Оглас за вработување во ЈП "Македонски Шуми"

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Малку освежување со :facepalm:
самохран родител во ред максимални поени 20
приходи во семејство скоро 0 па ете скоро максимални поени
ама пази бе како бе самохран родител а поени за број на деца 0, што родител тој ако број на деца е 0 ? :facepalm:

па и јас можев да се пишам дека сум родител а нема деца ... а бе ајдеее


Критериум 1: број на деца во семејството Бодови: 0
Критериум 2: приходи на домаќинство Бодови: 39.52
Критериум 3: самохрани и еднородителски семејства Бодови: 20
Вкупно бодови: 59.52
иначе чоекот е ПРИМЕН
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Може има едно дете, а за едно дете да даваат 0 бодови според критериумите. Или можеби е баг во софтверот:)
 
2

~2A

Гостин
И овде има "мучки".

Познаник е примен овде, а истотака имаат во семејството 1 вработен (сопругата негова). Додека пак друг каде што немаат ниту еден вработен, не го избрале.

Секоја му честа, да си играат со судбината на луѓето кои се борат ден за ден и да играат лотарија. Јас треба да изиграм лотарија во каква поза да ги е..... ! :mad:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
ги гледав списоците... шипурка до шупурка, да не знае човек дали е критериумов дете без родител или дете во дилема кој му родител.

Како и да е, опасно играње кур со тажни судбини.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Одличен потег од маркетиншки карактер. Вработени 2000 (со 400-те џандари) кои треба да покажат дека уште 5 луѓе гласале за нив во штаб и на секој од тие 2000 рачунајте уште толку што или ќе избегаат од државава или нема да излезат на наредните избори баш заради ова. На старине иди објасни им што е софтвер, си мислат некој светец дека се симнал од небото и он одлучува. Исто така, за да не се јадат хиените меѓу себе „Син му на Перо не го вработија, а он скапа у партија“ - имаш алиби да му кажеш дека „софтерот ја јебал овој пат работата, па следен пат сигурно ќе биде“. Маса прост народ ќе живее со оваа верба, додека гледа дека не може крај со крај да врзе у месецот........во меѓувреме бели ноќи, балкански фестивали, гладијатори, опозиција во трета агрегатна состојба и дур си се разбудил - нема држава.....

Со среќа нека им е на тие што ќе ја надјаваат оваа земја без кичма, не знам само како си замишљаат дека ќе ги носи без кичма....ги слушам вчера „ставав туршија, кога ќерка ми ме викна.....“ - не знам како немаат доблест да кажат со што се квалификувани тие да работат во едно такво претпријатие - не е да не се криви - ниту се активирале, ниту протестирале, ниту дале до знаење на некого дека живеат во беда - ќутеле како токмаци и чекале по штабови....

Не знам ни дали се свесни паторот и тие мисирите околу него каква порака праќаат со вработување на random луѓе на random работни места, а не да ми го е**т и пивото на Лига на шампиони да гледам со дебилнине реклами за школување и образование....што им е па на нив гајле? Колку тие се разбираат од водење држава, толку овие 1600 се разбираат од шуми....

Убаво ја крстил фирмата оној циганон - САХАРА - пустина е веќе земјава, дрвата ги испосекоа, уште народов да испоумира и да се испоразбега.....
 
?

..........

Гостин
Јас неможам да разберам, како сеуште се надевате и верувате на оваа влада....
Јасно е дека без партиска книшка работа во државно НЕМААА!
Затоа засукајте ракавите и фатете се за работа, кој што знае и умее, или бегајте надвор....
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
233
Поени од реакции
93
Јас неможам да разберам, како сеуште се надевате и верувате на оваа влада....
Јасно е дека без партиска книшка работа во државно НЕМААА!
Затоа засукајте ракавите и фатете се за работа, кој што знае и умее, или бегајте надвор....
Апсолутно си во право!ТУку луѓе кога сме веќе кај книшкиве има ли некој да даде совет како да ја земеме,а да не останеме со празни раце.Што е најдобро!Дали и ние да висиме по оние месни заедници т.е штабови или како ги викаат маалскине продавници на партииве.Веќе секаде ги има.
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Не ми е јасно како може да е лотарија кога одбиваат народ поради помал број поени од примените кандидати?
Па чекај ако е лотарија сите имаат еднакви шанси кој кур тогаш даваат поени. Другар мој аплицираше родителите се невработени негови и е одбиен поради помал број поени. Зарем не треба причина да пишат "јебига немаш среќа на коцка" ?
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
убаво кажа форца Милан, еден алгоритам ќе вметнеш да ги исфрли на екран одредени луѓе и толку е, најлесно е да наместиш вакво нешто.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Има еден уште полесен дел - медиумите да пишуваат дека се било „по книга“
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.327
Јас, со диплома за пејзажна архитектура, од област шумарство, со искуство, волонтирања и не знам ти уште што кога се појави конкурсот бев до македонски шуми да си ја пробам среќата. Немам деца, немам толку години за 10 години да не сум била вработена, ама имам искуство и познавање, па си реков кај се 2000 ајде уште еден не е на одмет, посебно кога им се потребни работници... Ќе примаат луѓе со никакво познавање па не ти, оди пробај си ја среќата-мајка ми, која иначе за иронија е самохран родител.
И така јас, собрав цела документација, и тргнав.
- Здраво, јас сум тука за огласот.
- А, ок еве ти апликација, пополни си ја и имаш адреса прати се што е потребно и со среќа. А извини, ти социјален случај си? -Ме измерка една тетка од глава до пети.
- Не, ама големи ми се шансите да станам.

И така јас си ги пратив документите, уредно, со време, ама од моето име на екранот вчера ни трага ни глас.
А не дека не сум барала работа и пред огласот таму, само не им беа потребни работници во моментот. И секогаш истото:
- Кога ќе имаме потреба од работна рака ќе бидете известени.

А сега, кога наеднаш им притребаа 2000 работници, јас останав дома, листајќи по огласи да не некаде им е потребна девојка во кафич да мие чаши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom