Попис во јуни-јули ако притисне Брисел

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Коалициските партнери во Владата уште размислуваат дали, кога и како да се спроведе пописот - на терен, електронски или административно. Европратеникот Ричард Хјуит во извештајот вели дека Владата треба да направи план за спроведување на операцијата, а притоа да се внимава на прагот од 20 отсто бројност, за да може да се користат одредени права од рамковниот договор


Нѐ чека ново пребројување



Нѐ чека ли ново пребројување на населението во јуни? Терминот, според владини извори, почнал да се врти меѓу двата коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, откако Европската Унија притиснала Македонија годинава конечно да го спроведе пописот што лани беше прекинат поради различното толкување дали да се попишуваат граѓаните отсутни од државата повеќе од една година. Брисел побарал Владата што поскоро да изработи детален план за тоа како да се спроведе пребројувањето на граѓаните.

Пописот е ставен и во тековниот прелиминарен извештај на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Хјуит. Официјален Брисел, статистичката операција за тоа колку граѓани живеат на територијата на државата и колку државјани има Македонија ја смета за едно од клучните политички прашања поврзани со добрите меѓуетнички односи.(ма немој да ме јебеш?!)
ЕУ порачува пописот да биде спроведен во согласност со меѓународно прифатените стандарди, но и дека во Македонија тој има посебна политичка димензија што произлегува од Охридскиот рамковен договор.

„Постои потреба за соодветна подготовка и организација на работата на пописот во согласност со законот и во согласност со стандардите на Евростат, од Владата се бара да претстави кредибилен план за имплементација на процесот. Ја истакнуваме важноста на прагот од 20 отсто бројност, за да може да се користат одредени права од Охридскиот рамковен договор, но и тоа дека никогаш не може да се оправда каков било вид дискриминација кон албанската или која било друга малцинска етничка заедница врз основа на нивниот број во населението“, пишува Хјуит во извештајот.

Официјално, коалициските партнери во власта ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ тврдат дека пребројувањето на населението не е на нивната меѓукоалициска агенда и дека имало поважни прашања од тоа да се договара пописот.

- Прашањето на пописот сѐ уште не е отворено. Постои изграден став убаво да се анализира ланскиот пропаднат попис, па потоа да се размислува за нов, и тоа врз основа на изграден консензус - велат од ДУИ.

Неофицијално, сепак ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на владино ниво пред неколку недели отвориле муабет за статистичката операција за пребројување на населението, по повод извештајот на Државниот завод за статистика за дополу спроведениот попис лани во октомври. Од Владата потврдуваат само дека било разговарано околу извештајот, а не и за нов попис.

- Извештајот на Државниот завод за статистика е обемен и содржи анализа за тоа што точно е попишано во периодот. Не се разговараше за причините за прекинувањето на пописот. Но се донесоа владини заклучоци, Министерството за финансии, при евентуален ребаланс на буџетот за 2012 година, да одвои пари за неисплатените трошоци во врска со пописот, кои изнесуваат околу 1 милиони денари, како и Државниот завод за статистика да го уништи пописниот материјал најдоцна до 31.12.2012 година - велат од Владата.

Партиски коалициски извори тврдат дека во оваа пригода двете партии начелно разговарале и за тоа дека, ако притиска Брисел, попис би бил можен во јуни или јули годинава. Тоа е термин на кој инсистира албанскиот партнер во власта, но и сите албански партии, бидејќи тогаш во матичната држава доаѓале најголем дел од гастарбајтерите, што всушност беше и најголемиот проблем во пропаднатиот попис. Сепак, дали овој термин ќе биде конечно прифатен зависи и од политичката ситуација во државата по самитот на НАТО во Чикаго во мај, велат нашите извори.

И претходно имаше информации дека двајцата главни владини партнери Никола Груевски и Али Ахмети прво ќе чекаат став и поддршка од Европската Унија, па дури потоа ќе решаваат за тоа дали годинава ќе има пребројување на населението. Особено се чекаше да пристигне новиот евроамбасадор во државава, Естонецот Аиво Орав.

Коалицијата можното решение за надминување на проблемот околу тоа како да се пребројат гастарбајтерите, на што инсистира албанскиот партнер во власта, го гледа и во спроведување електронски или административен попис. Електронскиот попис би бил потешко спроведлив, бидејќи граѓаните ќе треба да пријавуваат своја електронска пошта или, пак, преку посебна веб-страница да пополнуваат прашалник. Административниот попис, пак, значи пребројување на населението каде што се користат податоците од различни институции, па со нивно вкрстување Заводот за статистика ќе излезе со резултати во согласност со претходно утврдени параметри за тоа кои податоци ни се потребни. Така би бил надминат проблемот со припадниците на албанската етничка заедница што подолго време се на работа надвор од државата, а кои имаат македонско државјанство. Тие, според албанските партии, треба да влезат во пребројувањето, иако тоа не е меѓународен стандард, бидејќи во посебна графа ќе се наведува дека се иселени.

Македонија првпат откако се спроведуваат официјални државни статистички операции за пребројување на населението, лани не спроведе редовен попис. Државната пописна комисија, иако двапати го смени персоналниот состав, одлучи да ја прекине операцијата поради тоа што на терен попишувачите-Албанци во пописот ги вклучуваа и државјаните што се на постојана работа и живеат во странство, што беше закана за добивање нереални податоци. Опозицијата покрена кривична постапка за одговорност за потрошените пари и прекинатата операција, но Јавното обвинителство во тоа не препозна корупциски случај.

Автор: Катерина Нешкова
Фотографија: Игор Бансколиев


Интересно како пред оваа најава имавме случаи како Вевчани/Струга и Гостивар и користење навидум небитни настани за одредени нечии цели, за покажување сила надвор од реалната ситуација.Коинциденција?Како и да е, некој (некои) се офајди(ја) добро од пропаднатиот попис, а ние ќе си ги вадиме сега очите.Опции?Бојкот?
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Никако јуни-јули. Најкасно мај треба да биде.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас не се попишувам, па ако треба и казна нека ми дадат. Немам е*ан денар, нека ме дерат ако сакаат! :mad: .!.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Ја истакнуваме важноста на прагот од 20 отсто бројност, за да може да се користат одредени права од Охридскиот рамковен договор, но и тоа дека никогаш не може да се оправда каков било вид дискриминација кон албанската или која било друга малцинска етничка заедница врз основа на нивниот број во населението“, пишува Хјуит во извештајот.
Ова е тоа што си сакаа рамковните кога се поништи претходниот попис. Си го добија. Сега си имаат подршка и од ЕУ (не дека претходно ја немаа, но сега ЕУ ќе притсне). И повторно на сметка на Македонците.
Сериозно колкав е прагот на толеранција на народот? Разбирам неколку работи да се “наместат“ ама последниве неколку години се е наместено....:facepalm:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ја чу да попишем пацове у зграда
***
*баму цецето. пак им се втекна за пари лапање
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ова е тоа што си сакаа рамковните кога се поништи претходниот попис. Си го добија. Сега си имаат подршка и од ЕУ (не дека претходно ја немаа, но сега ЕУ ќе притсне). И повторно на сметка на Македонците.
Сериозно колкав е прагот на толеранција на народот? Разбирам неколку работи да се “наместат“ ама последниве неколку години се е наместено....:facepalm:
Ама тркалото се врти муслиманите емигранти во ЕУ се котат како луди.. Франција може наскоро да стане црнечка муслиманска земја! Унгарија се заштити од нив за среќа..
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
108
Поени од реакции
41
Овака на попис ! ;)


Пс.Јас сум Џедај ! ;)
 
S

Stivie G

Гостин
И пак како што им одговара на Албанците. Што и да посакат добиваат овде во Македонија. Сакале ние или не според Европа тие на хартија мора да бидат 25% во Македонија.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.195
Глупости, каков попис какви бакрачи... Како може да биде попис а да се внимава некој да не испадне помалку од 20%!!!!!:facepalm::tapp: Попис си е попис и неможе да се внимава на тоа некој да не испадне дека е помалку од 20%! Јасно е ека нема да биде тоа попис туку ке биде фарса и нафрлање бројки од ракав согласно политичкиот дил. Во една математичка и статистичка операција каква што е пописот неможе да се внимава на нечија бројна состојба туку напротив треба да се УТВРДИ (а неможе да се УТВРДИ ако внимаваме да не излезе помалку од 20% па ако е помалку да му придодадеме некоја цифра) нечија бројна состојба, тоа е целта на пописот да се преброиме. Аааххх ми се слоши од оваа глупост..
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Април или мај најдобро, за да нема шверцани швицарци много.
А, да, ке заборавв да пишам за малку, во сомнителните краеви кај што ке се предвиди дека ке има неправилности (сите знаеме кои се тие) нека се пратат државни органи на мирот,или некои единици за брзи интервенции, па нека пратат и волци зошто да не, како припратници на попишувачите, и да видиме дали ке има пак такви пиздарии.
А зошто не се прави пописот како кога гласаме за избори, по школи со добро обезбедување, комисија регуларна и три дена по ред да може да се попишат граѓаните?
На пример, да трае пописот во школите три дена од 7 наутро до 7 навечер. Кој дојде да се потпише дојде, кој не исто ко да не постои, и крај на приказната.
Зошто мора луѓе да се ангажираат и да шетаат од куќа на куќа, кога може во едно школо народот од таа област да дојде со државјанство не постаро од 3 месеци и да си се попише, лично. Исклучок да се направи само за болните што лежат во болници, и таму да си се пратат попишувачи кои ке одат во секоја болница каде престојуваат пациенти и да ги попишат.
Зошто така не е организиран пописот? Така е полесно, поедноставно и поефтино за сите нас бидејки тие пари за попис се наши пари, и не може да си дозволиме некоиси дифтари да си попишуваат кого сакаат, па дури имам слушнато дека у мртви луѓе попишуваат, и после ради тие луѓе нашите пари да бидат залудно фрлени у вода.
 
T

Tetro

Гостин
Кој црни попис, кога нема пари предвидено за него со распределбата на буџетот за 2012-та?

Кој црни попис, кога минатиот (неуспешниот) одвлече и за малку не повлече нешто повеќе на штета на народот?

и уште еднаш:
Кој црни попис, ако пак се задолжиме со уште поцрни камати?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.694
Пак ли ќе малтретираме бре :tapp:

Патем после ова фијаско кое се деси со последниов попис, се сомневам дека ќе има желба да се пријави некој за инструктор/попишувач
 
B

Bonux

Гостин
На овој пропаднатиот што беше имам слушнато од некои попишувачи што биле на места каде што живеат "браќава" 90 души се имаат попишано од само една куќа т.е. домаќинство...:drk:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom