Помош за Источна Македонија и Пелагонија- хуманитарни акции и броеви за донирање (06.02.2015, 10 ч.)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Решив да отворам посебна тема, бидејќи во општата може некој пост и информација да се изгуби, а вака може да даваме информации за помош и акции.

Како што сите знаете, бројот за донации е:

070 143 400
075 143 400
077 143 400


Во меѓувреме, УТРЕ, на 6.02.2015 година, СО ПОЧЕТОК од 10 часот, пред споменикот на Мајка Тереза, ќе се одржи хуманитарна акција организирана од Студентски Пленум за помош.

Потребно продукти и работи:

- Вода
- Хигиенски средства
- Конзервирана храна
- Чорапи/облека
- Ќебиња

За секоја наредна акција која ќе ја дознаете, споделувајте тука и ќе го менувам постојано насловот за да стои.

Да помогнеме!
650 семејства се загрозени, нивите, стоката од која живеат луѓето се изгубени и оштетени.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Општина Карпош почнува со голема хуманитарна акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја во источните делови на Македонија. Акцијата се состои во прибирање донации во вода, средства за хигиена, трајни конзервирани производи, влажни марамчиња, тоалетна хартија, пелени и сл. Производите, граѓаните на Карпош, може да ги достават во специјални хуманитарни пунктови, кои ќе бидат отворени во 14 урбани заедници на територијата на Општината, како и во сите основни училишта и детски градинки што работат на територијата на локалната самоуправа.

Оваа хумана акција ќе трае секој работен ден, а дежурни пунктови (сабота и недела) ќе има во 14 урбани заедници од 10 до 14 часот. Акцијата ќе трае се додека има потреба од хуманитарна помош во поплавените подрачја зафатени од обилните дождови.[DOUBLEPOST=1423152698][/DOUBLEPOST]Исто така, денеска и утре во ООУ „Александар Македонски“ во општина Аеродром ќе се организира хуманитарна акција за собирање чиста вода и средства за хигиена. Собраните средства во соработка со Црвениот крст ќе се донираат на потребните места.[DOUBLEPOST=1423152928][/DOUBLEPOST]Во скоро сите градови има организирано хуманитарни акции, така да ДОНИРАЈТЕ!!!
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Од Facebook:
На ФБ се најавуваат масовни собирни акции за поддршка на населението во поплавените региони... Апелирајте до сите дека во овој момент не е потребна материјална помош! До денес се испорачани 150 тони вода и за викендов ќе се дистрибуира храна и хигиенски материјал на 500 семејства. Облека има и повеќе од доволно во овој момент. Благодарност до сите добронамерни лица кои сакаат да донираат но нека се стрпат до наредните проценки кои ќе утврдат дали е потребна понатамошна помош и точно каков вид! Сега за сега најдобро е да се донира преку јавување на телефонските броеви за донации! Сите потребни работи како и испораката на донациите ќе биде транспарентно објавена на веб страната на Црвен крст на Република Македонија, Фан-страната на Црвен крст на Република Македонија и на оваа група. Ви благодарам на разбирањето и поддршката!
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Јас би рекол помош за Источна Македонија и Пелагонија бидејќи во моментот во Пелагонија колко гледам на ТВ е поопасно отколку кај нас во Источна Македонија.
 
Член од
9 април 2012
Мислења
42
Поени од реакции
10
ДОНИРАЈ! 070 143 400 075 143 400 077 143 400
‪#‎помогни‬ ‪#‎донирај‬ ‪#‎сподели‬ ‪#‎Македонија‬ ‪#‎Macedonia‬ ‪#‎bankaccount‬ ‪#‎phonenumber‬ ‪#‎massive‬ ‪#‎massiveflooding‬ ‪#‎flooding‬ ‪#‎help‬ ‪#‎macedonianeedhelp‬ ‪#‎donate‬ ‪#‎share‬

https://www.youtube.com/watch?v=sF-HMGRmI9U

 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Апел до сите граѓани, приватни компании и приватни бизнисмени и стопанственици во Република Македонија и во странство, Македонците во светот и пријателите на македонскиот народ и на Република Македонија, да се приклучат кон хуманитарната помош и да дадат свој придонес на еден од телефонските броеви 070/075/077-143-400.
Парична помош може да се уплатува и на посебна донаторска девизна сметка на Црвениот крст на Македонија на која можат да донираат сите македонски државјани и Македонците во светот:
Name of the organization: Macedonian Red Cross
Bank name: Komercijalna banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov No.3, 1000 Skopje, Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
ОХРИД:

Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија и ги мобилизира своите капацитети за прием на помошта (во овој момент флаширана вода, средства за хигиена), во магацинските простории на Црвен крст Охрид. Својата донација заинтересираните потребно е да ја најават во Црвен крст Охрид, на телефон 046 261-909 или 070 315-309 од каде ќе добијат насоки за преземање на донацијата.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

- Жиро сметка на Фонд на солидарност 300-000001327966 ДБ 4030984271620 –Комерцијална банка
- Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвен крст Охрид упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
http://www.ohridnews.com/vesti/80128
http://www.ohridnews.com/vesti/80138



Klaudija Sofronieska Arsenova

APEL ZA POMOS NA NASTRADANITE VO POPLAVITE VO NASATA MAKEDONIJA. AKCIJAVA ZAPOCNUVA OD DENES SOBIRAME POMOS ZA POPLAVENITE VO MAKEDONIJA, HUMANOSTA PRODOLZUVA, DA BIDEME SITE DEL VO OVAA AKCIJA, DONIRANITE RABOTI KOI KE ODAT PREKU NAJGOLEMIOT HUMANITAREN AVTOPREVOZNIK" GALEB" PUNKTOT KE BIDE NA ISTOTO MESTO MNOGU POZDRAV DO SITE VAS



БИТОЛА:
НГ Чкембари

http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/87255-chkembarite-se-prijavija-da-pomagaat-vo-poplavenite-regioni


СКОПЈЕ:

НГ Комити

http://sportmedia.mk/komiti-ke-doniraat-pari-za-poplavenite-podrachja-vo-makedonija/
:
- Пред Црвениот крст на Република Македонија
- Пред Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“
- Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ – општина Аеродром
- Пред општинската организација на Црвен крст Карпош
- Пред општинската организација на Црвен крст Чаир
- Пред ТЦ Скопје Сити Мол

КАВАДАРЦИ:

НГ Лозари + Црвен Крст




Кавадарци се вклучува со акција за помош за настраданите од поплавите
"Кавадарци донира за Македонија“ е слоганот по кој се води денешната хуманитарна акција на градскиот плоштад во Кавадарци со цел да му се помогне на настраданото население од поплавените региони во Македонија.

Од Црвен Крст Кавадарци апелираат донациите во вода, средства за хигиена и конзервирана храна граѓаните може да ги остават на централниот пункт на градскиот плоштад во Кавадарци или во просториите на општинската организација на Црвениот Крст на Кавадарци во периодот од 10 до 15 часот.

Кон оваа акција се приклучени здруженија на граѓани, невладини организации, навивачката група „Лозари како и локалната самоуправа.

Сите граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош преку телефонските броеви коишто се ставени на располагање на ONE, T-mobile, и VIP: 075/ 070/077/143-400

БЕРОВО:

Општина Берово во соработка со Црвен Крст на Република Македонија организира хуманитарна акција за помош на настраданото население од поплавените подрачја.
Хуманитарната акција ќе сео држи во собирниот пункт во Бизнис инкубаторот во период од 05 до 15 февруари, во временски период од 09 до 16 часот
каде сите граѓани ќе можат да донираат за настраданото население.
Според направените анализи потребни се ФЛАШИРАНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ и СРЕДСТВА ЗА ЛИЧНА ХИГИЕНА, додека ќе биде поставена и кутија за донирање парични средства кои ќе бидат искористени за набавка на потребни намирници за населението.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сакам да прашам нешто, дали во средниве и основниве училишта кога ќе има хуманитарни акции треба да се прават списоци кој платил и да биде одредена сумата што се донира (50 ден. во сличајов). И доколку некој не плател ќе требало да појди кај директоро...
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
161
Поени од реакции
176
Луѓе, убаво од Ваша страна што сакате да помогнете, но дали мислите дека тие собрани финансиски средства ќе завршат на правото место?
Не, можеби половина ќе биде разделена меѓу поплавените семејства, а другото ќе си го изграбаат "надлежните" помеѓу нив.
Колку за пример, во 2013та исто имаше поплави во источна Македонија. Од целокупно пријавената штета, беше покриено само околу 40%, т.е. Кој зема зема, другите ништо. И после тоа нашиот "надлежен" излезе со известување дека на седница на советот на општината било одлучено да со другите средства се купи механизација која ќе се користи за чистење на речните корита и канали. Но, не. Целата купена механизација остана да лежи во дворот на општината... И еве сега пак сме поплавени.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Сакам да прашам нешто, дали во средниве и основниве училишта кога ќе има хуманитарни акции треба да се прават списоци кој платил и да биде одредена сумата што се донира (50 ден. во сличајов). И доколку некој не плател ќе требало да појди кај директоро...
Јас да сум, ке одам кај директорот и ке му барам 50 за сендвич да ми даде, ако не ке добрие 2-3 шмри, па пак нека ми бараат пати.

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА - кој сака и колку може ке донира или помогне НЕМА наредни и не е задолжително
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да де, сега кога се нашите во прашање, одеднаш сите се сомневаат кај ќе одат парите и слично, одеднаш е шубе да се донира, кога беше за комшиите, за да се покажеме за пред свет и за на Фејсбук, тогаш никој не прашуваше. Браво.

И тогаш не прашував, зошто одговорност имав (барем така се осеќав) да им помогнам колку можам на луѓе кои изгубиле се, а и сега истото го осеќав.

Друго, Црвен крст е одговорен за броевите и ако ги следите на Фејсбук ќе гледате дека секојдевно носат помош.

Ама заборавив, не е ова фенси-шменси за да добие голем интерес.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
^ ^ ^ ^
Истово ова и дел од самите активисти ќе ви го кажат, разочарани од различните реакции за странство и дома.

А информацииве за кој како

http://daily.mk/makedonija/povlekuva-vodata-poplavenite-sela-severniot-dela-pelagonija

или

Лада Самара потона кај Радобор
  • Недела, 08 Март 2015 20:04

Делови од општина Могила повторно се под вода, откако по новите врнежи пробија критичните места на Црна, кои беа санирани од големите поплави кои ја зафатија Пелагонија речиси пред еден месец.


Денеска кај Радобор имаше одбид за извлекување на автомобил марка Лада Самара кој е под вода.

Со сајла требаше да се обезбеди потонатиот автомобил, а потоа со трактор да го извлечат, но велат дека не успеале, оти имало премногу вода.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom