Пауло Коељо

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
^ И пред да ги лоботомираат така?
Нема потреба од лоботомија...доволен е Маркес и `магичниот реализам` т.е.
литература еквивалент на шпанска серија на мескалински трип :vozbud:

Не знам за тебе, јас коментирам само тоа што сум го читала, и кое ми е познато. Која е поентата да коментираш за нешто што врска немаш што е?

Едит: Да се спореди Љубов во време на колера со Захир или Алхемичарот е жалосно, на пример. Љубов за време на колера пред се ти дава слика на едно време, на едно опшество. Захир на некое секташки размислувања и евтини филозофии.
Имам врска инаку не би коментирал,сум ги читал и двајцата.

Измислена и искривена слика на некое општество низ призмата на истрипан наркос.Баш верна слика за тоа време,автентично до коска хехехех...:pos2: ама важно тоа е КЛАСИКА...па и нобеловец е типот...цццц....невермајнд лонг лив д класикс...колку и небулози и глупости да истресол авторот и на крај да не успеал сето тоа да го поврзе во една делумно сварлива целина...
 
С

Сатори

Гостин
Селинџер е бестселер, има светска репутација на фантастичен писател која и сам ја делам иако сум човек кој одбива актуелни и напумпани наслови и писатели. Така што, муабетот не држи вода.

А за да се коментира лошо за некого или нешто, нормално дека мора да се има претходно знаење за истото. Хејтањето знае да прерасне во вистински фанатизам и човек да стане поголем фан од позитивните фанови. Мислам дека на темава сите се здрави сеуште, сите имаат пипнато Коељо, и сфаќаат дека не е за нив. Не се како ateist (членот) кој што ја знае Библијата подобро од верниците на пример. Ама за да зборуваш против нешто, мора и да го познаваш тоа.

И дали читаш турбофолк... не е проблем, и Sussaro слуша Deep Purple и Аца Лукас, тоа не те прави глупа, туку... чудна.
Колку добро одговара Ниче во разговоров.
„Нема пастир, постои само едно стадо!Секој го сака истото, сите се еднакви: тој што се чувствува различен, доброволно заминува во лудница.“ :)

Не ја разбираш суштината на она што се обидов да го потенцирам, никој не бара Пауло Коелјо да се смести во жарнот на класици кои што пленат со својот квалитет, туку само да се признае дека можеби има некаков минорен квалитет за да го релаксира читателот, за разлика од она што го пишува Кундера каде што треба да размислуваш напоредно додека читаш.Неговата способност како писател е неговите дела да бидат вид на „чик-литови“ кои што ја занимаваат публиката, крајно, тоа е како реално шоу, „Идол“, ако го затечеш може да ти биде допадливо и да те опушти, но ако сакаш вистински квалитет, ќе го гледаш They Live на Карпентер.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Колку добро одговара Ниче во разговоров.
„Нема пастир, постои само едно стадо!Секој го сака истото, сите се еднакви: тој што се чувствува различен, доброволно заминува во лудница.“ :)

Не ја разбираш суштината на она што се обидов да го потенцирам, никој не бара Пауло Коелјо да се смести во жарнот на класици кои што пленат со својот квалитет, туку само да се признае дека можеби има некаков минорен квалитет за да го релаксира читателот, за разлика од она што го пишува Кундера каде што треба да размислуваш напоредно додека читаш.Неговата способност како писател е неговите дела да бидат вид на „чик-литови“ кои што ја занимаваат публиката, крајно, тоа е како реално шоу, „Идол“, ако го затечеш може да ти биде допадливо и да те опушти, но ако сакаш вистински квалитет, ќе го гледаш They Live на Карпентер.
Ја разбирам суштината и не се спротиставив на неа, туку потенцирав дека не треба да ги “обвиниш/те“ оние кои коментираат за Коељо дека е неквалитетен а сеуште го читаат. Човек е добро да е во тек со светот за било која тема, бидејќи токму тоа ќе направи да препознае квалитет. Ако не си го читала Кундера за тебе Коељо ќе биде врвот.

Инаку, добра книга во принцип читателите ја рангираат онаа која ги оставила без здив, не онаа која ги релаксирала. Секако, ако тоа го бараш во одреден момент, тоа е правиот човек за тебе.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Значи колку сте провидни тоа е нешто неверојатно. Доволно е еден да каже дека не чини Коелјо и надолу сите 100 000 поста ќе бидат исти ( не за друго, досадно е за читање).

Стварно не можам да разберам кое е тоа задоволство кое ве исполнува ако напишете три реченици во кои ќе извреѓате некого, ќе се направите најпаметни, као демек вие сте тие кои знаат што е добро а што лошо, вие сте тие што сте над другите и се друго е срање.

Фала му на Господа што постојат и комерцијални писатели како што се Пауло Коељо, Роберт Ладлам и Ден Браун за да и нељубителите на книги, оние кои што ги мрзи да читаат и на кои сеуште книгата им е најголемиот непријател на светот, да можат да се заинтересираат за нешто, колку-толку да прочитаат некоја книга и за момент да размислат.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.700
Поени од реакции
22.024
Професорката моја по Англиски од средно го викаше манекенски писател. За кога некоја манекенка ќе ја прашаат кој и е омилен писател да не излезе глупа колку што е слаба да рече Паоло Коелјо. И мисалм дека не беше далеку од вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ок, можеби не е најдлабокиот писател на свет, ама сепак јас го почитувам. Да, го почитувам. Затоа што не секогаш имам концентрација да читам тешки книги и да го читам Ниче или Макијавели, па после напорен ден немам ништо против да ми падне Пауло Коељо во рака. Неговите мисли, без разлика колку биле клише за некого, мене ме орасположуваат, ми даваат инспирација да продолжам да верувам во идеализмот кој што си го негувам и едноставно со неговите книги барем за момент се исклучувам од реалноста која тој ден ми го упропастила денот и се уклучувам во поубав свет.
А што е најинтересно, само две книги имам прочитано од него. Ама ќе го бранам, затоа што литература си е литература. Секоја книга што е прочитана е богатство без разлика дали е потешка и бара повеќе интелектуален напор или е полесна и служи за релаксирање.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Првата книга што ја прочитав од Коелјо беше Вероника реши да умре. Ја имав дома сигурно 5-6 години, а ја прочитав дури годинава :toe:. Всушност годинава и се запознав со начинот на пишување и размислување на Коелјо (можеби и не толку доцна, со оглед на моите речиси 19 год.).
Вероника реши да умре ме воодушеви со стилот и пишувањето, со моќта во најситни детали да се пренесат "последните" мигови на Вероника, која сепак решава да живее пред лицето на смртта. Тоа е резултат на Пауловото присуство во психијатриските клиники и неговата очигледна запознаеност со луѓето кои работат таму и условите кои влијаат на болните при нивната рехабилитација. Се на се можам да кажам одлична книга.

Алхемичарот беше нешто полесно за читање и следење, без некои тешки психолошки профили, всушност еден вид лесно достапна и разбирлива филозофија на живеењето, каде секој треба да си ја проживее Личната Легенда, да го изоде патот до неа и со тоа да си ја "проживее судбината". Иако ова негово дело е врв во неговото творештво, сепак Вероника повеќе ми се допадна.

Дневникот на еден волшебник, неговата втора книга, никако не ми се допадна и со секоја страница како да ми стануваше се подосадна и подосадна. Ми беше заморна за читање со глупавите филозофии и ритуали поттикнати од западниот мистицизам, пренесени преку патот за Сантијаго до моштите на Свети Јаков.

Петтата гора, четвртата (и засега последна) прочитана книга од Коелјо, ми донесе некои измешани чувства. Целата книга е всушност "романизирана верзија" на животот на пророкот Илија, заснована врз еден цитат од Библијата каде се зборува за делата на овој пророк. Ми се чини дека Коелјо во оваа книга внел премногу библиски работи, а премалку свои, едноставно не ја направил уникатна, туку само го раздолжил оној цитат од Библијата, го прераскажал на свој, а сепак ист (библиски) начин. Од друга страна, книгава е вредна да се прочита можеби поради историско-религиозниот аспект, во смисла на духовно-културниот живот на старите Феничани, Асирци, војните во регионот (Асирија-Феникија-Израил), обичаите и традициите на луѓето, појавата на писмото од Библос и слично.

Во глобала, не можам да дадам некое највешто мислење за Пауло Коелјо, со оглед дека имам прочитано само 4 негови романи, но според нив: Коелјо е човек кој се труди да биде приемчив за најшироката маса на читатели, од тинејџерите, средовечните луѓе и постарите генерации, кои можеби немаат изградено некој специфичен вкус на читање "одбрана литература". Неговите романи во себе носат пораки и поттик за унапредување на етичките правила кај луѓето, пренесени преку страдањата, очајот и потрагата по сопственото јас, по вистинската Вистина, потрагата по подобар живот. Можеби пресилно и пренагласено клише, но како и да е, за некои тоа претставува мотив за себепреиспитување и себеунапредување.

П.С. Сепак немојте да го споредувате со великаните како Достоевски или Маркес. Барем не во догледно време. Иако е поплоден писател (во смисла на повеќе романи), Коелјовиот вокабулар е далеку посиромашен од делата на Великаните во литературата.
 
С

Сатори

Гостин
Ја разбирам суштината и не се спротиставив на неа, туку потенцирав дека не треба да ги “обвиниш/те“ оние кои коментираат за Коељо дека е неквалитетен а сеуште го читаат. Човек е добро да е во тек со светот за било која тема, бидејќи токму тоа ќе направи да препознае квалитет. Ако не си го читала Кундера за тебе Коељо ќе биде врвот.

Инаку, добра книга во принцип читателите ја рангираат онаа која ги оставила без здив, не онаа која ги релаксирала. Секако, ако тоа го бараш во одреден момент, тоа е правиот човек за тебе.
Човекот има различни расположенија и различни потреби, ако се потпреме само на интелектуален набој без било каква релаксација, тогаш веројатноста да му се придружиме на Ниче е голема.
Крајно, јас не обвинувам, туку само се чудам како нешто за кое што се препознало дека не е квалитет повторно се чита? :) Смешно е нели.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
32
Поени од реакции
0
Ги имам прочитано Алхемичарот и Вештицата од Портобело,ми се допаѓа стилот на пишување на Коелјо...Svaka cast!!...овие две книги се многу поучни и разбирливи,нема некои тешки филозофии кои треба да ги мозгаш којзнае колку време,се читат во еден здив...Сепак овие книги не се за секого,една другарка ја прочита Вештицата од Портобело и се продлабочи во неа,падна во транс како Атена во една сцена од нејзиниот живот,почна да ги изведува оние "ритуали" на Атена...страшна работа,го изгуби сетилото за реалност,просечност,едноставност...:uvo:
 
M

marsovka

Гостин
Искрено не би го израмнила коељо со ден браун, стефани мејер . Сериозно -.- ама не знам како успевате да ги израмните. Ден браун и стефани мејер спаѓаат под категорија лесна литертура нешто слично ко б продукција филмови . За коељо би рекла дека средна класа ама до толку да се плукало и да се рамни коељо со такви писатели зошто е меѓу почитаните писатели е глупост

патем јас не сваќам зошто секое „големо дело“ , „класика“ е сведено на:

-или таа умира од болест или се самоубива ,
-или фамилијата умира
-или тој го убиваат или се самоубива
-или полудува главниот лик,
- и задолжително главниот лик е кенкало (посебно руска школа)едно 50-60 страни се со негово ќенќање колку светов е пун со срања
- и задолжително авторот лечи комплекси за тоа колку он е неспособен да ужива во дупење на сексуално исфрустрирана руска грофица (англиската и француската школа имаат некоја мерка)

Откако ќе ги прочиташ делата доаѓаш до заклучок дека животот е кучка, се е срање , сексот е животински и бесмислен, сите умираат, сите се со тешки психолошки проблеми , и реалноста е we are all heading down to oblivion, life is a bitch and then you die, и втора работа која научив е дека секој кој признава плаќа тродупло а не пола ти се простува

И да, денес сме во 2010 и навистина не ме интересира да читам 50 страни за тоа како дотичната руска грофица била облечена, наредни 30 страни за нејзината моментална гримаса, 20 страни за тоа колку и бил лош францускиот јазик со руски акцент и 150 страни за тоа како ликот се чуствува во моментот слеш авторот
Пошто последен пат коа ебел достоевски бил преминот од романтизам во реализам, и немало компјутери за да има сајбер секс .
Фала на вашето скапоцено внимание :pipi:

П.С. германците не ги коментирам уште нив да ги напишам и готово ќе треба да станам емо и не напишав ништо за толстој имав милост кон вас
П.П.С не пишувам за македонските писатели неам потреба од дополнително објаснување пошто сите сме поминале низ таа тортура во средно и основно (не за друго ќе добијат нервни напади некои форумџии ) и доволно се почитувам себе си и своето време, подобро да гледам боја како се суши на ѕидот или статиката на телевизија, барем нема да паднам у депресија, ниту нема да добиам суицидални мисли, ниту пак ќе умрам до досада
П.П.П.С да од досада се умирало
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
коељо или сељо све исто е пизда со раце, он и ден ко гомно кафен се :drk: црцкатори просветители на тоалетни творби
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
коељо или сељо све исто е пизда со раце, он и ден ко гомно кафен се :drk: црцкатори просветители на тоалетни творби
Ти да не го познаваш Коељо лично,баш ме интересира од каде си дошол до заклучок дека бил -

сељо све исто е пизда со раце, ко гомно кафен
На пример исто би можело да се тврди и за тебе дека си -

сељо све исто е пизда со раце, ко гомно кафен
меѓутоа едноставните принципи на основно домашно воспитување не ми дозволуваат да те наречам -

сељо све исто е пизда со раце, ко гомно кафен
Nevermind the BOLLOCKS...long live the classics...:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
@Марсовка, а која е твојата дефицинија за класика и ремек-дело?
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Coehlo = Dr. Phill of pseudo intellectual literature

Си кажувам мислење, ти сереш врз него.
Емот-иконата е дркаџија, не е дркам.

Значи последното би требало да значи: на ти каучук дркаџија.
 
С

Сатори

Гостин
@Марсовка, а која е твојата дефицинија за класика и ремек-дело?
Ми го зема прашањето и јас се интересирав ако ги исклучиме Достоевски и Толстој како неспособни од руската книжевност, Хесе и Гете од германската книжевност, ги баталиме Волтер, Превер и компанија од француската, а англиската е така небитна што ќе ни остане?
Американизација? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom