Платите во IT областа

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Колку заработуваат IT специјалистите во МКД и низ светот.
Каде се најдобро
платени , а каде најбарани.
Се сретнав денес со еден познаник кој работи во Германија и кажа дека имало голем дефицит на кадри од оваа област и кој константно растел и најдобро било сите заинтересирани за работа таму да аплицираат за тестери на програми (имајте го ова на ум - како идеална варијанта, ако барате таму работа) - зошто таквата работа за германецот не е интересна и тој на таа специјалност долго не се задржува , ја сметаат како еден вид почетничка работа т.е отскочна даска кон нешто повисоко и поплатено . Сега нешто прочепкав низ нетов и навистина- сретнав дека во Германија вакви специјалисти земаат од 2 900 – 5 560 евра месечно во зависност од искуството, фирмата па дури и полот.


Не прелистав низ форумов да проверам дал постои ил не ваква тема, или ако не е интересна ќе причекам @Branchez да не ја избрише :unsure:- па, да не пишувам залудно
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
@Branchez да не ја избрише :unsure:- па, да не пишувам залудно
Не сум админ, а и нема потреба да се брише.
Сепак си можел да додадеш и листа со плати на ИТ работници низ светот и (ако има за) Македонија, чисто за компарација.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
http://www.stepstone.de/gehaltsreport/
kликнете на областите посебно и ќе ги видите платите кои се без премиите т.е бонусите ,податоците се од компанијата stepstone која се занимава со мониторинг на пазарот на труд во Германија . Значи во појужните делови од Германија платите се повисоки,

  • (Bayern) - 53863€
  • (Hessen) - 53633€
  • (Baden-Württemberg) - 52895€
  • (Hamburg) - 50768€
  • (Nordrhein-Westfalen) - 49060€
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бранчез од кога станал модератор/админ, а јас не сум информирана :D

Баварија е 2000 евра почетна стартна нето чиста или како сакате наречете ја. На следните 6 месеци иде нагоре и така натаму. Кај ит е само со Англиски, не им бараат никаков друг јазик немаат ни рок за учење на Германски. Ако сака- а секако ќе му треба у секојдневие. Сега ит е широк поим, некаде бараат, зависи од огласите.

Се разбира со искуство. За почетници без искуство незнам дали има место, не сум слушнала.

Постапка на аплицирање е следна:
- св има на нет германско св како изгледа кратко и јасно
- слика на св од табло, не од фб
- диплома преведена и нотарски заверена кај нас од судски преведувач
- и препораки од работодавци! најбитниот дел за апликација во Германија
- и некаде мотивационо иако не игра некоја улога

Сајтови за аплицирање:
http://jobs.meinestadt.de/deutschland/stellen
http://www.monster.de/?disRe=true

Во полето за пребарување си барате кој дел од ит сте. Милион поделби имате.
Отварате оглас гугл го прашувате што бара огласот. Ако знаете се од точките пуштате апликација на мејлот даден во оглас, секако мејлот официјален со почитувани, итн.
Аплицирајте насекаде, не бирајте градови.

Закажаните интервјуа гледајте да ви се во близина Германија е широк поим, нема да стасате во ист ден на две. Разделете ги во неколку дена. Букирајте карта, пасош во џеб и на интервју. Таму ве пречекува фин човек, ве прашува како сте и правец низ канцеларија. Те седнува на компјутер и ти вели ајде да видиме што знаеш. Ете така личат од прилика интервјуата за ит. Ич не ги интересира кој си, што си, што си учел, просек дали си имал. Некој случајно ако напишал нешто дека знае, а уствари поим нема - ќе си замине како што дошол.
Ти даваат договор, со договорот одиш во Скопје во германска амбасада закажуваш термин и за 30 дена имаш виза. Бараш стан, со визата се заведуваш во општината (веднаш) и термин во општина закажуваш за дозвола за престој.

Ете толку е едноставно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Те седнува на компјутер и ти вели ајде да видиме што знаеш. Ете така личат од прилика интервјуата за ит. Ич не ги интересира кој си, што си, што си учел, просек дали си имал. Некој случајно ако напишал нешто дека знае, а уствари поим нема - ќе си замине како што дошол.
(y) така и треба да изгледа едно ајти интервју за работа.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Зависи во која област. Минимум ИТ кадрот во Германија е 2,500еур месечно мислам познавање на Германски скоро не бараат Англиски им е ОК.

Од другар извори во Германија нај платена ИТ работа е безбедност против хакерски напади. Почетна плата е 5,000-6,000 евра иде до 10,000 месечно. Знам 2-3ца што студираат на единствениот факултет за безбедност во ИТ системи во Германија и имаат своја фирма. 3цата зимаат по 15,000 месечно.

Бидејки кај нас немав таков фалутет сега студирам мрежни технологии и продолжувам на сертификати за Certified Ethical Hacker, Pen tester and Forensic.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
За македонија нешто да се кажеше па да споредиме?

П.С Знам дека Deutschland е светлосни години пред нас ама онака чисто да споредиме колкава е разликата.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
За македонија нешто да се кажеше па да споредиме?

П.С Знам дека Deutschland е светлосни години пред нас ама онака чисто да споредиме колкава е разликата.
Јас еднаш гледав огласи за програмер 250/300 EUR, сега пред брзо време.
п.с. мислам нешто Android / iOS, не ми текнува баш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
:pipi:
http://www.salaryexplorer.com/salary-survey.php?loc=210&loctype=1&jobtype=1&job=1

Не само што седнуваш на компјутер да види што знаеш туку и еден куп проекти и програми му покажуваш што имаш правено. Подобро тоа отколку да се фалиш дека имаш 10 просек. Уште по разговорот знае дали си способен да напредуваш и колку се разбираш од ит.
Во Скопје во Интервеј кај Рамстор што е имам одено на интервју ми дадоа на лист да пишувам код. :ROFLMAO:
Инаку платите во Македонија се од 200-1200 евра зависи од искуството и компанијата.
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Бидејки кај нас немав таков фалутет сега студирам мрежни технологии и продолжувам на сертификати за Certified Ethical Hacker, Pen tester and Forensic.
Малку off-topic ама Certified Ethical Hacker сертификатот ниту една сериозна фирма нема да ти го гледа како бонус. Материјалот е чиста глупост и сертификатот не е никаков доказ дека ти си запознаен со вистинската суштина на етичко хакирање, пентестинг и тн.
Ако сериозно сакаш да се занимаваш со компјутерска безбедност ѕирни ги http://www.offensive-security.com/ чии курсеви навлагаат многу подлабоко од script kiddie глупостите кои ги содржи CEH, но имај во предвид дека се многу потешки и бараат посвета. :)

За жал, оваа професија сеуште не е развиена во Македонија...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
сајт за споредба на платите 2014 г http://www.gehaltsvergleich.com/
ама леандра добро е да каже збор - два за истиов ( дали истовремено сајтов е и за понуда на работа)
http://www.gehaltsvergleich.com/gehalt/Softwareentwickler-Softwareentwicklerin

Просечни плати регистрираат. Има нели и над и под. Има повеќе сајтови кои вршат споредба на плати. Да, истовремено гледам дека има и огласи за работа. Веројатно има илјадници сајтови за работа, плус добро е да се напомене дека секоја компанија на својата веб страна има огласи барајте ги во златна книга и можете на тој начин да аплицирате.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Зависи во која област. Минимум ИТ кадрот во Германија е 2,500еур месечно мислам познавање на Германски скоро не бараат Англиски им е ОК.

Од другар извори во Германија нај платена ИТ работа е безбедност против хакерски напади. Почетна плата е 5,000-6,000 евра иде до 10,000 месечно. Знам 2-3ца што студираат на единствениот факултет за безбедност во ИТ системи во Германија и имаат своја фирма. 3цата зимаат по 15,000 месечно.

Бидејки кај нас немав таков фалутет сега студирам мрежни технологии и продолжувам на сертификати за Certified Ethical Hacker, Pen tester and Forensic.
Јас работам во таа област, значи зависи што точно работат, има програмерски дел и другиот е аналитички.
Факултет не ти треба за тоа посебно освен ако не си ориентиран на програмирање, затоа што секој ден има нов тип на напади.
Како и да е да не одам во детали , секој со познавање на компјутерски мрежи и дополнителни серфитикати можи да работи во овој домејн.

Моментално најплатено е Англија за овој домејн, платата е од 5000 фунти па нагоре, Германија од кај 4000 евра започнува.
Моментално е во топ 10 најплатени области од причина што има преголем дефицит. Јас имам 4 години искуство веќе сум на менаџерска позиција, од проста причина што просекот на професионален кадар во оваа обалст е 4-5 години искуство.

Мој предлог за проверка како се движат платите во различни компании проверете на glassdoor.com .

Македонија мислам дека има најниски плати во ИТ областа.

Јас Бугарија учев и работев две години таму се од 600-700 евра за IT support/IT Admins пониски нивоа , повисоките се околу 1000/1500, за програмери почнуваат од 1000 за пониски позиции и од 1500-2000 за senior .

Романија се за нијанса повисоки со 20-30 % од проста причина што сите кој што имаат завршено факултет во IT областа плаќаат половина данок. И програмерите се многу добро платени 2000/3000 евра.

Грција моментално се малку полоши и платите на ИТ се скоро исто како и во Бугарија, со исклучок за програмери кој што се околу 1000/1500.

Моментално ИТ платите растат најмногу во Полска и Чешка, има голем недостиг на кадар од проста причина што сите има избегаа Англија/Германија/Франција.

Исто добро се платени вo Белгија и Холандија и воедно подобра опција од Германија затоа што не се толку стрикни со јазикот.
Платите се над 4000 евра но се бара само одлично познавање на англиски.
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.132
Нема никој од форумов што работи ИТ да каже колку плата зима?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom