Ослободувањето на Скопје во Втората светска војна

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Е ова се вистинските херои. Ние само лаеме по форумов...
А независна Македонија одвај ја задржавме :(
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1801.jpg Picture 1800.jpg Picture 1802.jpg споменик пред браната на езерото Матка,
посветен на 11борци загинати во борбите на 12-15 ноември 1944 год. при нападот-ослободувањето на централата и браната.
---------------------
кај овој споменик не може да се појде во посета, бидеиќи е во кругот на ЕВН и треба посебно овластување и дозвола.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Доста сум читал баш за овие борби за ослободување на Скопје во 2 с.в.

И јас сам си се прашувам нели тогаш можело да биде другачие? Да биде со помалку наши жртви.(да не кажам со договор,а имало и договори,како оној за размена на заробеници пред тој или тие денови,со Германците 100 наши за 100 нивни,што е и успешно спроведено,не разбрав зашто германците никако не го давале едно момче од 16 години,а нашите нуделе и тројца за него,туку го стрелале).

Ми беше зборот,зошто морало да се напаѓа Учителската школа, кога тие внатре Германци биле веќе отсечени, а Скопје веќе слободно. Другите германски единици веќе се повлекле кон Качаник. Што не се одело на чекање, а не на напад? А кој излезе пукај. Па таму загинале млади наши борци.

И што ако Скопје се нападнело на 17 или 19 ноември, ќе имало ли тогаш од кого да се ослободува градот.

Или дали има некој град во Македонија слободен-ослободен во 2 с.в. без напад - борба, односно сам слободен а непријателот повлечен на север.

Прегледај го приврзокот 77324

Ова е споменикот на стреланите скопјани,од Германците при нивното повлекување од Скопје. Сега го нема. Го срушија со проектот Скопје 2014 г.

А го нема ни тој што го направија исто ваков нешто подоле кон Вардар.
директиви беа тоа одозгора,од КПЈ,да не се пуштаат лесно непријателските единици,не морало да има ни Сремски фронт,секако тие ќе се повлечеа или капитулираа пред Сојузниците година покасно,но барано беше од Сојузниците лесно да не се извлечат Германците и успешно да се прегрупираат на своја територија,а со тоа и пролонгирање на крајот на војната
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Втората светска војна беше глобална војна во која заеднички учествуваа две страни, на страна на фашисти и нацисти беше Бугарија, на страна на сојузниците - Македонија.
По твое, шо мајка бараа Америчките војници во Африка, Сицилија, Италија, Франција... шо мајка бараа Канаѓаните во Италија?
секој даваше своја подршка и напор за да се победи злото на фашизмот. Дали на Срем, дали во Египет, Нормандија, Арнхем, Густафовата линија, Курск, Севастопољ....
 
не ме разбра,македонските партизани добиваа директиви и задачи да се забави повлекувањето на јужното крило на германската армија на балканот од грција па нагоре.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
не ме разбра,македонските партизани добиваа директиви и задачи да се забави повлекувањето на јужното крило на германската армија на балканот од грција па нагоре.
сето тоа беше во рамки на една сеопшта борба против фашизмот. И француските борци на отпорот и полските илегалци добиваа директиви кога и што да нападнат за да му се олесни за да му се помогни на праведниот свет да ја добие војната против злото, некаде да се урни мост некаде да се оштети пруга, саботира производство, запали склад.... сите тие макар и мали акции беа со заедничка цел, Германците и Бугарите ќе те стрелаа и ако запалеше камион со жито исто како и ако те заробеа во борба.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
сето тоа беше во рамки на една сеопшта борба против фашизмот. И француските борци на отпорот и полските илегалци добиваа директиви кога и што да нападнат за да му се олесни за да му се помогни на праведниот свет да ја добие војната против злото, некаде да се урни мост некаде да се оштети пруга, саботира производство, запали склад.... сите тие макар и мали акции беа со заедничка цел, Германците и Бугарите ќе те стрелаа и ако запалеше камион со жито исто како и ако те заробеа во борба.
одговорот на прашањето на чичко Анчо - дали можеле и зошто не се спречило гинење на млади македонски животи........фала што надополни
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
не е точно дека бугари учествувале во ослободувањето на Скопје
Ова ми го раскажувал еден учесник
После неколку дена по ослободувањето некоја бугарска единица дошла до Маџари, а нашите не скале да ја пуштат да помине низ Скопје. Па подоцна со триста ургенции ја пуштиле да помине кон Качаник

Навистина мислам дека е доста за бугарските фашисти. Посебно што во борбите за ослободување на Скопје на 13 ноември 1944, не учествуваше Бугарската армија ниту на една страна
Еве најдов сеќавања на учесници во ослободувањето на Скопје
http://faktor.mk/archives/82871
Дали некој има преглед на воените операции?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Бугари ослободители на Скопје. :pos::pos::pos: Се смевте на "шумкарите", а "шумкарите" голи и боси со јак морал ве истребија од цела држава. :)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.242
Поени од реакции
27.584
не е точно дека бугари учествувале во ослободувањето на Скопје
Ова ми го раскажувал еден учесник
После неколку дена по ослободувањето некоја бугарска единица дошла до Маџари, а нашите не скале да ја пуштат да помине низ Скопје. Па подоцна со триста ургенции ја пуштиле да помине кон Качаник
Покрај толку зулуми, кој при здрав памет би ги пуштил?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Претерано се одалечуваме од темата - а тоа е ослободувањето на Скопје.

Во октомври1941 година, бугарските фашисти, во рок од неколку дена или недели ги разбија, заробија трите патизански одреди и поапсија голем број припадници и симпатизери на партизанското движење. Подоцна најголем дел од овие партизани се убиени. Зошто тоа се случи е друга приказна.

Подоцна доаѓа Темпо и се обновува партизанското движење.

Затоа не држи што велат дела „ создаденото во пролетта и летото на 1944 година партизанско движење “. И во Бугарија, тамошните партизани, биле ефикасно гонети од фашистичкиот режим. Што значи бугарските фашисти биле „ ефикасни “

Еве спротивен пример:
Тебе ти е познато дека на 25 август 1944 година, со востание француските граѓани го ослободуваат Париз. И во Париз Де Гол го држи славниот говор дека Париз е ослободен од страна на самите граѓани на Париз. Тоа е славен говор. Еве како гласи:

Paris ! Paris outragé ! Paris brisé ! Paris martyrisé ! mais Paris libéré ! libéré par lui-même, libéré par son peuple avec le concours des armées de la France, avec l'appui et le concours de la France tout entière, de la France qui se bat, de la seule France, de la vraie France, de la France éternelle.

Но тоа востание е почнато на 19 август.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Загинале луѓето за џабе, германците сигурно немало да останат во Скопје, сите ќе си заминеле до еден... туку наредба си е наредба. Нигде не се спомнуваат битките на партизаните со двете организации на четниците што оперирале во Македонија. Не би било во духот на братството и единството...
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Загинале луѓето за џабе, германците сигурно немало да останат во Скопје, сите ќе си заминеле до еден... туку наредба си е наредба. Нигде не се спомнуваат битките на партизаните со двете организации на четниците што оперирале во Македонија. Не би било во духот на братството и единството...
Просветли не, спомни ти нешто, баш ме занима :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom