Подкровје - совети

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Дур се дочекаат тие 5 минути ко ќе се тргне светлината (сонцето) треба да се издржи 6-7 сати жештина. За тие 6-7 сати покривот таа жештина негде ја предава, дел оди надвор, ја исијува (зато би сакал лим со светла - рефлектирачка боја, а дел оди навнатре кон изолацијата, која е бавен спроводник на топлината но сепак ја спроведува. Е сега лимот (површината) ќе се излади по 5-10 минути откко ќе “замине“ сонцето но 6-7 сати акумулирана топлина ќе остане дел и внатре, под лимот, иако не ја насочиш кон надвор со вентилирање ќе имаш ефект на ТА печка.
Да, ама спреди го истото со ќерамиди: ќерамидата е изолатор, и стои загреана добри 4 саати. Е сега, на таа акумулриана топлина шо останува внатре под лимот, го имаш ефектот на народски речено фурна/црепна - освен шо треба да ја изладиш акумулираната топлина, треба и да се размислува за то како да се елиминира жештината од ќерамидите кои се загреани до кај 12 на полноќ (ги имам фаќано со раце навечер кај мене).

А да, од друга страна лимот на ладење/загревање крцка и потпукнува. Поприлично многу, шо знае да биди многу замарачки од сабајле наутро.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Се си има плус и минус, можеби ако ќерамида досигне 70 степени на лето, лимот ќе крене 90... Него друго ми текна сега мене, што би било јас ако на јужна страна на лимен покрив - каде е најтопло (под лимот а пред изолација, спроведам цевки за топла вода? Дали би изигравало ем сончев колектор ем да ја одведува вишок топлината ? Дали има некоја математика во ова? на пример од тие пластични цевки што ставаат во под за подно греење и да си циркулира вода до некој бојлер?

ПС
Дали некој има мислење или искуство со лимени панели за покриви со полиуретанска пена, ПУР, велат имале добра изолација
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дали поткровјето може да се среди со ОБС плоча, наместо со гипс картон? :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Која е разликата помеѓу пластифицираниот лим и поцинкуваниот лим ( незнам точно како се викаше, можеби е и БАКАРЕН)... имам приметено вториов го ставаат на црквите, прво има некоја портокалово златна боја, а подоцна потемнува.
Дали тој е подолготраен и поквалитетен од пластифицираниот? :)
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Warning wall of text

Се извинувам за предолгиот пост.

Пластифициран е како што кажува името пресвлечен со пластика, слично на жиците од каблите, значи на некој начин „офарбан“ со пластика (се разбира подебел слој одошто боја), поцинкуван - пак името кажува, се работи за челичен лим на кој е нанесен (со електролиза) слој од цинк како заштита од корозија - тоа е оној на почеток сјаен (сребрен) па подоцна бел/бледо сив лим. Генерално разликата е во изгледот јас би рекол, бидејќи и пластифицираниот бледее, но го има во повеќе бои и не рефлектира светлина толку како поцинкуваниот, можеби пластифицираниот има и други предности кој ете не ги знам, сепак јас за покрив на куќата ставив пластифициран лим, на челична конструкција. Третиот кој го спомуваш е бакарен, но прво е многу скап, а и како што кажа самиот позеленува (од корозија).Не би рекол дека е подолготраен, но многу зависи и од оној кој го вградува. За пластифициран знам фирми кои своите погони ги имаат покриено со тој лим и еве стојат и после 30 години без протекување, со нормално избледување на бојата.

Сега за темата поткровје: До пред некоја година покривот на куќава ми беше со азбестни плочи (салонит) на 1 вода (нешто како adobe style кога гледаш од напред), по што извршив реконструкција (ми беше потребна само молба за +15цм висина во детален урбанистички план - тогаш не требаше градежна дозвола за реконструкција на покрив), од предниот дел разѕидав некои 30цм цигли и на нивно место ставив бетонски носач (трегер) во кој на горната страна имав оставено метални плочи како лежишта за кровната конструкција, на задната страна доѕидав малку (наѕидок во согласно со планот) и пак ставив бетонски носач со челични плочи. Со помош на татко ми изработивме 7 челични носачи кои ги поставивме на одредените места во облик на 2 води сега и ги поврзавме со додатни пречки за шрафење на лимот. врз оваа конструкција едноставно го наредивме и прицврстиме (пластифицираниот) лим и ете готов покрив за брзо време, без многу тошоци а со долг век на траење. Негативна страна е тоа што е споменато погоре во темата, кога се лади и загрева лимот се слуша „крцкање/тропање“ и кога врне нормално се слуша погласно. Моментално до овој стадиум ми е изведен покривот и немам ставено изолација сеуште, а планирам да ставам 4 слоја камена волна (Isover/Tervol) која лесно ќе се држи на место со профилите за KNAUF системот на сува градба, како и самите плочи кој исто така планирам да го користам за таван и за внатрешни ѕидови. На подот од поткровјето сеуште стои стариот „гредоред“ врз/помеѓу кој има ставено 20цм изолација од камена волна. Стариот гредоред во иднина ќе го заменам повторно со челични носачи поврзани со пречки („рожница“) врз кои ќе ставам ОСБ иверка како решение за подот, врз иверката би ставил ламинат како ефтино решение, евентуално под ламинатот како додатна изолација (која сметам дека е непотребна), пак ќе кажам можеби 2цм дебелина тврдо-експандиран стиропор во табли од 1/2 квадрат залепени на ОСБ иверката. На страната на словенечкиот производител на изолациони материјали URSA, ако не се лажам ставаа и по 40цм дебела изолација на таванскиот дел, но секако климата овде и таму е различна па најдобра е консултација со некој постручен. Во врска со идејата на Лет 3 за топла вода, мислам дека поделотворно ќе ти биде да си вградиш систем од овие комерцијалните (но под притисок не од кинескиве со слободен пад) со кој систем ќе имаш (колку - толку) топла вода и зиме (барем нема да мрзне) а ако поставиш вака цевки ќе мора во зима да ја испушташ водата од таа линија поради замрзнување, во лето може и да дојде до преголем притисок бидејќи верувам дека ќе се загрее водата повеќе од потребно па повторно постои опасност од пукање на цевка во линијата... за проба направи модел од овој систем со 1 платно лим од 2 квадрата, стави цевка, постави на сончево место во дворот и тестирај...
Подоцна ќе побарам слики или утре ќе сликам на ново како ми излезе моето поткровје, кое имаше висина од 1.5м на предниот и 20цм на задниот дел, а сега има 1.9 на предниот и задниот дел а 2.4 на билото (врвот). На предниот дел имам прозор по цела должина на куќата, а на задниот дел 2 „класични“ прозори.

Имам приметено бакарен лим ставиле на новиот театар, а ставаат и на црквите :)
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Имам приметено бакарен лим ставиле на новиот театар, а ставаат и на црквите :)
Таму цената не е проблем, во прашање е имиџот :D Мислам дека овде на црквата лимот е заменет по некои 20 години (веројатно помалку) така што бакарниот можеби и не е толку долготраен, а замисли што би било со фасадата ако протече некаде :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Таму цената не е проблем, во прашање е имиџот :D Мислам дека овде на црквата лимот е заменет по некои 20 години (веројатно помалку) така што бакарниот можеби и не е толку долготраен, а замисли што би било со фасадата ако протече некаде :)
Абе врти сучи ќерамидата е најдобра :)
А шиндрата долготрајна е или, зошто на речиси сите куќи во Англија и Америка ја има? :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Абе врти сучи ќерамидата е најдобра :)
А шиндрата долготрајна е или, зошто на речиси сите куќи во Англија и Америка ја има? :)
Јас сепак се одлучив за лим а вервај прелистав купови мислења совети докази и искуства од луѓе и стручњаци. За Шиндра имам слушнато повеќе негативни од колку позитивни работи, мислам дека основно е што не е погодна за овие простори и мошне високите температури на лето пошто е правена на база на битумен има тенденција да се шири исобира што му скратува век, таа е добра за поладни предели (Канада, Англија...)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
И мене тоа ме интересира, за овдека велат каква бе шиндра тоа само на летниковци иде, а како што гледам во сите американски филмови/серии секоја куќа има шиндра или коцкаста или бибер, светло сива/темно сива, црна, мерак. Лимот можеш да го поставиш и на многу мал пад на покривот, додека ќерамидата бара поголем пад од 20% па нагоре. Здравје да се дојде до парки ќе барам цени/информации или за шиндра или за поквалитетна ќерамида. Класична црвена ќерамида не би земал, не заради квалитетот, туку не сакам класичен црвен кров. Една куќа што видов во едно кумановско село бела куќа со црна ќерамида која има отсјај на сонце, мерак, како некоја вила изгледаше.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Таму цената не е проблем, во прашање е имиџот :D Мислам дека овде на црквата лимот е заменет по некои 20 години (веројатно помалку) така што бакарниот можеби и не е толку долготраен, а замисли што би било со фасадата ако протече некаде :)
бакарот е најдобро решение пошто е речиси вечен али е изгор скап. Бакарот оксидира и создава тенок слој на патина на површина која го штити од понатамошна корозија и ако правилно се посттави (да не протекува)) можеш да заборавиш дека имаш покрив (освен ако не ти го украдат додека си на одмор
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
бакарот е најдобро решение пошто е речиси вечен али е изгор скап. Бакарот оксидира и создава тенок слој на патина на површина која го штити од понатамошна корозија и ако правилно се посттави (да не протекува)) можеш да заборавиш дека имаш покрив (освен ако не ти го украдат додека си на одмор
И јас имам чуено така... поспецифично се поставува одколку пластифицираниот лим, најпрво има бакарна боја, а по краток временски период таа боја се губи и добива зелено-кафеава боја. Исто имам приметено дека се става само на цркви и позначајни објекти, што најверојатно значи дека има долг век на траење, односно подолго од керамидата и пл. лим...

Дали бакарниот лим привлекува гром?
Дали е вистина ова или се лажам?
:)
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Наназад никаде не прочитав некој да даде совет со стиродур.
Стиродурот е чиста работа, ни лим, ни гипс картон. Заедно си оди во склоп со фасадата (зборувам ако се прави со лепак, мрежа и абрип).
Исто така нема смрт. Е сега во врска со прокапување, многу зависи како е направен покривот и колку квалитетно. Бидејки моментално јас ја правам куќата надерив 2 пара летви на покривот. Едни од горе кон доле, други обратно врз нив. Измеѓу нив ставив црна книга како изолација и евентуална заштита од кршење на герамида. И доколку се скрши ѓерамидата водата се лизга по црната книга и иде директно во јолук, така да поткровјето е решено.
 
Член од
8 февруари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
kako prvo zdravo na site se izvinuvam sto ne pisuvam so vakvi bukvi od mob pisuvam gledam vie imate veke nekoe iskustvo so potkrovje ja sakam da napravam so nov pokriv od 70m2 na dve vodi da bide pokrivot ali neznam od kaj da pocnam pa malce pomos :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom