Посвоен сум?

Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Што ако ви кажат дека сте посвоени?Како би го прифатиле тоа?Има некои деца се разочаруваат од животот,тешко поминуваат низ тоа.Дали би ги гледале поинаку посвојувачите?Дали би ја мразеле биолошката мајка доколку ве побара повторно ?
Мислам дека нема ваква тема... Ако има дирек в канта некој од модераторите.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Еднаш сонував дека сум посвоена...и ми беше грозно...одма со други очи ги глеав моие дотогашни родители...чувствував дека не припаѓам во тоа семејство..наеднаш се чувствував сосем сама...и имав желба да ги запознаам моите вистински родители...Ама среќа тоа беше само сон..иначе си знам дека дефинитивно не сум посвоена :je:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Мене ми кажа дека сум посвоен сосем трето лице, кое мислеше дека знам... Боби се вика човекот, ми сугерираше дека сум посвоен и така и испадна... Но то не промени ништо, моите мајка и татко се тие што ме одгледале.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Мене ми кажа дека сум посвоен сосем трето лице, кое мислеше дека знам... Боби се вика човекот, ми сугерираше дека сум посвоен и така и испадна... Но то не промени ништо, моите мајка и татко се тие што ме одгледале.
Да,сеуште не сакам да го изразам личниот став на сето тоа али потешко е кога ти кажува некој од страна.На една личност и кажаја другарчината на улица.. мислам дека така е потешко.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Не би знаел дали е потешко, прво веста ја примив со неверување и потсмевање, мислев шега е, ама кога ги прашав домашните потврдија дека навистина е така. Лично за мене, тоа што сум посвоен не менува ништо, иако понекогаш се прашувам кои ми се биолошките татко и мајка и зошто ме оставиле...
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
ама ич нема да се замарам, нема да ми е сеедно, ама нема да лутам да ја тражам таа што ме оставила, ниту ќе им замерувам на сегашните нешто... комшиката кога дозна дека е посвоена, на 14год фати да бега од дома, да спие кај другарки... ја разболе мајка и... лошо лошо
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм...па претпоставувам дека ќе ми падне тешко.
Но, ќе бидам благодарна, неизмерно благодарна на моите родители, на оние кои ме сакале и чувале, оние кои ми овозможиле кров и кревет, храна и љубов.
Тоа е битно.
Мајка и татко ти се оние кои те одгледале и сакале, не секогаш оние кои те направиле.

Биолошката мајка нема да ја мразам. Никој не сум мразела, нема ни да мразам. Ако сака да се запознаеме - ќе се запознаеме, нема проблем. Но, тоа не менува ништо, мои родители ќе останат оние кои ги знам целиот мој живот.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Сигурно нема да ми биде сеедно ако дознаам дека сум посвоена, но во никој случај нема да се сменат моите чувства кон оние кои ме израснале и секогаш ќе ги гледам како мои родители, како што сум ги гледала до тогаш.

А во врска со моите биолошки... која и да е причината поради која “ме дале“-тие за мене не постојат и не сакам да имам било какви допирни точки со нив, си имам јас веќе родители, доволно ќе ме повреди фактот дека се откажале од мене на почеток и нема да ми требаат да ги слушам нивните оправдувања.:toe:
 
N

NaSTy`G|rL

Гостин
Имам посвоена другарка. Тоа го знае отсекогаш и нормално, родителите и го кажале. А дека сме од мал град знаеме и сите. Еднаш и се има случено во училиште да и префрлат за тоа, и тоа мислам дека беше од љубомора дека она има се, а пред се многу љубов од родителите, за разлика од девојчето кое и се потсмеваше... Инаку нејзе тоа не и пречи, а оти ми е мн блиска и имаме повеќе пати зборувано на таа тема. Нејзин став е дека сака да ја запознае вистинската мајка, а за потоа не знае што... Btw родителите кои ја одгледаа се прекрасни луѓе, и таа е супер воспитана и си се многу блиски. Многу убаво семејство :wink:
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
Мислам дека самото тоа што некој нема родители, или го оставиле е голема казна за било кој, и мислам дека никој нема право да се потсмева со нив, затоа пто од старите е речено...
КРУГОТ СЕ ВРТИ!!!!
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Па иако не сум посвоен имам размислувано на темава. Пред се ќе им бидам благодарен на тие што ме посвоиле затоа што да не биле тие кујзнае што ќе сум бил. А за „вистинските„ ако може да се кажат како такви, ич уво нема да ми чуе. Не заслужуваат ништо
 
Г

Гоццццце

Гостин
Ќе се смени се. Зошто на куров не ми кажале уште како мал дека сум посвоен?
Нема да ги гледам веќе како што сум ги гледал претходно. Али знам дека не сум посвоен така да мирна глава.. :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Ќе ми биде тешко на почетокот сигурно, но нема да им се лутам ниту пак ќе ги обвинувам, само ќе сакам да знам кои се вистинските, биолошки родители, чисто да ги запознаам и да ја дознаам причината поради која не можеле да ме одгледаат.
Сум размислувала на темата дури едно време мислев дека сум посвоена зашто сум единица и некако некои околности ме натерале да мислам на тоа, но сфатив дека ми биле детски глупости.

Претпоставувам дека исто така тешко им е на оние што го одгледале детето да му ја кажат вистината, во неизвесност се, бараат најпогоден начин како и на која возраст да му кажат.
Јас не би реагирала бурно, но сепак не знам, не ми се случило тоа за да можам да тврдам со сигурност.
 

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Ич ништо нема да смени. Ке си ги сакам тие што ме одгледале, но сепак ке се обидам да ги најдам мојте биолошки. Кога ке ги најдам, просто и едноставно ке ги плукнам. Чао пријатно. Ама за среќа не сум посвоен !:vozbud:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ако дознаам дека сум посвоена,најпрво ќе бидам среќна што не сум денеска сираче,без родители.
Ќе им бидам најблагодарна на моите родители што ми овозможиле живот ваков каков што живеам,и покрај секојдневните несогласувања,а луѓето што ме направиле нема да се трудам да ги барам,они нека се потрудат ако сакаат да ме запознаат уопште.
И секако,имам разбирање за нив,ме дале зошто немале услови за да ме одгледуваат,така ќе им бидам на некој начин благодарна и на нив што уште од старт ме поштедиле од страдање,и што ми дале шанса за подобар живот кај подобри родители.
Додуште,стопосто утре ако ми кажат дека сум посвоена реакцијата ќе ми биде далеку поразлична,ако не и скроз различна од оваа,ама ете,ова е претпоставка како би сакала да изреагирам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom