Сега за истите лица од ЈП Мак Шуми ќе се двојат над 100.000 евра за "обука". А за што обука?
http://www.plusinfo.mk/vest/110827/Nad-100000-evra-za-obuka-na-socijalcite-vraboteni-vo-Makedonski-shumi
И не само македонски шуми, има уште. Насекаде се делат државни вработувања како да сме најбогата држава во Европа.
2.000 нови административци
По последните вработувања во ЈП „Македонски шуми” на 1.600 лица од ранливи социјални категории, Агенцијата за администрација, веќе објави оглас за нови вработувања.
Овој пат, до 3-ти ноември, ќе се вработуваат дури 163 нови службеници во Генералниот секретеријат на Владата на РМ, 2 службеника во Општина Тетово, петмина во Министерството за правда и двајца во Собрание на РМ, или
вкупно 172 нови вработувања во државната администрација.
Ако на оваа бројка се додадат и
четиристотината нови полицајци во МВР и
294 педагози, психолози кои ќе се вработуваат во 2-3 фази, до крајот на 2015 година, се добива бројка од околу
2.060 нови државни службеници, вработени, годинава.
Јака армија со приватни пари