Подемот на крајната десница во Европа

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Ligar, 11 декември 2015.

  1. Ligar

    Ligar God Honour Homeland

    Член од:
    23 октомври 2011
    Мислења:
    632
    Допаѓања:
    1.665
    Како реакција на мигрантската криза што се случува во Европа, ултрадесничарските партии и движење добиваат се повеќе приврзаници.

    Европските десничарски движења почнуваат да бележат значаен раст откако белите и христијански нации апсорбираат голем број на муслимански имигранти од арапскиот свет.На последните избори за европскиот парламент , крајно-десничарските партии освоија доволен број места за да формираат свој блок што им дава директен пристап во финансирање на ЕУ.

    Тоа се партии кои се пред се антимиграциски и евроскептични , промовираат христијански вредности, национална и социјална држава.Се залагаат за запирање на миграцијата во Европа, за протерување на сите муслимански доселеници и бараат забрана на Коранот. Во текот на изборната кампања за европскиот Парламент,некои десничарски партии настапуваа со паролата „ниту за милион години“, што беше порака до тамошните Турци и до Турција дека ниту за милион години не ќе може да се дозволи влез на оваа земја во ЕУ.

    Економската криза која ја потресува Европа од 2008 г. речиси секаде освен во Грција повеќе помогна на крајната десница отколку на радикалната левица. Но и земјите кои во голема мера кризата ги заобиколи како Германија, Австрија и Швајцарија на избори десничарските партии добиваат 20% од гласовите. Во Холандија секој седми жител гласал за националистичка партија.Слободарската партија“, користејќи антиисламска платформа за само пет години од нејзиното постоење стана трета по големина во Холандија. Нејзиниот лидер Герт Вилдерс смета дека исламот уназадува и дека неговото место не е во Европа.

    Подемот на Националниот фронт во Франција се одвива како „по книга. Минатонеделниот успех на регионалните избори е ремек-дело на шефицата на партијата Марин Ле Пен.Сите предвидување се дека на претседателските избори во 2017 Ле Пен ќе влезе во елисејската палата.

    Во Полска на последните избори победата ја однесе националистичката и антиисламска партија на Качински.
    [​IMG]

    Многумина веруваат дека не станува збори за повампирување на фашизмот, како што тоа сака да го прикаже радикалната левица со цел да створи аверзија кон гласачите. Туку дека можеби се работи за национално будење во западна Европа . Се повеќе граѓани се загрижени за националната култура, идентитет , начинот на живот кои се под удар од исламот и африканските доселеници. Едноставно луѓето во Европа стануваат свесни дека треба да го заштитат својот начин на живот и своите семејства.

    Кој ги финансира и подржува овие движења?

    Кај европските десничарки партии несомнено се забележува проруско расположение и се поотворено заговараат блиски врски со Путинова Русија. Европските националисти го гледаат Путин како модел за цврст и конзервативен лидер кој се спротиставува на западната декаденција. Бидејќи повеќето националистички партии се Анти-НАТО и Анти-ЕУ природно е да гледаат сојузник во Русија кој би им помогнал нивните матични земји да ги напуштат членствата во ЕУ.

    Но и Русија во нив гледа сојузник преку кој би можела да го спроведе своето влијание одвнатре во западните земји. Лидерите како Ле Пен се често гости во Кремљ и гостуваат на руските државни телевизии. Последно што излезе како вест е дека Национален Фронт добил кредит во висина од 9.8 милиони евра од руско-чешка банка со седиште во Москва. НФ дополнително се задолжил со кредит од 2 милиони евра од кипарска банка во сопственост на поранешен КГБ агент. Со руска финансиска помош во облик на кредити и позајмици се финансираат и останатите крајно десничарски партии како унгарската Јобик, словачката Народна Партија, бугарска Атака, австриската Слободарска Партија и тн.


    [​IMG]
     
    Последно уредено: 11 декември 2015
    На Никифор000, shadow_rr и The xx им се допаѓа ова.
  2. karan

    karan

    Член од:
    31 мај 2006
    Мислења:
    3.365
    Допаѓања:
    2.297
    Поддршката од Русија е чисто заради ослабување на Европската Унија.
    Во самата Русија путинистичката власт е благонаклонета кон мигрантите од средноазиските републики, и го толерира подемот на исламистичките идеологии (Рамзан Кадиров, високопоставени лица се јавуваат заштитници на "умерените муслимани" ), односно работи спротивно од она што го застапуваат нивните "сојузници" во Европа. Единствено што ги обединува се ставовите против хомосексуалците, абортусот и ЕУ.

    Сепак, десничарската идеологија како реакционерна сила во моментов е вистинска потреба на европските народи за одбрана на европската цивилизација. А идеално нема ништо.
     
    На RomanistaRIM, Kacar, LordDragonII и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ligar

    Ligar God Honour Homeland

    Член од:
    23 октомври 2011
    Мислења:
    632
    Допаѓања:
    1.665
    Се согласувам со тебе, впрочем во Украина Москва ги помага проруските бунтовници да ги газат украинските националисти. Не заборавај дека крајната десница во Украина имаше поголем подем од било која останата европска земја,но таму Русите финансираат антинационалистички движења да ги збришат укранските крајни десничари. Во суштина се е интерес .
     
    Последно уредено: 11 декември 2015
  4. The xx

    The xx

    Член од:
    8 април 2013
    Мислења:
    1.953
    Допаѓања:
    1.628
    Социјалистите во Франција во недела, ќе излезат да ги подржат десничарите на Саркози.
    Мали се шансите на Лепен и Националниот Фронт во недела да ги повтори резултатите од првиот круг. Уште помали се шансите за победа на изборите во 2017.



    Подршката од Русија, има цел само да ја ослабне стегата на Америка врз ЕУ.
     
  5. Ligar

    Ligar God Honour Homeland

    Член од:
    23 октомври 2011
    Мислења:
    632
    Допаѓања:
    1.665
    ^^
    Ако се направи таква подмолна коалиција помеѓу конзервативците и социјалистите ќе се постигне само спротивен ефект , ќе испровоцираат уште повеќе луѓе да искочат и да гласаат за НФ.
     
  6. The xx

    The xx

    Член од:
    8 април 2013
    Мислења:
    1.953
    Допаѓања:
    1.628
    Премиерот на Франција воедно и член на социјалистите, веќе ги повика своите во недела да им дадат подршка на десните на Саркози.
     
  7. puno

    puno

    Член од:
    25 март 2012
    Мислења:
    4.954
    Допаѓања:
    1.913
    И во Албанија се обидуваа со црвеноцрната алијанса, но беа неутрализирани. Во Косово се обидуваат преку Беџет Пацоли и Самоопределување да направат нешто.
     
  8. Pina

    Pina

    Член од:
    1 ноември 2005
    Мислења:
    950
    Допаѓања:
    411
    Vo Ukraina ne se znae koj pie i koj plakja...



    http://www.vestinet.rs/u-fokusu/napad-na-premijera-jacenjuka-tuca-poslanika-u-parlamentu-video

    A imaat i nevidliv prezident, vidi kako Obama ne go primetuva Poroshenko kako da e proziren.

    http://sputniknews.com/world/20151210/1031544100/washington-kiev-demands-complaints.html
     
    Последно уредено: 12 декември 2015
  9. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    4.273
    Допаѓања:
    8.361
    Главниот проблем со крајната десница и со крајната левица е тоа што не нудат стабилност и имаат агресивни политики. Мнозинството од народот на запад навикна и си бара умерени и константни партии со не радикални политики.

    Тие партии излегуваат на површина при вакви економски, имигрантски кризи или реална закана од тероризам.

    Иако рака на срце сега стануваат појаки поради тоа што во многу држави традиционалните умерено леви и десни партии се изгубија во бледи политики, стагнација и елитизам.

    Ле Пен ќе влезе во втор круг претседателски избори најверојатно против Саркози, но тогаш ќе се соочи со протестно гласање од страна на социјалистите, зелените итн., кои и со половичен број да излезат на гласање, скоро и да нема шанси дека ќе го победи Саркози. Единствен гарант за победа им е апсолутно мнозинство. Ако се случат уште 3-4 напади периодов може и ќе дојдат до тоа.
     
  10. jamajka

    jamajka mode: Calm

    Член од:
    28 април 2007
    Мислења:
    4.999
    Допаѓања:
    3.084
    За разлика од државите во ЕУ, Русија има територии под владение каде што има нативни муслимани. А колку што знам Рамзан Кадиров се бореше против брадите во втората Чеченска војна.
     
  11. Holy Temple

    Holy Temple

    Член од:
    16 април 2010
    Мислења:
    2.489
    Допаѓања:
    1.389
  12. cige

    cige abdal

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    4.294
    Допаѓања:
    1.595
    Шехтански rulz
     
  13. karan

    karan

    Член од:
    31 мај 2006
    Мислења:
    3.365
    Допаѓања:
    2.297
    Да, да, сигурно.
    Едно е муслиман, друго е исламистичка идеологија.
    Во Русија под влијание на побратимот на Путин, муџахедата Кадиров, се врши се поголемо ограничување на секуларноста и мешање на религијата и власта. Кадиров е само еден необразован мафијашки бос, заради кого руските федерални власти често се принудени да замижуваат пред нарушувањето на законите и дури и да вршат измени.

    Т.е. и Путин како и Обама како свои сојузници има неумерени муслимански банди.
    Плус фактор се милионите мигранти од средноазиските турски републики.



    Татарите и Башкирите на коишто алудираш се последниот проблем.
     
    Последно уредено: 13 декември 2015
  14. SF

    SF

    Член од:
    4 октомври 2010
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    140
    Какви политики имаат Златна Зора и АТАКА за Македонија и се подржани од фашистот во советско руво Путин ептен е за „радување“.
     
  15. karan

    karan

    Член од:
    31 мај 2006
    Мислења:
    3.365
    Допаѓања:
    2.297
    Нешто во последно време ниту "нео-комунистите" не се многу толерантни. Ако до пред година дена при истовремените протести на десни и леви групации, десничарите беа тие кои се судруваа со полицијата, сега е обратно.

    Во судирите во Лајпциг повредени 70 полицајци

    Изгледа прогласувањето на стратешко партнерство со искусни "боречки организации" од типот на "Муслиманско братство" се повеќе придонесува левите ("уанаби партизани") протестанти да прибегнуваат кон насилство на протестите.
     
    На jamajka му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: