Се дешава. Некогаш знае да ме фати период, што е многу нормално според мене, кога со друштво сум едноставно пасивен. Ни муабет ни ништо не ми доаѓа на памет, има еден медицински термин, вегетативност ќе да беше, што е прилично близок со ситуацијава.
Решение е повеќе активност (active behavior на гугл пребарај). Не би можел во детали да ти го објаснам, а и искрено ме мрзи ама еве денес излези со друштвото и во глава имај си го тоа "ќе бидам активен". Дали ќе почнеш некоја приказна да кажуваш, дали некој рандом муабет (пример нова година), било што само не оставај да поминеш во пасивна состојба. Исто така помага и правење на нешто. Теретана, хоби некое, било што што вклучува движење и раздвижување на телото. Часови по танц/боречки вештини etc.
И убеди се себеси дека си активна личност, со време ќе дојде.
Среќно, пиши што ќе направиш.