Отплаќање на рати.

Член од
22 април 2005
Мислења
1.333
Поени од реакции
504
Би ве замолил тука да ги пишувате своите искуства со картѕчки од наши бани (лоши или добри) при купување на некој производ.
Бидејќи од времето на чековите што беше нешто фантастично за секој што нема кеш а сака да купи нешто на рати, се сменија многу работи би ги замолил поупатените да ми објаснат како оди купување на рати сега.
На пример постои или која е најблиската опција до чековите како порано? Дали на било кој начин јас можам да купам на рати нешто ама од мои пари, не банката да ми дава кредити бидејчи тоа не е рати туку обичен кредит само името е сменето во кредит на рати.
Доколку не може како оди сето тоа?
На пример сум слушнал дека ти даваат картичка да речеме со 30.000 денари на неа. И сега сакам пример да купам Тв и компјутер што би било пример 28.000. Што се случува сега? Ми ги одбиваат сите тие 38.000 од картичката или само ратата пример нека е 2.800?
Многу работи не ми се јасни бидејќи одбегнував до сега да земам кретини картички. Благодарам ако некој ми објасни.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Ти ги одбиваат сите, а после секој месец како плаќаш ти се ослободува делот што го имаш улатено.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
На картичката имаш 20 000 денари и купуваш лап топ во износ од 18 000 денари. Доколку го земеш на две години - 24 месеци тогаш имаш 2000 денари камата. Однапред го плаќаш лап топот плус каматата, а секој наред месец ги “одмрзнуваш“ парите со месечната рата. Ти немаш работа со продажниот салон, туку со банката. Така тие однапред ги префрлаат парите на и ја бараат од тебе месечната рата за која си се договорил со продажниот салон. Тука банката не се меша. Што значи ти имаш фиктивни пари на картичка кои веднаш ги празниш и после ја полниш за да се раздужиш.
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
а после додека ја исчистиш картицата колку време ке ти треба
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На картичката имаш 20 000 денари и купуваш лап топ во износ од 18 000 денари. Доколку го земеш на две години - 24 месеци тогаш имаш 2000 денари камата. Однапред го плаќаш лап топот плус каматата, а секој наред месец ги “одмрзнуваш“ парите со месечната рата. Ти немаш работа со продажниот салон, туку со банката. Така тие однапред ги префрлаат парите на и ја бараат од тебе месечната рата за која си се договорил со продажниот салон. Тука банката не се меша. Што значи ти имаш фиктивни пари на картичка кои веднаш ги празниш и после ја полниш за да се раздужиш.
Извини не ми е јасно.
Може ли да направиш „ амортизационен план ’ за некој производ што се плаќа на четири рати
На пример сакам да купам производ кој чини 20000 денари на четири месечни рати. ( 4 * 5000 )
Кога го купив производот на сметака имам 4000 денари.
Секој месец има приход ( плата ) од 16000 денари, од кои за други потрби трошам 12000
Колку ќе ми платам камата. Дали камата се пресметува на сумата за која сум во минус или на целата сума?
Конкретно за пример
Првиот месец,
на1 овој месец на сметка имам 5000 денари и долг од 20000 всушност су должен 15000 ; на 10. добивам плата од 16000; на 20. вадам од сметка за трошење 12000
Вториот месец
на 1 на должам за кредитот 15000, а на сметка имам 4000, значи во минус сум 11000. На 10 добивам плата од 16000 ( сега сум во плус); на 20 вадам од сметка за трошење 12000 ( повторно сум во минус )
Третиот месец .....
Дали камата пресметуваат само кога сум во минус?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Со оние продавници што даваат производи на рати, најчесто со кредитни картички од виза или мастер, а такви се речиси сите продавници за бела техника и мебел, можеш да го купиш производот на рати без камата. Тоа ти доаѓа исто како што беа чековите на времето, само без пишување.
Друга варијана што можеш да ја искористиш кај сите останати што не даваат на рати, можеш со истата картичка да купиш и после тоа на банката да и плаќаш на рати. Ова рата е условно, затоа што месечниот износ ти си го одредуваш (минимум 5-10% од целиот износ, зависи од банката) и на преостанатиот износ банката ти пресметува камата. Тоа ти е многу слично како да си земал кредит да го купиш производот.

Е сега има трговци што кога плаќаш на рати без камата, самите пресметуваат веднаш камата на сумата во зависност од ратите и ја зголемуваат цената на производот и потоа таа сума ја плаќаш на рати. Внимавај на овие, затоа што може да ти испадне поефтино нив да им ја платиш редовната цена, а после на банката да и плаќаш камата.

Има трговци што даваат попуст ако платиш во готово. Тогаш може и да ти се исплати од картицата да подигнеш готовина од банкомат и со се провизијата и каматата пак да ти излезе поефтино отколку на првичниот износ на рати без камата.

Варијантите се тие, се друго е отворање четири очи и добра математика.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па оди вака кај нас секој месец кога се зема плата се носи кеш пара додека не се доплати тоа што е земено. Кратко и јасно, нема банки нема картички.

Бела техника се што имаме дома, телевизори, клима, шпорет, фрижидери, лаптопов на кој што пишувам итн.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Извини не ми е јасно.
Може ли да направиш „ амортизационен план ’ за некој производ што се плаќа на четири рати
На пример сакам да купам производ кој чини 20000 денари на четири месечни рати. ( 4 * 5000 )
Кога го купив производот на сметака имам 4000 денари.
Секој месец има приход ( плата ) од 16000 денари, од кои за други потрби трошам 12000
Колку ќе ми платам камата. Дали камата се пресметува на сумата за која сум во минус или на целата сума?
Конкретно за пример
Првиот месец,
на1 овој месец на сметка имам 5000 денари и долг од 20000 всушност су должен 15000 ; на 10. добивам плата од 16000; на 20. вадам од сметка за трошење 12000
Вториот месец
на 1 на должам за кредитот 15000, а на сметка имам 4000, значи во минус сум 11000. На 10 добивам плата од 16000 ( сега сум во плус); на 20 вадам од сметка за трошење 12000 ( повторно сум во минус )
Третиот месец .....
Дали камата пресметуваат само кога сум во минус?
На рати можеш да плаќаш само со кредитна картичка. На кредитна картичка не се чуваат пари, односно почетно салдо е 0. Картичката има само дозволен кредит, односно одредена сума до која можеш да одиш во минус. Колку имаш пари и прилив на останатите сметки воопшто не е битно.
Кога купуваш производ од 20000 денари, влегуваш 20000 во минус.
Имаш рок за плаќање на износот од 30-40 дена, зависи од банката и кредитниот циклус. Доколку веднаш го платиш целиот долг, нема камата. Доколку платиш „рата“ од да речеме 5000, камата пресметуваат на преостанатите 15000. Ратата е во наводници, затоа што од тебе зависи колкав ќе биде износот што ќе го отплатиш. Не смее само да е помал од некој процент едноцифрен процент кој зависи од банката. Ако е 5%, ратата не смее да е помала од 1000 денари.
Доколку следниот месец не купуваш ништо, на фактурата ќе ти пристигне долг од 15000 + каматата за таа сума за еден месец (грубо некаде околу стотина денари на овој износ, зависи од банката) . Повторно треба да платиш „рата“. Повторно го имаш истиот избор, минимум 750 денари + каматата или колку сакаш до целиот износ. Да речеме повторно плаќаш 5000 и нешто ситно за каматата. Следниот месец ти стигнува задолжување од 10000 + каматата за овој износ за еден месец.
И така тераш се додека не се раздолжиш со банката.

Е сега доколку го трговецот ти го даде производот на рати (4х5000), тогаш секој месец ќе ти стига задолжување од 5000 денари, што ако го плаќаш навремено, нема да платиш воопшто камата.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.333
Поени од реакции
504
Значи сума сумарум не постои опција ОД МОИ пари да исплаќам рати? Еве не сакам од банката пари нити кредит, туку да ми се одзема од плата ратата. Во редовен работен однос сум и слично.[DOUBLEPOST=1405679522][/DOUBLEPOST]
Па оди вака кај нас секој месец кога се зема плата се носи кеш пара додека не се доплати тоа што е земено. Кратко и јасно, нема банки нема картички.

Бела техника се што имаме дома, телевизори, клима, шпорет, фрижидери, лаптопов на кој што пишувам итн.
Можеш ли да ми објасниш каде кога ќе земеш плата носиш кеш и плаќаш на рати?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
До 12 рати нема камата. Инаку не смеат да користат картичка на која ви стигнува плата, затоа мора да имате кредитна картичка. Плус има една финта што ниедна банка нема да ви ја каже, а ќе ја наплати. На банката и плаќате годишно услуга што ја користите кредитната картичка, околу 2000 денари. Многу луѓе не го знаат тоа. Затоа ако планирате да купувате на рати над 12 месеци имајте предвид дека минимум ќе ви земат додатни 4000 денари - камата плус за услуга што користите кредитна картичка.
 
Па да ти кажам најискрено токму поради фактот што зимаат годишна чланарина не земав досега кредитна картичка. Ќе те помалтретирам повторно со прашање извини ако замарам, земам картичка и се договарам за рати еве без камата но на пример ми ги одзимаат сите 30.000 од картичката банката и мене не ми останува ништо за повторно да купам на рати. Мене прашањево ми е како јас да се договорам со банка да не земам картичка туку од трансакциона они да си зимаат кога ќе ми стигне плата, можно ли е тоа?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Можеш ли да ми објасниш каде кога ќе земеш плата носиш кеш и плаќаш на рати?

Не даваат на секого :icon_lol:.

Лаптопов е земен од АМЦ преку нив, затоа што компјутери не продаваат па тие го платија таму а јас на рати кај нив :icon_lol:.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Па да ти кажам најискрено токму поради фактот што зимаат годишна чланарина не земав досега кредитна картичка. Ќе те помалтретирам повторно со прашање извини ако замарам, земам картичка и се договарам за рати еве без камата но на пример ми ги одзимаат сите 30.000 од картичката банката и мене не ми останува ништо за повторно да купам на рати. Мене прашањево ми е како јас да се договорам со банка да не земам картичка туку од трансакциона они да си зимаат кога ќе ми стигне плата, можно ли е тоа?
Можеш меѓутоа пак си обрзан да земеш кредит, т.е класичен кредит со многу повисоки стапки на камата, бидејќи тука банката определува т.е диктира на колку можеш да го исплаќаш истиот. Единствена предност на овие кредитни картички за купување на апарати за домаќинство е што ти имаш „слобода“ да ја договориш месечната рата - износот и на колку време ќе се отплаќа. Тоа е целата поента.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Па да ти кажам најискрено токму поради фактот што зимаат годишна чланарина не земав досега кредитна картичка. Ќе те помалтретирам повторно со прашање извини ако замарам, земам картичка и се договарам за рати еве без камата но на пример ми ги одзимаат сите 30.000 од картичката банката и мене не ми останува ништо за повторно да купам на рати
Тие 30000 не ти ги одземаат, затоа што ти и ги немаш. Единствено блокирана ти е таа сума за останати купувања. Ако ти е дозволениот кредит на картичката 50000, ти купиш нешто на рати за 30000, ќе ти останат уште 20000 на располагање за купување. Меѓутоа ова се пари кои не се твои.

Мене прашањево ми е како јас да се договорам со банка да не земам картичка туку од трансакциона они да си зимаат кога ќе ми стигне плата, можно ли е тоа?
Ниедна банка нема таква можност, затоа што од трансакциска ти можеш да си ги повлечеш сите пари и после тие да немаат од каде да ти ја земат ратата. Затоа постојат кредитните картички.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.333
Поени од реакции
504
Тие 30000 не ти ги одземаат, затоа што ти и ги немаш. Единствено блокирана ти е таа сума за останати купувања. Ако ти е дозволениот кредит на картичката 50000, ти купиш нешто на рати за 30000, ќе ти останат уште 20000 на располагање за купување. Меѓутоа ова се пари кои не се твои.

Ниедна банка нема таква можност, затоа што од трансакциска ти можеш да си ги повлечеш сите пари и после тие да немаат од каде да ти ја земат ратата. Затоа постојат кредитните картички.
Сепак мислам дека си постои можност да ти одземат од плата меѓутоа така им одговара на банките така си тераат. Преку работа од нептун 2 години ми одземаа рати значи од старт кога ми стигаше платата имав 2.800 помалку пример колку сто ми беше ратата. Изгледа сепак не е кредитна картичка за мој вкус, нејќам никому да пунам пари по нивни игри ситни букви и слични буквички.Фала сепак за сите одговори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom