Парти Травел Груп

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Си мислев дали да отворам ваква тема или не и на крај решив да отворам, не одговара да се наоѓа во туризам оти оваа не се баш туристички патувања, затоа ќе биде во случки:kezec:.

Како што знаете од понеделник ќе стартува сезоната на Парти Травел Агенциите и ќе трае до таму 9 декември ноќеска.
Овде на оваа тема нема да ги фалиме партиите (се разбира знаете која е најдобра), туку ќе пишувате искуства доживувања од таквите патувања и што е можно користете пооргинален говор, го нема оној филинг ако пишувате премногу литературно.

Значи вака како полнолетен ги имам користено услугите на само ВМРО Травел (или они ме користеле) неколку пати бев до Скопје, Охрид, Куманово, Штип, Струмица и Крушево (мислам дека се сите на број), но како дете (кога бев помал:P) бев на “15 септември“ митингот кога Бранко л'**ше (цензурирано несмее политика) као турчин, бев на Пелинце (и тоа 2 пати), требаше и на камп да одам на Охридското езеро, ама не отидов:( (за што се каам:place:), имам одено и Љубчо кога беше шеф (фактички и со тие, и со оние се шетавме во исто време:icon_mrgr:), шлепано со фудбалскиот тим по околните градови, значи имам насекаде идено и со секој.


Ќе започнам со најдолгото, најзабавното, најстресното, најразочарувачкото, најнезаборавното... едноставно најдоброто по мене.

Се започна еден сончев ден кога си бев во лозјето, беше многу мокро, ама јас бев решен да ја насејам леата со патлиџани и во тој момент ми ѕвони шефот на локалниот комитет и ми вика, ај утре ако сакаш да идеш за Охрид да идеме, му викам ај попосле ќе поминам сега работам овде нешто (беше пладне некаде). Некаде пред стемнување тргнав некај дома и на поминување влегов (а јас бев како свиња со 10 кила кал на патките), а овој уште вртеше со телефонот и тражеше клиенти:pos:. И тука нешто зборевме и ме убеди да сум ишол за Охрид.

Беше договорено некаде околу 12 ама по обичај се подзакасни, некаде скоро 1 фати.
Ама ебати баксузот што сум се погодив е еден крш автобус, кога појдињаше целиот се тресеше си мислиш ќе се распадне, па кога требаше да смене брзина, крррр, вррр, целиот се тресе (услуга рамна на кршење камен во бубрег, топење на сало):pos::pos::tapp::pos:, и така појдовме, го поминавме Вардар (он црн као нафта да тече) и дојдовме до Плетвар.
Ех тој Плетвар од кај се најде, на угоре одвај одеше се влечеше како полжав, ама некако успеа да излезе и тамн кога си помисливме дека сме го поминале најлошото оно да ти имало и полошо, не му работеле кочениците:icon_mrgr:, па и на удоле одеше како некоја баба, се живо на тркала не прелетуваше (можеше слободно рекреативно да си пешачиш покрај него).
Спаднавме до Пелагонија, барем тука одеше колку толку, па иста слика и прилика на Баба (на врвот имаше снег), па Галичица, тука после Буково по тоа кривините имаше 20-сетина автобуси после нас кој мораа да се влечат и они оти таков е патот (тесен никаков со кривини).

Стасавме кај Косел и тука заглавивме (беше 5 и нешто сонцето заогаше), чекавме бааги време додека да влеземе на автобуската станица и веќе се стемнуваше.
Така одеме некај центарот (плоштадот), по тоа тротоарот со дупки, осветлување никакво си мислиш дека те истовариле во некое село.
Стасавме до плоштадот, таму уште немаше некоја голема гужва, а ние продолживме кон кејот и кон Плаошник. Се шетавме кон Канео, на тврдината, ама незнам јас имав ненакво ладно чуство, чуство на отуѓеност, како да се наоѓам во некој хорор филм (фалеше само магла и зомбиња осветлувањето беше тамн), темно, празно, тук там по некој сељак како нас,
Имам идено и пред тоа ама ова беше сосема поинакво :confused:.

Одкако се изнашетавме по тоа калдрмата, појдовме кон плоштадот кој беше ц'цка, па го заобиколивме и си отидовме во чаршијата, таму по бутиците голема распродажба, несакав да влезам ама морав и на мое задоволство си накупив еден куп партали по пола цена кои и ден денеска си ги носам (после ме заебаваа дека сум бил на шопинг у Охридo_O). Така со кеси во двете раце тргнавме кон автобуската и некаде кај тоа маркетите почна огнометот што значеше дека заврши и дека е време да се оди кон автобусот. Таму дремавме уште повеќе од саат додека да се соберат и конечно во 11 и нешто си појдовме.

На враќање (кое се покажа дека е побрзо од одењето) задремав некај Пелагонија :sleep: и се будам од Плетвар во таа клисурата што е кон Тиквешко (заборавив како се викаше), овој беше одлепил:pijanco: леташе надолу по тоа кривинките, а натам, а навам на тоа седиштата се клатевме.
Дома стасав 3 и нешто, а сабалето станав 7-8 ама тоа не е ни битно.

Сега во недела очекувам пак да ме бараат (а незнаат да ме бараат кога беше конгресот сега а?), слушнав дека ќе полнеле 4 или 5 автобуси,
се мислам дали да одам или не, кога би одел би одел да видам дали Бакрачот има сменето нешто или Охрид си останал срање како што беше и тогаш, после тоа патување не добив желба да одам во Охрид на летување, оти подобро да одам на реката да се шлупкам одколку таму.

Следното патување што ќе го пишам ќе биде тоа за Струмица, а што се случуваше, употребете ја имагинацијата:pijani: до тогаш пишете и вие нешто.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ак ми клајте уш еднуш *алтобус, Туристичка да неможам да поминам ќе ви ги напрам парампарче џамојте. А тркалана ќе ви ги истркаљам Андон Дуков, ќе ги фрљам после второно плитко, да немојте да се вратите, да изѕемните.
*Било кој та од едните, та од другите!
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Никој никогаш нема отидено некаде:eek:
ептен сум зачуден, неверојатно вчудоневиден:confused:

Барем битушанецот да кажеше како си поминува на одмор во Охрид, но и него го нема(n).

Како и да е имате тема за ставање фотки од противничките автобуси и обавезно да ни покажете што сендвичи јаделе противниците:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom