Патување во бременост?

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Ајде девојки некој со вакво искуство? Дали сте патувале во бременоста, кој период од бременоста (прв, втор, трет триместар), каде?
Дали би оделе на одмор? Мислите ли дека тоа може да наштети на плодот?
Баш ме интересираат мислења
 
M

Moon Child

Гостин
Па зависи од бременост до бременост.
Ако е ризична бременоста нормално дека не смееш многу ни да се движиш, камо ли да патуваш или одиш на одмор.
Мојата бременост е нормална, јас сум во средина на 5ти месец, носам близнаци, и функционирам нормално. Пешачам по 6 км секој ден, одам на работа, по дома си работам нормално, готвам, чистам, итн, е сега пазам едино да не дигам тешко.
Не би ми било проблем и да патувам.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Јас сум на почеток, т.е. штотуку и дознав дека сум бремена, а одморот е веќе уплатен, немам некои промени или мачнини па мислам дека патувањето нема да ми биде проблем. Докторот ми рече дека можам да патувам, дури и препорачливо е пливање во море, но сепак пред да тргнам ќе одам на преглед за да бидам помирна.
 
M

Moon Child

Гостин
Немаш гајле, чим докторот ти рекол, обично знаат уште на почеток дали е ризична бременоста. Моја пријателка првите 3 месеци не смееше да стане од кревет, движење само до ВЦ и по дома.
Во нормална бременост е и препорачливо што повеќе да си активна и да се движиш, викаат дека и пораѓајот е полесен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom