За тоа ич не праиме муабет, земјоделски/пиљарски производи,млечни производи,месо се иде х 2 х3, бои премази х4х5,авто делови не ни спомнувам.
Најскоро што порачував од еден сајт беа тастатура и батерија за лаптоп овде за стара тастатура ми бараа 1800 за стара, нова од 2000 до 3000 зависи кај кого како, батерија испод 3000 немаше.
Значи вкупно јас требаше да дадам 5/6000 на македонскиве трговци, од кина порачани тастатурата 9 долари, батеријата 13,48 вкупно околу 1300 денари + онаа малоумна давачка за отварање на царина 100 денари ( по мрдната работа и поголема пљачка нема, тоа му е работа не треба јас да му плаќам него 100 денари само заттоа што некого го интересирало и сакал да види што има внатре, крадат на велико со таа измислена давачка по нивна логика треба и на граничен премин да наплаќаат за извршен преглед ) + 30 денари за поштарина ( и тоа не ми е јасно зошто кога и тоа ми е платено ) значи заокружи на 1500.
Да вистина дека ги чекав 3 недели ама од 6000 на 1500 не е мала разлика, и немам намера јас да му ги дадам на некого само затоа што тој ги има порачано неколку недели предходно или ги има извадено од некој стар компјутер.
Многу пати имам порачувано разноразни сензори,релиња,дисплеи,специфични делчиња и алатчиња зошто по маркетиве и спецјализираниве продавници па и овие препродавачиве по огласи цените им се уби боже, најчесто цените на препродавачиве од огласи цените им се по 100 до 150 денари пониски од тие во продавница, ама стаи гориво или поштарина тука се.
Искрено сега барем не му се мислам кога ќе идам како ќе идам,губам време трошам пари, па си отишол по едно тој ти дава трето, порачај си бе батка од нет а они нека си го цицаат палецот и нека разубедуваат проста маса дека не чини да порачуваш од нет ризик било, не праќале,неисправни делови,ти реков ми рече као он не ги порачува од истите сајтови.
ПС: Нај јаки ми се овие реномирани фирмишта/спецјализирани мајсторишта.
Пред некој месец конструирав и изработував едно машинче, отварам златна книга пошто треба да се изработи делов и почнувам да вртам по телефони праќам цртежи чекам понуда, верувале или не за едно исто делче добивав понуди од 400 денари за парче вклучен материјалот, работна рака,машински часови, ддв па до 300 денари , понудите од 1500 до 3000 денари за парче беа од мајсторишта фирмишта кој што обично ми велеа ај причекај да пресметам/да се јавам кај човекот шо ми ги работи овие ситници пошто јас немам време да се заебавам со вакви ситници
, не дека нема време туку појма си нема не знае да го направи тоа што го бараш од него,ај што не знае туку реална цена би била 400 денари до 500 тој сака со едно парче да ги покрие трошковите кај човекот што ќе ги праи а останатите да му бидат чист профит, да се лупа у груди -Абе брат мене не ми е интересно јас да се замарам мене ми е интересно да не го ни видам делот а да зеам 5 пати повеќе, арно ама времињата се сменија, има оглси има златна книга има интернет не е како порано да прашаш 20 души за да дознаеш кој што како, е сега почнуваат жалбите и поплаките од истите тие „претприемачи “ нема работа, нема живот, не бива вака а сакаат без грам труд или вложено денар да те преебат и да те избричат на суво.
За истата таа машина барав и едни малку специфични лежаеви, во спецјализирана продавница ми бараа 750 денари од парче на нет 1,80 долари
му викам човек да не ги чекам дај ми па ќе ти вратам, и почна ама не се исти овие мојве се квалитет оригинал германски дрн дрн дрн.
Не ми даде си порачав од нет, после 3 недели ми стигаат идам у пошта да си ги земам пошто ми се јавија дека поштар немало да носи неколкиу дена па ако ми се брза да си ги земам, кога таму баткава подига цел пакет лежаеви од КИНА , толку беше од неговиот квалитет и оригиналност.
Јас мислам дека иде времето кога “ претприемачиве“ наши треба да си отидат да си ги проверат нивите на село, или да пробаат да си ги купат назад тие што ги продадоа пред некоја деценија, пошто заврши нивното, идат нови генерации што за два/три сата на нет ќе најдат што им треба за 300% поефтино од нивната понуда.