Патриотски разговори

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.275
Можеби, да,
но затоа сме сигурни дека федерализација и промена на име Заев нема да дозволи.
Затоа е подобра опција СДС
За федерализација не знам, ама промената на името веќе одамна беше прифатена од господинот Груевски.
Он лично кажа дека прифатил една верзија од грчка страна.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не знаеме. Можеби Заев исто така ќе го уништува својот народ со миљарда давачки, задолжителни плаќања и услуги кои никој не ги бара, драконски казни кои селективно ќе ги применува, само за да може полесно да го управува и контролира социо-економски и духовно уништениот Македонец. Можеби и Заев ќе ја уништува природата на оваа земја со ист интензитет како Груевски, можеби и Заев ќе помилува воени злосторства извршени врз неговиот сопствен народ. Можеби и Заев ќе ги направи сите исти злодела врз сопствениот народ и земја, исто како и Груевски - за да лично се збогати и парите ги префрли во карипски банки.
Но, ние не можеме тоа да го знаеме дали ќе биде така, се додека Заев не добие апсолутна власт и владее десет години.
Секако дека после 10 години иронијата ќе се претвори во стварност. И тоа не само кога е прашање Заев туку кој и да е кога имаме недоработен правен систем каде Собранието е гласачка машина. Без политичка контрола секој после 10 години ќе се претвори во она во што се претвори Груевски.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.275
Се е тоа добро испланирано во позадина.
Сите политичари се прочитани и изанализирани, Заев да биде иницијалната каписла, Груевски да биде приморан по секоја цена да ја задржи власта,
нема да ме чуди намерно да е оставен да краде, за да може да биде уценет потоа.
Не може со пенкало да владееш, понекогаш треба да удриш со чеканот, во спротивно ќе ти се појават Заевци кои ќе бараат федерализација, заедно со "граѓанскиот сектор"
кој игра улога на Тројански коњ.
Ова е навистина веќе виден шаблон, по кој дејствуваат западните сили кога сакаат нешто да постигнат. Така беше со Милошевиќ, на пример.
Во тој случај најголем соучесник е самиот Груевски.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ова е навистина веќе виден шаблон, по кој дејствуваат западните сили кога сакаат нешто да постигнат. Така беше со Милошевиќ, на пример.
Во тој случај најголем соучесник е самиот Груевски.
Милошевиќ-Србија, Јанукович-Украина, Гадафи-Либија, Хусеин-Ирак... Во нешто изменет облик (поради географската положба) и Грција со тоа што не на една влада туку подолг рок им се даваше ненормално за сите да бидат поткупени и сите да бидат виновни.
Не им успеа во Сирија затоа што Асад освен во почетокот, сфати дека мора да игра помеко.
„Паметните“ груевистички советници ставија премногу тврд ѕид на непризнавање на вина и непопустливост што е токму она кое шпекулантите го посакуваа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.275
Милошевиќ-Србија, Јанукович-Украина, Гадафи-Либија, Хусеин-Ирак... Во нешто изменет облик (поради географската положба) и Грција со тоа што не на една влада туку подолг рок им се даваше ненормално за сите да бидат поткупени и сите да бидат виновни.
Не им успеа во Сирија затоа што Асад освен во почетокот, сфати дека мора да игра помеко.
„Паметните“ груевистички советници ставија премногу тврд ѕид на непризнавање на вина и непопустливост што е токму она кое шпекулантите го посакуваа.
Има една многу битна разлика помеѓу овие што ги спомена и Груевски, а тоа е тргувањето со суштинските национални интереси:
- Дали некој од споменативе прими пари од салафисти за да дозволи продор на таа идеја во своите земји?
- Дали некој од овие помилува воени злосторници, кои вршеа воени злосторства врз народот на диктаторот, само затоа што жртвите се припадници на тој народ?
...можам уште примери да наведам, ако треба
 
F

Freemindedgirl

Гостин
Можеби, да,
но затоа сме сигурни дека федерализација и промена на име Заев нема да дозволи.
Затоа е подобра опција СДС
Како нема да дозволи кога тој тоа самиот го кажа затоа и доби толку гласови од Албанците или сеуште ке играме на картата дека Албанците од Арачиново и околни слични села што гласале за СДС имаат поотворен ум од Македонците што гласале за ВМРО и дека истите тие Албанци се борат за индентитетов и постоењето на земјава.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Има една многу битна разлика помеѓу овие што ги спомена и Груевски, а тоа е тргувањето со суштинските национални интереси:
- Дали некој од споменативе прими пари од салафисти за да дозволи продор на таа идеја во своите земји?
- Дали некој од овие помилува воени злосторници, кои вршеа воени злосторства врз народот на диктаторот, само затоа што жртвите се припадници на тој народ?
...можам уште примери да наведам, ако треба
Кај нас најдоа посебно надарен талент за да им ја одигра ролјата.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010

Ма дај, кај нас и двајцата се цврсто уверени дека се спасители на Македонија. Исто онолку цврсто колку што берик го брани Заев надевајќи се дека е помалото зло иако и самиот не е во тоа убеден, па затоа мора да повторува колкав лопов и предавник е Грујо.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Секој Македонец/Македонка е должен да се вложи против губењето на македонскиот карактер на Република Македонија. Тоа должно вложување е одраз на свесноста за подобрување/невлошување на својот живот и животот на најблиските. Ако има некој што чувствува таква должност и таков разум нека ми пише приватно за да се организираме против ова што ни го спремаат. Сѐ друго што овде разговараме ако не оди во тој правец е млатење празна слама.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Како тоа ќе се организираш кога ова сега што се случува е ПОСЛЕДИЦА од претходни активности (1995). Плус секој што се борел против глобализација е уништен.

Знаеш дека имаш 200.000 администрација... тоа ти се 200.000 војници (роднини,другари,комшии) ПРОТИВ тебе. Целиот систем е под контрола и против слободата на граѓанинот СУД, УЈП, МВР, АРМ, МПЦ а ти/јас плус ги плаќаме :tapp: .
Нив гајле им е за се, само да добиваат плата секој 5ти во месецот. Историски само кога за администрацијата / полицијата ќе снема пари тогаш имаш некој вид "успешна" промена.

Подобро би било како дрвото што прави кога дува јак ветар. Биди издржлив, жилав па кога ќе престане да дува појави се како пиреј :D

VOLK2234 убаво кажа на претходната страна. Зар Грујо/ Мијалков така дојдоа на чело на дпмне (колку што знам со пиштоли) ? Зар светските центри за ништо го оставија да прави што сака?? Неможеа да го сменат без 2 години да театар да прават ??
Истото и со сите досегашни први луѓе на важните институции: Б.Ц, Верушот, Г-дин Г-дин Методи Гогов со роднината Киро Г. , Доста со поетот Љ.Ѓ.

Глобализацијата е неизбежна. Земји како Русија, Кина, Ирак, Либија, Украина, Сирија го кркаа камоли ние. Следни викаат се Израел :confused:
 
Ние сме обични луѓе и не зборуваме за превземање на власт, туку како граѓани да се притиска за да се острани една опасност.
Ова е прашање со таква природа што мораат во целост да го чуваат под контрола без никаков приговорор од никаде. Ако дојди до негодување од неколку места, тоа брзо ќе се рашири на широка маса народ.
А ако се молчи секако и секогаш ќе ги губиме сите потези кои се на наша штета.
 
S

silmarillion

Гостин
Се додека нема судска разврска на сите криминали од страна на политичарите и олигарсите од 91ва па навака, земјата нема да има национално единство, ни национална стратегија. Имаш луѓе што останале на улица, што изгубиле најблиски, кои што кур ги заболе за националните интереси. Помодрувајте си ги градите од лупање дека државните интереси ги ставате пред вашите, удобно сместени во топла фотеља пред компјутер, ама и сами знаете дека ништо нема од тој муабет.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Се додека нема судска разврска на сите криминали од страна на политичарите и олигарсите од 91ва па навака, земјата нема да има национално единство, ни национална стратегија. Имаш луѓе што останале на улица, што изгубиле најблиски, кои што кур ги заболе за националните интереси. Помодрувајте си ги градите од лупање дека државните интереси ги ставате пред вашите, удобно сместени во топла фотеља пред компјутер, ама и сами знаете дека ништо нема од тој муабет.
Аха, значи работата е прво затвор за лоповите па после ќе ја браниме државата. Не ми е јасно кој ви го одредува редоследот на настаните. Зошто на пример не беше прво затвор за лоповите па после ќе збориме за платформата..... Али лубрикантите си ја изиграа својата улога.... сега ова све го осеќате како соптвена идеја веќе.... Али ништо Берик знае како треба, ќе го спомнеш 3 пати Грујо 2 пати амнестијата и оп клизи, не го ни осеќаш... малце по малце и почиња убаво да ти стануе.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Се додека нема судска разврска на сите криминали од страна на политичарите и олигарсите од 91ва па навака, земјата нема да има национално единство, ни национална стратегија. Имаш луѓе што останале на улица, што изгубиле најблиски, кои што кур ги заболе за националните интереси. Помодрувајте си ги градите од лупање дека државните интереси ги ставате пред вашите, удобно сместени во топла фотеља пред компјутер, ама и сами знаете дека ништо нема од тој муабет.
Случајов е таков што и двете ќе ги расчистуваме напоредно затоа што криминалот и политичките злоупотреби доведоа до националните порази.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom