Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Македонија има поскапа електрична енергија само од Србија(каде исто така струјата е социјана категорија), а поефтина од сите останати Европски земји. Просечната цена во ЕУ е за 2.5 пати повисока од таа кај нас. Како тоа цените на струјата во Македонија се повисоки од ЕУ? Дали јас не умеам да го читам графикот правилно или пак ти си во забуна?
А како тоа поише од 50% од граѓаните земаат под 12.000 денари.
Тоа се парите од кои тие треба да ја плаќаат струјата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Голем број граѓани се жалат за високи сметки за струја
И замислете што вели ЕВН:
http://sitel.com.mk/gragjanite-se-zhalat-na-visoki-januarski-smetki-za-struja
Не е тајна дека овие два месеци на адреса на граѓаните пристигнуваат паушални сметки, велат од ЕВН.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
А како тоа поише од 50% од граѓаните земаат под 12.000 денари.
Тоа се парите од кои тие треба да ја плаќаат струјата.
А каква врска има колку земаат граѓаните со цената на електричната енергија? ЕВН е приватна фирма која енергијата ја плаќа. Сигурно не очекуваш да ја поклонат некому.
Беше дискутирано повеќе пати за воведување на т.н. социјални пакети за оние кои навистина неможат да ја платат. До каде е со тоа и дали ќе се спроведе не знам, ама тоа е единствено реално решение за социјалците.

Голем број граѓани се жалат за високи сметки за струја
И замислете што вели ЕВН:
http://sitel.com.mk/gragjanite-se-zhalat-na-visoki-januarski-smetki-za-struja
Не е тајна дека овие два месеци на адреса на граѓаните пристигнуваат паушални сметки, велат од ЕВН.
Не гледам зошто да се драматизира околу ова. До сега се случило милион пати, уште пред да дојде ЕВН, а љубилејно се случува секоја година во летните месеци. Сега некој талентиран новинар немајќи попаметно за што да пишува, прави драма околу ова. Најверојатно броилата не се читани на време поради тоа што беа празници и фирмата која ги чита за ЕВН ги има пуштено луѓето на одмор-празник. Во секој случај состојбата на броилата ја отсликува реалната потрошувачка, и таа не е паушална. Така да ако стигнала сметка со поголеми бројки во Јануари, наредниот месец ќе стигне помала, баш да видам дали истиве таленти ќе се пожалат на ниските сметки за тој месец. Патем, неплатени сметки се толерираат два месеци плус тој едниот кој по дифолт е прекредитиран (затоа што сметката се плаќа постпејд, т.е. месец дена откако ќе биде потрошена ел. енергија). Па така не е ништо страшно и црно како што тенденциозно се претставува.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
А каква врска има колку земаат граѓаните со цената на електричната енергија? ЕВН е приватна фирма која енергијата ја плаќа. Сигурно не очекуваш да ја поклонат некому.
Не очекувам. Но, очекувам политиката на власта која влијае врз примањата на граѓаните, да влијае барем тие граѓани, со такви примања, какви што имаме кај нас, да бидат еднакво третирани пред законот, како и ЕВН.
Да бидат фер и да не измислуваат додатно 33% моќност давачки, да бидат третирани пред судовите еднакво (кога се во парница со ЕВН), да бидат третирани рамноправно (ако ЕВН некому исклучува струја, нека исклучи на сите)....
Наместо тоа ние имаме притисок врз судската власт да биде секогаш (независно од законите и уредбите) на страната на ЕВН, се толерираат секакви измислени давачки (како онаа споменатата) кои се чист грабеж, некои кои не платиле се исклучуваат, а некои се толерираат...
Сите овие (а и многу други нешта) и во овој случај покажуваат дека власта им дава карт бланш на ЕВН, буквално што сакаат да прават со народот, независно од законот, правото, моралот и етиката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не гледам зошто да се драматизира околу ова. До сега се случило милион пати, уште пред да дојде ЕВН, а љубилејно се случува секоја година во летните месеци. Сега некој талентиран новинар немајќи попаметно за што да пишува, прави драма околу ова.
Новинарот баш и не измислува. На нас ни стигна сметка за месец и 7-10 дена. Плус тоа неколкупати го променија времето на читање и наплата па од група која плаќаше од 15-20ти, сега сме во група која плаќа до 6ти. Законски рок за плата е до 15, за школите до 20ти. Со тоа се задолжуваш кај банките, со камата или должиш камата кај евн. Ова е мајтап со граѓаните, а регулаторна мрда само ако евн и топлификација му дадат дозвола.
А каква врска има колку земаат граѓаните со цената на електричната енергија? ЕВН е приватна фирма која енергијата ја плаќа. Сигурно не очекуваш да ја поклонат некому.
Беше дискутирано повеќе пати за воведување на т.н. социјални пакети за оние кои навистина неможат да ја платат. До каде е со тоа и дали ќе се спроведе не знам, ама тоа е единствено реално решение за социјалците.
Прво треба да дефинира ЕВН што значи тоа социјален пакет и према кои параметри. Дали према австриските стандарди, дали према платите во ЕВН, дали према минималните трошоци според ССМ. Во секој случај најмалку 70-80% граѓани се социјалци.
Во секој случај состојбата на броилата ја отсликува реалната потрошувачка, и таа не е паушална. Така да ако стигнала сметка со поголеми бројки во Јануари, наредниот месец ќе стигне помала, баш да видам дали истиве таленти ќе се пожалат на ниските сметки за тој месец.
Тоа е релативизација на незаконското не-читање и промената на време на наплата. Колку е 33% и 18 данок на 9-12 илјади во зима и колку е 33% и 18% за 2-3 илјади во лето...или за истата зима за послаб месец од 6-7 илјади.
 
Последно уредено:

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
33% за ангажирана моќност како ставка веќе не постои година ипол или две баш поради поплака од домаќинствата, кои пак не разбираа ништо околу тоа што тие 33% значеа и зошто беа наплатувани (како и секаде, само преку други ставки).

Околу сметките, ако дошла за јануари 15 наместо 10, а во фервуари 5 наместо 10, а притоа се толерира неплатената сметка за јануари не гледам што е проблем. Во фервурари ќе имаш платено 20 и во едниот и во другиот случај!

Тој што нема пари не се грее на струја!

Околу наплатата, и мене многу ми смета што државата е со газ даден под кирија и така не може да ги искористи правните механизми за наплата на сметките и спречување на кражбите. Проблем со наплата и кражби има најмногу во населби со претежно албанско население. Тоа дополнително ми прави да се чувствувам неубаво како македонец во Р. Македонија, и покрај тоа што совесно и одговорно ги исполнувам сите обврски кон државата, народот и општеството.

Социјалните пакети треба да ги обезбеди државата. Покрај тоа, треба да се воведе скалесто тарифирање за домаќинствата со што ќе се стимулира домаќинското и ефикасно користење на електричната енергија која е дефицитарна во земјава.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
33% за ангажирана моќност како ставка веќе не постои година ипол или две баш поради поплака од домаќинствата, кои пак не разбираа ништо околу тоа што тие 33% значеа и зошто беа наплатувани (како и секаде, само преку други ставки).

.
Навистина?
Значи пред година и пол сметките ни биле намалени за 33%?

Не разбирале граѓаните?
Живти све.... Што има да се разбира бре?
Еве ама баш од утре можат да измислат: - Еве сега има нова ставка 15% за континуиран тек на мрежата. И?
Некој ќе каже кој кур е тоа бе?
Одговор:
- Не разбираш, ќути.

До толку им се одврзани рацете и до толку не важат законите и прописите во државава за големите компании како оваа. Дур плаќаат под маса, кај што треба можат што сакаат да им прават на граѓаните. Тоа е вистината и не ми ги брани, молим те. Не ме смеј.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.727
33% на сметките е ангажирана моќност или `моментална снага` која потрошувачот ја влечи.За да нема инсталирање на максиграф како кај фирмите,кај граѓаните сметката за моментна моќност се одредува паушално 33%.Во спротивно ќе ги дерат граѓаните како што ги дерат фирмите и затоа тие работат ноќе кога нема мерење на максиграф(цементарница,железара,каменоломите,.....)

Кој има нејаснотии или сака помош околу проблемите од овој карактер,можам да му помогнам,бидејќи професионално се занимавам со оваа проблематика
 
Дали знаеш зошто се наплатуваше активна моќност (33%)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.727
Вака сега-33% се наплаќа и сега само не го пишуваат во сметките.

Треба да се знае што е тоа ангажирана можност.Ќе пробам тоа да го објаснам со прости зборови.

ЕВН ,ЕЛЕМ и МЕПСо неможат да знаат кој потрошувач во кој момент можи да повлечи потрошувачка.На пример некој дома го приклучил болјерот.Тогаш во мрежата се случуваат нарушувања,и некој таа моќност треба да ја произведе.А не се знае кој и колку можи да приклучи и во кој момент.

Затоа на фирмите им ставаат уред наречен `максиграф`.Како тој работи?Тој уред мери колку вати или киловати максимално некој ќе повлече во рок од 15 минути било кога во месецот.

На пример некој дома ги приклучи следните потрошувачи(ако има максиграф):
-болјер.................3 Киловати,
-рерна..................2 киловати,
-фен.....................1 киловат,
-осветление........0.5 киловати,
-компјутер,ел.апарати.......0.5 киловати

Сума..................7 киловати.

Ако овие апарати се вклучени подолго од 15 минути,стрелката застанува на 7 киловати и до крај на месецот се чува овој податок.Доколку за неколку денови се вклучат апарати со 9 киловати,тогаш стрелката застанува на 9.Ако повторно за некоја ден се приклучат повеќе апарати во исто време,на пример 12 киловати,стрелката застанува на 12.

Шлагот доаѓа на крај.ЕВН ви фактуриа како за цел месец да се влечеле 12 киловати и оваа бројка се множи со цената за врвна моќност по киловат и се додава на реално потрошената енергија.Некој случајно приклучил многу апарати-тогаш фактурата е како да има топилница,иако реално нема потрошено толку енергија.

За домаќинствата пошто не се вградува ваков уред со `стрелка`(не е стрелка,ама така да ја претставиме),се одлучило да плаќаат за активна можност `одоко`т.е. фактурата да се зголеми за 33%,и тоа е по овие правила супер,пошто фирмите ова можи да го сонуваат.Нив буквално ги дерат,и тоа со жилет
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550
Не гледам зошто да се драматизира околу ова. До сега се случило милион пати, уште пред да дојде ЕВН, а љубилејно се случува секоја година во летните месеци. Сега некој талентиран новинар немајќи попаметно за што да пишува, прави драма околу ова. Најверојатно броилата не се читани на време поради тоа што беа празници и фирмата која ги чита за ЕВН ги има пуштено луѓето на одмор-празник. Во секој случај состојбата на броилата ја отсликува реалната потрошувачка, и таа не е паушална. Така да ако стигнала сметка со поголеми бројки во Јануари, наредниот месец ќе стигне помала, баш да видам дали истиве таленти ќе се пожалат на ниските сметки за тој месец. Патем, неплатени сметки се толерираат два месеци плус тој едниот кој по дифолт е прекредитиран (затоа што сметката се плаќа постпејд, т.е. месец дена откако ќе биде потрошена ел. енергија). Па така не е ништо страшно и црно како што тенденциозно се претставува.
Што збориш бре?!
Па на одредени фамилии им дошло 4 пати поголема Јануарска сметка а ти викаш зашто драматизирање? Наназад години просек 2500 ден, Јануарска 11.000??? И за тебе е тоа нормално? Па колку и да не било читано може толкава разлика? Како може августовата паушална да е слична со јулската а порамнувачкава да е 4 пати поголема?
Туку дур народов е зашемутен и не излезе да ги линчува истите што им ги рекетираат животите,ќе не дерат до гола кожа и ич нема да им чуе.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Навистина?
Значи пред година и пол сметките ни биле намалени за 33%?

Не разбирале граѓаните?
Живти све.... Што има да се разбира бре?
Еве ама баш од утре можат да измислат: - Еве сега има нова ставка 15% за континуиран тек на мрежата. И?
Некој ќе каже кој кур е тоа бе?
Одговор:
- Не разбираш, ќути.

До толку им се одврзани рацете и до толку не важат законите и прописите во државава за големите компании како оваа. Дур плаќаат под маса, кај што треба можат што сакаат да им прават на граѓаните. Тоа е вистината и не ми ги брани, молим те. Не ме смеј.
А зошто си даваш за право да ми се обраќаш со ваков тон? Јас за тебе не сум ни бе ни бре! Ако е тоа нормално во твоето село, меѓу цивилизацијата во која живеам и комуницирам не е. Доколку сакаш да комуницираш со мене корегирај си го тонот и начинот на кој ми се обраќаш, во спортивно не ми се обраќај! Јас не сум должен да одговарам на твоите исфрустрирани, некулутурни и неконструктивни постови, само моја добра воља е моето учествуво во дискусијава. Тоа што пишувам мислења на темава гледај го како можност да научиш нешто ново кое и немаш баш од каде да го научиш, а не како можност за да се расправаш со мене и да лечиш фрустрации.[DOUBLEPOST=1423798976][/DOUBLEPOST]
ЕВН ,ЕЛЕМ и МЕПСо неможат да знаат кој потрошувач во кој момент можи да повлечи потрошувачка.На пример некој дома го приклучил болјерот.Тогаш во мрежата се случуваат нарушувања,и некој таа моќност треба да ја произведе.А не се знае кој и колку можи да приклучи и во кој момент.
МЕПСО точно знае кој потрошувач во кој момент ќе повлече колкава потрошувачка. Сите учесници на пазарот на е.е. секој ден, до Операторот на пазар на е.е. при МЕПСО, испраќаат номинации за продажбата, производството и потрошувачката во секој час од наредниот ден. Според тие номинации се изготвува т.н. конечен физички распоред на номинации или диспечерски нарен "возен ред" врз основа на кој се вози системот во нарениот ден. Секое отстапување од дадените номинации се смета како дебаланс и се наплатува по цена 1.4х цената на HUPX на day ahead (ден однапред) за тој час, а Операторот на системот на е.е. при МЕПСО, за да го држи системот стабилен активира т.н. системски услуги кои го коштаат 20 милиони евра годишно. Над 50% од тие пари ги плаќа ЕВН Македонија за дебалансите од тарифните потрошувачи.

За домаќинствата пошто не се вградува ваков уред со `стрелка`(не е стрелка,ама така да ја претставиме),се одлучило да плаќаат за активна можност `одоко`т.е. фактурата да се зголеми за 33%,и тоа е по овие правила супер,пошто фирмите ова можи да го сонуваат.Нив буквално ги дерат,и тоа со жилет
Не е тоа само за домаќинствата туку за сите фирми кои не се приклучени на LV1 и немаат полу–индиректно мерење со максиграф. Такви се над 60.000 фирми.
Патем, над 50% од приклучоците на ЕВН ја надминуваат дозволената максимална едновремена моќност. На секој на кој му текнало да се грее на струја, едноставно ќе си смени осигурачи од 16А на 63А и наместо 5–6kW ќе влече 25–30kW од мрежата која не е димензионирана за тоа. Ќе се погодат неколку вакви потрошувачи, па ќе ја преоптоварат мрежата и ќе има испади. Па ќе се најде некој талент со клуч од разводен ормар, за да не му снемува струја, на своја рака ќе стави преголем осигурач на изводот и ќе ги изгори каблите. Ќе дојде ЕВН, ќе тури појак кабел и некое време ќе нема проблем додека не се накототат нови потрошувачи кои не ја почитуваат максималната дозволена едновремена моќност и после пак се јавува истиот проблем. Работите одат до таму што се има случувано да се запалат трафоата од претовар. Ова најчесто се случува каде живеат диви племиња кои крадат струја и не плаќаат, т.е. Шутка и некои населби со претежно албанско население. Но се случува и во населби каде не се краде и се плаќаат сметки, на пример во Тафталиџе, Дебармаало, Лисиче и слични каде од секоја барака се изградија замоци, а притоа газдите за да ушпараат или ги задржуваат старите приклучоци ако е можно или ако мора нов приклучок даваат еднополни шеми со нереално ниска едновремена потрошувачка.
Покрај поради дебалансот и поради ова се наплаќа, и треба да се наплаќа, т.н. ангажирана моќност!
Но, ЕВН Македонија преку дистрибутивната такса добива одповеќе доволно пари за водење на дистрибутивниот систем со кои може да ги решава ваквите проблеми. Според моите согледувања и математики цената на е.е. за домаќинствата може да се намали за 15% и ЕВН да биде сосема ликвидна. И тоа така да трае најрано до јули 2018 кога на либерализиран пазар ќе излезат потрошувачите со потрошени над 100MWh во 2017. Едноставно ЕВН избоксува да ги дели потрошувачите само на LV1 и LV2, каде над 80% ги смести во LV2, а притоа избоксува дистрибутивна такса од 38 евра/MWh за LV2. Во ниедна земја во наша околина за домаќинства не се калкулира поголема дистрибутивна такса од 21–22 евра.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@gjoko-mkd

ЕВН никогаш не наплатувала за „ ангажирана моќност “ туку за активна моќност
“ Ангажирана моќност “ наплатува Топлификација, која тоа го воведе за да не биде покусо од ЕВН
инаку за таа активна моќност се наплатуваше бидејќи лепотаните од регулаторна одлучиле да и подарат на ЕВН пеесетина милиони евра секоја година
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
А зошто си даваш за право да ми се обраќаш со ваков тон? Јас за тебе не сум ни бе ни бре! Ако е тоа нормално во твоето село, меѓу цивилизацијата во која живеам и комуницирам не е. Доколку сакаш да комуницираш со мене корегирај си го тонот и начинот на кој ми се обраќаш, во спортивно не ми се обраќај! Јас не сум должен да одговарам на твоите исфрустрирани, некулутурни и неконструктивни постови, само моја добра воља е моето учествуво во дискусијава. Тоа што пишувам мислења на темава гледај го како можност да научиш нешто ново кое и немаш баш од каде да го научиш, а не како можност за да се расправаш со мене и да лечиш фрустрации..
Ќе ти се обраќам како што сакам. А лопови и разбојници заслужуваат полошо. Единствено што можеш да направиш е да ме пријавиш, има копче за тоа. Ќе ме казнат, ако сметаат дека сум ги прекршил формските правила.
Тоа е.
За другото после.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
@gjoko-mkd

ЕВН никогаш не наплатувала за „ ангажирана моќност “ туку за активна моќност
“ Ангажирана моќност “ наплатува Топлификација, која тоа го воведе за да не биде покусо од ЕВН
инаку за таа активна моќност се наплатуваше бидејќи лепотаните од регулаторна одлучиле да и подарат на ЕВН пеесетина милиони евра секоја година
Како сакаш наречи ја "ангажирана" или "ангажирана активна" моќност, беше ставката од 33% во тарифниот степен на директно мерење. Воведена е уште пред 2000–та колку што се сеќавам, во времето на ЕСМ.
Што се однесува до регулаторна и парите кои им ги одобрува на ЕВН...Не се 50, појќе се.
1) Цената на приклучоците е нереално висока. Не ме фаќај за бројките, не сум на работа/дома неколку дена и не ми се при рака документите. Отприлика се определува на следниов начин: се пресметува трошокот за 40MVA трафо со 8 изводи 110/20kV со должина од не знам колку метри, 8 трафоа 20/0.4kV, секое од нив со по 6 изводи со 300 метри надземен вод и 200 метри кабел. Потоа тој трошок се дели со 36667kW (40MVA = 36667kW) и се добива цена на чинење на 1kW приклучок, т.е. од прилика околу 70 евра по kW (без ДДВ). Ако се земе колку пари се наплатени од страна на ЕВН за приклучоци и колку такви трафоа, водови и слично се изградени, ќе излезе дека далеку помалку е изградено. Од прилика 2.5 пати помалку ЕВН има потрошено за приклучоците отколку што има наплатено. Само овде се има чист ќар од 20+ милиони евра.
2) По 7 години РКЕ смета дека опремата во која инвестирала ЕВН е дотраена и им признава трошоци за наводно ново–купена опрема. Од кога се дојдени до сега имаат изградено 3–4 далекуводи од по 2–3km и две 110 трафостаници. Се останато е од време на другарот Тито и времето на ЕСМ по Тито. Сеуште постојат далекуводи од 46–та година кои се користат за напојување на делови од Скопје(Маџари, Автокоманда, Синѓелич, Инџиково и т.н) во реонот на ТС Скопје 1/5, кои иако се во катастрофална состојба и се општа опасност сеуште ЕВН ги користи и не ги менува. Да не зборам за во Охридско, каде со к*р немаат мрднато за да се инвестира, иако и прд неколку години им е децидно укажано за катастрофалната состојба на мрежата, по што имаше испади и рестрикција со денови, за пак да ни се случи истото зимава. Исто е низ Битлско–Прилепскиот регион и многу други.
3) Секој трошок на ЕВН (вклучително и тоалетната) се третира како инвестиција во мрежа за што РКЕ со двете раце им одобрува народни пари
4) За недостатокот на енергија им се одобрува највисоката проценета можна цена на пазарот, а потоа разликата не им се одзема, т.е. им се остава. Да не зборам околу коинциденцијата да ЕВН остануваат куси о енергија кога цената на енергијата е превисока, па мора да купат скапа енергија(мхм...дебела провизија...мхм...)
5) Редовно вишокот пари на крајот од годината РКЕ им го остава на ЕВН во целост или делумно, наводно кредитирајќи ги поради лошата наплата, претстојната "либерализација" и слични изговори, и покрај тоа што претходната година биле исто кредитирани, а невољите поради кои биле кредитирани не се случиле. Таа ставка во извештајот на РКЕ се вика линеарно порамнување, и во 2013–та им се оставени 24 милиони евра, во 2014–та 51 милион и слично. При наредното делење(пошто до сега не им земале) на средства РКЕ заборава дека ЕВН ги почастиле 50 милиони и не им ги зема.

И така, има уште многу други начини на кои ЕВН е заштитена, повластена и почастена. Сепак тоа не значи дека ангажирана моќност е измишљотина позади која нема реално техничко објаснување и причина, а е само изговор за да се земе повеќе пари. А исто е и за многу други прашања поврзани со целиот енергетски сектор. За жал, просечниот македонец е прост, неук, не сака да учи, не си ги знае правата и нема капацитет да си ги брани, ниту си ги знае обврските и е кадарен да си ги исполни. Научен е само да лае како џукела за без везе, а кога треба да нападне и да гризне, заквичува и фаќа џом додека не добил камен по глава. Па така слично и овде на форумов, има џукели кои само лаат, а не разбираат ништо. Да е посимптоматично, се групираат во чопор исто како џукелите околу контењерите. Небаре за своите права ќе се изборат седејќи дома на топло и јадејќи бурек на форумов и слично. Уствари, си ги знаат ли правата за да ги бараат? А знаат ли каде и како треба да ги бараат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom