Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Предлагам @Dr Zmigo да отвори тема Најекономично добивање на струја - така ќе собереме податоци за се што ни треба
Сега ќе објаснам зошто предлагам тоа да го направи Dr Zmigo
Темата Најекономично затоплување, што тој ја отвори имаше неверојатно влијание. Слушнавте дека потрошувачката на струја минатата година се намали за 3,5%. Што значи цела Македонија имаше огромна корист од Кајгана и Dr Zmigo. Никој не направи толку, колку што направија Кајгана и Dr Zmigo.
Што значи имаат „ среќна рака “
Ти благодарам за убавите зборови.... би сакал да е така, ама сепак не ќе да е! Колку и да е корисна темава, сепак до друго нешто ќе да е до намалувањето на потрошувачката.... Топлата зима и највеќе нешто друго за што пишував во една друга тема, мислам во темата за странските инвестиции! Намалувањето на потрошувачка на енергија воопшто: на гас на струја, јаглен.... и намалената лична потрошувачка, се јасни индикации за нешто друго, а не за наводно зголеменото производството во МК и на зголемениот обем и димамика на вработувањата во однос на минатиот период, како и на зголемениот обем на странските инвестиции (како што велат од Владата нели!?).... Арно ама едното не оди со другото, те многу логично е да одат правопропорционално, те да се зголемуваат, а не како велат раст на вработеноста, раст на производството, раст на БДП, раст на странските инвестиции.... а пад на личната потрошувачка и пад на потрошувачката на енергија. Ми нема баш логика! А како гледаме се поголем е бројот на мали и средни компании кои згаснуваат, ги набројав: Леснина Бујото, Римес, РНР студио, К-15.... па еве го и Тедико е готов. многу од трговијата пропаднаа, полупразни се трговските центри, Фамили Шоп карши Градска празен (иако како трговци мали потрошувачи, ама се собира нели!?) Но тоа е друга тема нели!?...
Иако темата Ауфидерзен Мк. (на мое двојно жалење) ја престигна со постови, сепак мило ми е што темата која ја отворив за економично греење (затоплување) има толкава популарност во (потфорумот) темата Економија, толку многу прегледи и постови.... уште повеќе што разменивме толку убави идеи, пишувавме и пишуваме неоптеретени со политика, без интерес, без карање и навреди (што не е случај со останатите каде ги има во изобилие)....секако највеќе ми е мило ко ќе ми се заблагодари некој на добрата идеја мислење или ко ќе ја пофали темата генерално и ќе каже дека тука добил идеја..... Уште еднаш фала за убавите зборови... Секако ги следам иако не ги разбирам толку и твоите стручни мислења, особено во темава и за затоплување и особено во делот за онаа направијата која ѓоамити штедела струја....јас немам причина да не ти верувам дека теориски тоа е можно (иако искрено не ги разбирам шемите и твоето стручно мислење објаснување на темата), ама сепак никој не се јави да каже дали е вистина и практично тие направи кои се нудат на пазарот дали нешто вредат да користат, дали заштедуваат како велат дилерите од 20-40%.... те да се набават!?
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Pa gospodine concrete... dali dojdovme do zakluchok deka na bopgot "Profit" treba da mu podigneme monumetalen spomenik, i sekoe utro da go posetuvame i odavame pochit za sekoj odminat den??????
хммм, дали вие Герасиме комуницирате со мравките при вашата прошетка по паркот??? ......а може со една стапка некоја нивна цивилизација да уништите.., досега барем, не сум забележал некои мравки да подигаат споменици:):):)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не знам дали имаме надлежни институции да реагираат на скоро секојдневното поигрување на ЕВН со исклучувања на струја заради наводно дефект или уште посомнително т.н. надградување на мрежата.
18.07.2014 | 07:20
Без струја повеќе скопски населби и села
17.07.2014 | 07:10
Без струја неколку скопски населби и села
11.07.2014 | 07:10
Делови од Карпош, Центар и Студеничани без струја
10.07.2014 | 07:10
Без струја делови од Аеродром, Карпош, Арачиново
и така натаму, скоро секој ден со месеци.
http://lider.mk/tag/без-струја/
Истото се однесува и на водовод, цели населби секоја недела се оставаат без вода. Дали се должи ова на неквалитетни мрежи, неквалитетни поправки, лошо инвестирање или нешто трето?
18.07.2014 | 07:10
Без вода жителите од улицата „20-ти Октомври“ во Центар
15.07.2014 | 07:20
Дебар Маало без вода
01.07.2014 | 07:15
Дел од општина Центар без вода
27.06.2014 | 07:10
Дел од Водно и Кисела Вода без вода
12.06.2014 | 07:33
Без вода корисниците од булеварот “Кочо Рацин“ во Центар
http://lider.mk/tag/без-вода/
Ретко кога сум затекнал вакви рестрикции надвор од државава, а пречесто се случува дури и во однос на рестрикциите во бившиот систем.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
хммм, дали вие Герасиме комуницирате со мравките при вашата прошетка по паркот??? ......а може со една стапка некоја нивна цивилизација да уништите.., досега барем, не сум забележал некои мравки да подигаат споменици:):):)
Па concrete...во парк одам строго ради возење велосипед, и строго внимавам на тоа што алудираш да не стапнам - прегазам некаква мравка......
на мравките како најработливи суштества уште не се сетил никој да подигне некаков споменик, но затоа на Myrmecophaga tridactyla ги има премногу;););)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Фактор најдов напис, според кој, повеќето од лепотаните од регулаторна, претходно биле вработени во ЕВН. А ние се чудиме зошто струјата постојано поскапува
http://faktor.mk/archives/21608
Во написот се вели:
Пред речиси три години, на предлог на Владата, Собранието го избра Димитар Петров за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, иако тој бил раководител на одржување во подрачната единица на Евн во Кратово и потпретседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово. На јавноста и е познато и дека битолчанецот Видан Кулевски, пред да биде назначен за член на Комисијата, работел како член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а во 2007 година бил и член и на Надзорниот одбор на државната ЕЛЕМ. Комисијата е составен од пет членови, од кои тројца инженери и по еден економист и правник. Но, откако инженерот Куштрим Рамадани од Евн Македонија стана нов член на Комисијата, на местото на правникот Рухи Бакиу, ова регулаторно тело има дефицит на правник меѓу членовите, што укажува на несоодветност на позициите и професиите на членовите. (?!)

Од Комисијата се правдаат дека причината за необјавувањето на нивниот професионален ангажман се должи на новата интернет страница која е во подготовка.

Според информациите до кои дојде Фактор економист во Комисијата е Светлана Јаневска, која претходно работела во Министерството за финансии. Елена Маркова-Велинова пак, е петтиот член на Комисијата. Таа е дипломиран електротехнички инженер и работела во Евн Македонија во секторот за нови приклучоци како и во Министерството за економија, односно во техничкиот инспекторат.Иако никој јавно не сака да лкаже дали некој од потесното семејство на членовите на Комисијата се вработени или акционери во енергетските компании или пак во владини институции, шпекулациите одат до таму што некои од сопружниците ан членовите на Комисијата се поврзуваат со вработувања во енергетски компании кои имаат регулирани цени од страна на Комисијата.
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Zdravo,
me interesira posle kolku neplateni smetki ja isklucuvaat strujata ? (kaj fizicko lice, za domakinstvo)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Веќе напишав дека лепотаните од регулаторна ги одредуваат цените на струјата и друго, според некаква, калкулативна метода. Претпријатијата на „ жими мајка “ даваат изјави колку пари им се потребни и тоа е МАР- Максимален регулиран приход, Таа сума се дели на колку киловатчасови е планирано да се потрошат и така се добива цена за еден киловат час
Ваква калкулативна метода никогаш не е користена во времето на СФРЈ за било што. Секогаш цената се одредува според понудата и побарувачката - односно според пазарот
И јас цело време се прашував од каде им е на лепотаните оваа калкулативна метода. Мислев дека им е од Бугарија.
Но сега изгледа дознав:
На интернет страницата на Регулаторна е објавен повик за учество на 13 -тата конференција за инвестиции и регулација во енергетката која ќе се одржи на 27-28 октомври 2014, во Баку, Азербејџан.
http://erc.org.mk/odluki/13th Investment and regulation Conference-Baku, Azerbaijan.pdf
Очигледно нашите лепотани се подготвуваат за пат за Баку
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве практично, како лепотаните од регулаторна ја одредуваат цената на струјата
Ова е последна одлука која е донесена пред неколку дена
http://erc.org.mk/odluki/2014.07.31 ELEM ENERGETIKA SNABDUVANJE.pdf
Можете да прочитате во точка 2 од оваа одлука:

Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ, подружница
Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2014 година од:
- категоријата на потрошувачи приклучени на 6kV и 35 kV напонско ниво се утврдува да
изнесува 3,7788 денари за kWh електрична енергија, и
- категоријата на тарифни потрошувачи приклучени на 0,4 kV напонско ниво се утврдува да
изнесува 6,0623 денари за kWh електрична енергија.“

Последната цена од 6,0623 денари за kWh, се однесува за нас кои сме приклучени на низока напон
Што е пресметано во оваа цена 6,0623 денари за kWh е дадено во табела на страна 7
И таму може да се прочита:
1. цена на електричната енергија за вршење на
регулираната енергетска дејност производство на
електрична енергија на АД ЕЛЕМ – Скопје за 2014 година,
ден/kWh........................................................................2,4723
2.регулирана просечна тарифа за пренос на електрична
енергија за 2014 година, ден/kWh .........................0,2718
3. регулирана просечна тарифа за организирање и
управување со пазарот на електрична енергија за 2014
година, ден/kWh........................................................0,0432
4. регулирана просечна тарифа за вршење на дејноста
дистрибуција на електрична енергија за категорија на
потрошувачи приклучени на низок напон за 2014 година,
ден/kWh.......................................................................2,6656
5. месечен надоместок за снабдување во краен случај со
електрична енергија за поединичен потрошувач за 2014
година, (ден/kWh).......................................................0,6094
_______________________________________________

Збир - ------------------------------------------------------------6,0623

Ете струјата од производителот чини 2,4723, а кај потрошувачот стигнува по цена 6,0623 или поскапа за 2,5 пати
Обратете внимание дека за да се произведе струјата чини помалку ( точка 1 ) , одколку за дистрибуција ( точка 4 )
Ова го можат само лепотаните од регулаторна
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
^ Убаво другар што ни ги отвараш очите, ама ете... што може да направиме, освен еден ГОЛЕМ масовен протест... што никогаш нема да се случи.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Еве практично, како лепотаните од регулаторна ја одредуваат цената на струјата
Ова е последна одлука која е донесена пред неколку дена
http://erc.org.mk/odluki/2014.07.31 ELEM ENERGETIKA SNABDUVANJE.pdf
Можете да прочитате во точка 2 од оваа одлука:

Просечната продажна цена на електрична енергија по која АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ, подружница
Енергетика, ги снабдува потрошувачите за 2014 година од:
- категоријата на потрошувачи приклучени на 6kV и 35 kV напонско ниво се утврдува да
изнесува 3,7788 денари за kWh електрична енергија, и
- категоријата на тарифни потрошувачи приклучени на 0,4 kV напонско ниво се утврдува да
изнесува 6,0623 денари за kWh електрична енергија.“

Последната цена од 6,0623 денари за kWh, се однесува за нас кои сме приклучени на низока напон
Што е пресметано во оваа цена 6,0623 денари за kWh е дадено во табела на страна 7
И таму може да се прочита:
1. цена на електричната енергија за вршење на
регулираната енергетска дејност производство на
електрична енергија на АД ЕЛЕМ – Скопје за 2014 година,
ден/kWh........................................................................2,4723
2.регулирана просечна тарифа за пренос на електрична
енергија за 2014 година, ден/kWh .........................0,2718
3. регулирана просечна тарифа за организирање и
управување со пазарот на електрична енергија за 2014
година, ден/kWh........................................................0,0432
4. регулирана просечна тарифа за вршење на дејноста
дистрибуција на електрична енергија за категорија на
потрошувачи приклучени на низок напон за 2014 година,
ден/kWh.......................................................................2,6656
5. месечен надоместок за снабдување во краен случај со
електрична енергија за поединичен потрошувач за 2014
година, (ден/kWh).......................................................0,6094
_______________________________________________

Збир - ------------------------------------------------------------6,0623

Ете струјата од производителот чини 2,4723, а кај потрошувачот стигнува по цена 6,0623 или поскапа за 2,5 пати
Обратете внимание дека за да се произведе струјата чини помалку ( точка 1 ) , одколку за дистрибуција ( точка 4 )
Ова го можат само лепотаните од регулаторна
Pa isto ti e i so gorivata, 35 denara e fabricka cena a go plakjame 80.
Vodata e baksis,a nema familija sto plakja ispod 1000 denara mesecno. Tie lezaci vo jp vodovod so plati x3 od makedonskiot prosek nekoj treba da gi narani.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ај пак да прашам, пошто од диспечерите од евн не добиваме некоја информација па се надевам некој од регулаторна, евн или владиниот ешалон ќе ги знае причините.
08.08.2014 | 07:21
Делови од Скопје без струја

Реално не е јасно зошто секој месец по неколкупати се исклучуваат исти реони и населби. Дали навистина се работи за "зафати на мрежата" и што конкретно зафаќаат. Во рок од 2 недели трипати исклучување не е малку. Дали нивните газди во Австрија вака "вложуваат во мрежата" на секои 2 недели? Се промовираат семејни бизниси ама тие не трпат вакви прекини на вода и струја.
Ме интересира дали имаме некоја служба или орган кои се должни да ги следат овие прекини и да ги бараат нивните реални причини односно да спречат малверзации или каде можеме да се пожалиме затоа што ова со исклучување по половина ден секој половина месец или месец е надвор од секоја логика.
Еве еден пример како доказ дека евн на 1-2 недели исклучува исти реони, конкретно улица Бутелска на 21 и на 30.7.2014 и тоа 7 часа.
http://www.plusinfo.mk/vest/144673/Bez-struja-utre-dve-sela-i-dve-ulici
http://lider.mk/2014/07/30/nekolku-skopski-ulici-bez-struja/
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Од 1 Јануари почнува либерализација на пазарот со струја во МКД. Тоа значи дека граѓаните ќе бираат од која компанија ќе набавуваат струја. Е сега не ми е јасно како тоа струјата ќе поскапи, наместо да се намали, нели конкуренцијата е затоа корисна за иста услуга или подобра, да се добие пониска цена. Овој текст вели дека со либерализацијата ќе имаме можност од 7 фирми да одбереме која ќе не снабдува со струја но со повисоки цени. Зошто е тоа така може ли да ми објасни некој http://faktor.mk/archives/119824?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=domakjinstvata-pred-odluka-od-kogo-da-kupuvaat-struja
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Шо има да ти се објаснува, сите 7 фирми се во договор и имаат блиска соработлка меѓу себе, и така тие договорно и сложно даваат цена струјата која што е повисока од сега.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Лепотаните од регулатирна тврдат дека струјата нема да поскапе:
„Како што беше објаснето и на вчерашната прес конференција, иако искуствата од другите земји покажуваат дека процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија може да доведе до поскапување на електричната енергија за домаќинствата, имајќи го тоа во предвид Регулаторната комисија за енергетика има изработено заштитни механизми со кои што тие ефекти ќе бидат минимизирани во случајот на Република Македонија, односно нема да се дозволи било каков ценовен шок кој што би бил на товар на граѓаните. “

http://erc.org.mk/odluki/Reakcija na pres na SDSM_4 04 2014.pdf
 

Kajgana Shop

На врв Bottom