Период за плаќање данок

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Минатата година го пријавив приходот за 2012 во УЈП, но сеуште ми нема стигнато писмо колку и кога треба да го платам. Ако може некој да ми каже дали УЈП почнале да праќаат известувања за ова, и ако не, кога го прават тоа и колку време имам за да го платам данокот?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343

Сакаш да кажеш дека годинава го пријави приходот за 2012 :)
Ќе ти стигне решение, а од моментот кога ќе ти стигне, а сигурно ќе ти стигне доколку треба да платиш, од тогаш почнува да тече рокот за плаќање на персоналниот данок.
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Сакаш да кажеш дека годинава го пријави приходот за 2012 :)
Ќе ти стигне решение, а од моментот кога ќе ти стигне, а сигурно ќе ти стигне доколку треба да платиш, од тогаш почнува да тече рокот за плаќање на персоналниот данок.
знаеш од прилика колку време имам за да го платам? до нова година?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
знаеш од прилика колку време имам за да го платам? до нова година?
мислам дека е 15 дена од денот на добивање на решение со кое ти е утврден данок.
А дали ти воопшто имаш за плаќање? Си поднел ваљда Годишна даночна пријава, е сега прашањето е... од што е приходот, и кој треба да го плати данокот... на пр. кирија... ако издаваш на фирма, ти само поднесуваш ГДП, фирмата плаќа данокот...
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
мислам дека е 15 дена од денот на добивање на решение со кое ти е утврден данок.
А дали ти воопшто имаш за плаќање? Си поднел ваљда Годишна даночна пријава, е сега прашањето е... од што е приходот, и кој треба да го плати данокот... на пр. кирија... ако издаваш на фирма, ти само поднесуваш ГДП, фирмата плаќа данокот...
Би требало да имам за плаќање пошо работам фриленс и немам никаков договор со фирмата. Инаку да, ГДП е.
 
Член од
17 септември 2013
Мислења
192
Поени од реакции
50
Во иста ситуација сум.
Пријавив данок минатата година, треба да платам данок но ми нема ништо стигнато. Се јавив на телефон во ујп да прашам, ми рекоа ако не ти стигнало значи немаш за плаќање. А знам дека имам бидејќи имав договор со една фирма но они не ми платија персонален данок, требаше јас да платам.
Ај ќе чекам да ми стигне решение.
Како го рачунаат кога ми стигнало, се потпишувам на поптарот дека сум примил?
Што ако го остави во сандаче во зграда и ако ми го земе некој, јас не го добијам а они да рачунаат дека сум го примил?
Глупо ми е да одам по канцеларии по ујп да молам да платам данок.
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Денеска бев да прашам, рекоа дека сеуште работат на ГДП и кај и да е ќе почнеле да праќаат известувања. Така да, чекаме...
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
доколку на некој му стигнало известување, го молам да пише.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пред некое време (два-три месеци) му вршев услуга на еден пријател и на мојата трансакциона сметка стигнаа средства кои нему му беа префрлени од државна институција (училиште) како хонорар за завршена работа.
Дали треба да ги пријавам тие пари и да направам некаква даночна пријава за нив.
Кој е крајниот рок ако треба да го направам тоа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom