Палачинки

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Tесто

Ако правите палачинки за двајца:
*
125 g брачно (тип 400, меко)
*
1 јајце
*
1 лажица масло
*
малку млака вода
*
лажичка сол или бибер


Ако правите палачинки за 4 особи:

*
3 jaјца
*
1/4 l млеко
*
1/4 l кисела вода
*
брашно по потреба (тип 400, меко)
*
лажичка сол или бибер

Ако правите палачинки за 6 особи:

*
300 g брашно (тип 400, меко)
*
3 jajца
*
4 лажички пиво
*
5 лажици масло
*
1/2 l млеко
*
2 лажички сол или бибер
*
млака вода по потреба

Ако правите палачинки за осум особи:

*
500 g брашно (тип 400, меко)
*
4 jajца
*
1/2 l млеко
*
2 лажички сол или бибер
*
1 лажичка масло
*
млака вода по потреба

Подготовка:
Земаме длабока чинија и во неа го ставаме брашното, ги додаваме јајцата и околку 2 dl млеко. Пробувате да матите и додаватае уште малку млеко. Важно е тестото да биде доста густо при матењето, додаваме уште млеко па малку кисела вода и добивате тесто кое ќе личи на чорба. Во таквото тесто додаваме околу 1 dl масло и добро мешаме. Во едно тавче ставаме масло. ПОтоа во истото тавче ставаме тесто, кое треба да е насекаде на тавчето рамномерно. Температурата на која ќе ги подготвуваме палачинките мора да биде доста висока. Чим се испече палачинката, ја вртиме на другата страна. Готовите палачинки ги вадиме од ринглата и ги филуваме.

Сето ова сликовито изгледа вака...












 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Палачинки со фил од ванила


За крем
- 500 мл млеко
- 100 гр шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 100 гр мелени ореви
- 2 ванилини шеќери
- 50 гр путер
- 50 гр шеќер во прав

за тесто
- 250 гр брашно
- 1 јајце
- 3 дл вода

Во тенџере ставаме 1/2 литар млеко, а во мензурата ставаме 1 децилитар. Тенџерето го ставаме на оган. Во млекото додаваме 100 гр шеќер, промешуваме и оставаме да зоврие. Во меѓувреме во мензурата со млеко додаваме пудинг и промешуваме. Во садот за матење ставаме 1,5 дл. вода. Кршиме едно јајце, го ставаме во садот и матиме со миксер. Потоа кон смесата го додаваме брашното и продолжуваме да матиме со миксерот.
Откако млекото ке зоврие, смесата за пудинг полека ја истураме во тенџерето и непрекинато матиме со жица за матење на тивок оган. Кога смесата ќе се згусне, го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Го оставаме пудингот да се излади. Потоа тавата на која ќе ги пржиме палачинките ја премачкуваме со масло за јадење. Кога тавата доволно ќе се загрее, смесата за палачинки ја истураме во неа. Откако палачинката ќе се испече од една страна, ја превртуваме да се испече и од другата страна. Кога ќе се испече и од другата страна, палачинката ја ставаме на една чинија. Истото го правиме додека не ја потрошиме смесата за палачинки.
Откако пудингот ќе се излади го истураме во сад за матење. Додаваме 50 гр. путер и со миксер матиме смесата да се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви. Матиме со миксер. Кога филот е готов, започнуваме со филувањето на палачинките. Од филот нанесуваме на палачинката и го размачкуваме на една половина од неа. Најпрво ја превиткуваме на половина, а потоа и на четвртина. Филуваните палачинки ги редиме на чинијата.


 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
ПАЛАЧИНКИ СО ВАНИЛА КРЕМ И ПРЕЛИВ ОД ЈАГОДИ

- 300 гр. јагоди
- 1 јајце
- 100 гр. мелени ореви
- 125 гр. маргарин
- 3 лажици шеќер
- 9 лажици брашно
- 1 пудинг од ванила
- 5 лажици шеќер
- 4 лажици ликер од јагода
- 425 мл. вода
- 500 мл. млеко


Во тенџере го ставаме речиси целото млеко и тенџерето го ставаме на оган. Прашокот за пудинг го додаваме во мензурата со преостанатото млеко и мешаме со жица за матење. Во тенџерето на оган додаваме 3 лажици шеќер и мешаме со жица за матење. Во зовриеното млеко ја додаваме размешаната смеса за пудинг. Мешаме со жица за матење и вариме на оган додека пудингот не ја добие потребната густина. Го тргаме тенџерето од оган и оставаме пудингот да се излади.

На јагодите им ги отстрануваме рачките. Потоа јагодите ситно ги сечкаме. Исечканите јагоди ги ставаме во тенџере. Додаваме 125 мл. вода, 5 лажици шеќер и промешуваме. Го ставаме тенџерето на оган и продолжуваме да мешаме. Во тенџерето го додаваме и ликерот.Непрекинато мешајќи вариме додека преливот не ја добие потребната густина. Го оставаме преливот да се излади.
Во сад за матење ставаме 300 мл. вода. Го кршиме јајцето во садот и матиме со миксер. Додаваме 9 лажици брашно. Откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот.

Тавата за пржење ја намрснуваме. Со црпалка во тавата ставаме од смесата за палачинки. Откако ќе се испржи од едната страна палачинката ја превртуваме во тавата. Испржените палачинки ги редиме на чинии.
Во сад за матење го ставаме изладениот пудинг. Додаваме 125 гр. маргарин и матиме со миксер. Ги додаваме и мелените ореви. Откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. Со фил ја премачкуваме првата палачинка и ја виткаме во ролат. Истата постапка ја повторуваме со сите палачинки. Готовите палачинки ги редиме на чинија за сервирање. Со црпалка палачинките ги преливаме со преливот од јагоди.



бејб.. постов и рецептов за тебе:))))
:fks:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
АМЕРИЧКИ ПАЛАЧИНКИ:

ПОтребно:

*
3 jaјца
*
250 g брашно
*
1,5 dl јогурт или кисело млеко
*
2,5 dl млеко
*
2 лажици шеќер
*
1 лажица сол
*
2 лажици прашок за пециво


Подготовка:

Состојките ги мешаме и ги оставаме да стојат 10 минути па ги печиме во тавче. Ги премачкуваме со џем, мед или било што друго вам што ви се допаѓа.

 
Член од
10 мај 2005
Мислења
86
Поени од реакции
4
PIROSKE OD PALACINKI


Napraviti tjesto za palacinke. Peci palacinke da budu rumene samo s jedne strane. Uzeti nadjev od mesa ili sira i staviti po 1 punu zlicu tog nadjeva na rumenu stranu svake palacinke.

Preklopiti prvo krajeve palacinke sa dvije suprotne strane, potom polako savijati s trece strane. Prije nego sto se savije i cetvrti kraj, treba ga uvaljati u razmuceno jaje i mrvice.

U duboku tavu dobro ugrijati ulje ili mast i prziti piroske.

Sluziti tople piroske uz juhu, ako su sa mesom ili uz caj, ako su sa sirom.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Палачинка Бајадера

- 2 јајца
- 50 гр. мелени ореви
- 50 гр. мелени лешници
- 2 киви
- 150 гр. шлаг крем од ванила
- 100 гр. шеќер
- брашно
- вода
- 20 гр.чоколаден прелив
- масло за јадење
- сол

Земаме еден поголем длабок сад И во него ги кршиме јајцата. Додаваме околу 300 мл. вода И малку масло за јадење. Додаваме малку сол И една лажичка шеќер. Се ова го матиме со жица за матење, а потоа додаваме брашно, додека ја добиеме потребната густина на смесата како за палачинки.

На оган ставаме една тава за пржење И вон еа ставаме масло за јадење да се загрее. Маслото го истураме во еден сад, а во тавата со црпалка ставаме од смесата за палачинки. Откако палачинката е испржена од едната страна ја превртуваме. Испржените палачинки ги вадиме на чинија.

На оган ставаме една тава за пржење И во неа ставаме 3 лажици шеќер. Промешуваме И оставаме шеќерот да се пржИ додека добиеме карамел. Карамелот го разредуваме со малку вода И во него додаваме 2 лажици мелени ореви. Промешуваме И ја тргаме тавата од оган.

Земаме една подлабока чинија И во неа го ставаме прашокот за шлаг крем. Во садот додаваме вода И со миксер го матиме кремот. Со претходно подготвениот крем ја филуваме целата палачинка, а врз кремот наросуваме мелени ореви. Ја виткаме палачинката во ролат И ја сечеме на половина. Парчето палачинка го ставаме на чинија за послужување. Врз палачинката ставаме од претходно подготвениот царамел. Украсуваме со парчиња киви И чоколаден прелив. Врз се ова наросуваме од мелените лешници.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Фламбирани палачинки во сос од портокал

- две јајца
- 2 дл вода
- 3 дл кисела вода
- 300 гр брашно
- 2 портокала
- 200 гр шеќер
- 0,5 дл коњак
- путер
- масло за јадење
- сол


Подготовката на тестото за палачинки е стандардна како и за сите други палачинки. Во сад ги ставаме жолчките и белките од две јајца кои ги матиме со електричен миксер со најголема брзина. Во текот на матењето на јајцата им додаваме малку сол , а потоа и една супена лажица шеќер. Потоа во текот на матењето постепено додаваме кисела вода И обична вода. Откако јајцата убаво се изматени, лажица по лажица го додаваме целото потребно количество брашно. Тестото за палачинки го матиме се додека не се разбијат грутките брашно, за да потоа дидадеме малки масло за јадење..

Во тава ставаме масло за јадење да се загрее на силен оган. Од еден портокал го цедиме сокот на рака. Забележуваме дека загреаното масло се лизга на површината од тавата. Затоа го истураме во посебен сад, а тавата ја оставме без масло за јадење. Потребното количество на тесто за една палачинка го истураме во тавата и го ставаме на силен оган. Со рака тестото го превртуваме за да се испече од двете страни. Тука забележуваме дка не ни треба толку силен оган за да ги испржиме палачинките. Постапката е иста и за останатите палачинки.

Во друга тава ставме малку путер да се истопи на кој потоа му го додаваме исцедениот сок од свеж портокал. По провривањето, на сокот му додаваме ванилин шеќер, а потоа малку по малку брашно. Смесата ја промешуваме со дрвена лажица.

Во добро загреана тава ставаме половина дл коњак кој го запалуваме.

Палачинките ги превиткуваме на половина и ги ставаме да се пржат во смесата од растопен путер и сок од свеж портокал. Во текот на пржењето палачинките ги превртуваме за да се испржат од сите страни. Потоа ги преливаме со коњакот кој гори. Со оваа постапка палачинките ги фламбиравме.

Палчинките се испржени и фламбирани по што тавата ја тргаме на страна. Готовите палачинки ги ставаме на чинија со која ќе ги служиме.

Декорацијата на палачинките ја започнуваме со преливање на палачинките со сосот во кој се пржеа. Потоа од кришките портокал ја симнуваме кората, ги сечеме на четвртинки и ги ставаме крај палачинките. Декорацијата ја надополнуваме со неколку кришки киви.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Палачинки со спанаќ и сирење


- 50 гр. чадена сланина
- 600 гр. спанаќ
- 100 гр. бело брашно
- 250 гр. овчо сирење
- една поголема главица кромид
- еден морков
- две јајца
- 200 гр. кајмак
- сос од домати
- 2 дл. кисела вода
- масло за јадење
- сол и бибер

Почнуваме со смесата за палачинки. Постојат многу рецепти за подготовка на тестото за палачинки. Овој пат го избравме овој рецепт.
Две јајца се матат. Постепено се додава киселата вода, брашното, маслото за јадење и солта, со цел да се добие еднолична маса без грутки.

Во тава за пржење се става масло за јадење кое добро се загрева. Вишокот од маслото го истураме за да тавата биде покриена со тенок слој масло. Се става потребното количество од смесата за палчинката и се пржи на класичен начин. Откако палачинките се испржени пристапуваме кон подготовка на смесата за фил.

Во друга тава се загрева масло за јадење. Додека се загрева маслото ситно се сецка кромидот, се става во тавата и се пржи. Ситно исечканиот морков му се додава на кромидот, а подоцна и ситно сецканата сланина. Тавата се покрива и се остава да се динста во сопствената течност. За тоа време и спанаќот ситно го сецкаме како и претходните продукти.

Овчото сирење го рендаме, а потоа во тавата во која се динстаат кромидот, морковот и сланината се додава и сецканиот спанаќ. Им се додава сол и бибер по вкус. Потоа на истата тава го додаваме ренданото сирење. Целата смеса се пропржува уште малку и се трга на страна.

Во друг длабок сад на тивок оган се топи путерот и со него се премачкува тавата, тава во која ќе се потпекуваат палачинките .
Палачинките се филуваат со подготвената смеса, се завиткуваат и се сечат накосо за да се добие специфичен изглед на јадењето. Откако ќе се наредат во тавата, палачинките се покриваат со рендан кашкавал и се прелеваат со сосот од домати.

Вака подготвената тава се става во рерна и се потпекува на температура од 250 степени. Време на печење 15 до 20 минути.
 
Член од
23 април 2005
Мислења
622
Поени од реакции
14
Незнам како се викаат точно и како се прават важно знам дека беа палачинки, кои штотуку ги изедов :pos: :P :shock:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Овошни палачинки со крем

потребно:

- 50 гр. Суви кајсии
- 50 гр. Ореви
- 2 шлаг пени
- брашно
- 3 јајца
- 550 мл. Млеко

подготовка:

Најпрво ги земаме трите јајца и ги кршиме. Белките ги ставаме во еден сад, а жолчките во еден поголем длабок сад. Во садот со жолчките додаваме 2 дл. Млеко. Го вклучуваме миксерот и постепено додаваме брашно додека добиеме смеса со густина за палачинки.
На оган стваме тава за пржење со малку масло за јадење во неа. Откако маслото ќе се загрее, со црпалка од смесата ставаме во тавата. Ја ставаме тавата на оган да се пржи палачинката. Откако е испржена од едната страна палачинката ја превртуваме. Испржените палачинки ги редиме на чинија една врз друга. Во садот за матење ставаме 250 мл. Млеко и 2 шлаг пени. Го вклучуваме миксерот матиме додека шлаг пената не ја добие потребната густина.
На даската за сечење сувите кајсии ги сечкаме на парчиња, а оревите ги толчиме.
Во еден поголем длабок сад ја ставаме шлаг пената и ги додаваме кајсиите и оревите. Се убаво мешаме и со оваа смеса една по една ги филуваме палачинките. Филуваните палачинки ги превиткуваме на половина и ги редиме на чинија за сервирање.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
ПАЛАЧИНКИ

Ја имав поставено оваа тема ама ја снема па ај пак
Значи какви палачинки најмногу сакате? Со крем(црн, бел, бешан), банани, ореви, мед.....
Јас лично најмногу ги сакам со црн крем банана и шлаг. Уф колку се најдобри. А некој може да стави и рецепт за подготвување палачинки на некој специфичен начин. Јас лично кога ја правам смесата и ако палачинките ми се наменети за зголемување на нивото на шеќер, ставам и една кесичка ванилин шеќер
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Благи,со чоколаден крем,шлаг или со мед
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
мммммм обожавам палачинки, особено оние во Леонардо..... абе лудило
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не сум некој страшен љубител на палачинки, а кога ги јадам, ги јадам најчесто со џем, и поретко со црн крем. Многу ми се благи и тешки со крем некако.
А иначе не знам сама да правам палачинки. :nesum:
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Со агрокрем и банана , умирам по палачинки ги јадам често како дезерт или како доручек
 

Kajgana Shop

На врв Bottom