Платежни Картички (дебитни,кредитни,гифт,припејд,виртуелни ...)

Член од
30 август 2012
Мислења
3.247
Поени од реакции
5.360
Гледам нема тема за платежни картички и на некој членови кои им треба некаква помош или разменување на искуства лутаат по други теми.За таа цел ја отворам оваа тема со мал увод општо за платежните картички:

Првите платежни картички се појавија во САД во 1894 г. Ги вовел хотелот Credit Letter Company , а подоцна ги вовеле и некои други компании. Diners Club ја издал првата универзална платежна картичка, а тоа во 1959 г го стори и туристичкиот концерн American Express. Првиот банкарски систем го иницирала Bank of Americaво 1959г. Бројот на платежните картички со текот на времето се повеќе се проширувал односно, зголемувал со создавањето на електронското банкарство и електронските системи кои овозможија електронски трансфер на пари и го овозможија развојот на електронските картички. Денес се користат голем број на различни електронски картички. Сите, воглавно се изведени од обичните празни картички( кои се изработени од половинил хлорид или половинил хлорид ацетат) со разни додатоци, и со стандардни големини од 86 х 54 мм и дебелина 0,76 + 0,08 мм. Според локацијата а примената картичките се делат на национални и интернационални. Според технологијата се делат на магнетни, интелигентни како и ласерски, односно оптички картички. Магнетните се пластични со магнетна трака (обично една а може и повеќе) со три “ стази “ на кои се врши запишувањето на податоците.

-Дебитните картички се машински читливи и магнетски кодирани пластични картички. Нив ги издаваат банките и другите финансиски организации врз основа на сметките кои корисниците ги отвораат во банките. Користењето на дебитните картички подразбира дека корисникот може да купува стока и да ја плаќа услуги само до висината на својот износ на сметката. Дебитните картички опфаќаат три различни трансакциски технологии и тоа: системски дебитни картички, несистемски дебитни картички и претходно уплатени кредитни картички. Повеќето од дебитните картички се системски картички, што значи кога потрошувачот купува со картичката средствата веднаш се одземаат од сметката на клиентот. Ова подразбира директен пристап до сметката на клиентот, а тој мора да ја овласи банката да извршува трансакции со неговите средста на таа сметка и со употреба на идентификацискиот код (PIN). Каректеристично за несистемските картички е одложеното плаќање. Кога клиентот ја користи картичката неговата сметка се автоматски задолжува, но преносот на средствата од неговата сметка се врши одложено во рок од 2-5 дена, а на тој начин клиентот е краткорочно кредитиран. Од овие картички ајпознати се Visa и Master . Третиот вид дебитни картички се претходно уплатени и е се поврзани со депозитните сметки на корисникот на картичката.
Дебитните картички во Македонија најчесто се поврзани со трансакциската сметка на клиентот и служат за располагње со средствата од истата

-Кредитните картички се таква врста на платежни картички кои овозможуваат кредитирање на нивниот корисник на база на непокриен револвинг кредит за купување на стока и услуги. Овие картички ги издаваат банките, небанкарските финансиски институции, угостителските, трговските и други организации. Кредитните картички се карактеризираат: кредитот е лимитиран со револвинг износот во рокот на важење на картичката; каматите на кредитот се плаќаат еднократно или месечно; линијата на кредитот е отворена и приступна 24 часа дневно; оперативните трошоци се поголеми; ризикот од незаконското користење на картичките е голем; присутна е потешка прекумерна количина на стоки за купување со картичката и сл. Нов производ е ласерската или оптича картичка која применува техники на оптичко меморирање која е изум на корпорацијата Drexler од САД. Нивниот капацитет е од 2,66 до 6,6 мб така да еднаш запишаните картички не можат да се менуваат.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
18 мај 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Прашање: Дали во МК има таканаречени „припејд“ дебитни картички, т.е. картички кои се најчесто користени од луѓе кои немаат искуство со платежни картички, туристи, или неполнолетни тинејџери. „Фамзоо“ е добар пример. Еве линк кон листа на добри припејд картички : https://www.doughroller.net/credit-cards/prepaid-debit-cards-for-teens/


И главното прашање :
Дали е возможно или веќе постои вакво нешто во македонија?
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Прашање: Дали во МК има таканаречени „припејд“ дебитни картички, т.е. картички кои се најчесто користени од луѓе кои немаат искуство со платежни картички, туристи, или неполнолетни тинејџери. „Фамзоо“ е добар пример. Еве линк кон листа на добри припејд картички : https://www.doughroller.net/credit-cards/prepaid-debit-cards-for-teens/


И главното прашање :
Дали е возможно или веќе постои вакво нешто во македонија?
Има нешто слично, ама прилично е лошо изведено и се вика gift card.
Според тоа што го прочитав, наместо на некој да му подариш ќеш, му подаруваш припејд картица која веќе не може да се дополни, максимално и безпотребно комплицирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom