Омилени стихови од македонски поети

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Em, ete ti ja.

Eve, za site ostanati edna preubava makedonska, da se znae koi sme i sto sme:

[FONT=&quot]J[/FONT] [FONT=&quot]JAJCE[/FONT]

Моќно е како громот јајцето
во испреплетените жили на вулканот
избувливо во луња и суша земјотресно
ја ниша камбаната на прапостанокот
искрата самата себе се осветлува
и се враќа
во фосфорната кибритка на ноќта
Плачеш
во лицето зад лицето
во реката зад реката
се искачуваш
по скалата на испарувањата
во каменото седело на карпите
на дофат да ти биде
јајцето на орелот
да се самоотвори
во грч кога сме сами
во страв кога сме храбри
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Глас

Пак ме сонуваше, нели?

Не реков: не! Не пуштив гласен крик.
Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
секој ден, секој час, секој миг.

Сон биди, сон што ме мами,
сон в денот, ден в сонот, сон будно бладање,
за да се разберам колкав сум самик,
за да зачекорам в честакот Човечко Страдање.

Пак ме сонуваше, нели?

Да реков: да, ќе пуштев гласен крик,
Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
сон вечен, вечна недостиг.


Пречек

На бессоницата умората е траг,
исчекувањето со немир ја преполнило.

Па сепак, окото и увото се праг
на надежта, што она ја засолнила
од сомненијата - тој тиок, злобен враг.

Приквелерината ја чувствува ко лост
што треба долго да го крева сама.

Немирите во срцето се гост
а ноќта - бескрајна и штура штама.

Не, таа ноќ ќе биде само мост
по кој ќе мине чекор задаржан, жив,
по кој ќе мине надеж долго чувана,
да сретне сјај во денот смолкнат, сив,
да сретне радост толку очекувана

и... Него, меѓу нив.


Гане Тодоровски




Бела ѕвезда

Ќе го украдам духот на оваа земја
и највисоко ќе се искачам.

Мене црн затвори ме во сини очи
дури еднаш и светлината
не побегне во најтемни ноќи.


Радован Павловски




Љубов

Не иди зашто жалосна би била,
и колку да те копнеам - се ледам.
Што младоста во темен неповрат скрила
ме влече назад со измамна сила,
но зар со подбив тоа да го гледам.
Сум сакал, сета цибрина ме свила,
не иди љубов, жалосна би била.


Блаже Конески




Сенки

Имам песни кои никогаш не сум ги напишал,
а знам дека ги имам и се мои;
тоа се песни кои воопшто нема да ги напишам -
ним им` е дадено да живеат како сенки.

Се` мислам дека штом ќе се обидам
да ги пуштам во светот на виделината
ќе им` го збришам превезот на магијата
како правта од крилата на пеперутката.

Па ќе ми паднат немошни пред нозете,
и нема повеќе да бидат тоа што биле...
После ќе жалам задека сум посакал
да им` го дадам она што го немам.

Но жалта тука нема да помогне,
пеперутките втор пат не ќе полетаат...
Не, тие песни нема да ги напишам,
ќе ги чувам за да не станат никогаш стварност.


Тагата и дождот

Дождот не знае за тага.
Тој само така еднолично ромори
и ги кисне покривите, тротоарите и гранките.
А кога во нашите очи има влага,
кога тага во нив ќе проговори,
тогаш, лепејќи ги за прозорец дланките,
имаме обичај да велиме,
дека врне тажен, есенски дожд.
И долго од прозорецот не се делиме.


Одмор

Спушти ја завесата на прозорецот,
да стане полутемнина,
притвори ја бесшумно вратата,
притаи се.
И ништо не ми расправај,
ништо не ме прашувај -
да биде тишина:
сакам за миг да замислам дека сум сам,
дека сум стасал на некој завој од вековечноста
времето кај што запрело -
каде што луѓето не ги познавам,
каде што никому нема што да дадам,
каде што од никој нема што да земам...
Каде што се` е така како што е.
Некаде кај што тишината на беспристрасноста
ги израмнува нерамнините на желбите и барањата.
И како далечен патник без пристигање
да го спуштам за миг багажот.
Потем леко да поминам со рака
врз капките на челото набабрени.
Спушти ја завесата на прозорецот,
во полутемнината сакам да замислам -
дека се одмарам.


Гого Ивановски
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Песна од Славко Јаневски, која буквално ме расплакува, затоа што е истовремено и неподносливо убаво и неподносливо тешко и тажно очите да ти бидат сведок на зборови напишани од гение.

Сон на студена плоча

Како лекар на око болно
капки кога цеди капка по капка
сон капе во полноќ.

Земјо волчозаба
гладнице
ревни, изревни се
израсни в пена.
Трево, отреви се
надвјасај ме до рамења.
Живеам-
крв сум и месо
коса и пламење
и око неспокојно.
Живеам- јас жена, жена, жена
жива над мртов песок.

Жена сум Мартинова.

Мартине, омартини ме
осемени ме (ќе никнам јаболкница)
и скини ме.
На две дланки одамнешни
(едната камен за удар
другата леб до рамо за љубов)
на две дланки две јаболки нишни.

Ох...и каменот и лебот
две коски се бели
а беа
и земја и небо.

Мартине, стани и стани месо
омартини
нокти во двете јаболки зарини
зрееле, ќе презреат.

Или ќе станам Шара: коски и трева
или ќе се оросам
до грло сладок товар ќе заносам.
Зошто вака месото на рог јарци ми го бодат
волци го кинат
ветар во него со бич змии гони
и самиот змиест,
па крвта му е горка
не се оплодува
и не се пие.

Мартине, твоето племе
уште како глутница скита
и на свадби крв од ками лее;
доброто на зло го гони
и злото пак на зло го враќа-
на покопи пие и пее.
Мартине, стани и биди со нив
жив меѓу живи браќа.

На врба грозје родило
коза за волчи пород готви пелени
рибје чедо проодило
набрекнал камен од млеко
да ги подои тревите зелени.

А мене коските Мартинови ме распнале
ме заориле нивоорци.
Слатко пиштам, деницо уште неродена,
слатко се давам
и не знам што имам и што немам
сон или јава...
 
S

SSS-Stolica

Гостин
ОРЕЛСКИ КРИЛЈА КК ДА СИ МЕНТНЕХ И В НАШИ СТРАНИ ЈА ДА СИ ПРЕЛТНЕХ НА НАШИ МЕСТА ЈАС ДА СИ ИДАМ ДА ВИДАМ ОХРИД СТРУГА ДА ВИДАМ
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Прво писмо

Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
ни детските шепоти што ги откривав
во сеидбите на дождовите,
ни закажаната бура во пајажините
од крајпатните меанчиња,
ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
ни она што добива форма само во мојот слух,
ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
го навиваше својот ноќен часовник,
ни родилните маки на фрленото семе,
ни разгорениот пожар на главата од петелот
додека бега од сенката што слегува од небото,
ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
меѓу твоите два припека,
ни змијата што го возбудува врвот од житата,
ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
во низата од пиперките,
ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага
пред мене и зад мене, со мене и во мене.


Второ писмо

Паметувам:
тебе ти прилегаше cè, како и на силот и смилот
што ме потчинуваа однадвор, a ме храбреа однатре.
Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток,
ти беше cè што му недостасуваше на светот,
ти беше и моето незавршено минато
и затоа јас те чував и прашував за тебе.

Молњата што минува низ тебе во мене ce одразува
и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш.
Јас сум твој роб за да ја прославам слободата
и тие летни жеги околу твојот појас
и тие ладни меани во твоите пазуви
и тие кавги на ветровите пред твоите поли
и моето време што беше во твоето.

Паметувам:
што читаше дури читаше и што – кога не читаше,
како легнуваше навечер, како ce проѕеваше наутро
и како денот го продолжуваше со својата насмевка,
возбудлива ко квeчерина во отворена калинка.
Во тебе беа границите на Целокупна Македонија
и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина.

Ти стигнуваше пред своето тело, пред својот глас
во кого ме допираа недопрени води.

Ти беше мојот Тримир и мојот Светилеб
и моето прогонство беше за да бидат целосни
твојата волја, a мојата неволја.
На дното од морињата, на врвот од копната
ти секаде прва: и пред зракот и сред мракот:





Трето писмо
Беше тоа еден ден што траеше цела година.

A беше тоа кога помислував
дека твојата коса низ туѓи прсти
истекува ко млаз вода или ко сува пченица,
па јас останував сам и сите остануваа сами
и возовите добиваа нови и незнајни брзини
и веќе никаде не можеа да запрат;
и тревите почнуваа да ветреат во лажна прељуба
и сите ветрени коли носеа од моите боли.

A беше тоа кога помислував
дека полната светлина од твојата уста
капе и ce меша во туѓа пладнина,
па гаснеше варта во моите очни витли
и шумите слегуваа во длабоки подземја
и небесата догоруваа и реките потекуваа нагоре
и животните ме гледаа како пријател што го губат
и cè што беше мое живееше без мене.

A беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без тебе,
па почнував да личам на сите мои предци,
на сите мои предци, a најмногу на себеси.

Беше тоа еден ден што траеше цела година.

Четврто писмо

Една година јас без тебе, јас без себе,
една година како елениче – плетениче на провинциите,
како едначење на гласот од селските тажачки.
Видот не ме открива, телото не ме прифаќа
и веќе почнувам да живеам со бестелесна тежина.
A мојата далечна мисла сека над градовите
и секој говор ми почнува со твоето име.
Te оживувам од сите слики, но жива нигде те немам
тебе равенко меѓу моето тело и мојата душа
Една година како во нашето растојание
ги гледам причините за сите војни.
Сето бело видело ми го скри под своите трепки,
(занишани како јуриш на летни ’ржи в присој)
па ни пат кај што врвам, ни сон кај што преспивам,
ни крај, ни бескрај, ни земја кај што те здогледувам,
и пак со тебе легнувам и пак без тебе ce будам.
A една година како трчкам по жална Македонија,
одбирајќи зборови што секаде ќе те прочујат
тебе балсам и шеќерпаре, тебе радост на иднината
што севезден ги бодреше моите болести.
Една година како ce враќам кај тебе
само со тоа што ги препрочитувам твоите писма,
и една година празен ко празна воденица,
ко месечината што ce празни на полноќните распаќа.
Една година оставен да ce бранам од себеси
како мразот што ce брани од својата нежност.
Една година ти без мене, јас без себе.




Петто писмо
А те барав во учебниците, те барав низ вековите,
во заседите на ветрот, во прангиите на зимите,
во неразбраниот срам на хоризонтот пред зајдисонце,
во неразбирливиот копнеж на ракатката – тутун,
што се дипли и оддиплува меѓу прстите,
во раскуќената светлина од слепите и мртвите,
во рамнотежата меѓу минатите дни и идните ноќи,
во ропството на душата од дувачите на стакло.
Те барав во нагласокот од непознатите јазици,
во отседланите вечери и празните постели сред поле,
во вчудовидената јаглика на увото на билјарките,
во интерпункцијата од говорот на уплаканите деца.
Те барам во жестоката можност за обединување
на мојот раштркан народ,
во стракот киселица, во неупотребениот воздух,
што ги караше и миреше соседните села,
покрај наковалните од жешките и женски пладниња
меѓу овошките упатени кон својата сезонска цел,
во иглата што го зашиваше темното и светлото.
Те барав, наслушнувајќи го подземното тапанче
што беше срцето на успаните жетвари.
Те барав зад небото, во небеските кртечини,
во непрочитаниот струјомер од угаснатата светулка,
во атентатите од моите луѓе на моите луѓе,
во непроучената постојаност на страните од светот,
непроучена, а разбрана како постојана денгуба.
Те барав во незавршениот страв на ѕвездата што паѓа,
не можејќи ништо да допре во просторот.
Те барав, те барав, во сè и сешто,
Те барав, а барајќи можев само да те сретнам,
но не и да те најдам, но не и да те најдам.


***

Летување

Таа ce појавуваше од секаде
и ги соединуваше
бродовите со морето, морето со копното.
На летните спијачи им пушташе бубачка во сонот
и тие од тој ден почнуваа да живеат
со телата дома, a co главите покрај морето.
Ако кажеше нешто требаше сите напамет
да ги учат нејзините зборови,
оти во нејзиниот глас можеше да ce смести
сета моја татковина.
Ако појдеше на пазар
требаше да поскапи зеленчукот,
ако замижеше можеше да ce стемни и на пладне,
ако ce преместеше подалеку
требаше и плажата да ce премести,
ако ce вратеше дома требаше да заврши летото.
Нејзината воздишка беше граница
меѓу раздуваниот жар во јужните овошки
и успаната вода во зимските метали.
Таа беше причина за сите срцеви заболувања,
оти cè беше во движење кај што ce движеше таа.
Поетите пишуваа дека нејзината убавина постои
во сиот народен фолклор
во секој пламен, на секое знаме.
Таа ce појавуваше од секаде
и мојата брсјачка нежност ја споредуваше
со прошетките на војникот
посред друмот од куршумот.



Печал

Си ce потпирам на сенката, a мојата тага
никој да ја поткрене, никој да ја премести
од местата будни до местата што ce успани,
каде што единствено можам да ја посетам,
како што ја посетувам татковината на мапите.

Нејзиното светло ми ја отстранува темнината,
откривајќи ми ce само со својата насмевка
што е централна прослава на нејзиното лице.
Што му можам на срцето кога различно работиме,
па дури сега ми кажува колку сум оддалечен
и што ми пренесува нејзината далечина.

И потоа работам, a не смеам да ce уморам,
зашто нејзиниот поглед уште ме испраќа
и уште ме поздравува и нешто ми порачува,
па срцето и’ го пуштам во поштенско сандаче,
a таа ми го чува заклучено во ковчеже,
во забранет долап, на висока полица...

Таа можеби спие и двапати не ме гледа,
a нејзините мисли ce во моите зборови
и јас го навикнувам воздухот да ме пушта
и потаму да одам и потаму да ја откривам,
но никаде појасно одошто во сонот.




Нешто не ти кажав

Колку висок оган те изгоре однатре,
само ѕидовите празни да ти останат,
кај ти покапа месото, светлината,
твојата стрмна кожа, оптегната и проѕирна,
како вода што не може ништо да ја набрчка:
кај ќе ce скине, таму ќе ce состави.
A и облеката на тебе што зборуваше
cè што можеше твоето тело да помисли;
твоето тело, замавната сабја и секира,
сонце што можеше отсекаде да угрее
и до кај сака зимата да ја одложи,
прв ден Велигден, и прво Величество,
луња што спиеше во мојата постела...
И, ако не знаев, ако не го запознаев,
можеше cè да ми остане непознато.

Кога боледуваше ти го криевме огледалото,
да не ce видиш таму, да не те видат оттаму,
но во огледалото ти ја сретнавме душата:
ти го зеде лицето и назад не ти го врати
(дали лицето беше твое
или од оној што дојде по тебе?)
и, за да не ce мачиш, ти ја држевме раката
и те слеговме долу, те состанавме со земјата,
кај што првпат слезе и на нозе ce исправи
и, неми ние сите, нема вода те напивме,
a молчевме, зашто плачот го криевме
да не ти ce потплаши и преполови душата,
да не ти остане ни горе, ни долу.

Една змија постојано ce буди, ce поткрева
во каменот што го допирам над тебе
(како да ја менува, преслекува кошулата
и така си ја повторува младоста)
ме фаќа ко пијавица, ме полазува, ко морница,
ce излева во мене, посекаде ме студенка
и студот со твоето минато го дополнува.

Зар смртта е покривање на ладно со студено?

Кога умираше
огнот го изнесувавме и го криевме
(го чувавме ко бадник што ce чува)
куќата ни бегаше, вратите ce отвораа,
собите излегуваа од собите,
кокошките седеа, зимата не стануваше,
платното во разбоите не ce полнеше
(ко погледот, сликата и солзата твоја)
млекото ни ce губеше в планина,
a во нас рикаше, ce одѕиваше
и првнеа јаболката, дуњите и зарзаватот
и некој рече: „времето ќе ce растури
штом реката бучи и на рамно“.
И тебе, полека, cè те забораваше.

Осамен човеку мој,
прими ја и мојата осаменост како своја,
разблажи ме барем во нешто некаде,
оти сум сенката твоја што остана,
што не знае ни кај оди, ни од кај иде,
како и секавицата што не знае
кај и’ е коренот, a каде врвот,
крајот на нејзиното смирување.
Кажав, о боже, колку изнакажав,
но нешто не ти кажав,
a не знам што не ти кажав.




Петре М. Андреевски


 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ja zagubiv mokta
odam
so temen prevez na srceto
ova sto go gledam ne e vistina
kolku e studeno!

Vo tvojot svet bez ljubov,
se ke se prestori vo smrt
i se pocesto toa te raduva

nema da mozes nikogas da bides moja potreba
i kolku da me mrazis ke bide zaludno

ponekogas ljubovta e sovrseno cinicen ubiec
tolku potreben lazen odgovor

samo za ig ke poglednam tolpa
luge obicna
ovde nema nisto,
nisto sto mi e potrebno
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Хаос

Се` повеќе има жени со зелени очи.
Се` повеќе возови што не доаѓаат на време.
Се` повеќе луѓе што влегуваат со почит,
во една голема сала каде што џелатот дреме.

Се` повеќе има тополи што се сушат.
Се` повеќе има градови од кои се заминува.
Се` повеќе заминати за кои не се слуша.
Се` повеќе провеви од кои се настинува.

Се` повеќе има луѓе што се плашат од сината боја.
Се` повеќе питачи што ве влечат за ракав.
Се` повеќе непознати кои на скалите стојат.
Се` повеќе оние што не прашуваат зошто е тоа така.


Влада Урошевиќ




Височина

Птицата одлета дамна
цветот свена
дождот згина

Пладнето молчи обземено
од сончевата мисла
Ветерот благо бере
горски мириси

Еден камен бавно се срони
во водата

И видов по многу векови
од неговиот трепет
како се заниша
еден далечен брег




Езеро

По години и сништа многу
повторно се вратив
на езерово
со слатки води
залутано во скутот на ридовите

Дијамантот на сонцето
уште длаби

Не камен на неговото дно
ни трева грло што си крие
под брановите
ни птица грабеж див што носи

Око сум само око на сонцето
што му ги ниша водите
стари

О оставете ме крај ова езеро
оставете ме крај езерово
крај горчливово
оставете ме мртов



Дождови 1.

Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот
тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор
Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци
изгубено тропаат со нозете тапи без поткови
ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна
тропаат темно измешани

Каде пред оваа маса пред овој памучен
хоризонт без линии
пред ова темно месо на земјата и ноќта
измешано длабоко месо и густо наеднаш
поплава на очите и на просторите смрт

Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно
ти монотоно
поле хоризонтално уморено
желно за исправено ветровито разведрување
Каде о каде
ти тесто густо на дождот и земјата
човеку јас
камену во рацете и во очите кал

Дождови 2.

Од каде о каде доаѓаш ти позната незаборавна
песно ти дете безнадежно ти наивно
стрело од тревите и птицо на калта
сува и бескрајна врвицо низ дождот
врвицо сребрена игрива камењарко
каде ме водиш

Секогаш наслутена во водите и мракот
ти гриво блага гриво груба
нерамнодушно смела
секогаш жилаво месо на земјата и ноќта
гриво остра сабјо немирна на виделото
по сребрената врвица на просторот
како зрак и како светкавица

Па однеси ме па однеси ме велам ти детство
однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна
ти најголема илузијо без метафора
прозору неспретно отворен грубо длабок
за сите бои на вечноста

Однеси ме низ овој дожд ти врвицо
за да ме вратиш блага во овој пристан мал
во ова нежно седало на сонот

Дождови 3.

Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот
(дождови бледи беспатни и неми)
пред јаслите на моите дланови на прозорот

Храно велам хранете се испотени
и влажни од топлата пареа што се цеди
од колковите на ноќта

Игриво зањискајте да вриснеш
скокни ти птицо со заборавените крила
козјонога танчарко кобило преуморена
преку овој прозорец да скокнеме
заедно и во него пак
и секогаш без запирање
по сенестата ведрина на просторот







Барајќи го брегот

I

По месечевата игра на ветерот и ноќта
остана само зелениот облак од маслинки
на ридот
и звучната тишина на жегалците

Морето се повлече во својот разум
ветерот чмае
Утрото чемрее

Сонцето само ја осветлува
грдотијата на пејзажот
солената идила на водата и каменот

Каде сега ти осаменику на брегот
со здробената луспа од барката в око
со карпа в гради
со стерилните звучни иверки на скрежот
наоколу


II

Еј оди си оди сега одисеју
скржава ѕвездена печалбо
по пустелијата на морето

Пајакот на сонцето ја собира
звучната паника на штурците
од превртените трупови на маслинките

Брегот ни песна ни клетва
под млечниот чад на тревите
празни се дисагите на дланките

Не мавта рака Ни птица не го опишува
паѓањето на лебот
во меурите на водата

Оди си оди сега отсега си
принудна авантура на печалбата
на туѓата убавина на морето


III

Ни искушуван ни искушувач
Потен аргатин на патиштата
во безобличноста на морето

Ни враќање ни идење каде
Прободен од копјето на зенитот
во тињата на времето

Солениот ветер ја лиже
извишеноста на погледот
Тежат синџирите на летото

Но сепак растат невидливите брегови
во грмотевицата на крвта
лицето што го озрачува

Небото дланка морето капка
во товарот на сеќавањето
Скржава печалбо на сонцето


IV

A има еден далечен брег кај ќе појдам
и има еден рид каде еднашка ќе се вратам
со покорено лето под блеењето на зенитот

Тој полека се открива под водопадот на крвта
во покорната сублимност на морето

Еден брег еден далечен брег
носен во дисагите на погледот
од брег на брег носен еден далечен брег
овој брег

По кој оди одиш сега одисеју
Стерилната карпа на скрежот цвета
под твоите звучни ластари на рацете



Матеја Матевски
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Влада Урошевиќ


Сонувачите и слободното паѓање

Височини има многу.
Но постои само еден понор:
не стасуваат да речат ни збогум
кога ќе се сопнат во сонот.

Длабочината ги влече.
Ќе им се отвори под нозете
и, како понесени од текот речен,
полетуваат тие в подземје.

Паѓањето е вечност.
Минуваат низ темнината
и – како да брзаат на свеченост –
се вее зад нив пелерината.

Ги голта лакомо мракот.
Се шири в бескрај бездната:
паѓањето е неотповиклив закон
а што е долу – не знаат.

Не: ни вода ниту карпа.
Резок свршеток не им е ветен:
паѓајќи, без да запрат,
ќе согорат – како ѕвездите лете.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Повторно песни од Славко Јаневски. Патем, особено драги затоа што ги поврзувам со себе лично, како ретко кои други стихови.

Танчерка на дланка

Не плаши се, дојди,
има во тие зглобови сешто:
моето бездно од нив, слушаш
небитници темни ти нуди,
моето смеење на нив
крвави кули до сонцето крева,
моето чекање под нив
огнови разбранува лоши.
Те чека, те чека тоа горење
да изгориш, да се витосаш или да пораснеш
за едно сеќавање во црно.
Дојди, свои сме, јас - глад
и ти прекор, обајцата до корен
она што сме.

Љубомора

Дервиш е, гол до кожа. Со многу игли в месо.
Распнат од болка до болка. Разбој.
Па крвта в црно се ткае.

В очи го боли песок.
Жилите не знаат закон.
Во туѓи прозорци знае две туѓи раце.
Со десет пипци жедни и врели до лакот.

Завива во него мракот
(Лисицо, волк ли те дави?).
Праша. А, може да е гозба за риби сини.
И може да биде сув плод на гранка. До завист.
Или записник студен на две крвави шини.

Но, уште е челуст.
Нож е до петици и дервиш до: здраво, зоро.
(Лисицо, лежиш на меко и крцкаш под туѓи заби!).
Сенка е в сенка. И смеа.
И пак ќе ја чека ноќта до непца со барут набит.

Ехо на разбојничката

Мене отровни магли со бич ми биеле чело
и дождој ме копале со канџи до 'рбет, до секоја коска
и матни порои ме влекле по црни неродни долој
јас разбојник - кој немам ништо и имам се
намуртен скитник грешен што проклетство
ко вериги носам
и имам само срце и ништо освен срце голо.

И ништо. И што би имал?...И црни ајдучки раце
гламји што крале зраци црни од сончев допир
и остри заби од крцкот, од апење, од тајни
и соној и само соној - имотот на смрт ме опи...
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Пред некое време, во една друга тема ја имам прикажано песнава, но толку е добра што нема да ми замерите ако ја повторам.


Псалм за M-lle Lili

Сега сум сам во својата соба и затоа ви пишувам.
Мојата соба е мрачна, мојата соба е тажна,
И само моето жолто перо шумоли по хартијата
Радосно, како вљубено врапче.
Затоа, mademoiselle чујте ги моите стихови,
Иако не се доволно испеглани
Да капнуваат како
Eau de cologne,
Во вашето нежно, плус тоа, музикално уво.
Можеби ќе ви бидам толку прост
Како чкрипењето на селските коли,
А вие толку убави
Со нашминкани усни и душа
Како портокал грчки.
Вие, што имате 32 заба и фустан со боја на р`ѓосано злато,
Вие, чиишто гради се премногу тесни за да го пропуштат сонцето,
Вие, чиишто глас ѕвони како три хавајски мандолини,
Чиишто глас е сладок како mocca sorta,
Слушнете ги сега моиве зборови, потопли од козјо млеко:
Јас ли сум виновен што улиците на мојата душа се ширум отворени
За оние што сакаат повеќе леб, повеќе сонце и небо.
Гледајте, моите очи имаат блесок на вашите лакирани чевли,
Моите уши се црвени од радост како социјалистичко знаме,
Зашто сум пијан од вашиот глас и поглед.
- Како се осмелувате?
- Но, mademoiselle,
Та, вашиот глас ми донесува три и пол кила радост,
И, иако сте поздодевна од стилот на Хорацие,
Јас ве сакам повее од своите цокули, црни како мртовечки коли,
Па дури и повеќе,
Повеќе од моето кученце што се вика Бубу
И прецизно лае: ав, ав, ав!

Mademoiselle, јас сум само во собава
И ве прашувам:
Зошто вашиот поглед е послдок од бонбоните Нестле,
Зошто мојот глас, што ѕвони како селска камбана,
Трепери како беззаб и белобрад старец
Кога ќе ве видам и поздравам:
Bon jour, m-lle Lili!

Но вие не сте сама. Кај вас има жур.
Кај вас има 15 гости, 1253 раскошни зборови,
15 `добредојдовте и 15 `како сте`,
15 цилиндри, плус 15 празни мозоци, плус 15 дебели черепи,
Кај вас се: батаљон фрази готови за старт,
Кај вас се 15 по 2 рамно 30 бели ракавици,
Кај вас е: жур, жур, жур!
Но јас нема да дојдам кај вас,
Зошто немам цилиндер, ракавици, насмевки.
Нема да дојдам кај вас, туку ќе ви напишам едно писмо,
Добродушно како магарешки уши.
А вие, ако не ми одговорите,
Ќе се најадам конзервирани сардини,
Франсис-Жамови елегии
И Андерсонови приказни
Од жалост и кивавица.
И смртно ќе се разболам од љубов,
Па ќе го земам своето кученце Бубу,
Ќе го бакнам во муцката
И заедно ќе залаеме од жал и љубов,
Вака:
Ав, ав, ав!
Ав, ав, ав!



Јануари 1941


Песнава е напишана од Ацо Караманов, во 1941 година. Авторот умира на 17-годишна возраст, а ја напишал некоја година пред смртта. Возможно ли е? Секогаш кога ја читам, одново и одново се воодушевувам и се чудам...Толку модерно, толку ге-ни-јал-но!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Тањушка, фала што ми(ни) ја откри песнава...Уште не ми се верува колку е современа и колку е убава, пред се.

Кога булките ќе се истргнат од својот корен
и ќе појдат
една по една
кон својот залез
не следи ги.
Свадби веќе нема,
на секој чекор стои по една есен
смешна, бела и гола.

Кога булките ќе остават зад себе пустош
затвори го во себе дождот.
Нека ѕвони во олукот на твоите жили
под еден познат таван.
И молчи.

Кога ќе падне ветрот на твојот прозор
со три писоци танки
и плач на незрел жерав
пак молчи.

Булките мразеа говор.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Кога ја љубев Дениција - Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
Како да калемев светлина на мракот,
Како да топев снегови фатени во движење,
Како да станував единствен сведок,
За бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
Како да му пронајдував брзина и на каменот,
Како да ја одделував душата од телото,
Како да го палев барутот
На тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
Како да внесував летен воздух во воздухот
зимен,
Како да добивав телефонска врска со сонот
Од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
Како што ги отварав пролетните аптеки,
Свестени во гласот од славејот,
Како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
Како што таа ми ја одземаше тежината,
Додека трчав кон неа,
Како што не можев да видам ништо освен неа,
Како што таа живееше додека јас умирав,
Како што и јас не знаев и како би умрел,
Ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
Како да учествував во создавањето
На првата Македонска Држава.


Прво писмо - Петре М. Андреевски


Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
ни детските шепоти што ги откривав
во сеидбите на дождовите,
ни закажаната бура во пајажините
од крајпатните меанчиња,
ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
ни она што добива форма само во мојот слух,
ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
го навиваше својот ноќен часовник,
ни родилните маки на фрленото семе,
ни разгорениот пожар на главата од петелот
додека бега од сенката што слегува од небото,
ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
меѓу твоите два припека,
ни змијата што го возбудува врвот од житата,
ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
во низата од пиперките,
ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага
пред мене и зад мене, со мене и во мене.

Секој стих од стихозбирката За Дениција ми е омилен, Човеков е извонреден, колку повеќе го читам, толку повеќе му се дивам.





Везилка од Блаже Конески

Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна
од ова срце со себе што води
разговор ноќен во тревога бесна?
-Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави траги
другиот копнеш и светол и стрвен.
Па со нив вези еднолична низа,
песна од копнеж и песна од мака,
ко јас што везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.
Судбинско нешто се плело за веке
во двете нишки, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди врквавена зора,
Везилке, крени наведната лика,
погледај в небо во плетпладне златно
се шари таму и чудесно блика
твојата везба на синото платно.
За тебе нема ни вечерен запад,
ти-морно око на трепетна срна.
Две бои тами ти горат и капат,
две шарки твои-црвена и црна.
Зар не се плашиш јаркоста нивна,
и најмил спомен дек ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
дните ти минат, прокоби се гласат.
- И најмил спомен што во душа ми блесна
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Но ти што ловиш звук на чудана песна
ти си ја кажа судбината своја.


 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
таму негде в'некое село
кај слана тивко
венеше цвете
убија дете!
гане тодоровски мислам дека беше!
Цветови - Славко Јаневски

В Тиквешко негде, в некое село
кај в слана тивко венеше цвете
убија дете.
Последна солза од око капна,
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна
"Мајка ми сама остана в село".
О, детски очи!
Криевте в себе небесно катче..
Румено крвје течеше в жили
в радост без почин...
Кај око детско натопи земја
гороцвет никна, разлиста пролет,
кај крва вреларастопи слана
црвена роза закити поле.
Мајската роза и цветот модар
в миризма молат:
"Закити друже, огнена пушка
со цвеќа млади,
па напред појди и други деца
брани со гради"
В Тиквешко, в некое село
кај в слана тивко венеше цвете
убија дете.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Можев да ти бидам
(на Демир Хисар)

Можев да ти бидам широко пладне,
искра што прска од Кумовата слама,
запален темјан, темна темјанушка,
дршка на огнот, на неговата иднина;
можев да ти бидам неизодлив припек,
преживање на ниска омарнина;
знаме што никој не го испушта;
можев да ти бидам, мој железен крају,
руда под длабока рудина.

Можев да ти бидам снежна шлаканица,
загубена потковица од одминат дожд,
стреа во цутење, излеано зеленило;
можев да ти бидам празнично шамивче,
летна бура што напаѓа од зад тебе,
ракатка пченица што трепери в рака;
можев да ти бидам, мој железен крају
усвитено железе легнато на наковална.

Можев да ти бидам одградена градина,
град што паѓа, врзан опакураце
дење заборавена од мачни разденувања;
можев да ти бидам лажица блага вода,
искачен чад од очите на ќумурџијата,
топило конопно или челична топилница;
можев да ти бидам, мој железен крају
крајче од кравајче во сиромашни раце.

Можев да ти бидам отворена корица,
компас за твоите загубени векови,
јато што ти го затскрива пејзажот,
можев да ти бидам твоја подбишега,
осветничка секира, со слушана несреќа,
сенка што не го напушта патникот,
можев да ти бидам, мој железен крају,
прв твој делник, твој понеделник.

Можев да ти бидам вечерашен поглед,
невдишен воздух, наглува година,
вар и јаглен што се гаснат оддалеку;
можев да ти бидам урнато гнездо,
потпишано утро, потплашена пролет,
испуштен ветер од планина, од кочина,
скината бразда, изгребана месечина;
можев да ти бидам, мој железен крају,
свирнато свирче, штрекната ножица.

Можев да ти бидам замрзната валавица
прошетка низ детско плачење,
угасната ѕвезда над обрана нива,
можев да ти бидам месечна вежба
на тапанот што ги собира скараните села,
кренато оружје, вработено орудие;
можев да ти бидам, мој железен крају,
здраво-живо во ведра недела.

Можев да ти бидам твое востание,
брсјачки инает, кошница рассрдено улиште,
копче што се зашива на даровна кошула
купенден на коњот за јавање, за спрегање,
кандило што ти свети дури вечераш,
дури калапиш тутун, дури си постилаш;
можев да ти бидам, мој железен крају,
чкрапнато сонце никаде што не заоѓа.

Можев да ти бидам водна терезија,
колар и скршено колце на одење,
написмено од позната насмевка;
можев да ти бидам позајмен оган
леска над Лесково, смил за Смилево,
цер и базер пред Церово и Базерник,
бреза сред Брезово, боен вик зад Боишта;
можев да ти бидам, мој железен крају,
и сложен пат за Слојштица.

Можев да ти бидам се и сешто,
но еве што стана со тебе, со мене;
ни да ме прозиваш, стоејќи ми наблиску,
а јас да те сакам и фалам оддалеку.

Петре М. Андреевски
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Сонет

Можеби си спомен, нечујно што минал
низ моите мечти оставајќи трага?
Можеби си зборот јас што сум го скинал
од усните свои, низ насмевка блага?

Можеби си сенка што во ноќта сина
одмина без „збогум“, недофатна, драга?
Или: крик на страдник безгласно што зина?
Или: лик на свидна, неплакана тага?

Остани за навек Моја, Една, Блиска,
биди само име в занес што се блада,
биди песна звучна што низ солзи плиска.

Остани за навек далечна и нема,
биди вечен гост на срцето што страда,
од кај не ќе може никој да те зема.


Љубов

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Прашинка љубов, прашинка ништотна,
прашинка невидна,
но сепак љубов, сепак љубов.

Дај да те имам во дланкиве
Нетежина, Несетило.
Дај да поверувам дека си во мене,
стуткана некаде во мене.

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Како што на пролет цветниците зачнуваат
дај да те заплодам,
за да се родиш во мене
љубов богатница, љубов имовита,
љубов плод, љубов надрочен.

Милувам прашинка да си,
тих повеј да ми те донесе...

Но, јас те имам немаштино
најтрајна недостиг,
најблиска недофат,
најголем недорек,
па, место грижата за тебе
поначесто сум доволен од себеси.


Скица за првото писмо
до Ема Гермова


Родена за да се родиш на мојот љубовден
и прв и последен, јас Те именувам МОЈА !
До тој ден Те прижелкувам по севезден
и дните стопати до прекапнување ги бројам.

I love You, ја лјублју тебја, Ich liebe Dich,
како ли уште треба да речам дека Те сакам?
Колку е збунет овој недовршен стих
пред една чуденка, пред молкот на саканата !

Зборот го болувам, болот го зборувам,
не го преболувам, не го прегорувам,
и ќе ме сотрат еден ден чинам
или убавите жени или лошите вина.

Малку ни остана за да младуваме
песно, ко најверен пес што ме пазеше
од сите јадови што ги јадувавме
и од радостите што ги радувавме
ние-непобедниците непоразени!

Зборови скудни, вие предавници мили,
речете и:
за тебе сме сочувани низ сите Харибди и Сцили
во чувствата на оној што треба да е твој,
твој во најсвидните денови неспокој.


Македонски монолог

В крвта ни остана едно недоречување
ропско, македонски и зошто не: наметнато !
И требат тони грижи на појќе поколенија
за да се истријат тие петна
на срам од себеси, од себепремолчување.

Не знам дали сум јасен, Родино,
но сета дарба што ја носам и за себе ја викам
најобично несокривање на мислите,
ќе Ти ја завештам во трајна своина,
оти нам ќе ни бидат недоволни нашите години
за да Те дотераме како милноина
и како наш протеј да Те осмислиме.

Самите се нарековме тоа што сме,
самите в часот зол и ќе се преброиме-
но, пуста таго ле, смев до смев па грев до грев:
одвеќе стоиме! И ако така уште постоиме,
не ќе постоиме!

Кои ли бевме? Кои сме? Од кај ли дојдовме?
кого ли турнавме, кого ли качивме на престол?
И дали не ни е нужен некојси дедо Фројд
за да ги одгатне нашите нејасни гестови?

Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде
да не би одново да Те раздадеме !
Толку го демне срцево голомразица
да не би да Те запреатме во фрази,
па, како сите умници на светот
што саможивништвото за вјерују го прифатија,
да се извикне гордо и клето:
UBI BENE IBI PATRIA !


Нашинска

Да ни е да сме доста
колку за да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине-

Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине-

Да ни е да сме мерата
колку за да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот-

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден не пребројуваат

Но ние сме како што сте како што се
и покрај се' и покрај се'
колку сме толку сме токму сме!




Гане Тодоровски


 

Kajgana Shop

На врв Bottom