Ножеви

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..се утепавте од постирање кинеска роба, да ставам две три слички кои ги најдов у архививе мои од наши сечива:

Од истиот производител Братство од Охрид го имам и Рамбо ножот од серијата за некоја американска војска , како и NATO ножот со склопива оштрица.
На овој од сличкиве дршката му е од материјал на Еурокомпозити од Прилеп, епоксидна смола со стаклена ткаенина , изрежана од плоча пресувана во соодветна дебелина на преса како троспратна куќа... :) Кожната корица на ножов е посебна сега веќе неповторлива приказна... :)
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
@concrete Денешната КИНЕСКА РОБА ја јаде и онаа од ,,Бисер'' Охрид, а и од било кој ЈНА нож. Да не се караме, ако немаш искуство со КВАЛИТЕТНА кинеска роба, не потценувај, заради тоа што кинезите знаат да направат нож од 100д. а и нож од 10 000д. па и нагоре. Инаку ножот изгледа добар, убаво сечило за дерење и сечење месо, а и футролата е добро направена. Само помини ја со растопен восок или ленено/маслиново масло за да не впива вода и да не почнува да скапува после неколку години.
 
..не потценувам , ама ич :) стално тврдам дека да имал можност Александар да го прочита писанието на Сун Чу( или како се изговара) , светската историја би била сосема подруга.. Само си ги фалам нашите ножеви , ништо друго.. Да се правеа и денес ќе беа и подобри. А нож како и секое сечиво има или нема душа.., кинезите не се познати баш како душевни ..повеќе се само пресметани и вешти трговци... :) :) :)[DOUBLEPOST=1486464440][/DOUBLEPOST]
Ваква геометрија нема овој нож го имам истиот дома нов.
Има нови ???
 
Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
Па стави слика :).
Планирав и останав без нет:) IMG_20170207_114321.jpg [DOUBLEPOST=1486470453][/DOUBLEPOST]
..не потценувам , ама ич :) стално тврдам дека да имал можност Александар да го прочита писанието на Сун Чу( или како се изговара) , светската историја би била сосема подруга.. Само си ги фалам нашите ножеви , ништо друго.. Да се правеа и денес ќе беа и подобри. А нож како и секое сечиво има или нема душа.., кинезите не се познати баш како душевни ..повеќе се само пресметани и вешти трговци... :) :) :)[DOUBLEPOST=1486464440][/DOUBLEPOST]
Има нови ???
Незнам за дали има или не но страшно ме нервира кожна футрола(претешка е)
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
..се утепавте од постирање кинеска роба, да ставам две три слички кои ги најдов у архививе мои од наши сечива..
Прв пат си на темава па влагаш со клизечи за жолт картон, или избрзуваш и сите не ставаш во ист кош. Малку да видеше еден куп ножеви изработени овде. Ама ајде нема врска навикнат сум.

Ножот од Браство е добар, и вреди за парите, веќе некое време барам да купам неколку од нив ама безуспешно.

Еве уште еден.

Helle brakar, зелена стабилизирана бреза, рог од бафало:

Овие 3 се веќе на пат за Тексас, таму сигурно разликуваат Кинески од некинески ножеви:

.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Планирав и останав без нет:)Прегледај го приврзокот 164540[DOUBLEPOST=1486470453][/DOUBLEPOST]
Незнам за дали има или не но страшно ме нервира кожна футрола(претешка е)
истиот е иако тебе те збунила сенката од прстот.., а и овој твојов како да не прошол финална контрола , башка жигот е на погрешно место..... :)
Прв пат си на темава па влагаш со клизечи за жолт картон, или избрзуваш и сите не ставаш во ист кош. Малку да видеше еден куп ножеви изработени овде. Ама ајде нема врска навикнат сум.

Ножот од Браство е добар, и вреди за парите, веќе некое време барам да купам неколку од нив ама безуспешно.

Еве уште еден.

Helle brakar, зелена стабилизирана бреза, рог од бафало:

Овие 3 се веќе на пат за Тексас, таму сигурно разликуваат Кинески од некинески ножеви:

.
..де бе , не биди толку осетлив.., не мислев јас ништо лошо . Овие три изгледаат добро, но не се наши . Патуваат за Тексас , ти прават друштво или си ги пратил-продал??? :)
Гледам ја познаваш проблематиката и имал би едно прашање: каде набавуваат соодветен челик евентуалните аматери изработувачи овде?? Може има некаде назад на темава информација за тоа , ама незнам дали ќе најдам време да ја иссчитам наназад..
 
Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
По сликата како што глеам твоето сечило е некако помало од моето:) а и плус моето е позаоблено.
А за жигот неам поим, а би сакал да научам ако сакаш да споделиш.
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Повеќе од 10 години правам ножеви (последниве 2 години работам исклучиво со готови сечива), на темава има повеќе од 200 слики од мои ножеви, и малку е ми е непријатно кога прочитав "сте се утепале од постирање кинеска роба", а јас се утепав од постирање на мои ножеви, ама како што кажав, се имам навикнато.

Правени се по порачка од еден Тексашанец и веќе се на пат за таму.

Сите почнуваат веројатно со федерплатно од атомобили.

Ако те интересираат ножеви ќе најдеш интересни работи на темава, ти препорачувам да ја прочиташ.
 
D

Deleted member 50555

Гостин
Знам дека прашањево не е за во темава, но каде можам да си купам секирче? За ситна работа низ дома би се користело и евентуално 1/2 излети на година.
 
Член од
22 октомври 2009
Мислења
22
Поени од реакции
46
Дечки може не ми е постов на правото место ако треба преместете го,дали има некој за продавање швајцарско ноже или пак свистул,нека ми пише по пп.позз
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Дечки може не ми е постов на правото место ако треба преместете го,дали има некој за продавање швајцарско ноже или пак свистул,нека ми пише по пп.позз
@smole
Victorinox ima vo "Domnet" kaj sobranieto.
[DOUBLEPOST=1486508493][/DOUBLEPOST]
Знам дека прашањево не е за во темава, но каде можам да си купам секирче? За ситна работа низ дома би се користело и евентуално 1/2 излети на година.
Vo Hubo.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
@concrete Денешната КИНЕСКА РОБА ја јаде и онаа од ,,Бисер'' Охрид, а и од било кој ЈНА нож. Да не се караме, ако немаш искуство со КВАЛИТЕТНА кинеска роба, не потценувај, заради тоа што кинезите знаат да направат нож од 100д. а и нож од 10 000д. па и нагоре. Инаку ножот изгледа добар, убаво сечило за дерење и сечење месо, а и футролата е добро направена. Само помини ја со растопен восок или ленено/маслиново масло за да не впива вода и да не почнува да скапува после неколку години.
Све од АлиБаби, Жаби, АјОфер, Бангод, ДеИКС, ДиноДирект... 85-90% е нискобуџетна копија на нешто, со многу добро копирано лого/бренд и одлична амбалажа, но со никаков квалитет, то важит и за речиси сите ножеви пласирани таму за продажба од еден куп спамери. Особено тие шо се претпознатлив бренд во светски рамки.
То шо е во Бисер е истата роба увезена од Кина, само со нивна етикета. Исто ѓубре/:гомце: само со друга етикета.
Но како и секоја земја, така да имат и Кина квалитетна роба. Риалстил(кои за цената се одлични), Кизер, Варго или Дефкон кои имаат одлични производи, Д2, Дамаскус, Титаниум, Г10, егзотични рачки...но за истите ќе треба да се платит зато шо никој не ти продават квалитет за безпари, ако сакат и од некоја кинеска провиција или село нек е.
Знам дека прашањево не е за во темава, но каде можам да си купам секирче? За ситна работа низ дома би се користело и евентуално 1/2 излети на година.
Во било која железарија мојш да купиш секира. Словенска или од Универзал или од Крмељ еднаш купвиш и заборај следно купвење.
Исто едно време држеја во Лукоил од Фискарс секирчиња, провери и таму.
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
@ManUtd4Ever а и за сите други, има на реклама5 нов оглас, продаваат викторинокси и венгери. Да не ракламирам јас, погледнете и видете.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom