Може да ми кажеш на кои страни точно најде?
Јас моментално сакам само да го направам системот за одржување на влага и другите параметри.
Исто ако знае некој за веќе изработен ваков систем нека сподели линкови.
Немам баш време ама ќе се потрудам и сам да најдам.
Сега да не ги вртам страниве на темата, ме мрзи. Ке ти пишам за тоа мене што ме интересираше. Плус изгледав и неколку клипчиња меѓувремено за оваа тема.
За oдгледување на буковки не е потребно многу јака светлика. На секој 2 метри растојание доволно е да се постави една неонка со должина 1 метар. Тоа е 9000 лумена светлина на 2 метри, што не е многу. Режимот е 12 часа светлина, 12 часа темно. Тоа е едноставно. Или на секој два метри може да се стави по една
CFL ламба од 100W, кај нас се мислам околу 600 денари. За тие што не знаат, има 23w CFL ламби што емитираат 100w светлина, нас не ни требаат такви. Туку точно 100 ватна ламба, а не еквивалентна на 100 вати.
Светлината од ЦФЛ (
Compact fluorescent lamp) е бело дневна светлина што е идеална за одгледување на печурки.
За одржување на влажноста не е потребно многу, доволно е секојдневно по неколку пати да го прскаш подот на просторијата со вода. И мислам дека има едни се продаваа во маркетите што на одредено време прскаат течност. Мислам дека беа миризливи. Ти наместо миризлива течност, ке го стерилизираш и ке ставиш вода. И ке ти прска на секој саат, тоа ке ја крене влажноста, али е за помала просторија. Многу за влажноста зависи каква е просторијата, најчесто подрумските простории имаат висока влажност и не е потребно многу да се преправа. Импровизирај.
Јас неделава ке купам компост и ке пишам што сум направил и ке се обидам да најдам печатена литература за оваа тема.