- Член од
- 28 јануари 2007
- Мислења
- 9.850
- Поени од реакции
- 1.559
Фала за деталниве информации, ова е стварно интересно да се види За Германија горе-доле сите имаат претстава каков е стандардот, али кај Бугарите и пред се Романците тешко е да се каже оти се од ЕУ али се најсиромашните од унијата и тешко е да се претстави каква е состојбата кај нив, интересно. Мислев дека полош е стандардот таму...
Да исто така Софија моментално има многу македонци кој што работат, јас додека работев HP Софија ,познавав околу 10 тина Македонци, и на секој кој штотуку завршил факултет и нема работа кај нас би му препорачал да се проба Софија прво, има премногу странски компании кој нудат одлични услови и потоа многу лесно се оди надвор со искуство во една од нив. Романија има многу помалку Македонци пред се што е подалеку и јазикот е многу поразличен, но јас ете без збор Романски супер се снаоѓам веќе 8 месеци, затоа што мнозинството говорат англиски особено помладите.
Значи за имигрирање не се добри , затоа што сеуште им треба многу за да се развијат барем на нивото на чешка,словачка,словенија. Но за одење 2-3 години да поработиш во интернационална компанија за искуство и да заштедиш до кај 5000 евра се добри.