Помош! - ми треба одредено дело/проект....

Дискусија во форумот 'Уметноста, литературата, јазикот' започната од mUv@ ThE DoGg, 29 јануари 2006.

  1. bebush

    bebush Portable Heater

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    4.399
    Допаѓања:
    4.704
    Помош!Секако ако може:).

    Темата на која треба да напишам краток есеј е: "Човекот не може да не комуницира".
    Би била благодарна доколку ми нафрлите неколку тези, предлози врз што ќе можам да се потпрам затоа што инспирацијата моментално ми е нула:).
    Значи не есеј целосно напишан, туку само тези околу кои би се задржала... :smir:
  2. OrrCee

    OrrCee Сто посто проценти :)

    Член од:
    8 јуни 2008
    Мислења:
    1.526
    Допаѓања:
    23
    Ти благодарам многу

    Да да
  3. DarE|ForMorE

    DarE|ForMorE

    Член од:
    27 јули 2008
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    2
    Со надеж дека сеуште ти треба обработка на гавранот ке написам некој збор. Инаку тоа што се случувало со По додека ја пишувал оваа поема треба сам да го извлечеш. Како и да е јас и тоа ќе ти го дадам па ти думај се што че пишеш.

    Едгар Алан По во поемата Гавранот ја опишува веста за смртта. Таа страшна вест му ја носи грд створ. Поетот во една темна и страшна нок, околу полноќ, седејќи покрај своите книги слуша како некој тропа. Но ноќта страшна не носи ништо добро. Ни гостин, ниту патник. Носи морничавост и страв, страв од смртта. И токму во тој час во неговата соба доаѓа непоканет гостин, лош и грд створ. Створ ѓаволски, полн со очај, ужас, злоба... Гробна тишина..Седи и ништо не кажува. На прашањата упатени кон него има само еден одговор - NEVERMORE!!
    Поетот се плаши со причина но не занего туку за неговата сакана Ленора.. Неговата слатка Ленора, со ангелски лик, неговата љубов неговата непрегор. Во сонот што го надвладува има визија за смртта. Чуствува насекаде тишина, мирнотија, шепот, студ, самотија.. И само едно име се провлекува, во н окта. Името на Ленора - Никогаш повејќе со неа. Страшното сениште му ја кини душата, му го пара срцето со неговиот NEVERMORE! Се труди да свати дека се тоа е шега, но залудно, гавранот ни мрда - ни прет, само коби на вратата, бдее со своите демон очи. Поетот мрак го обзема и темна сенка го покрива. И тој тони, длабоко во ноќта, а знае дека никогаш повејче нема да се крене.. NEVERMORE!

    --- Тој умира и ја гкеда неговата смрт, насекаде околу него тишина, студ, и понекоја тажачка. Го мириса и темјанот... Неговата разделба со овој свет...----

    Ова е мала помош како концепт одземај додавај како што сакаш и не замерувај ако имам грешки и бесмислени зборови, доцна е..

    еве уште нешто што успеав да напишам а во прилог на тоа претходното.
    Земајќи го предвид фактот дека господинот По претставува еминентна личност во поглед на литературата, доаѓаме до заклучок дека и покрај неговиот контраверзен живот останува забележан како врвен сликар на пишаниот збор. Ако се водиме по онаа старата, дека сликата земенува 1000 зборови, во овој случај, во придружба на поема од ваков калибар би рекол дека еден збор заменува 1000 слики, побудува чувства од внатрешноста, ги влече од утробата и ги претвора во воздишки на незаборавот.
    Хартијата сеуште шушка под суровоста на перото, под околностите во која е напишана една од најубавите поеми на сите времиња. гавранот изобилува со ужас, темнина и морничавост. Но и покрај маестралната суровост се појав уваат бројн и ресурси на љубовна емозија скриена помеѓу строфите, како пајак кој тае и ја чека својата жртва на емоцијонална мрежа.
    Анализа на оваа поема е крајно неблагодарна работа, најпрво затоа што делото е напишано на двосмислен начинпа секој индивидуалец има слобода да си изгради своја приказна. Како и да е, земајќи го податокот дека г-дин По претставувал голем љубител на алкохолот и на халуционите дроги, дојдов до своја теза. Според мое лично толкување писателот ја поделил поемата на два дела, првиот - реален *каде што реално ја опишува неговата состојба, соба, чукањето на вратата..

    За вториот дел ке оставам да си создадеш своја слика секако ако го подржуваш моето гледиште. Се надевам дека помогнав.
    П.С. Најдобрата поема EVER!

    само едно мало барање... Мала помош околу Обработката на -КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА- некој вовед како да почнам и што е всушн ост поентата. Би ми користеле малку постручни мислења. фала

    П.С. на кој му треба нешто во врска со Александар Македонски нека каже најдов нешто од средно што сум пишувал...
    На Lilenceee и Ada? им се допаѓа ова.
  4. Ada?

    Ada? мјаууууу

    Член од:
    4 април 2009
    Мислења:
    489
    Допаѓања:
    54
    И јас бев во недоумица во врска со анализата дали поетот на крајот умира но според пишуваното на DarE|ForMorE може да се претопстави дека е така инаку горе имаш понудено добар материјал што е од голема помош.. браво:smir:
  5. M del Mar

    M del Mar Гостин

    Да поетот умира на крајот...а гавранот ја симболизира токму и неговата смрт, а не само смртта на неговата сакана.
  6. a1a28

    a1a28

    Член од:
    20 ноември 2009
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    0
    ke ve zamolam za pomos mi treba esej za dekameron i pekolot??? dali ima nekoj ?
  7. Ada?

    Ada? мјаууууу

    Член од:
    4 април 2009
    Мислења:
    489
    Допаѓања:
    54
    Почни од почетокот на темата имаш мн мислења во врска со овие две или пак искористи ја опцијата Барај погоре обележи по мислења и сигурно ке најдеш можеш да провериш и тука http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=32018 ае:smir:
  8. a1a28

    a1a28

    Член од:
    20 ноември 2009
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    0
    probav taka kako sto mi kaza ama nema site ja baraat ama nikoj ja nema...
  9. Ada?

    Ada? мјаууууу

    Член од:
    4 април 2009
    Мислења:
    489
    Допаѓања:
    54
    Епа вака сеа еве ти линк до тема за „Пеколот“ - Данте Алигиери http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=29281 имаш темелна разработка на делото и плус некој есеј имаш таму најпоследно шо ти е а за Декамерон пробај напиши си ако веќе нема ништо на форумот:helou:
  10. Чкембар

    Чкембар

    Член од:
    16 септември 2009
    Мислења:
    154
    Допаѓања:
    3
    Ми треба нешто како состав за животот и делото на Данте Алигери и нешто малце за пеколот... исто така за состав ми треба и животот и делото на Франческо Петрарка и канционерот... :salut: ако има некој нешто нека дај...
  11. RIOT!

    RIOT! dust in the wind

    Член од:
    10 септември 2009
    Мислења:
    92
    Допаѓања:
    16
    Луѓе ај ако случајно ви се наоѓа некој состав за писмена на следниве две теми:
    1. Несебичната љубов на чичко Горио (од "Чичко Горио")
    2. Секој човек умира тешко ако умира трајно (од "Смртта на Иван Илич")

    Фала однапред...:smir:
  12. a1a28

    a1a28

    Член од:
    20 ноември 2009
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    0
    seminarska ama na angliski jazik kade moze da najdam ?
  13. Артиљеро

    Артиљеро

    Член од:
    5 август 2008
    Мислења:
    4.729
    Допаѓања:
    3.558
    У петок праам писмени и сеа треба да споредуваме ликови од 3 книги Злосторство и казна - Смртта на Иван Илич и Чичко Горјо!! Треба тие шо се главните ликови да ги споредиме да дојде како есеј. ама мене за кур не ме бива за оваа работа и ако сака некој да помогне ке му бидам благодарен па ако сака и го частам нешо ако сака!!
  14. petar_joker

    petar_joker OLD ROCKER

    Член од:
    5 септември 2007
    Мислења:
    1.251
    Допаѓања:
    55
    Потребна ми е семинарска по Македонски јазик 1. Значит имам избор од појке теми, па ако имат некој нешто, пожелно би било да пишит. Поздрав
  15. ITK

    ITK

    Член од:
    10 октомври 2008
    Мислења:
    1.065
    Допаѓања:
    44
    Кочо Рацин - Елгии за тебе
    Константин Миладинов - Бисера и Голапче
    Рајко Жинзифов - Глас
    Заспала мома крај море
    Убава милка милкана

    Да не му се наоѓаат на некој? не се за мене така да сеедно дали ќе најдете :D

Сподели преку: