Отплаќање на рати.

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Со револвинг картичка од комерцијална банка јас го имам и ми е на располагање 60 000 денари според примањата од месечна плата од каде што сум вработен на пример ако имате плата да речеме 15 000 денари и со картичката ви следува на располагање 25 000 или 30 000 денари,а ако пак месечна плата 25 000 или 30 000 ден. следува од картичката 60 000 или повеќе, Е сега кога купуваме стоковна добра да речеме 20 000 денари и потоа секој месец на 12-ти од датата автоматски ви одзема 2300 ден со 7 или 10 % годишна камата.Порано сум користел чекови,но со револвинг картичка е подобра разликата е со чекови си плаќа купувачот додека со картичката плаќа банката кое ви е на располагање било кое време насекаде по светот се разбира ако подржува MasterCard.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сепак мислам дека си постои можност да ти одземат од плата меѓутоа така им одговара на банките така си тераат. Преку работа од нептун 2 години ми одземаа рати значи од старт кога ми стигаше платата имав 2.800 помалку пример колку сто ми беше ратата. Изгледа сепак не е кредитна картичка за мој вкус, нејќам никому да пунам пари по нивни игри ситни букви и слични буквички.Фала сепак за сите одговори.
Токму така. Можеш овие начини да ги искористиш кои сеуште функционираат:
1. Преку твојата фирма, вашата сметководителка нека се договори со Нептун или било која друга фирма дека сакате на рати да подигате роба. Апсолутно никаков проблем нема да има од плата да ти запира твојата фирма. Без камати на рати.
2. Втор начин е да најдеш познат од фирмата каде сакаш да купиш и на добар углед да ти дадат на рати по пријателска база или вработен од фирмата кој ќе отплаќа место тебе од плата.

Ова вториов начин незнам денес кој има таква верба, али уште постои.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Сепак мислам дека си постои можност да ти одземат од плата меѓутоа така им одговара на банките така си тераат. Преку работа од нептун 2 години ми одземаа рати значи од старт кога ми стигаше платата имав 2.800 помалку пример колку сто ми беше ратата. Изгледа сепак не е кредитна картичка за мој вкус, нејќам никому да пунам пари по нивни игри ситни букви и слични буквички.Фала сепак за сите одговори.
Тоа е веќе договор помеѓу фирмата каде работиш и продавачот. За купениот производ, продавачот фактурира на фирмата, а тебе ти одбиваат од плата, така да воопшто не оди преку банка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom