Политиката на македонските закони во неколку (наведени во темата) ситуации

Член од
10 јуни 2016
Мислења
45
Поени од реакции
82
Доколку има неправилности ве замолувам да ме поправите и ако темата не е за овде да ме насочите каде, што и како.

На YouTube има канал на кој се става видеа од општествено здружение во Русија кое се бори против пушењето цигари на забранети места и против алкохол на јавни места.
Како што се спомнува низ нивните видеа, во Русија не е дозволено да се пуши цигари на места каде што тоа е забрането и дозволено е само во дозволени зони, додека пак не смеете да носите алкохол во себе додека сте на јавно место (макар и пред својот дом) освен ако шишето, лименката, чашата има камуфлажа на себе.
Околу справувањето со пушењето цигари на забранети места, оваа група од млади луѓе користат шишиња со кои прскаат вода и според тоа имаат политика со која доколку не ги послушате да го изгасите цигарот додека сте на забранета зона за правење на тоа, тие ќе ви го изгасат цигарот со прскање на вода од тоа шише.

Врз основа на тоа, сакам да прашам: Дали во Република Македонија постојат места на кои е дозволено пушење цигари и места на кои не е дозволено (да, верувам дека постојат такви места но сепак подобро е да ми каже некој што веќе го има тој закон прочитано); Која е политиката на македонските закони околу поседувањето на алкохол (пр. да држеш шише обележано со бренд кој произведува пиво на плоштад); Каква е политиката на македонските закони за прскање вода кон некого, или макар кон неговиот цигар додека тој стои на некоја зона каде што е забрането пушење (пр. дали тоа се смета за некаков напад, малтретирање и сл.)

Исто така, во Америка е дозволено снимање на полицијата при вршење на својата работа (Пр. правење контрола на некое лице кој прекршил некој сообраќаен закон), дали тоа е дозволено во Република Македонија (да, знам дека е дозволено да снимаш на јавно место но може да ти дојде неинформиран полицаец и да ти зборува да се тргнеш или просто да те задржи... дали е тоа корупција?)

Благодарам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom