Перверзија. Што ли е тоа? Начин на сексуално возбудување и уживање во сексот кое се коси со тоа што го дозволила религијата?
Ставање во групата “перверзњаци“ на дел од популацијата, само врз основа на карактеристиките на партнерот (жив, полнолетен, деловно способен) е лицемерие. Што ако партнерот е од ист пол, или повозрасен, или со зголемена желба за секс?
Хомосексуалноста е природна форма на сексуалноста (штета авторот на темата тоа не го знаел), а а сексуалната компулсивност се смета за нарушување САМО ако заради зголемената потреба за секс, се нарушува нормалниот живот на единката (отсуствува од работа заради сексање, изневерува, почнува да троши пари за секс...)
Педофилијата, зоофилијата и некрофилијата се кривични дела. Општеството ги става во забранети поведенија заради последиците, а во самата нивна природа не би сакал да навлегувам.
Садо-мазохизмот во суштина, во помала или поголема мера, е меѓу главните стимуланти за секс: во суштината на мажот е да ја покори жената, а во суштината на жената е да се покори на мажот. Не верувам дека има многу стрејт-мажи кои во кревет препуштаат жената да го води актот. А тие што го прават тоа, не се баш многу многу стрејт
Сеедно, садо-мазохизмот е допустлив, се додека не стане основен и единствен извор на сексуалната желба.
И не знам кој не се возбудува кога гледа или слуша како други се сексаат...
--- надополнето ---
Плаќањето за секс како перверзија
Доминантноста како извор на сексуалната возбуда е најочигледна кај проституцијата. Дефинитивно, тој што како против“услуга“ за сексот добива материјална надохнада, има сосема други потреби од тој кој плаќа за секс. За мене, плаќањето за секс е перверзија на оној кој плаќа. Мажот, во ваков случај, плаќа не за сексот, туку за чуството на доминација и надмоќ, возбудата дека со пари може да поседува и покори се’, дека примачот на средствата е негова сопственост во тие триесетина минути, кој “послушно треба да си ги одработи парите“.
Од оваа група треба да се изземат оние кои едноставно плаќаат за сексот како секс воден од природниот нагон.
--- надополнето ---
French Culture Minister Frederic Mitterrand.