Оглас за вработување во ЈП "Македонски Шуми"

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
МАКЕДОНСКИ ШУМИ
Во партнерство со природата
Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2013 пречистен текст), член 37 став 2 од Закон за јавни претпријатија (“Службен весник на Република Македонија“ број 38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/10 и 6/2012), Програмата за вработување на 1600 лица од категории на социјално загрозени граѓани за 2013 година бр.41-3335/1 од 14 мај 2013 година, Заклучокот на Влада на РМ бр.41-3335/1 од 14.05.2013 година, Програмата за максимално и ефикасно искористување на сопствените ресурси во вршењето на дејноста на ЈП “Македонски шуми“ Скопје за 2013 година бр.02-512/2 и Одлука за измена и допололнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места и исплата на плати во ЈП “Македонски шуми“ Скопје бр.02-512/4, донесена од Управниот Одбор на ЈП “Македонски шуми“ Скопје, јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Македонски шуми“ Скопје, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на неопределено време на вкупно 1600 извршители и тоа:​
1. Помошни работници 976 (деветстотини седумдесет и шест) извршители, со НК, ПК, KB и ВК и тоа:

a. долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа 244 (двесте четириесет и четири) извршители;
б. лица од многудетни семејства 244 (двесте четириесет и четири) извршители;
в. самохрани родители и еднородителски семејства 244 (двесте четириесет и четири) извршители;
г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен - 244 (двесте четириесет и четири) извршители;

2. Референти 472 (четиристотини седумдесет и два) извршители со ССС или ВШС степен на стручна подготовка и тоа:

а. долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа -118 (сто и осумнаесет) извршители;
б. лица од многудетни семејства - 118 (сто и осумнаесет) извршители;
в. самохрани родители и еднородителски семејства -118 (сто и осумнаесет) извршители;
г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен -118 (сто и осумнаесет) извршители;

3. Соработници (Советници) -152 (сто педесет и два) извршители со ВСС степен на стручна подготовка и тоа:

а. долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа 38 (триесет и осум) извршители;
б. лица од многудетни семејства 38 (триесет и осум) извршители;
в. самохрани родители и еднородителски семејства 38 (триесет и осум) извршители;
г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен - 38 (триесет и осум) извршители;
Изборот на кандидати за засновање на работен однос ќе се врши согласно следниве Критериуми на бодирање:

а. За работните места/позиции под реден број 1.а., 2.а. и З.а.
- долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа:
- приходи на домаќинство 40 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи.
- години на невработеност 40 бода за лицата кои најдолго се невработени, пропорционално помалку бодови за останатите согласно периодот на невработеност
- години на стаж потребни за стекнување на услови за пензија 20 бода за лицата на кои им се потребни најмалку години на стаж за да го исполнат условот за 15 години стаж за пензија

б. За работните места/позиции под реден број 1.6., 2.6. и З.б.
- лица од многудетни семејства:
- број на деца во семејството 40 бода за лицето кое има најмногу деца, пропорционално помалку бодови согласно бројот на деца
- приходи на домаќинството 40 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи
- самохрани и еднородителски семејства 20 бода

в. За работните места/позиции под реден број 1.в., 2.в. и З.в.
- самохрани родители и еднородителски семејства
- приходи од домаќинството 50 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи
- број на деца во семејството 25 бода за лицето кое има најмногу деца пропорционално помалку бодови согласно бројот на деца
- години на невработеност 25 бода за лицето со најмногу години на невработеност, пропорционално бодови за останатите лица

г. За работните места/позиции под реден број 1.г., 2.г. и З.г.
- невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен:
- приходи на домаќинството 40 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи
- број на деца во семејството 40 бода за лицето кои има најмногу деца, пропорционално помалку бодови согласно бројот на деца
- број на членови на семејството 20 бода за лицето кои има најмногу членови во семејството, пропорционално помалку бодови за останатите согласно бројот на членови.

При оцена на критериумот приходи на домаќинство ќе се земе состојбата на приходи на 01.01.2013 година.

Лицата приматели на социјална помош ќе бидат бодирани како да немаат никаков приход.
При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:

- Пополнета и потпишана Апликација на пропишан образец Апликацијата може да се превземе од веб страницата
www.mkdsumi.com.mk ; www.avrm.gov.mk ; www.mtsp.gov.mk или од Архивата на ЈП “Македонски шуми“ - Скопје и од архивите на подружниците во јавното претпријатие.

- Копија од диплома или уверение за завршено образование;
- Копија од уверение за државјанство на Република Македонија

Рокот за пријавување по огласот е 30 дена, сметано од денот на објавување на огласот, заклучно со ден 22.06.2013 година.

Апликацијата со потребната документација се поднесува на адреса: ул.“Перо Наков“ бб (МЗТ Опрема) Скопје со назнака “по јавен оглас“, преку пошта или во архивата на ЈП “Македонски шуми“ Скопје.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.
По извршениот избор, кандидатите ќе бидат писмено известени.

*Напомена: Податоците наведени во апликацијата ќе бидат проверени од страна на надлежните органи / институции.

ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ - СКОПЈЕ



Ајмо партиски војничиња, книшките и по 2000 евра во рака и сите шумари!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
1600 извршители :facepalm:
Како Македонија се справува со невработеноста? Со пукање во администрација, страшно!!!
За приплод ги бараат каква администрација :icon_lol:. Него знаеш она кога го прашале што работи викал помошник багерист, кај што не фаќал багерот тој со лопатата :icon_lol:. Извршители :icon_lol:, за дотур на дрва ги бараат не за приплод или администрација :icon_lol:.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Јавното Претпријатие со најголема пренатрупаност и секогаш крајна дестинација на новите вработувања.

Браво за потегот на Владата за намалување на вработеноста во РМ!
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
:cautious: 1,600 извршители ... и се ми е јасно ... што држава имам ... (n)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Според член 3 од Законот за јавните службеници: јавни службеници се вработените кои вршат работи од јавен интерес во дејностите образование, наука, труд и социјални работи, социјална заштита и заштита на детето, установите, фондовите, агенциите, јавните претпријатија основани од Република Македонија, а не се опфатени со Законот за државните службеници.
Според Законот за јавни службеници (член 13): Вработувањето на јавните службеници се спроведува низ транспарентна постапка врз основа на критериумите на стручност и компетентност и примена на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.
Според член 15 од истиот закон посебни услови за вработување на јавни службеници се:
- да има соодветно образование,
– да има потребно работно искуство во струката и
– други услови утврдени во актот за систематизација на работните места.

Според член 17-а: (1) Постапката за селекција на кандидат за јавен службеник се состои од: административна селекција, испит за јавен службеник и интервју.
Тоа значи дека со изјавата дека ќе бидат вработени 1600 луѓе во јавната администрација по критериум на должина на невработеност, самохрани родители, од повеќедетни семејства и сл., Премиерот ја негира логиката на Законот за јавна администрација и прекршува најмалку три суштински членови од истиот.
Тоа значи дека може да имаме учители, наставници, професори, социјални работници, … за кои е помалку важно или воопшто не е важно какви стручњаци се, колку знаат, колку умеат и каква услуга можат да им пружат на граѓаните, туку е важно дека одговараат на критериумите кои си ги смислил Никола Груевски.
Од аспект на политиката и стратегијата за градење на администрацијата, со една ваква мерка Никола Груевски ги руши сите досегашни напори и го обесмислува носењето на новиот закон за јавна администрација:
1. Сите држави се стремат кон намалување на администрацијата. Една од почетните забелешки дадени на Македонија беше дека има преголема администрација која мора да се сведе на размери соодветни на големината на државата. ВАЛАДАТ КОЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА И СО ТОА ГО ОПТЕРЕТУВАШ БУЏЕТОТ ГО РУШИ СИСТЕМОТ.
2. Владата во Македонија и така е прогласена за најголем работодавец и со ова само ја потврдува констатацијата. Во моментот кога Владата ќе се појави како најголем работодавец тоа значи дека економијата е потполно растурена и дека Владата може да манипулира со огромен број граѓани кои се поставени во зависна положба во однос на својата егзистенција токму кон Владата. НЕ Е ТОЧНО ТВРДЕЊЕТО ДЕКА СО ТОА ШТО ОВИЕ ЛУЃЕ СЕ ВРАБОТУВААТ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ СО ТОА ЈСО ТОА СЕ НЕГИРА ВРСКАТА МЕЃУ ИЗБОРИТЕ И ОВИЕ ВРАБОТУВАЊА. ЕДНОСТАВНО СО ВРАБОТУВАЊАТА СЕ ПЛАЌААТ ИЗБОРНИТЕ ДОЛГОВИ.
3. Администрацијата е услужна дејност за граѓаните кои ја плаќаат од свои пари. Граѓаните издвојуваат посебни средства за социјална грижа и заштита. Администрацијата треба да биде ефикасна, ефективна, одговорна. Администрацијата треба да биде мала и стручна и на најдобар начин да ги пружа услугите на граѓаните. АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕ Е ИНСТИТУЦИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ГРИЖА И ЗАШТИТА.
4. Постојат други начини на кои може да се обезбедат позитивни мерки во однос на луѓето кои подолго време чекаат на работа, кои се од сиромашни семејства или некоја друга ранлива категорија. Тие критериуми се поставуваат како додатни после исполнувањето на општите и посебни критериуми дадени во Законот за јавни службеници. ПОСТАВУВАЊЕТО НА ДРУГИ КРИТЕРИУМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БЕЗ ОНИЕ КОИ СЕ ДАДЕНИ ВО ЗАКОНОТ И ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА ПОИНАКОВ РЕЖИМ ОД ТОЈ КОЈ Е ДАДЕН ВО ЗАКОНОТ ПРЕТСТАВУВА АКТ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА А НЕ ПОЗИТИВНА МЕРКА.
Очекуван резултат:
Јавен службеник кој е вработен спротивно на одредбите на Законот за јавни службеници нема да ги врши работите ниту стручно, ниту пак со почитување на Уставот и законите. Стручноста воопшто не се бара од овие луѓе и нема голема веројатност дека ја имаат или ќе ја пружат. Тоа ги прави и неефикасни и неефективни како вработени. Од друга страна, зошто било кој од нив би ги почитувал законите кога се вработени на незаконски начин. Тие во принцип се плашат од законите и единствено може да го почитуваат само оној кој со помош на сила ги донел на соодветното место. Тоа е принципот на мафијата и тоа е лојалноста на организираниот криминал.
Моја препорака:
На секој конкурс, оглас или навестување дека се врши ваков вид вработување да се пријават сите заинтересирани кандидати за соодветното работно место и потоа да ја обжалуваат секоја одлука за приме на јавни службеници по критериуми кои се спротивни на Законот за јавни службеници и посебно да поведуваат пред суд постапки за дискриминација.
И секако, против министрите кои ги изгласале овие мерки и министрите кои ќе вработат некого врз основа на овие критериуми, службениците во Агенцијата за државни службеници и секој оној кој во јавна служба ќе прими некого спротивно на законот, а согласно препораките на Никола Груевски, да се поведе индивидуална постапка за злоупотреба на службената должност.
И секако, да се побара одземање на имунитетот на Никола Груевски како премиер и да се поведе постапка против него за рушење на правниот систем на Република Македонија.
Или, едноставно да си молчиме и дај веќе еднаш да го укинеме она кутро Собрание кое и така служи само за собирање на безработници кои си нашле добро место за пиење кафе.
Мирјана Најчевска
Колумна
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Не го учи рибарот сам да ја лови рибата учи го да ја јаде
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Порака до сите оние што го поддржуваат ова "решение" на владата: Кога ќе ви треба мајстор за по дома задолжително да се распрашате кој е најсиромав и кој има најмногу деца и тој да го земете да ви работи без разлика колку истиот тој си ја знае работата!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Катастрофа.Наместо да се намалува,секој месец се дува администрацијата.Тешка кила е државава.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
До вчера единствен услов да пикнеш под капата на државата беше или да си според рамковен или да го имаш тоа партиското книжуле, од вчера се прошири кругот... многудетно семејство, да бараш работа 10 години итн итн... Напредуваме, како тргнало се надевам дека еден ден ке излезе оглас и за тие што не припаѓаат ни во една група....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе самиот оглас ви говори многу, вели лица кои 10 години немаат работа. 10 години човече!
Срамота и мизерија!
Еве и НБРМ се приклучи кон акцијата да ги вработиме неписмените оти вееја знамиња доследно со години:

Оглас за вработување во Народна банка на Република Македонија


Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а согласно со член 14 став 1, член 22 став 1 точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи и член 9, 10 и 12 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
ОГЛAС
за вработување на 1 извршител на работното место „помлад организатор" во Отсекот за изработка и промет на вредносници во Дирекцијата
за трезорско работење во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време


1. Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
- завршено високо образование од областа на економските науки;
- со или без работно искуство;!
- познавање на англиски јазик и работа со компјутер.

2. Кандидатите потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економските науки, доказ за познавање на англиски јазик и работа со компјутер, доказ за работно искуство (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

3. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8,00 и 8,30 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 16,30 часот.

4. Висината на основната (бруто) плата за работното место изнесува 56.338,00 денари.

5. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

6. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

7. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

8. Пријавите со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1Скопје.

Народна банка на Република Македонија
56000 денари бруто за без работно искуство во НБРМ абе алоооо!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom