Омилени стихови од македонски поети

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
ИСПОВЕД


Откако ги отворив
сите врати на твоите храмови
посакав да заминам далеку некаде.
И не помислував
колку многу тагуваше по мене.

А сега, кога сум далеку од тебе
посакувам назад да ти се вратам,
фреска на повторна љубов да изрезбам.
Сега ти не помислуваш
колку многу јас тагувам по тебе.



НА ПОКОЈНИОТ КОЛЕГА ЦВЕТКО ЈОШЕВСКИ

I

Те чинам присутен
во сликата од мојот дофат што ми бега.
Во срцево низ тажен напев болка надоаѓа,
во градиве плач - бран неканет вјаса.

Те чинам присутен,
а само гласот твој
во сладок присет
одѕвонува меко.
И тој присет ко жар што гори
на брегот на твојата река
од јавето назад ме враќа.
Таму на тој брег
во нежен цут
еден цвет оставаше по тебе.

О животе,
зошто понекогаш можеш да бидеш горчлив,
зошто пелин во срцата ни ставаш?

II

И сега, кога стојам отпуштен во тага,
кога душава тажаленка реди
со глас претопен во плач,
кога пак сум дојден со тебе збогум да земам,
чинам не е вистина.
Очекувам утре пак заедно да се враќаме дома,
или пак во дворот школски да се сретнема пак.
и пак да си речеме: Како си, Брсјаче?

Кажи, зар тоа не беше така?
Зар не беше тоа поздравот наш?
Се сеќаваш, така се поздравувавме.

Те чинам присутен
а само твојот глас
во сладок присет
одѕвонува меко.
И болка срцето го жари,
зошто цветот во кого чекаше мај
есента го стаса.
Од твојата пролет
не остана цвет,
не остана,
не,
не остана оној цвет.

О животе,
зошто понекогаш можеш да бидеш горчлив,
зошто пелин во срцата ни ставаш? Зошто?

Радован П. Цветковски „ Кругови Од Лузни“
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
ОДЗЕМАЊЕ НА СИЛАТА

Ти што му даде неимоверна сила,
Да растам мускулесто како даб, на глуждови,
Да се израдувам, млад, од своето чаталење и листење,
Да шалавам наивен,
Ти што ми даде да сетам дека и земјата можам да ја поместам
Како орач што истава камен пред лемешот,
Мој Боже,
Зошто се уплаши од мене,
Зошто во непромислен страв ја измени својата првобитна намера,
Зошто ми ја одзеде силата?
Јас ти приоѓав во мислите како на родител што му се приоѓа,
Идев вол твојата дома со проста верба на дете
Што затрчано се враќа од играње да земе краешник од ноќвите,
Јас те знаев свој закрепник, усмевнат на мене,
Задоволен од бистриот вир на мојата душа,
Добродушно грижен,
И не можев да теэ замислам инаков —
А ти семоќен,
Ти се престори на — питач,
Ти се облече во партали брашносани од просјачка торба,
Ти си испиша на лицето мака на постанат старец,
Слеп се направи
Да не ја забележам лукавоста скриена во твоите очи, —
Само подобро да ме подбидеш,
Да ме купиш, да ме премериш на кантар,
И после да ја покажеш сурово својата власт над мене.

Мој Боже,
Зошто до толку се понижи
За да ме поништиш мене?
Не мислеше ли дека еден човек
Ќе сведочи за миг на твоја подла слабост,
Ќе го гледа со горка потсмешливост дури и величието на небото
Во пролетна полноќ кога се ѕвездите јадри
И обнадежени во тиха молитва.

Безмилосен
Ти немаше мерка за моето унижување.
Ти ме преполови
А ми го остави чувството за мојата сила,
Да бидам како пресушена подземна река
Во која темницата уште не е успокоена од татнежот на брановите.
Потсмешлив
Ти ме направи прв во царштина што пропаѓа,
На лаѓа што тоне со товар на маки и гревови,
Да крепам, да спасувам,
А матната вода поелопува.
О сити се ти горе,
Ти што ме роди бележан меѓу сите
И што ме дари после ваков дар.

Мој Боже,
Чади во твоите раце гламната со која ми ги подгоре крилата,
Целата моја сушност се накрева против тебе,
Моето срце те проколнува,
Не чекам одговор од тебе,
Унижен
Сеќавам сепак во мене нешто што те надминува,
Што си го имал, можеби, но си го отуѓил
Кога нè создаде да откинеш од маката,
Сам
Низ думани треба да го барам патот на мојот живот.


Блаже Конески
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн –
народ!

Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б'сне слнце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот –
ќе л'сне живот нов!

И реки ќе потечат
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдни
голи
гладни
по целата земја!


Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Никогаш веќе не ќе знам што било во мене врело.
Пробиена од возот што ме носи
брзо се постила мрежата на ноќта
ко ноќ над чело.

А ти -
не мавтај ми со рацете бело ко бреза
јас зеници веќе немам
не барај ме, не сум грутка сонце
в жед се` за земам,
не смеј ми се широко ко нива
та ни смеа немам

паѓа небото врз мене и тежи
па ништо немам, слушаш ништо немам-
фатен в мрежи

А кога еднаш, сестро сина, чуј, сина сестро,
еднаш кога ќе бидеш сама
речи - дојди море, дојди облак, дојди сенко.
Земи ги тогаш моите дланки и слушај,
слушај сестро, сина, слушај и слух биди,
биди, многу биди - и сестра и бреза,
земи ги тие дланки со по еден белег -
на едната белег од води, од ветар, од оган,
на другата белег од сина болка, сина сестро,
земи ги тие дланки од прегратки тврди
и жешки и тешки дланки в коре -

и слушај со мртов плач на апени усни,
во тие дланки завивале води како волци
и плачеле ветрој, сестро, болни ветрој
и звечеле сабји
и прскале огној в ѕвездомети зрели
до болка, сестро...

Славко Јаневски - Мрежи
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
ПОТОПОТ СЕУШТЕ СЕ ПАМЕТИ

Потопот сеуште се памети
во твојата меѓуножна месопотамија
скокаат ситните сумерци и пак цапаат
во блатото од твоите бутини
од врвот на кулите на штркнатите им влакна
Халдејците си ги протегаат долгите вратови
за да ти ги бројат ѕвездите – капките пот
од телото ти распнато врз нив ко небосвод
а подолу, о да, во твојот блуден вавилон
јазиците се уште Бог намерно ни ги меша
и ни ги заплеткува пред Портата
што ни Кулата употребена како дирек
не може да ја пробие
кога ќе се одлучиш да се затвориш
и самоопсадена да издржиш во срамните денови
и со години само на воздух
пред многубројните настрвени орди –
твојата неосвоива цитадела пред варварите
освен ако овие не се престорат во мравки
па како морници да ти ги покријат бедемите
и како црви подземни да ти ја подјадат опсадата
за ненадејно – о небаре случајно
во мигот кога најмалку очекуваш
да пламнеш како запалена троја
со мојот предавнички коњ внатре
о не верувај им на Данајците ни кога дарови носат!
колку ли други спалени и разурнати градови
постојат под руините од твојата тврдина
никој не успеал да ги истражи до крај
спуштајќи си ја повремено љубопитната сонда
и удирајќи во последната непробојна плоча
со долмени монолити од твојата прва корка
хименот што постојано се обновува над
течната магма


Извадок од поемата "ОНА"
Богомил Ѓузел
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
ПРИЗРАКОТ НА МАТЕРИЈАТА


Весел демон сенка со пипала дави,
Де, нека го.
На збрчкани гранки презбрчкани глави.

Сегашноста лежи под црвен превез.
Од јама на очај иднината реве.

И небото има суро име - Балкан.
По крвави лочки безнадежно талка.

Од крст Исус паѓа за нов божји показ.
Во крчма од коски жив песок ќе лока.

Грблест паун в батак. Над рид крилест бивол.
Пие Исус в олтар до беселба урнат.
Еба ти го рече светечкиот живот.
И в празно се нурна.


СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Глас од Македонија


О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста со тија лаги и злоба -
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веќе векови цели
пишка и стенка од волци гости -
за брат виј`т кој да го дели
за да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да се реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д`издигне славно свој род без врева.

Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј - на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

Коле Неделковски


На Струга дуќан да имам...

1.

Изгори, - мерак, изгори,
изгори - пепел се стори!
Сал не скоривај јадови
на стари, добри мајстори!

Времиња тешки дојдова
уште по тешки прокуди,
од ден на ден се умира
и душа бере с години.

Не пеј песната страдална –
в гората капат лисjата,
водите течат - ронат брег
и влечат млади јасики,

Чаршиите изумреа,
дуќаните запустеа –
пропадна сичко, прокопса
занает златен - 'рѓоса.
2.
Ние имавме чаршиии рој - кошница пазарии ред редени маазиполни, преполни со стока.
Слегнеш ли долу в чаршиjа,минеш ли покраj дуќани –пукот и врева - работаи алтан полно чекмеџе!
Сами ковавме кондуриправевме бочви, мотики,с нашите раце маjсторскидигнавме бели градови.
Кој ни ги срина, кој ни гиочумаве градовите?Кој ни запусте, затворидуќани, куќи високи? 3. Наквеуер доjди, наквечер,наквечер - в прва темница,мини го прагот раскапанвлези во трошна одаја,на миндер седни накривенсо каракамен на гради:каде е, каде радостакаде е куќа весела?
Штамата чмае, штаматадебнее пуста проклета,како ли, боже, чуматав косите, сичко стегнала.
По сокацитe чекораткондури с клинци ковани,штамата сечат с ножовии пиjат вино румено.
А в бафчи трендафилитеслушат ги – со темницаташепотот севда без мерак,шепотат – златни времиња! 4. Прикаски си останаастарите бочви со вино!Прикаски болни, таговнигрутки во срце снеговни!
Раскапани, буѓосанисо обрачи 'рѓосани,по темни изби мемливириjат ги црвци смрдливи.
Никоj не кова, не правистарите бочви големи!Старите бочви - преполнисо руіно вино црвено!
И ноќе - слушаш! - баботатпо бочвите саjбиите!Деца се плашат - бегаатсништа за стари времиња... 5. Банки дигнаа палатираспнаа мрежи широки,банки дигнаа палатии кули танки, високи:нагоре кула високанадолу земjа длабока.
Од сичко носат кајмакотод потта цедат го сокот,од сичко носат кајмакотмаката нам оставаат!
Банки дигнаа палати,банки на нови имами,кондури друзи коваатс мотики гроб ни копаат –паjдоса, златен, 'рѓосанашиот чесен занает! 6. Aj, на наломи излезибело Фиданче писано,прошетаj долу в чаршиjакога седам на ќепенцн!
Ако со око погледнамоко е - да го ископам,ако со рака посигнамрака е - да ja исечам.
Но ако срам ме залисаоти сум жив закопан,кажи ми, кажи, Фиданчекaj да се кpиjaм со лице?
Majcтop бев и устабашамajcтop бев - станав чираче:за борч продадов дуќанотза борч продадов алатот –с две раци сум, и тијa двескапаjа се без работа! 7. Тешката тага, тeшката,тешката тешко засвири!Севда е тешка, голема,уште по тешка прокуда!
Наточи вино крваво!Наточи на вepеcиja!Донеси да ja ковамена Крали Марко сабjата!
В горите лисjа капале –в избитe веди м'cкajaт!В поле над млади jаганцаножеви остри л'скаjат.
На Струга дуќан да имамна ќепенците да седам,да видам, само да видами на ќепенкот да умрам!​


Коста Солев - Рацин
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Ке ја крштевам родената со
солзи од леунка
без да ја држам
на ниту едно место каде што боли,
да ранува
а да не биде ранета.
-К.Панајотовски-
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Балада за стариот пес

долг пад, идиоту,
ќе го попушиш - далеку е дното -
кажи ми, што држиш в рака, чија рака?
колку прав криеш в око,
какви завеси, колку врати?
покажи ми минато што вреди да се остави
и побарај ми на заем ноќ,
тоа е нешто што вреди да се одбие.
свратив да видам како го ебеш талентот,
да чујам што имаш да кажеш -
какви лајна чуваш на биро
и зашто мочаш на светот.

се' што сакав да ти кажам,
им реков на други
и се' што сретнав оставив на крстопат
да виси ко одело в хотелски ормар,
да прибира сенки и облака духови
тоа е љубов што треба да се случи,
тоа е таа што одбива да дојде.

жута штампа, кариера, кариес -
слајд-шоуто не фура за идиоти -
имам 500 евра за тебе и уште 500
не мораш да стоиш в ред
знаеш како е, за бакшиш шљакаат џукци
ти имаш визија, ти носиш име - влагаш и излагаш
онда иди и купи си сет ратан,
мрзам да те погребам без стил.

доста сереш, се убиваш од работа
смртта треба да се плати, дувлото кошта;
сметки, технологија, циркумцизија,
такси, курви.. книга
плати и влези веќе
закупи ќуш на полица и попуши рејтинг,
тоа не е лош крај за пес ко тебе.

*авторот е млад творец, присутен на интернет просторот и наградуван на литературни конкурси, а пишува под псевдоним.

и нешто како комплементарен контраст на претходно цитираното:



Полупоетска песна


Знаеше да пишува.

Да креира мигови и светови,
неброени денови и имагинарни спомени.

Знаеше да зборува за сите појави на сонцето,
за сите манифестации на душата
и сите облици на телото.

Знаеше да создава празни шишиња,
потрошени разговори
и пропаднати пладниња...

Знаеше како се умира сонувајќи...​



 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
7
***

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ

Камбанен ѕвон в темнината се носи,
на светла радост ѕвон ечи
и хор од ангелчиња златокоси
разгласува во модри висини:
"Христос воскресе!"

Сред ѕвездена ноќ се носи ѕвон камбанен,
лета тој плавно надалеку,
кадешто татне оган барабанен,
кадешто светка крвав меч:
"Христос воскресе!"

Над македонските долини, в крв облеани,
ѕвонот на нов живот лета,
на Добруџа сред китните полјани
на слободата ѕвон ечи:
"Христос воскресе!"

Во земјата на снегот и бичот
Се разнесе камбанен ѕвон
и јасно сонце денеска таму надничи
сред адскиот мрак, по долгиот сон:
"Христос воскресе!"

Далеку, макар и глуво, веќе се носи
ѕвонот празничен на мирот
и скоро сите пречки ги прекоси,
тој громко ќе екне во светот:
"Христос воскресе!"

Камбанен ѕвон во мракот волно се носи,
на светла радост ѕвон лета
и хор од ангелчиња златокоси
разгласува во модри висини:
"Христос воскресе!"

***

ХРИСТО СМИРНЕНСКИ

НА ГОСТИ КАЈ ЃАВОЛОТ

ПРИКАЗНА ЗА ЧЕСТА

В животот никогаш не бев се надевал
на толку мил комплимент:
ме покани Ѓаволот — стариот Ѓавол —
кај него дома на чашка абсент.

Свеќата го оцртуваше остриот профил
со ивица златни зраци
и пуштајки кругчиња дим, Мефистофел
ме гледаше со влажни очи.

Во очите есенска горест му беше скриена,
но сепак беше горд и насмевнат,
и замавна со рака тој "In vino veritas!"
Ќе бидам пред тебе отворен!

Ми здодеа веќе од тој јарем на
притворство и помисла зла —
да пиеме за твојта срдечност неземна
и сивите земни дела!

Пред векови јас стапнав на земјата
и тука си изградив шега:
се венчав за земната Вистина света,
но таа ме овенча со рогот.

Возпламнав од ревност, и в црна омраза
за својата погазена чест —
човечката чест неуморно јас ја газам,
но со чест не се здобив до денес.

Намислив преку подвизи чудни да блеснам —
умирав по сто пати в бран,
но секогаш рицар на кауза чесна,
не бев пак со чест овенчан.

Очаен, окајан,еднаш во булеварот
јас тргнав неземно злочест.
И дигнав над себе си силна плакарда:
"Човек без капка чест!"

Но чудно: презир нема ни капка!
Ме пресретнуваат со интерес,
љубезно отсекаде ми симнуваат шапка:
"Без чест ли си? — Ти прави чест!"

Еден господин ме бакна: "Ах, братко,
и ти ли!... Еј, кој ли да те знај!"
Две убави дами ми кажаа слатко:
"Елате кај нас утре на чај!"

Чудесно! Невидено! Со почести ретки
испратен бев дури до дома.
Министри, цареви и придворни кокетки
ми напишаа мили писма.

И ете ме: важен, блескав, елегантен,
богат като вистински Крез!
И знам јас: крадец сум, лажго, шпекулант,
бесчесник; но... секогаш со чест!"...

И Ѓаволот замолкна. Налеа од абсентот,
срдечно се чукна со мене,
и пуштајки пушек на синкави ленти,
ме пронижа со поглед зелен.

"Црвен смев", 14 март 1923


НИЕ

Ние сите сме деца на мајката земја,
но туѓа е за нас крмечката и град
и в шеметниот круг на земниот си пат,
жедувајки зраци, гаснеме во тама -
ние, бедните деца на мајката земја.

Крај нас се вие бич, над нас тежи хомот,
и ропскиот закон на жолтиот метал;
ние раснеме во ништо, ние гаснеме сред печал
и росиме во својот друм солзи и крвав пот -
ние, бедни смртници - родени за живот.

А ние сме океан од огнени бранови,
величествен караван кон светли висини;
низ нашите срца вселената чука,
животот се крепи на наште рамена,
но ние сме океан од карпести бранови.

На земните блага севечни сме творци,
а нужда ве души до ладната си град.
Под црните крила на смртта што демне
китење чела со трнови венци -
ние, вечните творци, ние, морните борци.

Но иде ден на суд! Над мајката земја
надвиснува ураган и во громкиот му зов
се преплетуваат во едно омраза и љубов,
а мајката земја в'зссе возсепува сама,
го покрила гревот, побарала срамот.

Затоа што во боен ред ропската тама
возбудени бранови се издигаат со рев,
затоа што накипува свештениот ни гнев
и неговиот вик стозвучно загрмува:
"И ние сме деца на мајката земја!"

1920, Хр Смирненски
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ДАВАШ ЛИ, ДАВАШ, БАЛКАНЏИ ЈОВО

Даваш ли, даваш балканџи Јово,
убава Јана на турска вера?
Море, војводо, глава си давам,
Јана не давам на турска вера!
Отсекоја му и двете раце,
та пак го питат и го прашуват:
- Даваш ли, даваш балканџи Јово,
убава Јана на турска вера?
- Море, војводо, глава си давам,
Јана не давам на турска вера!
Отсекоја му и двете нозе,
та пак го питат и го прашуват:
- Даваш ли, даваш балканџи Јово,
убава Јана на турска вера?
- Море, војводо, глава си давам,
Јана не давам на турска вера!
Избодија му и двете очи
и не го питат, ниту прашуват,
туку си зеја убава Јана,
та ја качија на брза коња
да ја однесат долу в полето,
долу в полето, татарско село.
Јана Јовану тивко говори:
- Остани збогум, брате Јоване!
- Аjде со здравје, убава Јано!
Очи си немам јас да те видам,
раце си немам да те прегрнам,
нозе си немам да те испратам.
Песна која ја постираше еден член, за која за жал не наведе автор, а јас не го знам.
 
M

Mario Gómez

Гостин
T'ga za jug
Orelski krilja kak da si metneh
i v nasi st'rni da si preletneh!
Na nasi mesta ja da si idam,
da vidam Stambol, Kukus da vidam,
da vidam dali s'nceto i tamo
mratcno ugrevjat, kako i vamo.

Ako kako ovde s'nceto me stretit,
ako pak mracno s'nceto svetit:
na p't dalecni ja ke se stegnam,
i v drugi st'rni ke si pobegnam,
k'de s'nceto svetlo ugrevjat,
k'de neboto zvezdi posevjat.

Ovde je mracno i mrak m' obviva
i temna m'gla zemja pokriva:
mrazoj i snegoj, i pepelnici,
silni vetristca i vijulici,
okolu m'gli i mrazoj zemni,
a vg'rdi studoj, i misli temni.

Ne, ja ne mozam ovde da sedam!
Ne, ja ne mozam mrazoj da gledam!
Dajte mi krilja ja da si metnam
i v nasi st'rni da si preletnam:
na nasi mesta ja da si idam,
da vidam Ohrid, Struga da vidam.

Tamo zorata greit dusata
i s'nce svetlo zajdvit v gorata.
Tamo darbite prirodna sila
so s'ta raskos gi rasturila:
bistro ezero, gledas, beleit
ili od vetar sinotemneit:
pole poglednis, ili planina
-segde Bozeva je hubavina.

Tamo po s'rce v kaval da sviram,
s'nce da zajdvit, ja da umiram!
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
7
Песна која ја постираше еден член, за која за жал не наведе автор, а јас не го знам.
Нема автор, оти е народна песна... од време оно...

Боже, колко мaка има сoбрана во нашиот народ !
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
7
Ветер на заборавот

Со ветрот на заборавот
ќе го изгаснам вечерва
пламенот на копнежот
и ќе ја закопам страста
во тој пепел.
Ќе ги расфрлам спомените
да ги носи ветерот
далеку од мислите,
далеку од душата.
И додека тој ветер
ги ниша крошните на немирот,
а од нив како трули овошки
паѓаат бакнежи и воздишки,
презреани допири и
исушено лисје од трепет....
без трошка каење
ќе бидам нем сведок
на соголениот немир
кој со сувите, голи гранки
пркоси на сите ветришта!

***

Разминување

Некаде помеѓу
самракот и зората
(или можеби зората и самракот?!),
кога сите чувства,
копнежи и страсти,
сите замаглени мисли
и бистри двоумења
ја губат својата форма,
талкајќи во полумракот
(или можеби полусветлоста?!)
во потрага по јасност
- мрак или светлина (?).....
Тука некаде, душо,
ние се разминавме!

***
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Малцичка сме ли ете па што, малцичка божем а веќе со векови по стопати по севезден не пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се и покрај се и покрај се колку сме толку сме токму сме!

Извадок од “Нашинска“- Гане Тодоровски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom