Пекарски компир и други рецепти за компир

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Буковец, 12 март 2006.

  1. Буковец

    Буковец www.KETERING.com.mk

    Член од:
    3 јули 2005
    Мислења:
    1.091
    Допаѓања:
    12
    Барам рецепта за пекарски компир, или млад компир како да го спремам. Има ли некој марифет, како да се долови шмекот и вкусот на кафанскиот пекарски компир.
    Може на темава и други рецепти за компир да се пишуваат.
  2. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.977
    Допаѓања:
    79
    Не можам да ти помогнам.. единствено да и се јавам на баба ми и таа да ми каже рецепт за пекарски компир.:zid:

    Еве ти, едно предјадење од пиперки и компири..

    Пиперки и компир

    Потребни состојки:

    [FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 400 гр копмири
    - 2 зелени и две црвени пиперки
    - една главица кромид
    - 2 јајца
    - пармезан
    - маслиново масло
    - сол и црн пипер


    Подготовка:

    Излупените компири ги сечеме на тенки кругови. На оган ставаме тава за пржење и во неа додаваме маслиново масло. На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките. Круговите компири ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Пиперките ги сечкаме на кругови и ги додаваме во тавата. Промешуваме. Кромидот го сечкаме на покрупни парчиња и го додаваме во тавата. Уште еднаш додаваме маслиново масло и промешуваме.
    Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица за матење. Потоа јајцата ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Уште еднаш матиме со жицата. Промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме изматените јајца. Откако јајцата ќе се испржат пиперките и компирите на италијански начин ги ставаме на чинија за послужување. Одозгора наросуваме пармезан.
    [/FONT]
  3. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.977
    Допаѓања:
    79
    [FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Еве ти уште едно предјадење..


    Полнет компир



    Потребни состојки:


    - 4 компири
    - 250 гр. Печурки буковки
    - 200 гр. Сирење
    - 2 црвени конзервирани пиперки
    - 200 гр. Кашкавал
    - масло за јадење
    - сол И црн пипер


    Подготовка:

    На даската за сечење на коцки го сечеме кашкава лот И го ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ја сечкаме црвената конзервирана пиперка И ја додаваме во садот. Ситно ги сечкаме печурките И ги додаваме во садот.
    Во садот ситно го рендаме И сирењето И додаваме масло за јадење. Се убаво промешуваме со лажица. Потоа го длабиме компирот за полнење. Потоа со лажица го полниме компирот со претходно подготвениот фил. Наполнетиот фил го ставаме на алуминиумска фолија, го попрскуваме со масло за јадење И го посолуваме. Потоа со фолијата компирот убаво го виткаме од сите страин И го ставаме во тава за печење. Во тавата додаваме малку вода И масло за јадење. Тавата со компирот ја ставаме во фурна да се пече, 30- тина минути на температуре од 200 степени. Ја вадиме тавата од фурна И ја ставаме на работната маса. Потоа компирот заедно со фолијата го вадиме на чинија за сервирање. Ја отвораме фолијата, а полнетиот компир го украсуваме со гранче магдонос.
    [/FONT]
  4. ThA-BiTcH

    ThA-BiTcH ~*~Blonde Bitch With a Brain~*~

    Член од:
    23 септември 2005
    Мислења:
    4.347
    Допаѓања:
    45
    [​IMG]Едноставна домат чорба со компир
    Потребно (за 3 порции):
    течен доматен сос во тетрапак (или домашен),
    1 кромид (може и црвен)
    лук
    суви зачински тревки
    сол
    црн пипер
    пиперка
    1 поголем компир
    Подготовка: Сосот од домати сипете го во тенџерето и додадете исто толку вода (или и повеќе, зависно од саканата густина). Додадете цел кромид претходно излупен, лук, исто така, само излупен и компир исечкан на коцкички. Додајте 1 лажичка суви зачински тревки, малку сол, црн пипер, сладок пипер. Се варете околу 20 минути со повремено додавање вода, да не се згусне премногу, и повремено мешање. Место компир, чорбата може да се прави и со резенки за супа или и со резенки и со компи
  5. ThA-BiTcH

    ThA-BiTcH ~*~Blonde Bitch With a Brain~*~

    Член од:
    23 септември 2005
    Мислења:
    4.347
    Допаѓања:
    45
    [B]Предјадење од компири[/B] Потребни продукти:
    - 4 големи компири
    - сол
    - путер
    - црн пипер
    - 4 тврдо варени јајца

    Начин на приготвување:
    Компирите се сечат водорамно на два дела, се длабат, се редат во подмачкан плех и се печат во загреана рерна. Се вадат од рерна, во длабината се додава путер и се посолуваат. Се става половино варено јајце, се посолува, се става црн пипер и малку путер и се враќаат во рерна. Може да се стави врз јајцето и рендан кашкавал што му дава попикантен вкус. Се сервира со павлака и се јаде.
    На santelli му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Буковец

    Буковец www.KETERING.com.mk

    Член од:
    3 јули 2005
    Мислења:
    1.091
    Допаѓања:
    12
    Ај ако не ти е тешко кога ќе се видиш со баба ти (не мора специјално да ја малтретираш) нека ти даде рецепта за пекарски, а утре пробувам некоја од овие рецепти овде...фала ти.
  7. smizlicka

    smizlicka

    Член од:
    22 јули 2005
    Мислења:
    2.200
    Допаѓања:
    10
    eve i od mene

    zimas kompriri,gi varis,gi lupis,gi seces ili drobis,satavs sol,ocet,maslo za jadenje,bukovec i kromid,i gi stavas u rerna da se potpecat.milina e eeeej
  8. Smiley_Mkd

    Smiley_Mkd

    Член од:
    21 октомври 2007
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    0
    pekarskiot kompir e top
  9. Мацко

    Мацко

    Член од:
    21 јуни 2007
    Мислења:
    185
    Допаѓања:
    1
    еве ти една рецепта за компири печени:
    лупи компири ги сечкаш на кругови само и ги ставаш во тепсија намрсена со путервраз целите кругови пред печење ги насолуваш им наросуваш вегета и малку бибер и црвен пипер и врз секое компирче т.е.кругче ставаш по малце путерче и ги ставаш да се печатпотоа ги јадеш како сакаш.Ама верувај многу се вкусни
  10. tetka bibercesr

    tetka bibercesr

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    55
    Допаѓања:
    2
    Eve za mojot pekarski recept:
    Kompirite izlupeni i iseceni po dolzina,se nasoluvaat,so sol,vegeta,crn piper,crven piper se dodava (ako imas malo lajce mast svinska) i se poliva i so zejtin,topla voda edna casa i eden fildzan od kafe belo vino.Se ubavo izmesuvas i go stavas da se pece.maleeeeeeeee kolku e vkusno so meso kako prilog na pilesko rolovano,teleski snicli ili riba losos vo marinada.Prsti da izlises.Mn pozdrav i pisi kakov e pekarskiot koga ke go spremis
  11. Macii

    Macii

    Член од:
    14 ноември 2009
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    0
    Зимаш компири,ги лупиш,ги миеш ... ги сецкаш и ги ставаш во тавче :pos2: ај чаос :) Ххахахаха :pos2:
  12. TWEETY***

    TWEETY*** Мy life..my rules..any questions?

    Член од:
    18 февруари 2006
    Мислења:
    2.037
    Допаѓања:
    61
    Компири со шунка и павлака

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    300 грама Шунка
    1 мала лажица Црвен пипер
    малку Сол
    1000 грама Компир
    200 грама Кисела павлака
    Компирите ги сечеме на долгнавести парчиња. Шунката ја сечкаме на тенки парчиња.

    Потоа ги мешаме сите производи.

    Посолуваме и попрскуваме со црн пипер.

    На крај одозгора ставаме павлака.

    Печеме во рерна околу 40 минути на умерена температура.
  13. Sergius

    Sergius

    Член од:
    14 јануари 2011
    Мислења:
    237
    Допаѓања:
    75
    Многу е вкусно овака,јас со стек понекогаш овака го јадам компирот.
  14. TWEETY***

    TWEETY*** Мy life..my rules..any questions?

    Член од:
    18 февруари 2006
    Мислења:
    2.037
    Допаѓања:
    61
    Компир Кругчиња

    1.компир
    2.сусам
    3.сирење
    4.сол и вагета


    Се лупат компирите и се сецкаат на тенки тркалца се ставаат во врела вода(да врие) со сол, се оставаат едно 5минутки да вријат,а претходно се спрема тепсија голема со зејтин и сусам.Се вадат компирите и се редат врз сусамот се посипуваат и одозгора со сусам и со зачинот истата постапка се повторува се додека имате комири.Се ставаат да се печат се додека не поруменат им се ренда сирењето додека се топли.
    Наместо сирење може и кашкавал.
  15. Нерешителен

    Нерешителен

    Член од:
    7 декември 2010
    Мислења:
    151
    Допаѓања:
    40
    само шо го напраив и сеа ке го пробуам :vozbud: и да ти казам дека е добро од мој раце ама би сакам да пробам да го анпраат твоите :D :D

Сподели преку: