Омилени стихови од македонски поети

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677


Понјакога ште идвам в'в с'нја ти
като нечакан и неискан гостенин.
Не ме оставјај ти отв'н на п'тја –
вратите не залоствај.

Ште влезна тихо. Кротко ште приседна,
ште вперја поглед в мрака да те видја.
Когато се наситја да те гледам –
ште те целуна и ште си отида.
Ќе извинат останатите што те цитирав ама морав да искоментирам дека не од патриотски побуди туку од што бугарскиот јазик ми е асоцијација за "хумор", ниедно писание не можам сериозно да го прочитам, а уште помалку да го доживеам истото. :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ацо Караманов

Псалм за m-lle Lili
Сега сум сам во својата соба и затоа ви пишувам.
Мојата соба е мрачна, мојата соба е тажна,
и само моето жолто перо шумоли по хартијата
радосно, како вљубено врапче.
Затоа, mademoiselle чујте ги моите стихови,
иако не се доволно испеглани
да капнуваат
како eau de cologne,
во вашето нежно, плус тоа, музикално уво.
Можеби ќе ви бидам толку прост
како чкрипањето на селска кола,
а вие толку убави
со нашминкани усни и душа
како портокал грчки.
Вие што имате 32 заба и фустан со боја на `рѓосано злато,
вие, чиишто гради се премногу тесни да го
пропуштат сонцето,
вие, чијшто глас ѕвони како три хавајски мандолини,
чијшто глас е сладок како mocca torta,
слушнете ги сега моиве зборови, потопли од козјо млеко:
јас ли сум виновен што улиците на мојата душа се
ширум отворени
за оние што сакаат повеќе леб, повеќе сонце и небо.
Гледајте, моите очи имаат блесок на вашите
лакирани чевли,
моите уши се црвени од радост, како социјалистичкото
знаме,
зашто јас сум пијан од вашиот глас и поглед.
- Како се осмелувате?
- Но, mademoiselle,
та вашиот глас ми донесува три и пол кила радост,
и, иако сте поздодевна од стилот на Хорацие,
јас ве сакам повеќе од своите цокули, црни како
мртовечки коли,
па дури и повеќе,
повеќе од моето кученце што се вика Bubi
и грациозно лае: ав, ав, ав!
Mademoiselle, јас сум сам во собава
и ве прашувам:
зошто вашиот поглед е посладок од бонбоните Nestley,
зошто мојот глас, што ѕвони како селска камбана
трепери како беззаб и белобрад старец
кога ќе ве видам и поздравам:
Bonjour, m-lle Lili!
Но, вие не сте сама. Кај вас има журка.
Кај вас има 15 гости, 1253 раскокодакани зборови,
15 ,,добредојдовте“ и 15 ,,како сте“,
15 цилиндри, + 15 празни мозоци, + 15 дебели черепи,
кај вас се: баталјон фрази готови за старт,
кај вас се 15 * 2 = 30 бели ракавици,
кај вас е: журка, журка, журка.
Но јас нема да дојдам кај вас,
зашто немам цилиндер, ракавици, ,,Благодарам на
прашањето, арен сум“
Затоа чујте:
Нема да дојдам кај вас, туку ќе ви напишам едно писмо,
добродушно, како магарешки уши.
А ако вие не ми одговорите,
тогаш од жал и кивавица
ќе се најадам конзервирани сардини,
Франсис – Жамови елегии
и Андерсенови бајки.
И смртно ќе се разболам од љубов,
па ќе го земам своето кученце Bubi,
ќе го бакнам во муцката
и заедно ќе залаеме од жал и љубов,
вака:
Ав, ав, ав!
Ау, ау, ау!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Таа - Анте Поповски

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа која бесконечно молчи
и онаа која го слуша моето молчење.

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа која бесконечно чека
и онаа која влегува во своето чекање.

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа што е распната
и онаа која ги кове клинците врз себе.

Оваа песна до бесконечности продолжува
зашто никојпат не е таа сама:
сама се чита - сама се пишува:

Сама себеси врата - сама себеси клуч.

Љубовна – Анте Поповски

Пред да се раздени
За неа беше разденето
Пред да се стемни
За неа беше стемнето.
Го преврзуваше сонцето со влажна шамија
И го успиваше крај неа.
Ние, дури чекавме да расцутат овошките,
Таа веќе ги береше плодовите од нив
Полни чинии поставуваше пред нас
И ништо не ја возбудуваше.
Ние ќе и покажевме камена птица што лета
Таа ќе речеше: Да тоа сум јас,
Птица во окото на сонцето!
Ќе и принесевме сини цветови што ги брал
Александар Македонски покрај Златна река
Таа ќе речеше: Тие цветови веќе сум ги носела в пазуви!
И секогаш
и секогаш молчеше.

Велеше, се што имам да речам си го реков себеси
Право е на другите да си молчат за својата судбина
Не постоеше ништо што можеше да ја возбуди.

Цел живот верував дека е жена
Не знаев дека е Бог
Само тој не копнее по ништо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.711
Поени од реакции
33.355
„Ноќта“

Од стално сакав да влезам во читална и да свикам : Гооуу памп дет џееем памп ит рааап ! на поетско читање и да излезам одма ко нинџа.
Од стално сакав на некоја скроз непозната авион цура да и свикам ко да ја знам цел живот : Кајси ма иди уби се не си фер колку си убава!
Од стално сакав да очнам на јога и : терасап мера бап тера бата хеее од пежо двеста шес да ја извикам песната на сред тишината.
Од стално сакав да знам да летам ко Петар Пан за навечер да крадам сладолед од Палма и да дистрибуирам до детска онкологија.
Од стално сакав да те залапам во градски автобус пред сите и да свикам ТЕ САКАМ !
од стално сакав да и се насмеам ко бени хил или бошко трпески на таа згодната во банка
од стално сакав да им ја испеам дооон ток џаст кис на јеховините сведоци кога ќе ми дојдеа на врата
од стално сакав да ти ги поврзам бемките на грбот со рапитограф оти ти правеа ѕвезда
од стално сакав на мајка ти да и пишам смс твое е царството небесно оти ми ја даде неа
од стално сакав да го поздравам татко ти преку радио дури се враќа од работа во кола со онаа народнана: Дајтеее ми јаааа
од стално сакав на љубопитните баби пред зграда да те преставам како - Меланхолија
потем да пуштиме порно на најгласно и да се смееме дури сечеме зарзават за салата
од стално сакав да и направам буууу на таа остпротива нон стоп што е на шпиунката
од стално сакав да се насмеам како во цртанот Том кога е злобен со „УУУУУХАХАХХАХАХАХАХ“ дур те покривам преку глава со чаршав.
од стално да добијам од тебе смс Вечер или шеездевет или анонимно ќе им пишам на твоите дека се фиксаш !
Од стално сакав на шаховско првенство да отидам избарџан и да викам МАКЕ- ДОНИ-ЈА МАКЕ-ДОНИ-ЈА!
Од стално сакав да ти поклонам миленик да те потсеќа на мене
со лептир машна и сваровски синџирче мала црна свиња.
- да ти ја донесат од Сити Бајк пред сите на работа!
Од стално сакав да ти ги кажам барем дел од сите овие работи
пред да ми изустиш: Дарко ... јас не знам ... јас не знам дали уште те сакам... дај ми време јас не сум сигурна !
Од стално сакав тогаш место да молчам да имам сила и преку разгласот на железничка да извикам : Децата твои катаноќ ги сонував - да ти ебам мајката!
Oд стално сакав да ти кажам барем дел од сите работи ...
пред да ми ја остариш застално душата ноќта.

Најновото од Дарко Лешовски :cuc:
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Анте Поповски - Гоце Делчев
1.
Кон Македонија
Постара си од гороцветот и ножот
- И тоа е сé.

Во една твоја црква
Откопан е зборот востание.

Еве го и најдревниот глужд
Со твоето име.

Заградена си од време
И свртена кон едно друго време.

Те молам,
Благослови ме за покорник
На твојата религија на недојденото.
 
Член од
27 март 2013
Мислења
12
Поени од реакции
6
Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.
Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.
Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знеав како би умрел,
ако таа не се родеше.
Кога ја љубев Дениција - Петре М. Андреевски
 

Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
Мисли

Кога си мислам нешто ќе биде
ништо не бидува
кога си мислам ништо нема да биде
пак ништо не бидува
барам начин на мислење
кајшто нема мисла


Те чекам

Ја исчистив собата
го вклучив радиото
и те чекам
Излегувам на терасата
но ти никогаш не доаѓаш
додека гледам на улицата
Влегувам во собата
се прашувам
како ќе бидеш облечена
Секој момент
треба да заѕвониш
Те чекам

-Тихомир Јанчовски
 
B

Borg_Drone

Гостин
Една од поомилените од Ацо Шопов, како само си ја опишува човекот сопствената борба со „демонот“ од бездната тоа е нешто неверојатно:
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ганe Тодоровски - Едeн човeк

Има едeн има едeн
Многу многу многу човек ,
Белки цело човештво е!
Чунки живо божество е!

Има еден има човек
Од човека почовeк e:
Прецедена човештина!
Препeчена убавина!

Топлината на душата
Ти ја дава да се згреeш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успеeш...

Тој со зборови те глeда,
Тој со очите ти збори
Малкузборник – многусторник
Те облeкува во грижи.

Го срeтнeш ли, ти срeќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли – видовит си,
Го снема ли – тeшко тeбе!

Има таков многучовeк,
Твоeто е да го бараш.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Девојката што поѕвони на нашата врата

Постој, поседи во нашиот двор,
проговори нешто

помогни им на овошките
да расцветаат.

Не смеам да заспијам - ќе ми исчезне од сонот

Спроти недела на моите колена кога ноќева
нејзините герданчиња од црни и жолти пеги на вратот
- како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутките

Нејзиниот глас - потих од нејзината сенка во зорите,
нејзиниот од - потаинствен од прошетката на светлината
низ земните длабочини до плодовите

Дури ножева таа
на моите колена
Незнаен ковач жар на дланката ми носи
Да запалам цигара.
- Не смеам да заспијам зашто ќе ми исчезне во сонот.

Анте Поповски
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Разговор

Јас замислувам разговор со тебе,
Некакво правдање,
Некакво објаснување.
Јас смислувам прикладни зборови,
Вистинити,
Топли,
Искрени докрај.
Можеби јас би ти кажал
Во тој дијалог
Дека, и покрај сето,
Ти си повлекла виножито
Над мојот живот,
Дека ти си ме вклопила во некаква неповторлива целост,
Така што се` добило своја смисла,
Како само по себе да се создало чудо.
Можеби малцина, а можеби и никој
Не се измислил така себе си
Како што сме се измислиле ние двајцата.

Па сепак, и покрај тој голем подем
По гест и збор,
На крајот заклучувам
Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.

— Блаже Конески
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Таа - Анте Поповски

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа која бесконечно молчи
и онаа која го слуша моето молчење.

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа која бесконечно чека
и онаа која влегува во своето чекање.

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа што е распната
и онаа која ги кове клинците врз себе.

Оваа песна до бесконечности продолжува
зашто никојпат не е таа сама:
сама се чита - сама се пишува:

Сама себеси врата - сама себеси клуч.

Љубовна – Анте Поповски

Пред да се раздени
За неа беше разденето
Пред да се стемни
За неа беше стемнето.
Го преврзуваше сонцето со влажна шамија
И го успиваше крај неа.
Ние, дури чекавме да расцутат овошките,
Таа веќе ги береше плодовите од нив
Полни чинии поставуваше пред нас
И ништо не ја возбудуваше.
Ние ќе и покажевме камена птица што лета
Таа ќе речеше: Да тоа сум јас,
Птица во окото на сонцето!
Ќе и принесевме сини цветови што ги брал
Александар Македонски покрај Златна река
Таа ќе речеше: Тие цветови веќе сум ги носела в пазуви!
И секогаш
и секогаш молчеше.

Велеше, се што имам да речам си го реков себеси
Право е на другите да си молчат за својата судбина
Не постоеше ништо што можеше да ја возбуди.

Цел живот верував дека е жена
Не знаев дека е Бог
Само тој не копнее по ништо.


се саде убајни...да ти е мерак да читаш
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Ода на детството - Киро Донев

Една мудрост, вака учи:
-Човек, тоа гордо звучи!

Ти чекориш, дете - браво,
биди среќно, гордо, здраво,
расни, вишнеј, в љубов цветај,
ко славејче пеј и летај!
Расти в јаве, и во сонот,
во ливада, крај бетонот...
Но запомни: кај и да си -
добра мисла да те краси!
Зашто ти си - иден човек,
памети го тоа довек!

Ај, секому дај му рака,
сакај го - да те сака,
помагај колку е можно -
со секого живеј сложно!

Од возот
- Блаже Конески

Ене го крајот во возбуда сина
Таму детството мое ми мина
Плачат оние планини за мене

Под нив, на падина, се призира село
Зар никој не мавта со шамиче бело?
Плачат оние планини за мене

Возот одминува се што ќе сретне
Си било онаму еднаш едно дете
Плачат оние планини за мене

Често мислата назад ме враќа
Животот другаде негде ме праќа
Плачат оние планини за мене.


Другарување - Глигор Поповски

Раце со раце да сплетеме
од добро кон подобро да стремиме
еден со друг да бидеме
до сонцето дружно да се кренеме

Ќе изодиме безброј патишта,
ќе извишиме планини,
ќе расцветаме широки рамнини,
ќе разгориме пламени.

Ќе избистриме матни извори
да ни потечат свежини
ќе разгрнеме темни длабини
за да внесеме светлини

Раце со раце да сплетеме
од добро кон подобро да се стремиме
другар со другар да бидеме
до сонцето дружно да се кренеме
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
ДВЕ ТИШИНИ


Ти конечно ме бакна,
и како и овие дождови и секавици,
како и овие ветришта,
ме окова за себеси,
и тоа што веќе меѓу нас се случи
сега и Бог – господ
не може да го спречи.

Но, каде си?

Ти и не знаејќи околу мене
насели две тишини:
една мала, во која те сонувам
и чекам, и една голема
во која исчезнувам.
Твојот заборав и моето заминување
сега и сам Господ – бог
не може да го спречи.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Сеќавање (пофалба на минатото) – Петре М. Андреевски

Дали се сеќаваш кога првпат се сретнавме
и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш
и кога јас те гледав, како да не те гледам;
и кога ти реков: Тој што ќе го прашаш за мене
оној е за кого прашуваш
и кога потоа се држевме за раце
како живиот оган што се држи за огништето.

Дали се сеќаваш кога се враќавме дома
и кога, пред да нè наврне дождот, ми рече:
Падна првата капка – почетокот на поплавите,
доаѓа водата што е корен на секој корен,
што е фитил во зрното, во икрата, во ципата
во кои се подготвува светската експлозија.

Дали се сеќаваш кога со едната рака работев,
а со другата те хранев и те милував
и кога ти реков дека прегратката и бакнежот
не ја кажуваат ни половината од мојата љубов;
кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот
и кога ти ми рече, не знам што ми рече
и кога јас ти реков, не знам што ти реков
и кога она што не можев да ти го кажам
беше меѓу моите зборови застанато.

Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата,
покажувајќи ми колку е убав надвор денот
и кога јас ти реков дека и дома е убаво
и убаво е секаде кај што ти престојуваш.
Ти рече: Погледни! а мислеше – Те гледам,
јас ти реков: Гледам, а мислев – Ме гледаш,
кога Земјата се преобуваше, се преврзуваше,
кога сè беше јасно во јасното сонце
и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката,
што беше несреќна само кога не е со тебе.

Дали се сеќаваш кога се тркаа мотоциклистите,
втрчувајќи и во денот што требаше да дојде,
кога Работнички победуваше во кошарка,
кога небото го задржуваше сонцето
на височината што е еднакво оддалечена од сите,
кога низ кожата ти наѕирав, како низ прозорец
и гледав што се работи во моето село,
кога јули надоаѓаше од секаде до секого,
кога од пологот излетуваше потполошката,
како патоказ на своето беспатје на полето
и кога ме праша: Што мисли јајцето во птицата?
и кога ти реков: А што мисли птицата во јајцето?

Дали се сеќаваш кога ветрот ги диплеше житата
и лицата ни трепереа во водата што ја пиевме
и на времето кога те чекав, кога ме чекаше
и кога те барав, кога ме бараше ко јагулата
што го бара родниот крај на својата смрт,
кога открај докрај ни се отвораше залезот,
кога нашите тела на својата сенка ù сенеа
и ноќта ја мразевме, зашто нè разделуваше,
но таа доаѓаше и празнината си ја пополнуваше
со карбитните ламби и фосфорот што ù светкаше
од очите на мачките, од срцата на светулките.

Дали се сеќаваш на она потоа и потаму,
кога ставаше за вечера, кога чекав да постелиш,
кога ми рече: Легни си!, а мислеше – Дојди!
и кога чу: Ќе дојдам дур да изброиш до сто,
а мислев: Мислам на тоа и ти што го мислиш.
И кога потоа твојот здив ми се доближуваше,
како превез навеан дожд, како пауново перце,
како облаче од испраните алишта што се сушеа;
и кога спиеше и продолжуваше да го калемиш
поубавиот сон на погрдиот
и кога утрото, гледајќи во твоето росно чело,
го препознаваше својот елмаз, своето ведро небо.

Дали се сеќаваш: Тој што го праша за мене,
оној е за кој сè уште прашуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom