Отворено писмо-молба до ЕВН

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Почитувани господа
Мислам не ја промашив адресата,бидеиќи порано во едно време бевте Електро дистрибуција-извинете ако грешам.
А тоа време беше не така далечната 1969 година кога јас се запослив кај вас да го учам машинобраварскиот занает (за што сум и ви благодарен),односно како ученик во стопанството,поразбирливо кажано по нашински бев чирак 3 години. Таму кај вас влегов во последен момент,со не така јаки препораки или пријатели и роднини,туку простум како комшинско „дете“кое живееше во близина во Еврејското маало и тоа кога веќе и почна учебната година.
Тогаш таа година имаше примено кај вас во работилницата која ја викавме Дизел централа а која е сега и наплатен пункт на исто место таму под Кале.
Но тие повеќето односно сите беа ваши „деца“,на ваши вработени,само јас бев црното пајче,последната дупка на шупелката што се вели еве и зошто.
Почнав со чиракувањето и за кратко време научив доста односно многу,што и ми помогна во понатамошниот мој живот а и сега,нема нешто што незнам. Научив да елктро заварувам многу брзо и со мерак ја земав клештата со електрода од мајсторите дури и рацете ми се лупеле од таа топлина. Потоа ме поставивте на најсложената машина (откако веќе знаев да ракувам со сите други тамошни машини во работилницата) на стругот-дребонгот.По се изгледа затоа што тогашниот калфа Мирче требаше да оди во ЈНА,па јас би му дошол како привремена замена.Се сеќавам и ова дека неговата матурска задача-работа јас ја нацртав-изготвив.(бев одличен ученик скоро сите 5).
Понекогаш на помош ме праќавте и на потешки работи како кај ковачот стариот чичко Киро, да го коваме вжештеното железо и правиме делови за електро столбовите,се разбира тешкиот токмак беше во мојте мали раце.
А да не заборавам секојдневна моја обврска беше: „дете оди купи цигари“ и јасно купување доручек за сите мајстори,леб и мартадела и српски колбаси.За тоа одење во гранапите во Дебар маало карши преку Вардар како да бев само јас задолжен,вашите деца многу ретко ги праќавте по тоа.
Така поминуваа три години,еден ден на школо а еден ден пракса,за која пракса добивавме и некоја надокнада а за тоа време и доста пари беа за мене,односно за домашниот буџет,бидеиќи бев од посиромашка фамилија.
Бидеиќи цел ден бевме и јас и мајсторите ( бригадир ни беше мајстор Борче и техничар мајстор Перо а шеф Анче.) со апаратите за варење и брусалките а со тоа и загадена работна средина ни беше дадено да пиеме млеко,слатко кое пак почесто си го и поткиселувавме. Ама тоа млеко требаше да се земе не од така блиската дирекција,карши Буњаковец и сега е таму. А кој друг да го земе тоа млеко и да го донесе до под Кале,ако не само јас. Не се сеќавам да сте пратиле некое ваше дете по тоа млеко.Таа задача ми била најтешка. Млекото беше 10 литри во кеси во една пластична долга гајба,незгодна за носење. Секој ден тоа мене ме чекаше наутро одев и го земав тоа млеко од портирницата на вашата дирекција. Сега се чудам зашто тоа било така,зашто толку сте ме малтертирале,зар преку денот не еднаш со автомобили сте доаѓале до Дизел централата. Не се сеќавам да сте го денеле тоа млеко некогаш вие, а ни пак тоа вашите деца,мој колеги чираци не одеа никогаш по тоа,по се изгледа не го познаваа тој пат од 2-3 км.
А кога ќе дојдеше крајот на работното време,се знае мене што ме чека,чистење на машините собирање струготини и отпад,метење полнење на јапоњерот и фрлање сето тоа некаде на крајот од дворот. И одење последен накај дома,така со работнички алишта.
Во таква работа поминаа тие мој три години работење-чиракување кај вас,за што повторно во благодарам.
Заврши и матура(спомнав со петки) правев задача Агломер. Потоа пријавување во завод, на никој не му текна дека и јас сакам да работам.Скоро сите „ваши“ деца беа оставени на работа како калфи,такво беше тогаш времето,прво си чирак 3 години,па калфа 1 година па кв Мајстор, па по 10 години може да се пријавиш и за ВКВ мајстор што беше во тоа време големо звање,а такви беа мајстор Љубе и мајстор Неделко за автогено заварување.
Сега ете по скоро половина век од тогаш ви велам САКАМ ДА РАБОТАМ.
На било кое работно место таму кај вас каде и го научив занаетот,а работниот век од 40 години работен стаж го поминав во железара но до пензија имам уште неколку-малку години,можеби не повеќе од 2.
Сега сум повторно невработен и под завод (затоа што многу знам,може да добиете информации во Арчелор Миттал или во темите тука за нив).
Па нели сега МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА, па ај да видиме.
(може да одговорите јавно и тука,станете член на овој форум)
Со почит ... Анчо...КВ машинбравар од 1969 година во Дизел централа Скопје.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.265
Сепaк мислaм декa јa пoгреши aдресaтa.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Му удрило жешкото и на овој. Што е со народов бе. :confused:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Пушете му го тииит, чоекот си пишал како што, може ( 100% има ) некој што работи во ЕВН па ќе му излезе во пресрет.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
„дипломирав“ во Коце Металец за кв машинбравар во 1972 година,
но прв пат се запослив дури во крајот на декември 1977 година.
(од познати причини,и сега присутни сега да не навлегуваме во тоа)
а во меѓувреме работев сезонски, на бришење шовершајбни на бензински или семафори а неколку пати-повеќе и во републички Црвен Крст на Македонија, општ работник-чувар и ложач на парно,и до нив ќе пишам едно вакво јавно писмо-молба.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Му удрило жешкото и на овој. Што е со народов бе. :confused:
а ти демек паметен си сега? или и тебе те удрило нешто во глава...

ќе ви дадат тастатура и интернет и ќењкате само... се кладам не му го ни прочита постот на човекот.

Анчо, фурај брат даље. Дај Боже да си реализираш тоа што ти е во план.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Во ЕВН можеби потешко, но во такси компанииве одма ќе те вработат. :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Во ЕВН можеби потешко, но во такси компанииве одма ќе те вработат. :)
...човекот е МАЈСТОР бе, од онакви какви веќе не се прават , последен или меѓу последните од серијата...зошто нема веќе ни таков квалитетен материјал.
Не е таксист, каков и од кал можеш да скоцкаш , само дај му тастатура и монитор и уштекај го у кабел......:tapp:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
...човекот е МАЈСТОР бе, од онакви какви веќе не се прават , последен или меѓу последните од серијата...зошто нема веќе ни таков квалитетен материјал.
Не е таксист, каков и од кал можеш да скоцкаш , само дај му тастатура и монитор и уштекај го у кабел......:tapp:
----------------
точно така,ние,моја генерација сме последните „работни“ мајстори,како што и објаснив во темата: чирак,калфа па мајстор и дури потоа ВКВ.
Еве последниве неколку години почнаа да се вработуват и млади луѓе во компаниите(дипломирани некаде без знаење) и баш немавме разбирање со истите ние стари мајстори. Јас ете им предлагам некој новини за заштеда на материјалот и машините и за квалитетот,им давам идеи, А ТИЕ МЕНЕ МИ ОДГОВАРААТ, абе што си запнал толку глеј да дојде 2 саат и да си одиш дома. И јас стварно си отодов баш ДОМА и баш од такви новопроизведени високообразовани кадри. А не барав многу, само да не се уништува материјалот и машините и да не се прави штета за компанијата,но и за безбедност на работниците.
Имаше случаеви кога со месеци и години не се решаваа некој проблеми со милионски загуби и никој не одговара за тоа, а јас од кога го решив проблемот „нема ни благодарам“ како што пееше Тоше.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
----------------
точно така,ние,моја генерација сме последните „работни“ мајстори,како што и објаснив во темата: чирак,калфа па мајстор и дури потоа ВКВ.
Еве последниве неколку години почнаа да се вработуват и млади луѓе во компаниите(дипломирани некаде без знаење) и баш немавме разбирање со истите ние стари мајстори. Јас ете им предлагам некој новини за заштеда на материјалот и машините и за квалитетот,им давам идеи, А ТИЕ МЕНЕ МИ ОДГОВАРААТ, абе што си запнал толку глеј да дојде 2 саат и да си одиш дома. И јас стварно си отодов баш ДОМА и баш од такви новопроизведени високообразовани кадри. А не барав многу, само да не се уништува материјалот и машините и да не се прави штета за компанијата,но и за безбедност на работниците.
Имаше случаеви кога со месеци и години не се решаваа некој проблеми со милионски загуби и никој не одговара за тоа, а јас од кога го решив проблемот „нема ни благодарам“ како што пееше Тоше.
..не заебаај...гледај што пофино да го поминеш преостанатиот ресурс.
Прво не е твое да мислиш за уштеда на материјал и машини ...тоа е работа на СОПСТВЕНИКОТ на бизнисот. А тој ако пијуцка у кафич, или вози џип ко улаф или работи некоја спонзоруша , ако веќе не е од овие шарениве..., тогаш што има ти да му ја мислиш.
Глеаш дека и копиљациве научуле нешто соодветно за времево...: глеј да дојде 2 саат и да си одиш дома.
За случаеви кога со месеци и години не се решаваат некој проблеми со милионски загуби, има кој да му ја мисли со плата за тоа..... :)
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Obavezno zalepi fotka od partiska kniska, se znae civa. Inaku ne ja biva rabotata. :icon_lol:
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Ти Анчо си бил напатено дете.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom