Петар Илич Чајковски

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Овој композитор му припаѓа на доцниот романтизам, а неговите дела се проткаени со руски дух во мелодијата и содржината на своите опери. Компонирал опери, балети, сценска музика, дела за соло инструмент и оркестар, камерни и клавирски дела.
Тој е еден од најголемите руски композитори на сите времиња. Со своето сестрано и плодно творештво го одбележа своето време, а остави длабоки бразди за плодни семиња на иднината.

Пётр Ильич Чајкoвскиј (се изговара: Пјотр Иљич Чајковскиј) е роден на 7. мај 1840. година (25. април стар стил) во Камско- Воткинск, а умрел во Петроград, на 6. ноември 1893. (25. октомври стар стил). По потекло е од угледното украинско козачко семејство Чајка (род). Бил втор син на инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички Украинец, и неговата втора сопруга Александра Андреевна, внука на француски имигрант.

Иако музичкото насочување на семејството не било силно изразено, Чајковски на свое барање на 4 години добил часови по клавир. Првата музика која влијаела врз него дошла од еден механички клавир што неговиот татко го донел од Санкт Петербург. Почнал да свири на него, а семејстото било одушевено. Понекогаш тој свирел подобро од неговата учителка.

Нужно е да се наспомне дека родителите планирале за својот син кариера во владината служба, па Чајковски посетувал правно училиште во Санкт Петербург од 1850. до 1859. По завршувањето работел во Министерството за правосудство, а часови по клавир земал кај пијанистот Рудолф Кундингер, кој емигрирал во Русија.

Потоа студирал на петроградскиот Конзерваториум.

Во 1862. година Чајковски влегува во новоотворениот конзерваториум на Антон Рубинштајн во Санкт Петербург, а некој месец подоцна се префрлува на конзерваторииумот во Москва и се сели кај братот на Антон Рубинштајн, Николај. Предавал хармонија и пишувал музички критики. Материјалната независност и престојот во странство му ги овозможила неговата меценатка Надежда фон Мек, а нивното допишување е важен извор на податоци за творечката работа и естетските погледи на Чајковски. Настапувал и како диригент на сопствените дела низ целото Руско царство, потоа низ Европа и САД.

Во руската царска музика се појавил во исто време со композиторите на Новоруската школа, тн. група Петмина, а нивното творештво меѓусебно се дополнува.

Во Москва настанале неговите први успешни дела, помеѓу нив и увертирата „Ромео и Јулија“, како и оперите „Војвода“ и „Опричник“. Во првата ја искористил типичната руска музика и „цитирал“ руски народни песни.

Многу сведошта докажуваат дека станувал се повеќе депресивен и невротичен. Неговата чувана тајна на хомосексуалност била голема душевна потешкотија. Во 1868. речиси да дошло до пресврт во неговиот живот, кога ја запознал пејачката Дезире Арто, со која сакал да се ожени. Во врската се вмешале негови пријатели и мајката на пејачката, па таа пропаднала. Десире во 1869. се омажила за еден шпански баритон.

Најважното дело што го напишал во Москва е секако Концертот за клавир и оркестар бр. 1 во б- мол, опус 23. Го компонирал во 1874. и набрзо на својот пријател Николај Рубинштајн му го отсвирил на клавир, кому имал намера да му го посвети. Разочарувањето од реакцијата било големо и трајно. Во едно свое писмо до заштитничката Надежда фон Мек пишува:


„Му го отсвирив првиот став. Ниеден збор, ниеден коментар...Добив сила да го отсвирам целиот концерт. И натаму тишина, „Па?“ го прашав кога станав од клавирот. На почетокот полека, како да сакаше да собере сила, а потоа почна да беснее со Јупитеров тонанс. Мојот концерт беше безвреден, не би можел да се отсвири. Пасажите се толку фрагментирани, неповрзани и лошо напишани што тоа не довело до подобрување. Композицијата е лоша, вулгарна (...) Една или две страници можеби нешто вредат, остатокот мора да биде уништен или мора сосема поинаку да се компонира (...)“.

Рубинштајн дал предлог концертот целосно да се обработи. Чајковски не променил ниту една нота, туку партитурата била испратена со пакет за пијанистот и диригент Ханс фон Булов. Првата изведба се случила во 1875. година во Бостон, а одзивот на публиката бил извонреден. Рубинштајн подоцна го променил своето негативно мислење.

Во тоа време настанале неговите први 3 симфонии, освен тоа и музика за „Снегулка“ и балетот „Лебедово езеро“, праизведен во 1877. Во таа година композиторот ја доживеал својата најтешка внатрешна криза. Првпат се сретнал со Надежда фон Мек (1831.-1894.), која била вдовица на емигрант во Русија . Покажала голема уметничка смисла и подоцна финансиски го поддржала извесно време Клод Дебиси.

Со Чајковски создале пријателство преку писма. Добивал годишна пензија од неа во износ од 6.000 рубљи, што го правел независен. Така можел да оствари поништување на неговото именување за руски пратеник на Светската изложба во 1878 во Париз.

Во своите последни години ги компонирал своите најпознати опери „Девојка Орлеанска“, „Мазепа“ и „Евгениј Онегин“.

Помеѓу останатите негови познати дела спаѓаат „Капричо Италија“, „Концерт за клавир и оркестар бр. 2 во Г- дур, опус 44“, „Концертна фантазија за клавир и оркестар“ и „Манфред симфонија“.

Повторен финансиски подем композиторот доживува во 1884., а во 1887. година го открива својот талент како диригент. Следат концертни турнеи низ цела Европа. Во 1891. имал концертна турнеја во Њујорк, Филаделфија и Балтимор.

Од 1888. настанале неговите последни познати дела: балетот „Трнорушка“, „Хамлет увертира“, „Пикова дама“, „Петта симфонија во е- мол, опус 64“ и балетот „Оревокршачка“.

Во годината на својата смрт (1893.) ги компонирал недовршениот „Концерт за клавир и оркестар во Ес- дур“ и „Шеста симфонија во х- мол „Патетична“, опус 72“.

Чајковски умрел ненадејно, на 53- годишна возраст, а неколку дена претходно ја диригирал „Патетична симфонија“. Причините за смртта до денес не се разјаснети. Според наводите на неговиот брат Модест, Чајковски се заразил од колера која пустошела низ Санкт Петербург.


Дела:

Балети
-Лебедово езеро, опус 20 (1875-1876), прв балет на Чајковски;
-„Заспаната убавица“, опус 66 (1888-1889);
-„Оревокршачка“, опус 71 (1891-1892.

Опери:
-„Војвода“, опус 3 (1867-1868);
-„Ундина“ (1869), недовршена; маршот од неа е втор став на Симфонија број 2.; преостанатиот дел од нотниот текст тој го уништил;
-„Опричник“ (1870-1872);
-„Кузњец- Вакула“, опус 14 (1874);
-„Девојка Орлеанска“ (1878-1879);
-„Мазепа“ (1881-1883)
-„Черевички“ (1885);
-„Волшебничка“ (1885-1887);
-„Пикова дама“ (1890);
-„Јоланта“ (1891).


 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Еден од моите омилени композитори (заедно со Дворжак, Лист и Шопен)
И нормално 5тата симфонија сосема спротивно од неговата последна.
И ќе забораев уште нешто
Slave March, или по нашки маршот на робовите или во слободен превод Маршот на Српските робови.
Интересно е што во ова дело како и во неговата “Увертира 1812та“ има еден дел кој подоцна во советска Русија бил ставен во дупката на заборавот, или пак намерно отстранет од тогашните власти. Впрочем тој мал дел е еден голем дел од Руската царска химна.
 

Necrophilia

Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Заборави да пишеш дека истотака е Геј, не дека имам нешто против геј популацијата - но повеќето од песните се напишани и за неговиот дечко/љубов вхатевер.
Највеќе ја поштуем Пиано Концерто во бе флат минор, можеби затоа што само и таа знам да ја свирам :)

 
S

stefi

Гостин
Има во текстот дека е хомосексуалец. Исто така кога неговата сестра му дошла на гости со своето синче тој пројавил симпатии спрема внук му. Иначе инзвонреден композитор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom