Орочување пари во банка

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Се заебавав .. таман работа, 30% е фантазија а не принос :))) А да и 2% на нето-профит за штотуку дипломирани е многу :))1000 смајли имаше затоа :))

Инаку има хеџ фондови што наплаќаат 50% провизија на нето профит над просечна пазарна стапка на принос пример SP500.. итн.. Има и такви што земаат 15%-20% само на нетопрофит.

Во секој случај 30% е премногу и треба да си пресреќен со таков принос. Али се заебавав како што кажав. Инаку 30% носи висок ризик... Енивеј нормално хеџ фондови фаќаат до 20% со помош на конзервативен ливериџ и хеџирани позиции..(хеџирани оти во услови на 85% корелација на сите светски пазари ризикот е преголем од голи нехеџирани позиции)

Инаку има доста успешни инвестициски фондови/хеџ фондови али тие се недостапни за обични смртници... Штом некој го бидува за препознавање вредност/валуација и инвестирање тогаш после неколку нанижани успеси завршува во фонд каде што мин влез е 1 милион или така нешто...

Инаку се мислам дека читав некои закони кај нас ИФ имаат престроги диверзификациски правила што ја убива можноста да играш на секакви варијатни и да ја бараш вредноста онаму каде што ја има просто си принуден колку изложеност да имаш кон сектор или акција....

Инаку за ИФ кај нас КД брик се покажаа ама со неодманешното затегнување и неликвидност во Кина очекувај и таму да се изгорат многу

Ме бендисва што си скептик кога се прави муабет за инвестирање.. Спектицизам е најправилна стратегија. Можната загуба е секогаш тука и со големи пари/животни заштеди треба многу пазење што се прави..

Со ситна пара како мене можиш да си дозволиш шпекулирање оти не менува многу во животот.
Енивеј немам 10к моментално, а и да имам не би се нафатил да водам ИФ во Македонија со овие закони. Али ако сакаш да правиш порфолио и мислиш дека јас сум арен чоек да ти помогни да го составиш тогаш би ти се нафатил да ти анализирам/направам распоред колку каде што итн. Не барам ништо офц пошто забавно ми е да го правам тоа.. е сеа ако станиш милионер веќе тогаш борчиш пиво :))))

Cheers! :P




Се сложувам дека 30% е фантазија, а не принос. Лично би бил презадоволен со половина од тоа би рекол, во овие грди времиња 15% би било ТОП, тоа и во светски рамки би бил одличен принос.... знам дека се шегуваш момче, ги читам твоите постови со задоволство и на тема *Отварање сопствен бизнис* дискутиравме да прибереме средства во висина од 50,000 Еур (колку што бара законот за затворени ИФ) ....ти би го менаџирал фондот и уште таму спомнуваш дека очекуваните приноси би биле 15%, многу тешко нешто малку повеќе. Читајки го овој твој пост можам да заклучам дека се откажуваш!? - штета! Велиш има во законот престроги диверзификациски правила.... то не ти дозволува законот слободно да *пливаш*!? Тогаш се сложувам - НАВИСТИНА НИКАКВА СМИСЛА ЗА РАБОТА!
Инаку за Хеџ фондовите, да има многу успешни фондови каде што минимален влез е 1милион Долари, но има и успешни фондови каде што влезот е 50,000 Долари. За еден таков од Швајцарија пишував предходно.
Не 10К момак, со ваков потенцијал, со вакво знаење, со вакви размислувања, анализи, intuicija.... ќе имаш во некое догледно време и повеќе од 100К.... во тоа сум убеден!
Јас ете конзервативен, скептичен, старомоден..... мислев дека само со копање, трговија, услуга, производство, алаш-вериш нешто пара може да се спечали. Ама не било така!
На темата сега (БИДЕЈКИ ЕПТЕН ЗАБЕГАВМЕ)..... досега беше исплатливо да се штеди, имаше добри, би рекол и многу добри камати.... тоа и го правев. И за 8 години некаде капиталот успеав да го удвојам се разбира со реинвестирање на каматата. За некого тоа не е добро, сметајки дека инфлацијата како на Еврото, така и на Денарот ги обезвредниле моите пари. Делумно се сложувам со ваквите мислења бидејки реално споменатите валути губат од своите вредности... Ама не се сложувам дека годишно губат по 9-10% колку што во просек добивав камата овие 7-8 години.... не се сложувам дека сегашните 40К Евра вредат исто колку и 20К од 2004-5..... Колку и да звуци неверојатно, јас и денес кога каматите паднава на 6%, добивам 9%... Договор со Еуростандард банка за фиксирана камата, при што замисли средствата ми се практично на располагање цело време! За договор *по видување* најдобра камата! Но тоа беше лани, сега ми е страв да погледнам... таму остануваат до Септември, но не и понатаму доколку се задржи овој тренд на ниски, безобразно ниски камати.
Во тој сл. биди сигурен дека ќе те побарам момак да правиме портофолио (телеком, алкалоид....XYZ) те. ти да направиш. Не би се двоумел да ти оставам те. сосема те да се ослонам на твоите анализи и твојата интуиција.... ах, милионер да! Ама во Денари! Да не останам само на милион!? :pos2:.... реков: би бил презадоволен и со екстра пф и од 1-1,2% месечно! (12-15% годишно) .... Фала ти на понудата, доколку дојде до соработка, ќе има многу појке од пиво! Че има и за чипс Рафлс.... :helou:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Забегавме со муабетот малку со томсасо.... нешто за темата сега да напишам. Значи со камативе за штедни влогови во Денари или Евра, е прилично шаренолико! Во повеќето банки каматата е ужас! Како што реков предходно каматата едвај и да ја покрива инфлацијата. Редум значи Банкиве за денарски депозити исплаќаат по 6-6,5....7% највеќе! Уни банка пред две години имаше поголема камата на Евра, одошто дава сега за Денари орочени на една година. Даваа тогаш 7% за Еврото а сега за нашава валута само 6,5% годишно. Тука некаде е и СТБ Шпаркасе, Алфа.....По 5-ти пат Банка на година НЛБ го допре дното! Каматите за ден. депозити орочени на година, што ги дава таа токму колку признатата инфлација - 5,5% Бравоооо шампиони! Толку за најлошите! Е сега за најдобрата понуда. Еуростандард Банка, пакетот се вика Денар плус.... линкот:
http://www.eurostandard.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=53&Itemid=38&lang=mk
Скалеста е те прогресивна каматата. За Денари орочени на година а износот е од 600 до 800,000 каматата е 7,6% од 800 - милион Денари каматата е 7,8%... и за штедни влогови над милион солидни во однос на конкуренцијата 8%..... И имаат уште една работа која ги прави подобри од конкуренцијата: Штедниот влог секогаш ви е на располагање до 30,000 денари кои мора да *одлежат* година дена. Значи пример имаш 1,200,000,- Денари (околу 20,000 Евра) добиваш камата 8% годишно со можност месечно да се подига (96,000/12 = 8,000)... но доколку ти притребаат 300-400,000 некаде 5-тиот месец на орочување. Ти ја исплатуваат бараната сума без дати скратат од предходно земената камата за 5 месеци! Но за наредниот период разбирливо ти пресметуваат камата од тарифата подолу (од 800,000-1,000,000) те 7,8%... до крајот на орочувањето значи можеш да вадиш се до 30,000 Ден (500, Еура) кои мора да одлежат до крајот на договорот.... Практично излегува дека за неорочени средства или што би рекле *по видување* добиваш највисока камата. Многу е добра понудата во однос на конкуренцијата.... Интересно е и орочување на две години исто кај нив, за што даваат одлични 10%!... Рокот е долг, но без значење со можноста за скоро целосно подигање на средствата, без да влијае на висината на каматата. Орочи ги на две години.... земај годишна камата од 10% со месечна исплата 5-6-7-8 месеци, остави 30,000.- да полежат до истекот на двете години... другите пари во џеб, во валута, во злато.... кој што сака. Многу интересно! Како во старите добри штедачки времиња!:toe:
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
82
Поени од реакции
1
јбг ..а дали може Македонски државјанин, да орочи пари у странство?

let's say Switzerland? или мора исклучиво нивни граѓанин? Знам дека од странскиве, Шпаркасе имаат филијали во Мк. и доста добри камати..

- Извор; Идивиди форум ..
Само да знаеш за да орочиш пари у швајцарска банка треба ти на нив да им платиш камата..
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Само да знаеш за да орочиш пари у швајцарска банка треба ти на нив да им платиш камата..
Македонски државјанин по закон не му е дозволено да депонира штедни влогови во странски банки, освен ако не бил во работен однос во државата кај се наоѓа банката. И да таму ти ним им плаќаш камата за парите што стојат кај нив, и тоа не е само во Швајцарија, туку и во други Европски земји.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Плаќаш данок на каматата што ја добиваш, а не плаќаш камата на Банката што ти ги чува парите. Можеби во Швајцарија е така во некои реномирани банки таму, ама во земјите на ЕУ, банките даваат камата на депозити... е сега да, многу помали им се од нашите, односно мизерно се мали (едвај да ја покриваат инфлацијата на Еврото)... и како реков се плаќа данок на каматата што и не е така мал, во Дојчланд 25%! Ама 25% од што? Од мизерни 2,5% камата годишно на орочени на 4 години!?... Еве линк од една од најголемите банки:
http://www.deutsche-bank.de/pbc/pk-sparen_geldanlage-topzinssparen.html
а за тоа дека македонски државјанин не смее да штеди во странска банка.... многу ме интересира како ќе докажат за влогот и врз основа на што ќе те осудат? Врз основа на извод и сведочење на директорот на Дојче Банк? И што ќе биде пресудата? Затвор и на *чесен пионерски* парите да ги вратиш во земјава... ГЛУПОСТИ НЕВИДЕНИ! Ми текнува сега на Николче Младенов новинарот и газда на Фокус кога мафташе на ТВ со изводи од сметките на Бранко и на Хари.... Уште еден идиотски закон од Социјализмот кој ќе требе да се избрише ако станеме членка на Унијата! И да не станеме членка никогаш, веднаш треба да се избрише... Така парите на граѓаните нема да ги задржиме во земјава, ниту ќе ги зголемиме инвестициите!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Следам на ТВ рекламна кампања на СТБ.... Флекси депозит! Фрчат реклами, трошат пари .... а ко ке видам на нивната страна за условите, неможам а да не се изнасмеам:
http://stb.com.mk/fleksi-depozit-denarski.nspx
Истиот пакет, баш со исто име со години наназад го има Еуростандард Банка....
ама таму каматите беа 9% ,а сега се 8% на годишно ниво! А условите исто како во СТБ сега во пакетов - вадиш ставаш кога сакаш и колку сакаш!
Овие од СТБ, безмалку смешно изгледаат со својата понуда на камати 2% или 3% годишно!
Арно ама посигурна банка се (ќе каже некој)....
Е да, па Гејлада стои позади неа! :D
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Следам на ТВ рекламна кампања на СТБ.... Флекси депозит! Фрчат реклами, трошат пари .... а ко ке видам на нивната страна за условите, неможам а да не се изнасмеам:
http://stb.com.mk/fleksi-depozit-denarski.nspx
Истиот пакет, баш со исто име со години наназад го има Еуростандард Банка....
ама таму каматите беа 9% ,а сега се 8% на годишно ниво! А условите исто како во СТБ сега во пакетов - вадиш ставаш кога сакаш и колку сакаш!
Овие од СТБ, безмалку смешно изгледаат со својата понуда на камати 2% или 3% годишно!
Арно ама посигурна банка се (ќе каже некој)....
Е да, па Гејлада стои позади неа! :D
што зборуваш 8-9%,тоа го нема никаде во светов на таков вид штедење...2% е реална камата
 
T

Tetro

Гостин
И која е моментално најдобра банка за орочување во денари?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Да, до 9,5% максимална камата, но таа е за големи износи и за 2 години (иако како реков рокот не те обврзува, можеш да ги вадиш кога сакаш....
http://www.eurostandard.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=134:2011-07-15-22-34-38&catid=37:2010-05-04-22-54-21&Itemid=38&lang=mk
реално каматата е од 6,5 за мали депозити до 7,5% за средни годишно.... (мислев дека е 8 ама паднала на 7,5%)
Зборувам за денарски депозити.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Јас сум во СТБ, премиум на 4 месеци. Не знам дали сум во најдобрата банка. Ми искачаат околу 200 евра годишно за 200.000 ден.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Шо мислите за ова? Се исплаќа ли во денешно време да се орочат пари во банка? Да речеме, имате 1.000Евра cash, да ги орочите на 1 година, колку камата би дале, и во кои банки?
Имај ти 1000 евра и лесно си ги ставаш во ProCredit таму годишната камата е 7,5 % така да годишно ке зимаш 75 евра од камата ако не се лажам :D
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
За мале паре гину и будале орошување никако,не вреди!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Јас не би штедел единствено се испалити да имаш кеш за време на рецесија кога се оди надоле или за време на виска инфлација кога има виски каматни стапки над инфлацијата. Како во САД за време на почетокот на 80ти кога имало каматни стапки од 15-20%. Инаку во сите други случаи подобро е да не се има валути. Подобро е акции или стоки. Во моментов стоки се најдобро нешто за штедење. Мислам пред се благородни метали како наједноставно нешто но, може и друго. Но, ги разбирам луѓето што сакаат да штедат. Штедењето има некој позитивни страни.
-Немора да се замараш со менување на инвестицијата.
-Има сигурен принос.
Лоши страни се
-Приносите се многу ниски
-Инфлацијата го јаде основниот влог многу лесно А не е да им се верува на владите дека не печатат пари.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
За мале паре гину и будале орошување никако,не вреди!
Е за какве паре треба да гинемо Љупчо... ке ни кажеш? Еве ти кажи ми дали вреди или не:
Штедам 7-8 години и за тоа време си го дуплирав капиталот. Каматата некој период пред 5-6 години беше дури и двоцифрена, така да по принципот камата на камата за 8 години ми се дуплира капиталот! Кажи ми ти мене, пред 7-8 години Еврото вредеше двапати помалку? .... Јасно ми е дека губи од вредноста, но дај да бидеме реални инфлацијата на Еврото е 1,5 -2% годишно! Не гледам навистина што не вреди!?
Стефус, колку реалната инфлација го *изеде* мојот влог? Ти си економист, јасно ти е зошто 9% просечна камата за 8 години се дуплираат средствата. На кого не му е нека земи дигитрон 1,09 Х (износот на пример 10,000 Евра) и 8 пати на еднакво - за 8 години 20,000 Евра! Сепак куповната моќ на овие 20,000 е поголема од оние 10,000 пред 8 години и поред сета инфлација на Еврото, зголемување на цените на благородните метали, нафтата, храната.....
А што вреди? Вложување во акции? Па да вложев пред 8 години сега ќе бев во загуба 70-75%..... редум индексите на МБИ10 се даун: Алкалоид од 14,000 сега се 4,400.... Макпетрол исто така огромен пад -75 или 80% се, Фершпед да не збориме.... СТБ со пад, Телекомот, Топлификација....
Вреди ли во инвестициски фондови да се вложува? Редум се во големи минуси. На Илирика *растечкиот* е паѓачки за 4 години од 100 сега е на 63-4.... слично е и со БРИК на КД.....
Да се отвори фирма, бизнис!? Е па треба да тинтраш нечии ташаци за да ти дадат да направиш ташаци од бронза за некоја коњетина, бик или лав на плоштадот и да ќариш поштено! Чест за некои исклучоци, но повеќето новоотворени фирми едвај кубурат со ликвидноста, со долгови, со ненаплатени средства.... соочени со казни за пушење, пп заштита, медицински прегледи на вработените... и слични идиотизми!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom