"Огласи" за работа

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Интересно размислување, со положени 39 испити без завршна тема сакате да работите, односно да бидете приправници.
Да не заборавиме дека предходно веќе имаме диплома на која пишува "Дипломиран правник". Ако е за тоа, што не ни речеа на почеток, треба да имате 5 год. образование за да се стекнете со право нешто да правите со професијата, а не вака, да мењаваат правила кога ќе им текне.
Згора на се, да бидеме реални...има толку многу магистранти кои веќе имаат почнато со работа кај некој адвокат или нотар (за нотар многу помалце, нормално), и ги прават скоро истите работи како и приправникот. Нормално, не се водат како приправници, се водат како помошници и земаат колку-толку пари. Скоро цела моја генерација (бидејќи сме први по ЕКТС, и се сметаме за ретардирани) некаде врши практикантски работи.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Се начукавте 100000 правници, па некој ви е крив што немате работа.
Па уште и пребираат еј. Демек магистер си и си го фатил господ за муда.
Треба да си среќен да имаш можност и да помирисаш од реалниот живот дал по адвокатски канцеларии, дал по судство.
Таква ви е струката, ќе треба да се научите да работите 5-10 години за скоро безпари. Кога ќе се етаблирате и добиете име, тогаш ќе почнете.
Мора да се ослободи некое место за да влезете ко што треба.
Мислите на докторите подобро им е? И таму има кадар преку глава.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Бидејќи има адвокати кој ќе ве употребат само да ја држите канцеларијата отворена, и нема да ве праќаат на судење. Затоа ако сте решиле да имате успешна адвокатска кариера, одете кај добри адвокати, и не барајте кеш. Ако ви е за да заработувате баш сега, одете на друго место.
Адвокатот лесно не го продава своето знаење.
Леандра е 100% во право кога вика дека немаш ни ден работно ислуство, и затоа не чекај да те платат како што зема адвокатот. Учи.
Малку ги испревртувате работите.
Никој не рече дека сакаме да зимаме 500 евра плата. Да не ќе ти беше лошо кога стажираше да зимаше барем 10000 денари?
Сигурно немаше, плус парите ти се мотив.
Ако е така, ако треба занаетите да се учат ајде сите ќе работиме бесплатно неколку години. Ајде!
Ама финтата е што ова се случува со правниците.
Зашто економистите, информатичарите, филолошки , педагошки итн.... сите кои ќе завршат ако најдат работа си зимаат плата? А правниците работат за без пари.
Финтата е што така почнало кај нас и сега на сите им одговара и не сакаат да ги променат работите. Тоа е проблемот што никој не сака да ја смени таа практика, тој глуп обичај да не се плаќа стажот.
Никој не ја ни поистоветува практиката и теоријата, никој не бара адвокатска плата, бараме само подобри услови. Не за џабе учиме 5 години факултет, не за џабе правиме магистерски труд од над 100 страни, за потоа да работиме за ич пари.
Ама никој не сака да ги смени тие работи.

Додуше во државава толку не ги бива овие вработувања, така да приправниците работат за без пари, се вработува со врски, владата вработи 300 луѓе кои седат дома дека нема место да ги сместат, а зимаат над 20000 плата. Така да се е забегано тука.
Али грдо е кога оние со положен правосуден мислат дека не треба да се плаќаат оние со стаж. Божем ај ако мене не ми плаќале зашто пак тебе да ти плаќаат?
Сите само си наштетуваме меѓусебно. Тоа е стандардна македонска работа. Никој не гледа да се сменат работите на подобро.
Кога ги гледам односите адвокат/судија - приправник исто ко во времето на Тито да е. Недај боже нешто да се смени!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Се начукавте 100000 правници, па некој ви е крив што немате работа.
Па уште и пребираат еј. Демек магистер си и си го фатил господ за муда.
Треба да си среќен да имаш можност и да помирисаш од реалниот живот дал по адвокатски канцеларии, дал по судство.
Таква ви е струката, ќе треба да се научите да работите 5-10 години за скоро безпари. Кога ќе се етаблирате и добиете име, тогаш ќе почнете.
Мора да се ослободи некое место за да влезете ко што треба.
Мислите на докторите подобро им е? И таму има кадар преку глава.
И ти од целиот муабет не сфати дека без да станеме магистри не можеме да имаме ден работен стаж?
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
И ти од целиот муабет не сфати дека без да станеме магистри не можеме да имаме ден работен стаж?
Сеедно.Ако е така што сте одбрале таква професија?
Mене ми изгледа прилично безперспективна, со многу мака за евентуално еден од 100 да успее и стане нешто.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Сеедно.Ако е така што сте одбрале таква професија?
Mене ми изгледа прилично безперспективна, со многу мака за евентуално еден од 100 да успее и стане нешто.
Кажи ми во државава што е перспективно да студираш?
Би рекла дури дека и занаетите со средно се поисплатливи фризерки, козметичарки, механичари подобро заработуваат и тие никогаш нема да изумрат.
Едно време ја активираа информатиката, сеа како што гледам и тие места се зафатени, за новиве генерации и тоа не е перспектива.
Економисти едно туце, правници исто, во медицинава има исто многу кадар, а нашава држава е погодна за земјоделие. Тоа богами е најперспективно. Ама не им плаќаат и на нив. Мора да се штрајкува.
Така да ништо не бива.

Кога работите би функционирале нормално ќе има работа за сите правници.
Дел ќе се адвокати, дел во судството, дел во фирми, а останатиот дел како државни службеници. 90% од државните службеници треба да се со правен или факултет за политички науки. Ама оно градоначалници има со основно, а камо ли со забавиште има државни службеници.

Така да ај да заокружиме дека Македонија е безперспектива.
Не се криви учениците што не знаат кај да се запишат!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Од адвокатите само крупните ѕверки прават пари Игнат,Ефто итд.. другите ги збираат трошките.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Сеедно.Ако е така што сте одбрале таква професија?
Mене ми изгледа прилично безперспективна, со многу мака за евентуално еден од 100 да успее и стане нешто.
Е ај да се убиеме ако не, да му се сневиди :). Не е битно каква професија сме одбрале...тоа што сме сакале сме одбрале, битно е што постојат 20-30 ку*тона кои мењаат правила на сред студирање. Некој со 4 год. може да стажира, а ние со завршени 5 не можеме бидејќи немаме изработено магистратура.
Да ни кажеа уште во прва година дека ќе треба да имаме 5 год. завршени студии, друго ќе беше, вака зае*ани сме цела генерација.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Гледам се развила дискусија за правниците иако разговорот беше сосема друга тема.... Како прво не знам што да кажам на неколкуте коментари пред се од постарите колешки кои се очигледно исфрустрирани претпоставувам од нивниот напредок во кариера па сакаат да ни го тепаат филмот демек не вредиме ние за ништо ??? Јас кажав 100 пати и за некои пак ке повторам ... сум работел кај адвокат и сум земал 1000 за мојата работа, работев 3 пати повеќе од него а он само седеше , се шеткаше и даваше инструкции. Ама нее се така црно... има некои адвокати кои се пред се луѓе ( иако се ретки ) и даваат по 6000 ден или 8000, па како напредуваш ти зголемуваат... ама сепак повеќето се искористувачи и фала богу им одговара да им трчкаш за без пари и ти да им ја подгонуваш целата работа... Не знам што да кажам колегите доволно кажаа нема да се повторувам , иако имам уште многу да кажам пред се на злобниците кои сакаат да тераат сеир или коментираат за работи за кои не се запознаени воопшто... Меѓутоа не заслужуваат....

--- надополнето ---



--- надополнето ---

Сеедно.Ако е така што сте одбрале таква професија?
Mене ми изгледа прилично безперспективна, со многу мака за евентуално еден од 100 да успее и стане нешто.
Брат а ти што перспективна работа работиш ? онака ме занима пошо ние сме малди имаме време да запишаме уште еден факултет, па ако имаш нешто перспективно да понудиш кажи не биди себичен.... :toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Од правници и економисти сме кај што сме, и едните и другите не ги бива. Прво што не чини е судството и цел систем, второ економијата.
Комшијата и сестра му завршија во Бугарија тој правен а таа економски факултет. Тој волонтира кај некоја адвокатка, таа волонтира во УЈП двајцата за мизерни пари или за беспари. Не сум Клеопатра балканска пророчица :icon_lol:, ама не им баш розова иднината и тоа од авион се гледа.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Интересно размислување, со положени 39 испити без завршна тема сакате да работите, односно да бидете приправници. И јас вака си мислев пред да го положам последниот испит, 35тиот, филозофија на правото, без кој сметав дека сум сепак правник, дека Филозофија не ми треба за да знам правнички работи. Сепак, има едно нешто што се вика уверение, односно диплома. И да почнеш да работиш кај адвокат, дали ќе може адвокатот да те прати да застапуваш кога не ги исполнуваш условите? Тебе ќе ти бараат во суд адвокатска приправничка легитимација, која ја добиваш во адвокатска комора, каде треба да приложиш дека ги исполнуваш условите(меѓудругото и да бидеш со соодветно образование) . Ако сега решиле дека со 39, наместо со 35 испити си правник кој може да застапува, тогаш така е и готово. Не е крив адвокатот. И јас на негово место ќе земам некој кој ги исполнува условите и додека јас одам на кривично, приправникот ќе оди на граѓанските спорови и крај. Не е се така едноставно како што си мислите.
Инаку, за плаќањето приправник е навистина мало. Во суд е 0 денари и плус купуваш бурек за судијата, а кај адвокат ти е 3000. Сепак јас поинаку некако го сфаќам приправничкиот стаж. Додека да дипломираш и кога ќе дипломираш, не знаеш ништо. Поима немаш од работа. Методологија, филозофија, социологија, и слично не ти значат ич, џабе десетките. ГПП и КПП ти се само членови од некој закон. Адвокатот или судијата е оној кој ти ги отвара очите и сфаќаш што значи законот, или членот или што сакал да каже законодавецот. Кога ќе понете да работите ќе сфатите колку уставри не знаете. Според ова, дури на мислење сум дека треба да бидеш среќен што некој воопшто ти дозволува да научиш занает. Бидејќи има адвокати кој ќе ве употребат само да ја држите канцеларијата отворена, и нема да ве праќаат на судење. Затоа ако сте решиле да имате успешна адвокатска кариера, одете кај добри адвокати, и не барајте кеш. Ако ви е за да заработувате баш сега, одете на друго место.
Адвокатот лесно не го продава своето знаење.
Леандра е 100% во право кога вика дека немаш ни ден работно ислуство, и затоа не чекај да те платат како што зема адвокатот. Учи.

де бре луѓе читајте ги постовите прд да реплицирате или на секој треба да се објани поеднично....... Кој ти рече дека сака некој плата колку адвокат ? значи на никој нема да му смета да стажира ама за бедни 1000 е богами нека ми каже некој дека ќе работи една или две години за тија пари.... значи пристојна пара се знае па си завршил факултет , па и магистрирал зашто да не земах и 10 000 кои се исто така бедни нели ? или сакаш само да искоментираш нешто демек се знаеш па ајде ќе им контрам да дечкиве.... Инаку фала за советите ама биди малку реална зашто кој ке има мотив па и желба да работи за 1000 , плус колку е тоа реално...

--- надополнето ---

Да не заборавиме дека предходно веќе имаме диплома на која пишува "Дипломиран правник". Ако е за тоа, што не ни речеа на почеток, треба да имате 5 год. образование за да се стекнете со право нешто да правите со професијата, а не вака, да мењаваат правила кога ќе им текне.
Згора на се, да бидеме реални...има толку многу магистранти кои веќе имаат почнато со работа кај некој адвокат или нотар (за нотар многу помалце, нормално), и ги прават скоро истите работи како и приправникот. Нормално, не се водат како приправници, се водат како помошници и земаат колку-толку пари. Скоро цела моја генерација (бидејќи сме први по ЕКТС, и се сметаме за ретардирани) некаде врши практикантски работи.
Не знам дали помтите ама кога се запишавме на факс нели се спомнуваше меѓу диплома која беше воведена и требаш да функционира ? и со неа ние бевме изедначени со правниците со 4 години и ке можевме да бидеме пријавени и во адвокатска комра и сл. а кој сакаше да биде магистар требаше да си оди плус една година? ама не бидна од тоа ништо толку ни е саглам факултетот тоа беше лага ама ете никому ништо наместо да се борат од деканат за нас на факултет за да имаме подобри услови они не копаат и за магистратура ни ставаат уште 500 евра....
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Па зошто би си го минувал некој животот во решавање на проблеми на други луѓе?
Разбирам да ти се другари па дошле на совет, ама ти свесно да земаш во раце човечки судбини?
Да работиш на пример како правник во банка па да кажуваш кога да се активира хипотека, муабети да правиш со извршители кога да му тропнат на домот на некого.
Или како адвокат да се одалечиш од субjективноста и моралот и да браниш фаци ко Командант Баци и разни криминалци и ако успееш со твојата вештина некој таков да ослободиш, како би спиел навечер?
Ова е само размислување, каков ментален склоп треба да има некој за да биде правник?

Инаку како росионерка спомена погоре, вели ако работите во државата функционираа како треба за сите правници ќе имаше работа.
Тоа е сосема погрешно. Ако работите функционираат добро ќе има потреба од се помалку правници.
Ова ви е златно доба и треба да го искористите.

Останатите кои прашаа што да работат. Јас кога студирав и пред да најдам соодветна работа, програмирав и местев кабли и антени за интернет.
Така да работа секогаш има и тоа за многу повеќе од 10000 денари. Само треба да се потрудите и да ја побарате.
Но, вие сакате во струката, баш во струката.
Работа има, желба за работа нема.
Ќе се почуствуваат потценето костумосаните ако малку ги завалкаат рацете на некое градилиште или фуфите ако поработат како секретарки или на рецепција.
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Зошто имам мислење дека само кај правниците е зачувано она старотоЧкради го занаетот од мајсторот. Се согласувам дека како приправник бркаш многу работи за малку пари, али земи искористи го тоа..вака лаички мислам дека по 10 години..адвокат, зема многу многу пари. и тоа што од ситни работи, регистрации на фирмир, некои писарски административни работи, а да не правиме муабет трошкови, судења ангачман...прашањето ми е дали вреди да трпиш некое време приправнички статус, а притоа да го `крадеш` занаетото од мајсторот, за потоа да се покажеш самиот..е да..во оваа работазависиш сам од себе мислам. колку си снаодлив колку те бива и тн.
од ова ги исклучувам чиновници и работници во суд..бидејки тие имаат фиксна плата.
тоа е моето мислење.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Па зошто би си го минувал некој животот во решавање на проблеми на други луѓе?
Разбирам да ти се другари па дошле на совет, ама ти свесно да земаш во раце човечки судбини?
Да работиш на пример како правник во банка па да кажуваш кога да се активира хипотека, муабети да правиш со извршители кога да му тропнат на домот на некого.
Или како адвокат да се одалечиш од субjективноста и моралот и да браниш фаци ко Командант Баци и разни криминалци и ако успееш со твојата вештина некој таков да ослободиш, како би спиел навечер?
Ова е само размислување, каков ментален склоп треба да има некој за да биде правник?
Професионалци сме бе, зашто да не. Кога идеш на суд, не се водиш од емоции и од љубов, туку од чист професионализам. Ај никој нека не биде ни судија, ни адвокат, па да стане каша-попара во светот.
Тебе (или било кој друг), што ти е работа па да се мешаш во животот на други луѓе, ако им местиш антени дома или кабли? Ова со тебе го велам општо, и се однесува на секоја професија која има допирни точки со луѓе, ништо злонамерно и ништо лично.

--- надополнето ---

Зошто имам мислење дека само кај правниците е зачувано она старотоЧкради го занаетот од мајсторот. Се согласувам дека како приправник бркаш многу работи за малку пари, али земи искористи го тоа..вака лаички мислам дека по 10 години..адвокат, зема многу многу пари. и тоа што од ситни работи, регистрации на фирмир, некои писарски административни работи, а да не правиме муабет трошкови, судења ангачман...прашањето ми е дали вреди да трпиш некое време приправнички статус, а притоа да го `крадеш` занаетото од мајсторот, за потоа да се покажеш самиот..е да..во оваа работазависиш сам од себе мислам. колку си снаодлив колку те бива и тн.
од ова ги исклучувам чиновници и работници во суд..бидејки тие имаат фиксна плата.
тоа е моето мислење.
Како прво, не крадеш, туку учиш, како второ, приправнички статус е 1 година, не е 20 години, и тоа е предвидено согласно Законот. Сеа, вакви лаички муабети да праиме е излишно, бидејќи логично е дека тој што е правник знае како стојат работите, за разлика од друг кој нема допирна точка со тоа.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Хммм, многу необично, ме изненадивте, овде бе сите вие како родени, израснати, одшколувани во мрачниот социјализам :) жилав некој систем бил тоа....какво е тоа очекување се само да ви падне у кљун...
Образование и диплома е ПРИВАТНА работа на можности, избор и одлука....и ГОЛЕМО ИНВЕСТИРАЊЕ.. добро или лошо зависи од проценката и вештината да се реализира проектот влегување во живот.........Државата може само да ствара услови и дискретно да подбутнува према професии кои и се потребни...СЕ ДРУГО Е ПАЗАР, а на пазарот секој со СВОЈАТА СРЕЌА, УМ И ЗНАЕЊЕ....нормално и она роди ме мајко со ксмет, сребрено лаживче во уста..па фрли ме на улица.....позиции, богатство,врски, врскички и слично функционирале, функционираат и ќе функционираат додека е векот и светот...:)
без паника...во животот НАЈВАЖНА работа е да со ЖИВ...се друго се средува...вака или онака...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom