Портокалова револуција, дестабилизација и распад на Македонија

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Бачето, 21 април 2016.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Бачето

    Бачето

    Член од:
    1 февруари 2005
    Мислења:
    436
    Допаѓања:
    304
    Не можев да најдам тема точно за дестабилизацијата на Македонија, има разни општи теми којшто делумно совпаѓаат: CJO, насилства во Македонија...но точна тема која се занимава само со македонската портокалова револуција нема, затоа ја отварам.
    Основен постулат во секоја демократија е дека управува мнозинството. другите којшто може да се и 49% ја прифаќаат и почитуваат вољата на народот да даде над 50% на останатите партии, ја чекаат законската дата на следните избори и се подготвуваат за нив.
    Доколку ситуацијата во Македонија е изолиран случај и немаше Пуч во Либија, Египет, Сирија, Јемен, Украина , ќе мислев дека се ова може да е во ред, спонтано и случајно.
    Но после повторување на тоа исто сценарио десетина пати последните 10 години, нема како да не ги препознаеш, особено ако се тоа го прават во твојата држава.
    Знаеме што следува после тие портокалови револуции, доколку успеат.
    Одма после изборите, којшто си беа нормални, СДСМ плаче како разлигавено дете, бега од парламентот и одма почна да бара нови избори.
    Ако ЕУ и САД беа вистински демократии и ни мислеа добро ќе им кажеа на СДСМ да ја прифати загубата и игра чесно, тие зборови ги кажувале многу пати и во многу земји низ светот но под услов, управувачкото мнозинство да е под нивна контрола, тогаш опозиционерите се недемократи, ултрадесни...
    Нека се вратиме на Украина, Јанукович им беше љубимец на ЕУ и САД, беше легитимен претседател се додека не го прочита договорот за асоцирање со ЕУ , всушност договорот означуваше да ја ликвидира целата индустрија, го откажа договорот и одма стана диктатор.
    Го читам текстов "АЈМО ЗВИЖДАЉКЕ"
    http://kurir.mk/makedonija/vesti/aj...ivisti-na-chelo-na-protestite-vo-skopje-foto/
    Таа српска група за Пучови ОПЛОТ е обучена во САД во 90 години, првпат прави успешен пуч Белград, по неофицијални податоци Милошевиќ победи на изборите, но ја потцени силата и методите не само на ОПЛОТ, тоа се доста структури којшто активно се подготвувале, за еден ден го заземаа парламентот и изборната комисија, се објавија за победници, добија честитки од САД и ЕУ.
    Таа иста група како доста добра во работата ја користат за пучот во Киев и Софија во 2014 година, зашто тие не е важно, немаат подобри локални соросоиди којшто се најасно како се прави пуч, мислам дека таа рецепта за пучови не ја раздаваат на сите НВО-та, затоа и сеуште е горе долу тајна, тоа е огромна машинерија, прв е меѓународниот притисок на власта, со закани, уцени, реформи, СЈО, да создаде услови за Пуч, другото е да најде екстремисти, ИСИС, комунисти, фашисти кој ќе го направат пучот и ќе дојдат на власт, тоа е од старата школа и го практикуваат во држави од затворен тип(арапската пролет), при делумно завладеани држави користат марионетна опозиција (Белград, Киев, Софија, Скопје).
    Темата е долга ќе сопрам до тука, ако има дебата ќе се вклучувам
     
    На Ska Maniac, Fredy Guarin, Gandradelic и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. BilboBaggins

    BilboBaggins

    Член од:
    1 март 2010
    Мислења:
    3.311
    Допаѓања:
    4.583
    Нашава не се вика портокалова туку шарена! :icon_lol:
     
  3. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    4.886
    Допаѓања:
    4.411
    Во Македонија ниту имало, ниту има портокалова или било каква молерисана/варосана/фарбана/лакирана/полирана, монотона, двотона, тротона, или во било какви други нијанси револуција.

    Има само овци за стрижење и волна за продавање, а со парите од продадената волна пастирот си го масира во Мерцедес од 600.000 евра.

    На здравје.
     
    На Moon Child, Geronimo, Zaptija Stojkov и уште 19 други им се допаѓа ова.
  4. Ставрогин

    Ставрогин

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    14.176
    Допаѓања:
    27.185
    Навистина, Милошевич беше демократ и работеше за доброто на Србија, ама овие покварените го турнаа преку заговор.
     
    На Moon Child, DB., Avenger99 и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. Solaire of Astora

    Solaire of Astora

    Член од:
    30 јули 2014
    Мислења:
    1.310
    Допаѓања:
    2.451
    Јас можам само да воочам и заклучам дека пропагандните служби работат со полна пареа. И ова твоето може да е нечија пропаганда.

    Единствено сум сигурен дека ако некој сака да ја дестабилизира Македонија, тогаш целиот регион ќе биде дестабилизиран и ќе пламне во војна. Засега тоа сценарио мене не ми изгледа можно.
     
    На Curious и Bonux им се допаѓа ова.
  6. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.357
    Допаѓања:
    3.763
    Шарена револуција. Портокаловата ја видовме во 2006 и не ни се допадна баш.
     
    На Moon Child, staycalm, Rigil и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.415
    Допаѓања:
    3.815
    прво неслогата и претензијата кон криминални дејства на македонските политичари(читај истото - Македонскиот народ)ја доведоа ситуацијата и поволности за дејствување на служби кои чекаат секаква можност за разнебитување и ослабување (крајно згаснување) на Македонската држава

    себичноста и неслогата не ништела во минатото,истото се случува и сега,нашите патриоти и ослободители се чукаат во гради , ќе прснат од патриотизам,а им ги вадат очите на роднините и комшиите истовремено,народот работи за надомест за егзистенција месечно додека другите ефтино ги трошат парите по луксузи

    сета таа дволичност и неодговорност ни се акнаа од глава 2001ва (после криминалната транзиција тогаш го губиме и Националниот Устав и Националната држава, признаени од ООН , кроени од Бадентер светски признат експерт по уставно прашање,Македонја прогласена за ОАЗА НА МИРОТ со еден од најдемократските Устави во светот и пример за постоење), нешто слично ако не и поголемо ни се сучува веќе година дена,интензитетот на настаните оди веќе и се турка на разнебитување на ова што ни останало од дедовците
     
  8. VardarVoSrceto

    VardarVoSrceto

    Член од:
    7 август 2011
    Мислења:
    1.983
    Допаѓања:
    2.146
    Го цитираш курир како релевантен извор? Сериозно?
    Оваа револуција не е финансирана ниту од сорос ниту од странски служби. Бесот на народот конечно, после 26 години, излезе на површина. Џабе се сите репресии, џабе се сите притвори, џабе се сите малтретирања од полиција ова нема да помине. После дпмне дуи и дпа ниту една власт нема ни да помисли да отиде спротивно волјата на народот. Спас ви нема!
     
    На Geronimo, staycalm, artweb и уште 5 други им се допаѓа ова.
  9. Brutus

    Brutus

    Член од:
    31 јануари 2014
    Мислења:
    5.169
    Допаѓања:
    2.251
    Ме радува вака кога ќе прочитам некој дека верува "бесот на народот" се излеал. А во исто време најгласни и во први редови се создавачите на овој систем и никој ниту се оградил ниту не направил ништо во врска со тоа. Сепак твое право е да веруваш во шарената револуција. И замисли онака спонтано од народот излегло тоа ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА. Колку фино. Исто и спонтано им текна ова со фрлање боја по споменици и институции. Се е тоа спонтано и излив на емоции. Само напред. Спас ни нема, тоа се согласувам.
     
    На lunatik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Бачето

    Бачето

    Член од:
    1 февруари 2005
    Мислења:
    436
    Допаѓања:
    304
    Па добро ако народот не го сака ВМРО ќе гласа на избори за СДСМ, нека на 5 јуни се преброиме, ако македонскиот народ ви даде доверба, тогаш ќе управувате.
    [​IMG]

    Овој натписот не е пишуван од македонец, дури и во кумановски дијалект не се пишува така, од другите слики лесно може да се идентификуваат некој оперативно интересни српски граѓани, членови на Оплот, после овој пропуст и нивното разоткривање, во иднина ќе се повлечат од улицата во партиската централа на СДСМ и нашите Сорос групи и од таму ќе обучуваат и координираат.
    Не ми е јасно како може да веруваш дека сосема без пари, од љубов за Заев и демократијата да дојдат од Србија во Скопје, да прават расходи за бензин, хотели...
     
    Последно уредено: 21 април 2016
    Ska Maniac, lunatik, The Blob и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ставрогин

    Ставрогин

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    14.176
    Допаѓања:
    27.185
    Како бре ни нема спас? ГДОМ е секогаш тука. Ќе не одбранат и спасат, Пандов, Шанац, Миленко и Мирка. Да живее ГДОМ, да живее Македонија !!!!

    :oeoeoe:

    А да, И Филип Петровски многу ќе помогне.
     
    На staycalm, artweb, true blue и уште 8 други им се допаѓа ова.
  12. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    7.944
    Допаѓања:
    7.275
    Добра идеја за тема, не најмалку пошто на таа за СЈО модераторот со право се лути на природните офтопици! (y)
    (иако малку селективно го врши модерирањето) ;)

    @!Бачето oчекувај сега shitstorm од постови на корисните идиоти.
    Инаку да, ова во Македонија дефакто е обоена револуција. Ги има сите елементи на таква:
    - корумпирана владеачка структура чија ориентација почнува да се врти накај Истокот.
    - западни (’муркански и ЕУ) мешања во суверени работи
    - дестабилизација преку фолс флаг операции (Диво Насеље, во Куманово)
    - многубројни демонсТрации организирани од НВО на платен список на сТранците (од запад), каде се вметнуваат групи платени насилници

    Фали само ескалација, во стилот на Мајдан. Скраја да е. За наша среќа изгледа дека не им се брза, па немаме убиства на полицајци, засега само на вандализам се ограничени.
    Но ако дојде некогаш до тоа (повторно, скраја да е), ако почнат со убиства, точно ќе знаеме дека моментот на крајна ескалација е дојден.



    Само ти ме чудиш, неколку пати си поедуциран од резидентниве тролови што постирале досега после уводниот пост.
    Затоа тебе лично те прашувам - ајде обиди се да ми демантираш нешто од напишаното... Во интерес на дискусијата, нели. :)
     
    На Ska Maniac, The Blob и Шкорпион им се допаѓа ова.
  13. Brutus

    Brutus

    Член од:
    31 јануари 2014
    Мислења:
    5.169
    Допаѓања:
    2.251
    бачето овој натпис најверојатно е пишуван на скопски сленг, жалам ако тоа не го разбираш. Во Скопје е кул да одвалиш по некој српски збор што е уште еден доказ за ниската национална свест. не викам дека нема инспиратори и диригенти на протестиве, т.е. во тоа сум сигурен ама ова мислам дека е ради тоа напишано. Верувај ми, јас сум растел во таа средина и уште се дружам со истите луѓе. Тие луѓе секогаш ги болело К за Македонија, за нација, вера, идеали и тн. Тоа се комунистички деца, деца на оние што 1991 гласаа против независна Македонија. Тие требаше уште тогаш да се закопаат историски ама немавме сила а нема ни да имаме. Во оваа држава полугите секогаш ќе ги држаат мешанци, луѓе од други националности (некои ја сакаат Македонија ама си имаат резервна држава така да горе доле им е сеедно што се случува) наводни космополити, луѓе што ОД УВЕК ги болело кур за име знаме и такви фејк патриотски срања шо би рекле они и тн.
    --- Споено дупло мислење, 21 април 2016 ---
    Па што мислиш зашто се оди на напади на споменициве? Провокации континуирани? Кој прв ги оштетува? Сигурно не спонтано погледни ги сликите. Се провоцира реакција. Првиот ден имаше малку разум меѓу луѓево, ама сега со помош на нивните медиуми и истакнатите борци за демократија сакаат малку пожустро да биде, притисок малце. Од една страна сум за реакција ама од друга знаеш дека само влегуваш во нивната стапица. Така да, кога ќе видиш што ќе видиш:)
    --- Споено дупло мислење, 21 април 2016 ---
    Да се крстиме во Бојко Борисов, другиве се гола вода.
     
    На Ska Maniac, The Blob и Шкорпион им се допаѓа ова.
  14. VardarVoSrceto

    VardarVoSrceto

    Член од:
    7 август 2011
    Мислења:
    1.983
    Допаѓања:
    2.146
    Леле значи вие навистина верувате во тоа дека сдсм и сорос се предводници на оваа борба :pos:
    Денес на курир гледам ликови кои ги знам како својата дланка означени како членови на сдсм:vozbud:

    На протест доаѓаат секакви луѓе, од уличари до професори, од активисти до провокатори. Со оглед на тоа колку е банална грешката нема да ме чуди провокатор да го напишал ,,никад више вмро".
    Чудно е како душегрежниците веднаш како по наредба се фрлија во одбрана на ,,културното наследство" кое ќе треба да се обнови со народни пари. Истите тие душегрижници останаа слепи неразумното трошење на народни пари.

    Ќе се смени дпмне ќе дојде сдс и вие ќе смените бои, а ние соросоидите и комуњарите пак ќе останеме во опозиција, бранејќи ги вистинските вредности.
     
    На staycalm, никола-те, ElNinho и уште 5 други им се допаѓа ова.
  15. Ставрогин

    Ставрогин

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    14.176
    Допаѓања:
    27.185
    Не, сериозно, зошто ваков дефетизам покажуваш? Нема шанса никаква револуција да успее во Македонија, се додека тука се Шанац и Пандов.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели преку: