Оглас во АД. ЕЛЕМ

Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Се пријави ли некој на огласот објавен на 19 Август од АД.ЕЛЕМ. Огласот беше објавен во дневните весници Вечер и Лајм на 20.08.2015 година и траеше рокот за пријавување до 26.08.2015.
Огласот беше за еден извршител за работно место Административен техничар - приправник во Служба за правни работи, Оддел за правни работи. Не се бараше работно искуство на огласот а платата која ја пишуваше беше фантастична 26.980 денари, прво 80% ќе плаќале за првата година додека тече приправнички стаж. Еве го огласот и на страницата на факултети.мк
http://www.fakulteti.mk/news/15-08-21/oglas_za_vrabotuvanje_vo_ad_elektrani_na_makedonija.aspx
И она што боде очи е што во рок од 45 дена пишува ќе избереле кандидат, а ниту ми се јавија за тестирање ниту ништо на бројот кој им го оставив во пријавата. И на 9 Септември ми стигнало дома на адреса плико испратено од АД.ЕЛЕМ во кое стои известување не сум избран, без образложение зошто не сум избран, ниту каде да се жалам. Го испратиле пликото на 4 Септември а дури 5 дена му требало да стигне до мене дома, како да живеам во Монголија.
Еве го известувањето што ми го пратиле
Вчера на 10 Септември вртев во кабинет на директорот на АД.ЕЛЕМ м-р Дејан Бошковски кога секретарката вели: не е тука на пат е. Ја прашав а бил ли минатата недела на работа а таа дипломатски: не сум била тука минатата недела бев на одмор.
И ме нервира што тоа што се обидувам да најдам работа и да работам и заработувам сите го сфаќаат како мој грев, во ова оштество е безобразно да се бара работа и плата.
Јас како магистер на правни науки сакам работа и плата, а не одење по стажирања, пракси, волонтирања и губење време.
 

Attachments

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Е добро де друже, не си бил избран и сега крени го цел форум на нозе...
Го пополниле местото со некој дипломец по хотелиерство што е тука чудно? Цела држава така функционира, затоа не не бива ни за газ бришење!
Разгледај по адвокатскиве канцеларии, јес да правници и економисти ги има со багер да ги збираш, али шо знаеш ќе се најде нешто...
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Гуглај ја Елена, па најди ја на фб, па најди и ги сликите од УМС, па сликите со Унија на жени, па сликите по автобуси на митинзи, па сликите од Чувари на демократијата. Ги заболе нив што ти си магистар.
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
ЕЛЕМ се знае дека е поврзана со власта и први на ред за вработување се партиски кадри, по нив следуваат деца и роднини на вработени, после има сигурно уште некој критериум па на крај да дојде апликанти по огласи врз основа на стекнато образование и истуство. Државна работа и работа во вакви компании моментално речиси и да нема шанси да се добие, не треба да се разочаруваш пошто само ти губиш. Не е се партиски во државава али треба да се помачиш, и сите да се помачиме, да се најде нешто асално што вреди за твој капацитет. Ако си добар доволно секогаш ке се најде место.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Јас како магистер на правни науки сакам работа и плата, а не одење по стажирања, пракси, волонтирања и губење време.
Вакви дечки најлесно се решаваат...со игнорирање. Прва работа, не можеш никаде да влезеш и да почнеш пошто очигледно немаш искуство. Затоа постои период на обука, пракса итн...Ама ти не сакаш да го прифатиш тоа. Ок , идеме следно ...
Јас како магистер по економски науки, работам 2 работи истовремено и млатам кеш зошто ми чуе за образованието кое сум го завршил во оваа вукојебина. Аплицирав кај се не, се бутав каде не, потплаќав со пари и со услуги, трчав насекаде и сфатив дека ако не иде, не се откажуваш него тераш даље...
Имам пријатели во Елем кои се влезени во врски и само со врски. Чест на исклучоци познавам и едно дете кое влезе пред 2 години после 1 година стажурање, бидејќи имаше неверојатен просек на Електро и со фактор среќа се бутна. Ама тоа се како што пишав исклучоци, не важи за сите на крај краева.
Многу млади луѓе овде живеат во некоја си розева слика и не сакаат да излезат од неа..за жал реалноста е многу сурова.
Што побрзо се соочиш со истата ти и сите останати што мислат дека туку така се стануваше директор, без врски, моќни родители, кеш и партиска книшка...што да ви кажам повеќе ? Се надевам ќе се разбудите пред да ви биде касно и да прифатите било што за корка леб. Вака делувате ко незрели луѓе, а и сте јбг.
Имаше еден филм на времето по кинава, "Преку леб погача"...
Овде нема просперитет, па ако сакаш и академик биди. Освести се и почни да си го средуваш животот пред некој друг да ти го склопи и да завршиш неславно ;)
Позз и среќно во животот!
Со најдобра намера, Бавчич.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас како магистер на правни науки сакам работа и плата, а не одење по стажирања, пракси, волонтирања и губење време.
Сите сакате од клупа веднаш во фотеља, а плус не си единствен со таква диплома. Правници има со лопата да ги ринеш. Со вакви пребирања може да останеш со прст во уста. :pipi:
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Јас не кажав ништо лошо со тоа што напишав.
И да јас не барам да бидам директор како што некој напишал погоре.
И ова место е за почетник во ЕЛЕМ а не за директор како што некои ја искривуваат сликата, па после префрлаат јас сум спаѓал во тие што ја искривуваат реалноста.
И благодарам на сите што напишале во темата.[DOUBLEPOST=1441969467][/DOUBLEPOST]
Сите сакате од клупа веднаш во фотеља, а плус не си единствен со таква диплома. Правници има со лопата да ги ринеш. Со вакви пребирања може да останеш со прст во уста. :pipi:
А што сум пак јас пребирал ајде просветли ме?
Ова како што го пишав претходно само во вакви општества се сфаќа како грев и безобразно однесување ако сум барал шанса во животот.
Јас да ти кажам тебе едно нешто, во нормални општества не е ова пребирање како што ти си го напишал. Али тоа е, таму биро за вработување наоѓа за брзо време работа на невработени и тоа соодветно на образованието, а не ти овде солиш памет сум пребирал. Кога некој ќе се најде невработен во западен свет има финансиска помош од државата и тоа солидна помош додека не е вработен, па оттука и интересот државата да го вработи за брзо време.
А не овде ќе потрошам пари на 5 години образование и после сум бил безобразен и сум пребирал ќе читам од провокатор.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
А што сум пак јас пребирал ајде просветли ме?
Ова како што го пишав претходно само во вакви општества се сфаќа како грев и безобразно однесување ако сум барал шанса во животот.
Јас да ти кажам тебе едно нешто, во нормални општества не е ова пребирање како што ти си го напишал. Али тоа е, таму биро за вработување наоѓа за брзо време работа на невработени и тоа соодветно на образованието, а не ти овде солиш памет сум пребирал. Кога некој ќе се најде невработен во западен свет има финансиска помош од државата и тоа солидна помош додека не е вработен, па оттука и интересот државата да го вработи за брзо време.
А не овде ќе потрошам пари на 5 години образование и после сум бил безобразен и сум пребирал ќе читам од провокатор.
Во нормално општество ова не е пребирање, ама ти аплицираш на оглас кој е за работа во ненормално општество. Сакаш веднаш да добиеш работа и плата, а не одење по стажирања, пракси, волонтирања и губење време. И во странство те праќаат на обука, немој да мислиш дека веднаш ќе седнеш во фотеља.
Во МКД за вакви места ти треба волонтирање, лижење на газ во партија, долго време лепење на плакати, поклонување до земја на лица без мозок и ракоплескање на митинг.
Ај да не солам памет, продолжи да си аплицираш на огласи во ЕЛЕМ, Мепсо, УЈП, ...

Колку за инфо како се добива работа на вакви места.
 

Attachments

Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Во нормално општество ова не е пребирање, ама ти аплицираш на оглас кој е за работа во ненормално општество. Сакаш веднаш да добиеш работа и плата, а не одење по стажирања, пракси, волонтирања и губење време. И во странство те праќаат на обука, немој да мислиш дека веднаш ќе седнеш во фотеља.
Во МКД за вакви места ти треба волонтирање, лижење на газ во партија, долго време лепење на плакати, поклонување до земја на лица без мозок и ракоплескање на митинг.
Ај да не солам памет, продолжи да си аплицираш на огласи во ЕЛЕМ, Мепсо, УЈП, ...

Колку за инфо како се добива работа на вакви места.
Не е никаков проблем да одам на обука или волонтирање од кое и ќе научам и ќе се вработам. Проблем е обука после која нема вработување од х причини, многу фирми и работодавачи си прават финти 3 месеци овој ќе ни биде на обука, после него ќе земеме друг за обука и така си вртат круг.
Инаку во Центар за вработување во Среда бев повикан јас и уште 10 души сите млади со разни факултети и таа вработената кажа била магистер на психлогија и самата кажа пред 8 години како е вработена (превод таа се вработила преку сегашнава власт), и глупости таа тропаше ете каква обука се нуди и после ти и останатите си пишувате требало да одам на обука. Пример таа психологот кажа сите да затвориме очи, па да замислиме како со нож сечеме лимон и тоа жолт лимон (демек постои црвен лимон), па како лимонот потоа го цедиме во уста, и потоа ни кажа да отвориме очи и после не праша дали сме почувствувале некоја физиолошка промена. Еден лик електро инжинер и кажа не почуствувал никаква физиолошка промена и истото сите 11 души го кажавме, а таа психологот кажа не сме демек добро работиле вежбата. Вежбата се викала водена вежба глупости во боја. Мене ми се одеше во вц и пред вежбата и после вежбата но од пристојност не и кажав тоа на психологот.
И ете какви глупости има на обуки, и потоа кажа психологот кој сакал можел да оди на 4 дена по 4 часа обука слична на таа од Средата во Центар за вработување нормално само 3 од 11 души ќе одат на обука.
Па после ти пишувај овде и останатите сум требал да одам на обука. Уште не гарантираат вработување со таа обука, ајде тоа ќе сварам што не гарантираат вработување, но не можам да сварам правење на глупости од тип на водена вежба.
И да на запад може има обука и пракса но има и вработување во голем процент после завршена обука, кај нас само продавање магла има со обуки кои ми ги спомнуваш.
Горчливо чувство имав во Средата на 9 Септември и тоа чувство не се заборава. Доаѓам дома после слушани глупости на квази обука во Центар за вработување и дома ми доаѓа поштар и ми го дава пликото од ЕЛЕМ а внатре има што да прочитам, одбиен без тестирање. Лош ден за мене.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379
не знам како си магистрираш во државата а уште да не ги сватиш овие работи како функционираат:unsure: Во елем електроинжинери не помислуваат да се вработат без врски а не па приправници. Ако ти се работи правец во приватна фирма, овие позиции се отвараат за џаболебари.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Уште не сфативте како функционира вработувањето во големи фирми и администрација и дека не се цени ни просекот ни звањето во дипломата?

Долго време ќе имаш горчливо чувство, ако продолжиш да следиш јавни огласи и да се надеваш на вработување на вакви места.
Тоа во центар за вработување не е никаква обука која е поврзана со твојата професија. Треба да ги одбивате таквите покани за "обуки" и пoкани од типот "Средба со невработени лица со високо обрзование" и "Саеми за работодавци"

Што знам, ама имам другар исто и една другарка на жена ми, они исто се правници кои долго време стажираа кај адвокати и сега дома имаат свои канцеларии. Знам другарот со адвокатот идеше на повеќе судења и ми раскажуваше секакви случаеви. Никакво губење на време по штабови и митинзи.

Братучед ми пак кој е способен и семејството и роднините да ги жртвува за вмро, е дипломиран правник и работи како инспектор во УЈП. Почна со пракса во судот, па во партија. Тип кој е научен да живее на туѓ грб. Сега на 40 години лапна решение и се запишал на постдипломски.
Изгледа и Еленчето трнала по овој пат. Сега ќе се запише постдипломски и ќе си ја лади во ЕЛЕМ. :D
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Вчера на 10 Септември вртев во кабинет на директорот на АД.ЕЛЕМ м-р Дејан Бошковски кога секретарката вели: не е тука на пат е. Ја прашав а бил ли минатата недела на работа а таа дипломатски: не сум била тука минатата недела бев на одмор.
Стварно очекуваш генерален директор на фирма со буквално 5000 вработени и 5000 тековни проблеми да се занимава со твојот личен проблем, т.е. немање на работа?

Инаку, те разбирам за желбата за работење и се, не едноставно, ама верувај дека како тебе има многу во земјава и не олекувај да добиеш специјален третман.
 
Член од
11 март 2012
Мислења
109
Поени од реакции
101
Ја незнам па како ви се аплицира на вакви места. Абе немате никакви шанси. Боље барај си нешто скромно конобар, касиер и нешто слично.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Прво се вработува па после се објавува оглас за да може вработениот да се пријави.
Таква е процедурата што не е јасно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom