Парите за к-15 од сметката на вработениот директно на рака на газдата

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Океј, Рамстор целиот трговски, со сите ланци и тракатанци има 3 милиони добивка.
Колку добивка има маркетот кој е во трговскиот Рамстор? Постои ли таква бројка?
Јас зборував за маркетот Рамстор, не за сите ланци и тракатанци.
Профитот на моја маалска продавница, далеку помала од маркетот, е околу 150-200 евра чисти на ден.

Маркет од типот на тој во Рамстор? незнам за кој збориш ама ваљда Карфур, не е со помалце од 50.000 евра месечно чист профит.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Да не си грешка случајно.
Да му бидат чисти тие пари треба секој ден да минимум продава по 2-3к артикли односно во просек ако се купуваат 3-5 артикли тоа се грубо кажано 500-1000 муштерии дневно или да неможеш на ред на каса да дојдеш да наплатиш а сопственикот 2-3 пати дневно треба да оди по набавки.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Профитот е тој во просек, 100% точна информација. За Карфур, груба бројка е таа, ама не верувам дека се далеку од тоа.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Профитот на моја маалска продавница, далеку помала од маркетот, е околу 150-200 евра чисти на ден.

Маркет од типот на тој во Рамстор? незнам за кој збориш ама ваљда Карфур, не е со помалце од 50.000 евра месечно чист профит.
Да има маалска продавничка 10.000 денари профит, треба да има преку 140-150.000 пари свртено тој ден. Не бива тоа, просто е невозможно.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
убаво што се направи да се исплаќа К 15 ама тоа нека биде некако и регулирано од ујп или од трудова / финансиска или која и да треба таму инспекција...

знаеме и свесни сме дека има гомнари што ке им ги бараат на рака да им ги вратат парите исплатени за К 15 ама вие што ги браните не сте ми јасни. ем мизерни плати имаме низ цела македонија, ем немаат никакви права вработените (не се заштитени апсолутно никако) ем ги пријавуваат на пола скратено работно време, ем ги тераат да работат и саботи и недели па дури некад и повеќе од 8 саата...

немојте толку да ги сожалувате ве молам - неможе секој втор да се прави газда кај нас и да се понаша како сака.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Ако за обична трафика имаш 2.000 евра инвестиција, за аква парк имаш над 200.000 евра.

Бизнисите не мрдаат оти ДДВ-то е огромно, данокот на добивка исто. Задолжително е плаќање пензиско и социјално у фондови кои не функционираат. Казната за обична грешка, која ќе ти ја најдат дури и да ја немаш, е 3.000 евра од старт.

И не, големите бизнисмени ко аква паркови функционираат, трафиките се тие шо се сјебани, бутиците у чаршии се празни. Тие шо имаат мала заработка.

Ама ти си од ВМРО, нема да го сфатиш тоа. :D
Знаеш ли кој го плаќа ДДВ-то или?[DOUBLEPOST=1405557003][/DOUBLEPOST]
Шо е нормално.
Затоа у државите каде од ќеф газдите даваат К-15, го даваат оти сакаат, и нема никакви цаки.
Затоа не можеш ти никого никогаш да го присилиш да направи нешто.

Единствениот шо е у ќар со вакви закони е државата. 5 милиони евра од данок на добивка.
Регрес за годишен одмор има во голем број земји на ЕУ(може и сите да се) само што кај секоја земја е различно уредено тоа.
Не мешајте бонус со регрес за годишен одмор.[DOUBLEPOST=1405557286][/DOUBLEPOST]
Ете газдата ќе о казнат ако не му исплати на работнико регрес за годишен одмор, а шо прајме ако работник земе пари за годишен одмор а не појде нигде на одмор туку ги спичка парите да плати сметки или му купи на сино таблет или ги испие. Оти такви случаеви да не се санкционираат па таквио несовесен работник да плати 4000 евра казна.
Одмор секогаш не подразбира одење на море, туку одмор од работа, па макар работникот лежел дома цел ден и вечер отиде на вечера со фамилијата.[DOUBLEPOST=1405557910][/DOUBLEPOST]
Така работи секоја една фирма. Оти така и треба да работи. Какви се работниците у Веро и Рамстор. Најобични деца со ебано средно школо и ништо повеќе. За каква плата се борат тие? Оти у ај ти секторот не работат на принципот: оди си ако не ти се допаѓа? Оти има работници кои се квалитетни. Работниците кои се заменлива роба, се баш тоа, заменлива роба. За брзо ќе ги замени еден автомат. Оти ако се понашаш како робот, лесно ќе те заменат со робот.
Дали си свесен/а колку образовни кадри работат на таква позиција дека немаат друг излез во оваа корумпирана и партиско водена држава. И да се со средно школо секоја личност заслужува почит и плата за неговиот труд. Ја спомнуваш Швајцарија цело време. Не е таква каква што е зашто нема минималец туку затоа што се цени сечив труд и поштено се плаќа. Инаку минималец имаат Луксембург, Германија, Франција, Белгија па не е толку страшно.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Знаеш ли кој го плаќа ДДВ-то или?
Да, го плаќаме јас и ти, и со тоа имаме помалку пари за да си купиме производи од фирмите, и со тоа да заработуваат повеќе и да имаат поголема потреба од работници, и да вработат повеќе работници. :)
Дали си свесен/а колку образовни кадри работат на таква позиција дека немаат друг излез во оваа корумпирана и партиско водена држава. И да се со средно школо секоја личност заслужува почит и плата за неговиот труд. Ја спомнуваш Швајцарија цело време. Не е таква каква што е зашто нема минималец туку затоа што се цени сечив труд и поштено се плаќа. Инаку минималец имаат Луксембург, Германија, Франција, Белгија па не е толку страшно.
Да, еден куп луѓе со факултет се дома и без работа. Факт е тоа. А така е оти наместо да одат и да научат некој занает и да работат совршено добро, они одат на факултет и мислат оти утре ќе ги вработи оваа влада у некоја државна институција, и чекаат на оваа влада да ги викне од дома, а не се чукнат у главата оти додека биле на факултет, и бубале материјал изготвен од државата за да му служи на државата како работник, пазарот се сменил 5 пати и бара сосем други работи денес, и не се доволно квалификувани како идни работници.
Иначе, да, сите тие држави имаат минималец, и затоа имаат поголема невработеност од Швајцарија. Америка има минималец и има 24 посто невработеност на тинејџери.
Кога си невработен, она шо првенствено ти треба е да се вработиш.
Минималецот најмногу ги погодува ниско-квалификуваните работници и тинејџерите.
Ниско квалификуваните работници поради тоа шо немаат доволно квалификации за да му вредат повеќе на газдата, и со тоа нема да се нафати да работи за 6 долари од саат рецимо, оти трудот на работникот не вреди колку минималецот (7.25 за Америка).
И тинејџерите пошто се новајлии на пазарот кои треба да билдаат стаж и искуство кое нивните вештини би ги однело да вредат над тој минималец, за кој у моментот кога почнуваат со работа не ни вредат, па им е тешко да најдат работа, поради истите причини со ниско-квалификуваните работници.

Пошто минимум вејџот не му менува ништо на некој шо зема плата над тоа.

Ако ти у моментов земаш плата од 20.000 денари, кога ќе падне минималецот, ќе ти се намали ли платата? Не.
Ама она шо ќе се деси е да се вработат неколку човечиња кои немаат стаж, се тинејџери или социјални случаи, и би работеле за 6-7 илјади месечно, а сега газдата не би да ги вработи за минималецот наш, оти не вредат толку пари. Многу едноставно.
Невработеноста се намалува со укинување на минималецот.

П.С. Баш тие земји со минималец шо ги спомна, ме заинтересира да видам колку имаат невработеност меѓу младите.
Франција - 22 посто, 10.4 посто во целост
Белгија - 23.40 со 8.5 посто
Луксембург - 15.2 посто со 7.4
Америка - 24 посто со 6.3
Германија нема минималец, тек сега ќе го воведува
Швајцарија - 7 посто, 2.9 посто невработеност во целост

Види колкави е разликата.
Со тоа шо нема минималец, се отвора можност да се вработи тинејџер или работник без вештини. Да биде плаќан колку шо вреди, и у меѓувреме да се обучува во дадената област, и да стане работник кој вреди повеќе, и ќе биде платен повеќе. А и да не биде платен повеќе у таа фирма, со искуството шо го има, у друга фирма ќе биде платен колку шо вреди.[/quote]
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Одмор секогаш не подразбира одење на море, туку одмор од работа, па макар работникот лежел дома цел ден и вечер отиде на вечера со фамилијата.
За лежење дома пари не требаат, ако веќе зел пари за трошоци за годишен одмор - ќе си ги потроши за трошоци за годишен одмор, ќе докаже дека за таа намена ги троши парите. Инаку ќе настане хаос и анархија во државата, ќе може некој да земе платено боловање 2 недели и да оди да си копа ниви или да си брка друга работа и да вели - така јас се лекувам, копајќи нива или варосувајќи дома мене ми е поарно
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
За лежење дома пари не требаат, ако веќе зел пари за трошоци за годишен одмор - ќе си ги потроши за трошоци за годишен одмор, ќе докаже дека за таа намена ги троши парите. Инаку ќе настане хаос и анархија во државата, ќе може некој да земе платено боловање 2 недели и да оди да си копа ниви или да си брка друга работа и да вели - така јас се лекувам, копајќи нива или варосувајќи дома мене ми е поарно
Во секој закон има дупки а од поединецот зависи дали ќе ги најде и како ќе ги искористи.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Едно е факат дека Македонецот не заработува доволно за да може да троши пари во Грција или земја членка на Европска Унија.

Е сега прашање е колку навистина заработуваме за да имаме време за одмор не се вадите на финтата лето е мора на одмор да се оди ако се троши како што не треба ќе се оди по ѓаволите.

Џаба нам новци мои синовци
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
За лежење дома пари не требаат, ако веќе зел пари за трошоци за годишен одмор - ќе си ги потроши за трошоци за годишен одмор, ќе докаже дека за таа намена ги троши парите. Инаку ќе настане хаос и анархија во државата, ќе може некој да земе платено боловање 2 недели и да оди да си копа ниви или да си брка друга работа и да вели - така јас се лекувам, копајќи нива или варосувајќи дома мене ми е поарно
Ама ако во еден месец 15 дена е на одмор зема само пола месечна плата што не е доволно за да си ги покрие давачките за тој месец и токму затоа е тој регрес. Не е пресудно човек да оди на море или езеро. Одмор како поим го подразбира времето во кое вработениот не оди на работа кое е уредено со закон со цел тој вработен физички и психички да се одмори од стресот и напорот што го трпи при работењето.[DOUBLEPOST=1405603574][/DOUBLEPOST]
Ниско квалификуваните работници поради тоа шо немаат доволно квалификации за да му вредат повеќе на газдата, и со тоа нема да се нафати да работи за 6 долари од саат рецимо, оти трудот на работникот не вреди колку минималецот (7.25 за Америка).
И тинејџерите пошто се новајлии на пазарот кои треба да билдаат стаж и искуство кое нивните вештини би ги однело да вредат над тој минималец, за кој у моментот кога почнуваат со работа не ни вредат, па им е тешко да најдат работа, поради истите причини со ниско-квалификуваните работници.

Пошто минимум вејџот не му менува ништо на некој шо зема плата над тоа.

Ако ти у моментов земаш плата од 20.000 денари, кога ќе падне минималецот, ќе ти се намали ли платата? Не.
Ама она шо ќе се деси е да се вработат неколку човечиња кои немаат стаж, се тинејџери или социјални случаи, и би работеле за 6-7 илјади месечно, а сега газдата не би да ги вработи за минималецот наш, оти не вредат толку пари. Многу едноставно.
Невработеноста се намалува со укинување на минималецот.

П.С. Баш тие земји со минималец шо ги спомна, ме заинтересира да видам колку имаат невработеност меѓу младите.
Франција - 22 посто, 10.4 посто во целост
Белгија - 23.40 со 8.5 посто
Луксембург - 15.2 посто со 7.4
Америка - 24 посто со 6.3
Германија нема минималец, тек сега ќе го воведува
Швајцарија - 7 посто, 2.9 посто невработеност во целост

Види колкави е разликата.
Со тоа шо нема минималец, се отвора можност да се вработи тинејџер или работник без вештини. Да биде плаќан колку шо вреди, и у меѓувреме да се обучува во дадената област, и да стане работник кој вреди повеќе, и ќе биде платен повеќе. А и да не биде платен повеќе у таа фирма, со искуството шо го има, у друга фирма ќе биде платен колку шо вреди.
[/quote]

Ова што економистите во Америка го истакнуваат како негативност на минималната плата важи само за развиените земји во кои на работникот се гледа како погонска сила на секоја компанија и каде што секој труд е платен коректно во однос на постигнатите резултати. Ама мора да сфатиш дека споредба на нашата чудесна земја со овие држави е апсурдна дека нашиот систем не е ни приближно сличен на нивниот. Кај нас работникот се ИСКОРИСТУВА и МАЛТРЕТИРА од страна на работодавците и на нив не се гледа како на погонска сила како што спомнав претходно туку како на потрошна роба. Тоа е разликата. Мора некако да почне да се става крај на овој аристократско пролетерски систем. Ако сметаш дека К-15 е мешање на државата во приватниот сектор што да кажат Холандските компании (како земја со моќен синдикат) кои се под огромен притисок од синдикатот за зголемени права на работниците.
Можеш колку сакаш да се повикуваш на капитализмот како систем или пазарната економија како принцип на функционирање на светот, но во последно време се повеќе е јасно дека ваквиот систем повеќе не е одржлив затоа што разликите помеѓу класите се енормни, а тие разлики се резултат само на ваквата поставеност на капитализмот.
Мерките кои се спроведуваат во една земја и се покажале како добри не значи успех на истите во друга земја од проста причина што тие две земји се разликуваат помеѓу себе.
 
Прво, ако минималецот е толку добар, оти не го качиме на 100.000 денари?

Она што можеби треба да се направи за да не се гледа на работникот како на каков шо се гледа е тоа шо ќе се заштити приватната сопственост, т.е. саатите на работникот.
Друго битно нешто е, да, се додека имаме 300.00 невработеност, ќе се гледа на работникот како на погонска сила.
А ќе имаме 300.000 невработеност оти имаме минималец.
Оти еве ја статистиката погоре. Секоја една држава шо има минималец, има поголема невработеност од државите шо немаат минималец.

Капиталистичките мерки се покажале секаде како добри.
Само шо не можеме да зборуваме оти кај нас имаме капитализам кога имаме еден куп регулативи.
Имаме толкава класна разлика оти фирми блиски до власта ги земаат тендерите, и со тоа се богатат преку парите кои нас ни ги земаат како даноци.
Еве прост пример:
Се градеше Скопје 2014. Се градеше од наши пари. Фирми како Жикол и Бетон земаа ли милиони евра од тој проект? Да. Се збогатија ли газдите на фирмите на сметка на нас? Да. Се зголеми ли класната разлика благодарение на тоа шо тие фирми ги фатија тендерите? Да.
Доколк тие пари останаа кај нас, тие пари ќе завршеа ли кај една фирма? Веројатно не. Ќе беше ли толку голема разликата у богатството доколку не завршеа у една фирма? Немаше да биде.

Затоа, многу е битно да се направи разлика меѓу корпоратизам и капитализам. Корпоратизам е збогатување на фирми, и зголемување на класната разлика. Капитализмот, и слободниот пазар, е остварување на волонтерска размена меѓу луѓето, размена на пари за добра. Едноставно.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ама ако во еден месец 15 дена е на одмор зема само пола месечна плата што не е доволно за да си ги покрие давачките за тој месец и токму затоа е тој регрес. Не е пресудно човек да оди на море или езеро. Одмор како поим го подразбира времето во кое вработениот не оди на работа кое е уредено со закон со цел тој вработен физички и психички да се одмори од стресот и напорот што го трпи при работењето.
Тогаш да се укине плата во време кога е на одмор.
Нема стрес, си се одмара, си ужива и башка и к-15 за тоа и плата да земал. По правило би требало работникот на фирмата да му плати кога ќе замини на одмор за проблеми, компликации кои ќе настанат во работата на фирмата кога е тој отсутен. Сите гледаат и се траштат како ќе му било на работнико кој на грб на други си бара ем плата кога не е на работа ем екстра пари кога се одмара ?!?! Комунзам, и то оној најподлиот и најпокварениот се воведува преку тој К-15!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Прво, ако минималецот е толку добар, оти не го качиме на 100.000 денари?

Она што можеби треба да се направи за да не се гледа на работникот како на каков шо се гледа е тоа шо ќе се заштити приватната сопственост, т.е. саатите на работникот.
Друго битно нешто е, да, се додека имаме 300.00 невработеност, ќе се гледа на работникот како на погонска сила.
А ќе имаме 300.000 невработеност оти имаме минималец.
Оти еве ја статистиката погоре. Секоја една држава шо има минималец, има поголема невработеност од државите шо немаат минималец.

Капиталистичките мерки се покажале секаде како добри.
Само шо не можеме да зборуваме оти кај нас имаме капитализам кога имаме еден куп регулативи.
Имаме толкава класна разлика оти фирми блиски до власта ги земаат тендерите, и со тоа се богатат преку парите кои нас ни ги земаат како даноци.
Еве прост пример:
Се градеше Скопје 2014. Се градеше од наши пари. Фирми како Жикол и Бетон земаа ли милиони евра од тој проект? Да. Се збогатија ли газдите на фирмите на сметка на нас? Да. Се зголеми ли класната разлика благодарение на тоа шо тие фирми ги фатија тендерите? Да.
Доколк тие пари останаа кај нас, тие пари ќе завршеа ли кај една фирма? Веројатно не. Ќе беше ли толку голема разликата у богатството доколку не завршеа у една фирма? Немаше да биде.

Затоа, многу е битно да се направи разлика меѓу корпоратизам и капитализам. Корпоратизам е збогатување на фирми, и зголемување на класната разлика. Капитализмот, и слободниот пазар, е остварување на волонтерска размена меѓу луѓето, размена на пари за добра. Едноставно.
Капиталистичките мерки не се покажаа како добри. Можеби на почетокот да, ама сега ни малку не се добри.
Најмоќни се оние земји во кои граѓаните имаат еднаква социјална и здравствена заштита без разлика на која класа припаѓаат. Гледам дека си против големите даноци почнувајќи од ДДВ, па се до ПДД и КДД. Но од друга стана државите кај што овие даноци се највисоки се и најпосакувани за живеење.
Слобониот пазар мора да се регулира од проста причина што не функционира совршено како во теорија и тоа е факт.
Капитализмот е многу повеќе од наведеното.
 
Кои се тие капиталистички мерки шо не функционираат? Де наброј ги, друже. :)

Затоа ли економијата на Америка се распаѓа поради социјалните и здравствените мерки, такозвани ОбамаКер?
Затоа ли Сиетл паѓа економски поради 15те долари минималец?

Хонг Конг и Сингапур се прилино близу до тој класичен капитализам. И двете не да ги бива, човече.
Швајцарија исто. Америка у времето на Никсон исто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom