проектот итн, многу побрзо ќе почнеше проектот, ама некој за да почне со изградба конретно за овој случај морал сам да го сработи, а тоа не се прави за неколку месеци, ама тоа е кај нас најголеми економски и финансиски експерти ќе најдеш на форумот тоа е.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Мешаш баби и жаби изиграваш експерт а трескаш глупости, сите земји што градат вакви проекти гледаат финансиските средства, да ги обезбедат од странски извори со помала каматна стапка во овој случај 130 милиони евра ќе бидат од Европската ивестициска банка а 170 милиони евра се од Ебор тоа се кредити по помала каматна стапка, а само 45 милиони евра се неповратни, инаку парите пак ке треба да ги враќа нашата држава како и секоја друга држава што влегува во ваков зафат, ....... ......... некоја друга влада да ги завршеше подготовките како физибилити студија , финансиери на проектот итн, многу побрзо ќе почнеше проектот, ама некој за да почне со изградба конретно за овој случај морал сам да го сработи, а тоа не се прави за неколку месеци, ама тоа е кај нас најголеми економски и финансиски експерти ќе најдеш на форумот тоа е.
До 130М од ЕИБ
http://www.eib.org/projects/pipeline/2007/20070316.htm
одобрени 65М
http://www.eib.org/projects/loans/2007/20070316.htm
107М од ЕБРД
http://www.ebrd.com/english/pages/project/psd/2010/41981.shtml
Другото е ИПА грант и буџетски средства.
И не кака он за џабе. На оние 237М евра ќе се плаќа камата, да беа поголем дел обезбедени од буџетот оваа расходна ставка ќе ја немаше.

Него ти како добар познавач на работите, кажи ми диспаритетот од 65М кај ЕИБ(130М - 65М) зошто постои?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom