Односи Русија, Грузија, Украина...

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Види под точка 6 зошто сето тоа го зборувам.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Новинарка доби куршум додека известуваше

Новинарката на грузијската јавна телевизија ГПБ Тамар Урушадзе е погодена од снајпер додека известуваше за пристигнување на конвој со хуманитарна помош.

Во еден момент, додека таа зборува пред камерата, само се слушаат истрели по што таа се губи од кадарот, но веднаш потоа, таа се враќа во кадарот додека нејзиниот колега ја придржува, и продолжува со известувањето.

- Не знам кој пукал во мене, но сум погодена со куршум. Колку што гледам станува збор за лесно оружје – кажа новинарката која се јавуваше во живо од околината на Гори.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=14607
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
„Грузиската криза може да го забрза приемот на Македонија во НАТО, но главниот чекор сепак треба да го направат Скопје и Атина“, изјави за А1 вториот човек во Американската амбасада во земјава, Томас Навратил.


Државниот секретар, Рајс, денеска пристигна во Грузија за да изврши притисок врз Сакашвили да потпише мировен договор со Москва. Дали мислите дека добрата волја ќе надвладее? Оптимист ли сте?
САД се сериозно загрижени за ситуацијата во Грузија. Мислиме дека треба да бидат загрижени и сите демократски земји во Европа и во светот.
Затоа претседателот Буш го испрати секретарот Рајс во Грузија за да поработи на финализирањето на мировен договор, го испрати министерот за одбрана, Гејтс, кој треба да спроведе мисија за хуманитарна помош во Грузија поради трагичната и ужасна хуманитарна криза која ја создаде нападот на руската војска.


Ќе го цитирам Роберт Гејтс, министерот за одбрана. Тој рече: „Верувам дека Русија решила да ја казни Грузија затоа што се осмелила да проба да се обедини со Западот.“ Дали е тоа главната причина за оваа војна?
Ние веруваме дека секоја земја има право да одлучува за својата иднина. Да има влада избрана на демократски начин, да им се придружува на меѓународните организации кои ќе ги одбере, а не врз основа на војна или на притисокот од соседна земја.
Не можам да го објаснам однесувањето на Русите и одлуките на Русија, но ова не е прифатливо за САД и не треба да биде прифатливо ни за другите земји кои веруваат во принципите од Повелбата на ОН и во принципите на самоопределувањето и на слободата. Сите земји, колку и да се мали, треба да го имаат тоа.

Можеме ли да ја споредиме борбата за независност на Осетија со Косово?
Има голема разлика. Во случајот со Јужна Осетија руските мировници беа таму со години. Луѓето во Јужна Осетија не се плашат за нивната безбедност во случај на агресија против нивната влада.
Косово беше во поразлична ситуација. Режимот на Милошевиќ изврши кампања за етничко чистење на населението на Косово. Меѓународната заедница мораше да реагира, да го запре тоа и да ја стабилизира ситуацијата.

Сега ќе го цитирам Едвар Џозеф, изјавата е од „International Herald Tribune“. Рекол: „Ако ја покани Македонија сега, НАТО ќе и испрати порака на Русија. Ќе им најави на Македонија, на Тбилиси и на неговите соседи дека НАТО е решена да продолжи по патот на проширувањето и дека нема да дозволи расипувачите да го влошат тој процес.

Дали е вистинското време за покана?
САД сакаат проширување на НАТО, како и приклучување на Македонија. Го поддршувавме тој став на самитот на НАТО во Букурешт, го поддржувавме и претходно, а ќе продолжуваме и понатаму. Сметаме дека тоа е вистинскиот правец за нашиот сојуз. Во тој контекст ги поддржуваме разговорите на ОН и амбасадорот Нимиц, со Македонија и Грција во врска со проблемот со името.
Би обрнал внимание на изјавата на секретарот Рајс, неделава. Таа нагласи дека постои процес за влез во НАТО.

Учеството во акционите планови на членките на НАТО, имаше многу позитивен ефект во другите делови на Европа, во решавањето на конфликтите. На пример, Романија и Унгарија, Турција и Бугарија. Тоа е придобивка што НАТО продолжува да ја носи во Европа. Таа промовира добри односи меѓу соседните земји, како и поширока соработка во однос на безбедноста.
За жал, она што го видовме оваа недела во Грузија, останува главен интерес за Европа и Северна Америка.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96395
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
1.Можеме ли да ја споредиме борбата за независност на Осетија со Косово?
Има голема разлика. Во случајот со Јужна Осетија руските мировници беа таму со години. Луѓето во Јужна Осетија не се плашат за нивната безбедност во случај на агресија против нивната влада.
Косово беше во поразлична ситуација. Режимот на Милошевиќ изврши кампања за етничко чистење на населението на Косово. Меѓународната заедница мораше да реагира, да го запре тоа и да ја стабилизира ситуацијата.

2.Сега ќе го цитирам Едвар Џозеф, изјавата е од „International Herald Tribune“. Рекол: „Ако ја покани Македонија сега, НАТО ќе и испрати порака на Русија. Ќе им најави на Македонија, на Тбилиси и на неговите соседи дека НАТО е решена да продолжи по патот на проширувањето и дека нема да дозволи расипувачите да го влошат тој процес.
Учеството во акционите планови на членките на НАТО, имаше многу позитивен ефект во другите делови на Европа, во решавањето на конфликтите. На пример, Романија и Унгарија, Турција и Бугарија. Тоа е придобивка што НАТО продолжува да ја носи во Европа. Таа промовира добри односи меѓу соседните земји, како и поширока соработка во однос на безбедноста.
За жал, она што го видовме оваа недела во Грузија, останува главен интерес за Европа и Северна Америка.
1. Na kogo kako mu odgovara. Se shto treba da zapamtime e deka i US i Rusija, nastapija kako 'mirovnici'.:tv:

2. Edinstveno e shteta shto sme na frontot, bez razlika koja strana ke ne izbere.:wink:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не можам да го објаснам однесувањето на Русите и одлуките на Русија, но ова не е прифатливо за САД и не треба да биде прифатливо ни за другите земји кои веруваат во принципите од Повелбата на ОН и во принципите на самоопределувањето и на слободата. Сите земји, колку и да се мали, треба да го имаат тоа.
Израз на крајна хипокризија...

Во непочитувањето на тие повелби САД далеку предњачат пред сите...да се потсетиме, две војни како мировници без мандат и согласност од ОН, за едната пробаа да добијат и мандат со фотошоп снимки, спречуваат ако треба и со вето секаква резолуција за осуда на постапките на Израел.

Не постојат принципи и правила за големите, тие се наменети за малите, а малите треба да играат како што свират големите.
 
N

n/a

Гостин
Новинарка доби куршум додека известуваше

Новинарката на грузијската јавна телевизија ГПБ Тамар Урушадзе е погодена од снајпер додека известуваше за пристигнување на конвој со хуманитарна помош.

Во еден момент, додека таа зборува пред камерата, само се слушаат истрели по што таа се губи од кадарот, но веднаш потоа, таа се враќа во кадарот додека нејзиниот колега ја придржува, и продолжува со известувањето.

- Не знам кој пукал во мене, но сум погодена со куршум. Колку што гледам станува збор за лесно оружје – кажа новинарката која се јавуваше во живо од околината на Гори.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=14607
Хахахаха....:kesa:
Де бе брат....немој и ти да паѓаш на `амерички финти`.
Препаметен си.

Ова ти е само уште едно `шоу` за гледачите во живо.
Ја погодил куршум,жими мајка....хаххаха...
Си видел како реагира жена кога ќе ја погоди куршум?
Па на се одозгора...уште снајпер...:vozbud::pos2::kesa:
Си видел снајперски куршум?
Да ја `очеша` само...пола рака ќе и ја однесе...
не па да ја погоди.
Шоу...:kesa:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Само пренесов вест, а и јас го имав истиот впечаток ко тебе. Чекав да видам реакции :smir:

Видеото е повеќе од смешно.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ГЕРХАРД ШРЕДЕР

Грузија си го бараше!
Слично прозвучи и британскиот генерал Сер Мајк Џексон кој смета дека Западот треба да ги разбере стравувањата на Русија
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер саботата го обвини Тбилиси за предизвикување судир со Москва, сугерирајќи дека грузиските сепаратистички региони Јужна Осетија и Абхазија, после минатонеделните судири, повеќе не е возможно да останат дел од Грузија. Во интервјуто за германскиот неделник "Шпигел", Шредер, исто така, го критикуваше Западот поради неговите пропусти и политиката спрема Русија и ја повика Европа да ги зајакне врските со Москва. "Почетокот на воениот конфликт беше грузискиот напад на Јужна Осетија. Не смееме да ги мешаме работите", јасно лоцирајќи ја одговорноста кај Грузија. Тој додаде дека не верува дека Русија спроведува политика на анектирање и смета дека не доаѓа предвид двата сепаратистички региона да се вратат на поранешниот статус кво, пренесува Хина. Шредер, како канцелар, имаше добри односи со поранешниот руски претседател, а сега премиер, Владимир Путин. Сега е претседател на германско-рускиот конзорциум кој го гради големиот гасоводот под Балтичкото Море.

Разбирање за Москва покажа и поранешниот шеф на Британските воени сили, генералот Сер Мајк Џексон во интервју за неделниот број на "Сандеј Телеграф". "Западот мора да ги разбере стравувањата на Русија и да направи поголеми напори да ја сфати загриженоста на Москва и акциите со кои возврати во Грузија ", вели тој. "На рускиот премиер Владимир Путин не може да му биде сеедно што се случува во државите со кои се граничи Руската Федерација, во контекст на членството во НАТО и ЕУ", појаснува сер Џексон кој беше командант на КФРО-трупите на Косово и на мировниците на ОН во БиХ. Тој додава дека е тоа сосема разбирливо зашто земјите со кои Русија граничи имаат витално значење за нејзината безбедност. И шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер оцени дека Грузија направи голема грешка со Јужна Осетија", но додаде дека реакцијата на Москва беше несразмерна".

Руската војска (не) се повлекува?

- Во понеделник Русија ќе почне да го повлекува воениот контингент, кој беше испратен во поддршка на мировниците во зоната на грузиско-јужноосетискиот конфликт, изјави вчера рускиот претседател Дмитриј Медведев во телефонскиот разговор со францускиот колега Никола Саркози. Секретарот, пак, на грузискиот Совет за безбедност Александар Ломаја нагласи дека "нема никакви знаци дека руските сили планираат повлекување, напротив ги зголемуваат контролните пунктови и ги засилуваат позициите".


Кратката војна на Кавказот изеде милијарди

На кого му штетеше, а на кого му користеше војната во Грузија?
Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Претставник на рускиот Генералштаб генерал-полковникот Анатолиј Ноговицин пред странските новинари изјави дека во Грузија нема повеќе престрелки и дека воената операција и дефинитивно е завршена. Сега додека се повлекува руската техника, а генералите „ги бројат чаурите“ веќе се појавија и првите анализи за тоа кратко војување.

Беше тоа мала, скапа но многу сурова војна по која Русија како и Грузија ќе вложат уште многу повеќе пари за модернизација на своето оружје и друга воена техника. Еден ден војување во Јужна Осетија и Грузија, Русија ја чинеше 2,5 милијарди рубли (1 долар = 23 рубли), а Грузија речиси двојно повеќе - 200 милиони долари што во руски еквивалент е дури 4,8 милијарди рубли. До таква оцена дојде центарот за анализа на стратегијата и технологијата. Раководителот на тој центар Руслан Пухов објаснува дека трошоците од двете милијарди рубли што ги потроши Русија се минимална „цена на војната“. Тоа се чисто воени трошоци и на тоа треба да се додадат и оние кои се направени во хуманитарни цели.

Сметката е направена врз основа на трошоците колку чини час летање на авион и хеликоптери, дневното користење на тенкови, оклопни возила и бродови. На тие трошоци треба да им се додаде и цената на уништената или оштетената воена техника. Подоцна ќе биде направена и анализа на другата воена штета, бидејќи се уништени голем број згради и приватни куќи, на оние несреќници на кои на покривите им паѓаа авионски бомби или артилериски проектили. Кога сето тоа ќе се собере ќе се види дека воениот виор „изел“ милијарди долари.

Додека руските генерали се насладуваат со воените трофеи, бидејќи нивната армија зароби 1.728 единици оружје кои при бегање ги оставија грузиските војници, се вадат докази и за странска помош за Саакашвили. Беа покажани автомобилски дипломатски таблички кои се пронајдени во воената зона, а му припаѓале на некој Украинец. Во Москва се прашуваат што тој таму барал.

Генералот Ноговицин тврди дека меѓу запленетото оружје голем дел е произведено во САД. во местото Сенаки недалеку од Абхазија се заробени 764 автоматски пушки М-16 произведени во САД. Русите не го користеа новото суперпрецизно оружје за војување од растојание. Московските воени експерти веќе ја анализираат техничката страна, значи нивото на водење на војна. Ниту една од страните не успеа да ја оствари концепцијата „бесконтактна војна“ што инаку ја користат Американците. Американските ученици, грузиските војници мислеа дека бомбардирањето на главниот град на Јужна Осетија ќе создаде таква ситуација што без големи жртви ќе се „прошетаат“ низ Цхинвали. Сценариото не им се оствари па затоа имаше и многу жртви. Бидејќи се војуваше на стар начин загинаа и беа ранети голем број на војници. Одреден број пензионирани руски генерали меѓу кои е и Павел Грачов кој се „прослави“ со тоа што го убеди Елцин даја „среди Чеченија“ го критикуваат Кремљ што веднаш не реагираше откако Саакашвили го обиколи Цхинвали.

Кога веќе се знаат бројките на загинати и ранети на двете страни се наметнува прашањето: кој доби во оваа војна и што, како и кој колку загуби?

На Русија која е војничкиот победник, оваа војна сигурно не и требаше и тие одамна го предупредуваа Михаил Саакашвили да не си игра со оружје. Кога веќе Грузијците припукаа и влегоа во Јужна Осетија, тандемот Дмитриј Медведев и Владимир Путин со сугестија од Советот за безбедност со кој раководи генералот Николај Патрушев, поранешен директор на Федералната служба за безбедност, одлучија да ја испратат 58-та армија лоцирана на Северен Кавказ. Беа подготвени неколку варијанти на вклучување на армијата, а генералите го чекаа само сигналот.

Интервенцијата на руската армија во Грузија има и една многу важна политичка порака за Вашингтон. Америка по војната во Грузија го загуби монополот на правото дека само таа може да ги превоспитува и им удара „шлаканици“ на непослушните. Раководството во Кремљ покажа дека е подготвено кога се загрозени неговите интереси да употреби и сила. Во Москва истакнуваат дека руската армија морала да реагира за да го сочува образот бидејќи никој повеќе не би и верувал ниту во својата земја, а камо ли во странство. Рускиот академик Сергеј Арутунов кој раководи со Одделението за изучување на Кавказот при Институтот за етнологија и антропологија вели дека со оваа воена акција Русија го зајакна угледот во тој регион. Арутунов нагласи дека сега малите народи на Кавказот гледаат дека русија навистина е зајакната и дека навистина може да биде гарант за мирот, како што тоа овие денови го зборува и претседателот Медведев.

Русија, беше свесна дека западните медиуми ќе бидат против неа, иако Саакашвили го нападна Цхинвали. Значи, донекаде настрада и имиџот на Русија. Освен тоа во Москва се свесни дека САД сега ќе се обидат на меѓународната сцена да и прават разни блокади на Русија. Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи отворено вели дека Москва е свесна дека нема да ја примат во Светската трговска организација, а „сопнувања“ Русија ќе има и на другите полиња.

За среќа Русија е богата со енергенси и метали што му се потребни на Запад, па е нереално да се очекува Вашингтон да ја наговори Стара Европа да воведе некакво енергетско ембарго против Русија.

Што загуби Грузија: најверојатно територија, значи Абхазија и Јужна Осетија, потоа имаше голем број на жртви. Освен тоа Саакашвили е посрамотен на меѓународната сцена бидејќи се покажа дека иако одлично зборува англиски не може правилно да ги разбере сигналите што ги добиваше од Америка. Шефот на Пентагон Роберт Гејтс веднаш ја исклучи можноста за испраќање на војска во Грузија.

Војната во Грузија е лекција за малите народи дека поради нив државите кои поседуваат атомско оружје нема да почнат да лансираат ракети една кон друга. Кој тоа навреме ќе го сфати избегнува да добие „шлаканица“ од некоја од големите сили. Тоа што Роберт Гејтс вели дека односите меѓу САД и Русија можат да бидат влошени на многу години ако Москва не отстапи од својата агресивна позиција во воениот конфликт со Грузија, во Кремљ никого не возбудува. Всушност токму Гејтс рече дека АД не сакаат нова „студена војна“.

Дека Русија адекватно ќе одговори на потпишувањето на договорот меѓу САД и Полска за разместување на ПРО на територијата на Полска во повеќе наврати говореа највисоките раководители во Кремљ. Член на Советот на Руската Федерација, адмиралот Вјачеслав Попов поранешен командант на Северната руска флота објасни дека со потпишувањето на тој договор на руските граници се приближува нова воена инфраструктура од друга земја. Адмиралот Попов предлага Генералштабот во блиска иднина да ги промени потенцијалните цели на руските ракетни и други единици.

По крвопролевањето во Јужна Осетија рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постојано повторува една реченица што до неодамна Американците им ја кажуваа на Србите. Лавров, а по него и претседателот на Јужна Осетија Едуард Кокојти сега велат: „По она што во војната го направија Грузијците невозможно е тие народи да се согласат да живеат во иста држава“.

Познатиот руски правник Генри Резник потпретседател на Меѓународната асоцијација на адвокати вели: „По прогласувањето на независноста на Косово несериозно е повикувањето на меѓународното право“.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
По она што во војната го направија Грузијците невозможно е тие народи да се согласат да живеат во иста држава“.


Mnogu pametna izjava na rusite
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
„Грузиската криза може да го забрза приемот на Македонија во НАТО, но главниот чекор сепак треба да го направат Скопје и Атина“, изјави за А1 вториот човек во Американската амбасада во земјава, Томас Навратил. ...


Сега ќе го цитирам Едвар Џозеф, изјавата е од „International Herald Tribune“. Рекол: „Ако ја покани Македонија сега, НАТО ќе и испрати порака на Русија. Ќе им најави на Македонија, на Тбилиси и на неговите соседи дека НАТО е решена да продолжи по патот на проширувањето и дека нема да дозволи расипувачите да го влошат тој процес.

Дали е вистинското време за покана?
САД сакаат проширување на НАТО, како и приклучување на Македонија. Го поддршувавме тој став на самитот на НАТО во Букурешт, го поддржувавме и претходно, а ќе продолжуваме и понатаму. Сметаме дека тоа е вистинскиот правец за нашиот сојуз. Во тој контекст ги поддржуваме разговорите на ОН и амбасадорот Нимиц, со Македонија и Грција во врска со проблемот со името.
Би обрнал внимание на изјавата на секретарот Рајс, неделава. Таа нагласи дека постои процес за влез во НАТО.

Учеството во акционите планови на членките на НАТО, имаше многу позитивен ефект во другите делови на Европа, во решавањето на конфликтите. На пример, Романија и Унгарија, Турција и Бугарија. Тоа е придобивка што НАТО продолжува да ја носи во Европа. Таа промовира добри односи меѓу соседните земји, како и поширока соработка во однос на безбедноста.

За жал, она што го видовме оваа недела во Грузија, останува главен интерес за Европа и Северна Америка.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=96395
За наша жал (или за среќа?), очигледно е дека НАТО умира ако не е веќе мртва организација. Уште поочигледно е дека Западна Европа е поврзана со кучечки каиш за Русија и нејзините интереси се противни на интересите на Источна Европа.

Потребна е нова алијанса која ќе ја истисне Западна Европа, а ќе ја вклучи Источна.

Сепак, убаво ќе беше да собереме плусови од можното членство во НАТО -- тоа ќе беше почеток на крајот на Грција. Пак е добро да влеземе во НАТО, формално, сигурно не по цена на името, но кога ќе се размисли, излегува дека е многу подобро е да имаме цврсти билатерални врски со Америка, Турција, Израел, Индија и Кина.

Сега се’ зависи од изборите во Америка во ноември. Навистина се - од нови алијанси до економија.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
„Грузиската криза може да го забрза приемот на Македонија во НАТО, но главниот чекор сепак треба да го направат Скопје и Атина“, изјави за А1 вториот човек во Американската амбасада во земјава, Томас Навратил.
Мене пак отворено ми личи на патка, за да може Македонското расположение да остане про-американско, без да почне да дели симпатии кон Русија.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе некои аналитичари викаа на ЦНН тоа ќе убрза процесот дури и може за нас да се исклучи тоа ветото за да не додје во скоро време ваква состојба на балканот. Ама и аналитичарите рекоа тешко дека ветото ќе биде стопирано од страна на америка и слично. Грците се гледа блокираат работата така да не се надам премногу од двете ситуации. Единствено ако Меќејн тепа на избори Америка и ни даде таква подршка како Буш што ни даде.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Грузија го блокираше пристапот до руските сајтови

Грузиските власти го блокираа пристапот до повеќето руските гласила и Интернет сајтови по избивањето на конфликтот во Грузија.
Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека не смее да им се дозволи на руските медиуми да го “плашат народот” на Грузија.
Според извршниот директор на најголемиот грузиски интернет провајдер Кавказ онлајн Мамије Санадирадзе “луѓето од безбедносните агенции барале блокирање на руските сајтови”.
Пристапот и натаму е можен до сајтовите на помалите провајдери на руски јазик.
Претставник на Министерството за внатрешни работи на Грузија изјави дека не гледа ништо “недемократско” во оваа одлука.
“Русија воопшто нема медиуми. Јас тоа не би го нарекол медиуми. Она што тие го емитуваат и печатат е пропаганда и не сакаме да го плашиме нашиот народ со овие дезинформации”, вели Шота Утиашвили.
Организациите за заштита на човековите права, досега, на неколку наврати го критикуваа грузискиот претседател Михаил Саакашвили поради односот кон медиумите.


извор: www.a1.com.mk
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Сега е јасно зошто Грузија ја нападна Ј.Осетија.
првин го натераа кретенот Сакашвили да ја нападне Ј.Осетија со ветување дека ако Русија го нападне ќе му понудат воена помош.Наместо тоа Грузијците добија само морална подршка и по некој пакет хуманитарна помош.Меѓутоа во Полска и Чешка јавното мислење се промени и подршката за инсталирање на американскиот ракетен штит порасна.Денеска тој договор со Полска беше потпишан,а со тоа Американците си ја остварија целта.
А Грузија???Грузија е оставена на милост на руските сили.

Со ваков лидер тешко на Грузијците.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom