Ориентални слатки, кое ви е повкусно?

Кое ви е повкусно?

  • Баклава

    Гласови: 151 60,9%
  • Тулумби

    Гласови: 92 37,1%
  • Шампита

    Гласови: 1 0,4%
  • Шеќерпаре

    Гласови: 0 0,0%
  • Кадаиф

    Гласови: 2 0,8%
  • Раванија

    Гласови: 0 0,0%
  • Еклери

    Гласови: 3 1,2%
  • Некое друго

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    248
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
баклава со тоа зеленото во прав одозгора што е и цимет :)
Тоа е зеленото е фстак ;) ....
Мене повеќе мис е свиѓа баклавата , тулумбите не ми праат ќејф ... ајде сеа иде бајрам во август па ќе се јадат баклави :) хеххе
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Dardan-ia Princ

Ај бе рецептче за тулумба потфрлете на темава од кај нусето тефтерот за рецети. Го прашувам кај мене Шеки на автобуска со тулумбине ама не сака да го кажи рецептот. Фамилијарна традиција ми вика.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Леле тулумби......:place:
ГИ ОБОЖАВАМ. Посебно ко ќе си ги умацам прстите у шербет :D
 

~ Everything.you`re.not

Salvatore`s girl
Член од
8 април 2012
Мислења
106
Поени од реакции
421
Баклава, реетко, ретко некогаш може да пробам, ако не се цеди кило шербет од истата и ако е со чоколадо :P
Тулумби не можам, што е премногу, премногу е :)
 
Член од
22 април 2010
Мислења
16
Поени од реакции
11
Еве еден вкусен предлог -Баклава со плазма ;)

СОСТОЈКИ
1 лимон
300 гр мелени плазма кекси
750 мл вода
500 гр шеќер
250 гр мед
250 гр путер
250 мл слатка павлака
200 гр ситно сечкани ореви
50 гр суво грозје
10 гр цимет
1 портокал

Подготовка на линкот Мигусто.мк
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Повеќе баклава сакам. Поготово баклава со вишни или чоколадна баклава мх мх мх:love:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Oбожавам баклава... најдобро ја прават во Гостивар, само не ми текнува како се викаше слаткарницата :)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Тулумби обожавам.:D Може и баклава со ореви прелиена со чоколадо/крем.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Тулумбите ми се премногу благи! Ама затоа кога ќе и скокнам на баклавата! Мераци :P
Еве описно да се доискажам, баклавата на баба ми! Ова лето планирав до село да одам, па да и речам на баба да ме научи како ја прави! :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Баклави кога прави мајка ми други не признавам:D

а Тулумби исто сакам дека имаат доста шербет и не се премногу натрупани со ореви
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Дајте бре рецепт за тулумби, само да не е со оштро брашно пошо нејќу продавачката да ја доведам у ситуација да ја испитува оштрината на брашното :pos:
HITCH ?
 
H

HITCH

Гостин
Дајте бре рецепт за тулумби, само да не е со оштро брашно пошо нејќу продавачката да ја доведам у ситуација да ја испитува оштрината на брашното :pos:
HITCH ?
Јас ги правам со она „Воденичар“, јас додуша се` шлакам со него, не го користам тоа жолтото од Жито Лукс. :icon_lol: Само да си знаете ретко се погодуват од прва, ќе имате многу чудни форми и големини. :icon_lol: Некои `ко кифли ќе бидат дур да им фатиш ред. :facepalm: Не знам како мериш затоа ќе ти пишувам грамови, шолји и чаши.

Потребно: 6 јајца, 300 гр. брашно (по потреба ќе си доставаш), пециво, ванилин шеќер, 400 мл вода, 130 мл (шолја за кафе) масло, кило шеќер, 1 лимон и многу малку сол, на врвот на лажичката. Баба ми, Бог да ја прости, беше мајстор за готвење, благо, солено... немаше утка кај неа! Нејзин совет ми е: ако правиш благо со брашно, тогаш на врвот на лажичката ставаш сол. Се` едно што е благо, посебен вкус му дава, а нема да се осети. Затоа секогаш во брашното ставам многу малку сол.

Шербетот го правам малку потенок од оној за баклава, ама може малку подебел од оној `ко за пиварките. Значи по желба. Финта за шербетот: 15 минути пред да го извадам шербетот ставам пола лимон да се вари во шербетот. Лимонот си пушта од сокот и шербетот ми има поубав вкус. После со вилушка го вадам лимонот и може да си го исцедам, скоро никогаш не завршува у канта. Мајка ми го цеди, а јас отпосле го доупотребувам. :ROFLMAO: Шербет: Ванилин шеќер, кило шеќер и 600 мл вода.

Приготвување на тестото за туљумби:
Брашното го мешаш со пецивото и со солта и го тргаш на страна. Водата со маслото и со едната половина убаво исцеден лимон ги вариш убаво да проврие и тогаш го тргаш од рингла. Додека е жешко наеднаш го тураш брашното и мешаш со дрвена лажица за да се соедини. Откако ќе го измешаш убаво го оставаш да се подизлади, околу 10 - 15 минути. Откако ќе се олади смесата јајцата ги доставаш едно по едно. Јас да ти кажам право, претходно убаво ги матам со вилушка сите заедно, па после полека само ги дотурам, ама многу полека за да се измешаат поубаво... Кога ги доставам јајцата ги мешам со миксер, за поубаво да се соединат и да нема грутчиња (а некогаш и со рака, миксерот е за побрзо и почисто). Откако го измешаш убаво полниш во шприц и пржиш. Масло ставаш `ко за компир пржење, ама, да ти кажам право, јас сум мрзлива да ги пржам, па ги печам у рерна, ем заштедувам и на масло, ем набрзинка е. :icon_lol: Голема длабока тепсија си ја мачкаш со масло ставаш хартија врз неа и со шприцот само ги редиш, а меѓу нив оставам место `ко за пиварките што се остава место, околу 2 прсти одалечени. Рерната ја загреваш на 250 степени, штом ги ставиш намалуваш на 200 и штом заруменат ги допекуваш на 180, колку да се зорат внатре. Околу 40 минути ќе треба да се печат, а зависи и од шпоретот. И воздржи се да не отвориш, мене ретко ми успева. :giggle:
Жешките туљумби ги потопуваш во оладен шербет.

Сега да ти ја кажам најјаката финта што ми ја кажа една другарка. За да не ти бидат со чудни краеви туљумбиве, `ко завиткани бомбони, оти со шприцот мора да прекинеш некогаш, засекуваш со ноже. На пример, ставаш смеса во шприцот, шприцаш и штом ја постигнеш големината со ножето ја сечеш, а не `ко мене да ја вртиш `ко ласо. :pos: Така ќе ти бидат поубави на изглед.

Инаку, кај пластичарите има калапи за туљумбиве, ама не знам по која цена се. :( Јас со готварски шприц ги правам, ако ти се иде некој ден да ги ѕирнеме call me. Ако имат питанце, повелете.

Со финтиве Магдинчев не ми е рамен! :coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom