Посна храна

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На темава споделуваме рецепти за посни јадења и предлози за посна храна
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Компир салата...... нешто прекрасно....
Се варат компирите, се лупат. Во тенџере само неколку пати се притискаат со вилушка (за да не видат ко пире). Потоа се замаат 2 главици кромид и се сечкаат, а потоа се додаваат во компирите. Се додава оцет, зејтин, сол и се промешува целата содржина. Потоа прсти да изедеш.... добро иде со риба :)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мој рецепт од денес.
Посна Руска Салата
200 грама варен грашок
200 грама варена пченка
200 грама варени моркови
300 грама кисели краствички
(се конзевирано имаше по дома)
-Се меша тоа се

Посен Мајонез
200 мл. Зејтин
2 варени компири
50 грама печени лутени кикирики
Малку сусам
2 лажици сенф
Сол
-Се се тава во блендер и добро се миксира до хомогенизација целосна како прав мајонез изгледа а и вкусот е сличен.

-Се меша посниот мајонез со сето целиот варен зеленчук во класична руска салата. Се прави за 20-30 минути кило и кусур посна руска салата. Нема сецкање ни варење.

Им го дадов на 7-8 луѓе гости и на сите им се допадна а и на мене :)

Бонус идеја: се мислев да турам малку виски во мајонезот ама немав храброст но мислам дека тогаш не треба кикирики и сусам ептен ќе испаден јако за мој вкус. Обично виски оди добро во масни салати со мајонез.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292

Не е поентата на постењето да се лажира и да се јадат посни мајонези,кашкавали,зденки и незнам генетски да клонираат вегетаријанско прасе ....
Треба да се јадат чисто природни работи, овошје, зеленчок да може да се испости организмот....не сега до вчера сум јадел обичен мајонез сега ќе јадам посен мајонез, и сирењето наместо кравјо/овчо ќе го заменам со растително.!!!!
Друга работа не треба да се пие алкохол додека се пости никакво виски,коњак или алкохол, дозволено е да се пие само во сабота и недела само вино ама со исаф една до две чашки.
Секој може да пости со конзерви риби, пастрмки, зденки, паштети, мајонези, коњаци, виски, школки, пици и др.....
Правилниот христијански пост се подразбира 7 недели постење. Од понеделник-петок се пости без масло, сабота и недела со масли и вино.Риба се јаде само на Благојавление и Цветници.
 
Добро...еве поради дискусија да образложам како го направи јадењето. Идеа гости и тоа имав во фрижидер...и ми текна после дека јадењето е посно не беше целта да направам посно јадење туку тоа беа состојките :) Па го пишава тука...значи случајно е посно без намера туку поради сплет на околности :) Јадењото е од што би се рекло од немукает и немаштлук а не од религиозни причини.
Инаку јас си „постам“ повеќе и од христијаните и поповите во годината му се допаѓа посна храна. Така да има и луѓе кој постат и од нерелигозни причини.:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
^ Тоа е веќе друго, се сложувам со твоето мислење сите ние сакале или не посегнуваме и по лоши/нездрави продукти. Ама тоа е маркетинг и немањето
на понуда за добра здрава храна (y)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Посни рецепти без масло (на вода)

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА
леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета
Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

http://preminportal.com.mk/content/view/1285/137/
--- надополнето: 22 април 2013 во 19:51 ---
Уште еден посен рецепт кој го измислив сам.

Се вари грав со пиперка , морков и малку ситно сецкан компир со зачини(сол, бибер , босилок(се става во мешункасти плодови), шарена сол, вегета и црвен пипер).

Се цеди содржината а потоа се става во блендер , со додавање на малку од течноста во која се варел гравот.

Од ова се добива вкусна паштета , и стварно е вкусна :)

П.С Големо влијание во убавиот вкус има соодветната количина на зачини .
За тие што не знаат што е шарена сол еве слика.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Посни рецепти без масло (на вода)

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА
леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета
Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

http://preminportal.com.mk/content/view/1285/137/
И јас ја гледав рецептава изгледа ТОП, искрено незнам како вака без зејтин е искочена( ми личи на пирушка :)) баш ќе пробам да ја направам за време за постов. Ова не треба да се пропушти.
 
Samo treba da vnimavas da ne bide premnogu suvo ,znaci da ja socuva socnosta .
 
C

cige

Гостин
Има посна паштета и да знаеш ич не е лоша. Има сешто за јадење!

Денес јадев посна пастрмајлија :pos: Разновиден зеленчук, соја, во посна пита супер беше, само малку повеќе требале да штедат на масло :pos:

Имај лесен пост и нека те прати мир во срцето и душата. :smir:
Членов го избришал профилот па нема да можам да добијам одговор од него. Нека ми каже некој друг дали јадел или приготвувал посна пита, на пример наместо месо да биде со соја.
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
Ќофтиња од леќа
леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос сол, бибер, кари, вегета

Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.
__________________________________________________________________________________________

ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.
__________________________________________________________________________________________

ХУМУС
200-250 гр. печена лебле*ија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус

___________________________________________________________________________________________

КРЕМ-СУПА
основа за крем-супа:
4-5 компири
2 лажици таан
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула
____________________________________________________________________________________________

БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

1-2 моркови
½ кг. спанаќ
1/3 пашканат
1/3 корен од целер
1 шака овесни снегулки или пченични никулци ..Сол, бибер, вегета
Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.
____________________________________________________________________________________________

САЛАТА ОД ЦВЕКЛО
3-4 варени или печени корени цвекло
1-2 живи моркови
Прелив:
2 лажици таан
1 лажица сенф
Млака превриена вода
Малку сок од лимон
Сол по вкус
-Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.
Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.
___________________________________________________________________________________________
САЛАТА ОД БОРАНИЈА
200-300 гр. варена боранија или брокула
1-2 варени моркови
Плус варен зеленчук по желба:
Грашок од конзерва или варен
Пченка од конзерва или варена
Варено папудо или сл.
-Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.
___________________________________________________________________________________________
САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР
4-5 компира
1 средно голема марула
-Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.
__________________________________________________________________________________________
МАРИНИРАНА БРОКУЛА
1 кг. брокула
5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус
Состојки за маринада:
1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.
-Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.
На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

____________________________________________________________________________________________
БЛАГИ МАКАРОНИ
250-300 гр. макарони
2-3 лажици сечкани ореви
4-5 лажици шеќер
1-2 лажици мед
3-4 лажици кокос
1/2 посно чоколадо за готвење
-Макароните се варат на вообичаен начин во вода со малку сол. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.
___________________________________________________________________________________________
СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ
6 супени лажици џем
10 супени лажици шеќер
1 кесичка цимет
кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
500 гр. брашно
¼ л. млака вода
1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)
мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за готвење
-Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.
____________________________________________________________________________________________
ТОРТА СО МЕД
100 гр. шеќер + 1 чаша вода
1 лажица сода бикарбона
2 лажици мед
250 гр. шеќер
500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз)
-Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се сипува во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Изладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив.
Пред печењето, во тестото може да се стават смокви, урми, суво грозје, суви сливи.
 
InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
После вчерашниот напорен ден,денеска се опоравувам со нешто лесно сварливо и вкусно.
Печурки динстани во кромидче,малку соја сос и зачини.Се додаваат листови од спанаќ(пробано и со блитва,исто е) и продолжува да се динста.Пред крајот се додава сенф по потреба,кари,биберче и солче.На друга страана се варат домашни тестенини (тарана) во млеко од бадеми,една лажица путер од кикирики и малку сол.
За освежување на вкусовите од карито и сенфот си направив салатица од морковче и цвекло.
Пре-крас-но ! :D
 
Attachments

b12

Член од
5 октомври 2011
Мислења
43
Поени од реакции
9
Zdravo, dali lebot od zito luks secen na parcinja e posen bez maslo? za pricest?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Zdravo, dali lebot od zito luks secen na parcinja e posen bez maslo? za pricest?
На опаковката сигурно пишува од што е направен,оди во маркет и прочитај
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Се ближат посните слави и Божиќните празници!
Ајде малку да ја оживееме темава со нови,вкусни, посни рецепти!

Еве јас ќе почнам прва-

Посни Бомбици

Состојки: 300gr чоколадо (чоколадото се ренда на ситно)
300gr мелени ореви
300gr шеќер во прав
3 лажици мармалад

Подготовка: Сите состојки се ставаат во подлабок сад за мешање. Состојките убаво се мешаат и од подготвената смеса се формираат бомбици. Во средината на секоја бомбица се става по една вишња (без кољушка :P) и така подготвените бомбици се валкаат во чоколадни мрвици или рендани ораси или кокос или било што по ваша желба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom