Нов закон за пензионирање?

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
Не е само последната ставка проблем, треба драстично да се намалат буџетарите, да се стимулира правилно и да се овозможат услови за развој на едно лојално и фер рамниште на фирмите од приватниот сектор, а не да се врши нескриен протекционизам на оние партискиугодните, не е едно што треба кај нас да се измени од корен, ама џабе е оваа дискусија, кога не одговара на интересите на оние кои ги влечат конците :)...
Е па токму ваквото однесување, било спречено во корен во раните почетоци на државноста и неправедно и претерано големиот стекнат имот бил благо речено присилно вратен кај народот во форма на вложувања во инфраструктура и капитални објекти, индустрија и сл...денес таа држава е 12-та економија во светот ;)

Ова кај нас е незамисливо да се направи...а и веќе помина возот...
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Нема да го прифатат законот,освен ако не се најдат ептен во тесно.. поточно да немаат веќе кој да гласа за нив на изборите,да не ја исполнуваат бројката,затоа е само како предлогче,ако нешто "не дај боже" дојде до тоа,да можат да се извадат и да речат"НИЕ мислиме за доброто на народот во Македонија,НИЕ направивме ова,НИЕ ви дадовме тоа и тоа,НИЕ направивме ова"..маваат на психа,си играат со луѓето,греота е народов само..колку ли смртни случаи имаше попследниов период,само поради тоа што биле под стечај и не можеле да дочекаат пензија..никој не ги вработува затоа што се стари,а ваму не им даваат пензија затоа што се млади..и они за каде се..се чувствуваат како неспособни... со социјално од 1000ка треба да минат цел месец... срамота и жалосно е ова што ни го прават..народот се фаќа за сламка,утре пак ќе гласа за нив со надеж за подобра иднина.. к**** ... се доведовме до пропаст...Они само обезбедуваат пари за пензискиот фонд,а париве на виделина никаде ги нема.. им ја качија пензијата пред изборите по 500ден,поминаа изборите и им ги скратија тие 500. Сега ќе викаат дека ќе го донесаат тој закон додека не поминат изборите,знаат дека народот е будал,дека пак ќе гласа само ако им се вети нешто..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ilumious; пренеси ја темава во економија да видиме Лавот што мисли.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Баш е добар законот и јас слушнав вакво нешто,дај боже да го донесат татко ми има 39 години стаж и 58 години старост и грев е да работи на тие години,а младите седат дома како утки,најмногу утки утепани има во оние на кои им смета оваа тема
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 01:41 ---


зш бе пропаст,знаеш ли колку слободни работни места ќе се отворат
И јас сум точно тука и затоа и мене ме заинтересира оваа (де)информација.
Анчо точна ти е информацијава само со една забелешка дека законот ќе важи само за вработени во администрација.
Значи за мене Кв бравар,и за оние рудари од М.Каменица не важи ова.Арам да им е.
чуло нешто па недочуло се вика.Македонска работа никој ништо нема спомнато по собрание него некоја будала му текнало да си прави бајрам на мозак па ајде него и другата будала како него ке шири небулози ебате беља
Јави се ви ПИОМ и таму се збори ова (изгледа и се забрзува постапката)
Можни се предвремени избори, и кристално јаснно е зошто се планира да се донесе законов. Ако нема па предвремени, плусчињата ќе им стојат за во иднина, проста математика :)
Е ова е можеби најточниот коментар и тука да се бара вистината,
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 09:56 ---
Нема да го прифатат законот,освен ако не се најдат ептен во тесно.. поточно да немаат веќе кој да гласа за нив на изборите,да не ја исполнуваат бројката,затоа е само како предлогче,ако нешто "не дај боже" дојде до тоа,да можат да се извадат и да речат"НИЕ мислиме за доброто на народот во Македонија,НИЕ направивме ова,НИЕ ви дадовме тоа и тоа,НИЕ направивме ова"..маваат на психа,си играат со луѓето,греота е народов само..колку ли смртни случаи имаше попследниов период,само поради тоа што биле под стечај и не можеле да дочекаат пензија..никој не ги вработува затоа што се стари,а ваму не им даваат пензија затоа што се млади..и они за каде се..се чувствуваат како неспособни... со социјално од 1000ка треба да минат цел месец... срамота и жалосно е ова што ни го прават..народот се фаќа за сламка,утре пак ќе гласа за нив со надеж за подобра иднина.. к**** ... се доведовме до пропаст...Они само обезбедуваат пари за пензискиот фонд,а париве на виделина никаде ги нема.. им ја качија пензијата пред изборите по 500ден,поминаа изборите и им ги скратија тие 500. Сега ќе викаат дека ќе го донесаат тој закон додека не поминат изборите,знаат дека народот е будал,дека пак ќе гласа само ако им се вети нешто..
Колку вистинито ја опиша целата ситуација со народов и државава (за темава)
А сега во повеќе компании има акција за технолошки вишок но во корист на вработените. И тоа само доброволно под најдобри услови во последниве години.
Тие работници(мажи)што годинава до 31 декември прават возраст 62 години,
фирмата ги пушта како тех.вишок со полна надокната од 24 плати до пензионирање.
Или за жени е тоа две години минус. И сите такви се пријавија а некои и заминаа.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Penziskiot sistem takov kakov sto e nema nikakva sansa da opstoi. Nema teorije. Uste 10tina godini maks i ke kolabira. Nie pomladite treba da se osvestime i da prestaneme da plakame doprinosi za penzisko,zatoa sto od tie pari nisto nema da vidime. Vo ovaa ponzi šema profitiraat onie sto veke se vo penzija,posebno mladite i vitalnite penzioneri sto se penzioniraa na 45-50 god starost pri raspadot na Jugoslavija i onie so bonificiran staž. Penziskiot sistem vo momentov e običen lopovluk i kradenje na parite od česnite rabotnici sto vo denešno vreme si go zarabotuvaal lebot so svojata rabota.
Ako sakame pravičen sistem treba na site sto nemaat napolneto 65 god da im se odzemat penziite i da gi vratat pod zavod da si tražat rabota.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Penziskiot sistem takov kakov sto e nema nikakva sansa da opstoi. Nema teorije. Uste 10tina godini maks i ke kolabira. Nie pomladite treba da se osvestime i da prestaneme da plakame doprinosi za penzisko,zatoa sto od tie pari nisto nema da vidime. Vo ovaa ponzi šema profitiraat onie sto veke se vo penzija,posebno mladite i vitalnite penzioneri sto se penzioniraa na 45-50 god starost pri raspadot na Jugoslavija i onie so bonificiran staž. Penziskiot sistem vo momentov e običen lopovluk i kradenje na parite od česnite rabotnici sto vo denešno vreme si go zarabotuvaal lebot so svojata rabota.
Ako sakame pravičen sistem treba na site sto nemaat napolneto 65 god da im se odzemat penziite i da gi vratat pod zavod da si tražat rabota.
а ти очигледно не си во тек со настаните во земјава,за жените е 62г,за мажите 64,2г+- и не им е бино баш многу со оглед на тоа што сеуште се под завод додека не ја исполнат таа возрасна граница... што значи сеуште бараат работа и на тие год,само никој не ги прима на основа на тоа дека се премногу стари за работа...читај погоре, не сакам да се повторувам.. :pipi:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Шо е ова бе читам тука зборите ќе немало пари за пензии, голема невработеност имало...
Абе вие сител не гледате ли !?
Не слушнавте дека благодарение на Владата на РМ невработеноста падна од 30% на 29.9% !? (не е битно шо до пред една година се трубеше како невработеноста била 24% и како Владата успеала под тоа да отиде, а сега да испадне дека уствари била 30% (и покрај бришењето на пасивните невработени значи ипак се зголемила невработенста ако они ни продаваат утопистички прикаски) и дека историскиуспех на Владата е што намалила ЦЕЛИ 0.1%...)
Знаете ли шо прилив од пари ќе има сеа у фондот од овие ЦЕЛИ 0.1% ... абе само да се зборело без врска, само да се плукало по нашава ни влада...

Некако ми се чини дека се поблиску сме до грција...
Буџетот се цеди прво со Скопје 2014, демек ќе се заштеделе мнооооогу пари од тоа што министерствата кирија немале да плаќаат...
Ајде наредната година нели завршува проектот па да видиме колку мноооогу пари што требале за кирија да бидат дадени, ќе се вложуваат во паметни проекти во 2015.
Друга работа, овие 0.1% што ја намалиле невработеноста се вработиле во државна администрација како и пола држава и ете ти уште едно оптоварување на буџетот. Сеа изглеа им текна на министриве декa многу административци имаме па решиле закон ќе донесуваат и за администрација ќе треба да имаш ем факултет ем висок просек...
Трето, повеќе пензионери, повеќе пари за јсп, бесплатни бањи, бесплатно лекување за тие што имаат мали пензии (а како што ни се „големи“ платите и пензиите ќе бидат уште „поголеми“).
Убаво е вака со 60 години старост и 30 години стаж да се оди во пензија, и да има пример вакви проекти за бесплатно лекување на тие што имаат мали пензии, ама у состојба кога се трошат пари за згради, а не за нешто што ќе носи пари и ќе помогне да се издржат ваквите оптоварувања на буџетот ништо не праиме...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Зашто е избришано мислењето на прва страна?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Луѓе бе ако не ви се чита темава, зашто уопште коментирате ? Половина постови на првата страна , " еј шо глупа тема ", " шо ти требало ваква тема да отвориш ", " ај нема да ти текне поглупа тема да отвориш ". Изгасете ја темава , уклучете друга па тролајте. А и модераториве спијат па безврска, форумов станува калакурница. Ако не ви се чита боже мили не ви ставил никој нож на врат "реплицирај на темава иначе ќе ти го искинам гркланот".

Он т: И јас слушнав за ова , али не волку мажи мислам 80 жени 75 така нешто ќе биде, ако е така ... тешко на нас. Па со збрчкани раце , кој ти се нафаќа на машина ? Ако се воведе и ова , ептен ќе биде пропаст све на куп.
и јас се чудам на тоа како некои одговараа за темава,
дали некои има сознание како е во Европа,дали е ова (решение)некаде применето.
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 13:10 ---
Зашто е избришано мислењето на прва страна?
погоре ти објасни САНКЕРЦЕ,
и ти можеби нешто си ја згрешил па за тоа ( не читај-оди на друга тема )
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Anco радувај се куре на пијано пииииппп ке се забрзала постапката не биди смешен.Него на некого му текнало па ајде сите веруваат проста маса.Може измена да дојде да се додаде години и стаж плус пошто немаат пари во буџетот знаеш колку старци се на владината дојка.И плус ако се додаде ова знаеш што ке се деси крак на системот.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Тогаш ќе треба да живееме по 120-150 години на пензијата да се радуваме.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Најново што се збори и слуша денес кај буџетарите по оваа информација,
одењето во пензија по погоре наведеното жени 85, мажи 90 години, ќе било
на доброволна база,кој приваќа и сака и сам се пријави.
Условот е тој дадениот а ќе земале сите исто „пензија“ од 12,000 денари,
но до исполнувањето на условите за целосна-редовна пензија,поточно
кога ќе си наполнат 62-64 години.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Со збир на стажот и возраста до пензија?



Иако владини експерти неофицијално работат на анализа на моделот за пензионирање, при што се разгледува и можноста мажите да одат во пензија со збир на стажот и возраст од 90 години, а жените со 80, надлежните категорично негираат дека Министерството за труд и социјална политика подготвува измени во сегашниот единствен старосен услов за пензионирање




Со новиот модел бројот на пензионери би се зголемил за 20.000 лица
ЕКСПЕРТСКИ АНАЛИЗИ ЗА МЕНУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ
Владини експерти прават анализи за воведување поинаков услов за заминување во пензија, со што услов за пензионирање би станал и работниот стаж на вработените.

Се испитува моделот - жените со вкупен збир на години и стаж да исполнуваат најмалку 80 години, а мажите со 90 години, за да заминат во пензија. На пример, жена на 54-годишна возраст доколку идната година има најмалку 27 години работен стаж би ги исполнила условите за пензионирање. Доколку маж на 53-годишна возраст има најмалку 37 години стаж, и тој би имал точен број бодови за пензионирање.
Иако надлежните институции неофицијално работат на ваквата идеја и ја утврдуваат точната бројка на луѓе што би се пензионирале по оваа основа, сепак сѐ уште не сакаат да ги откријат деталите за јавноста. Според неофицијални информации, овој бран би опфатил околу 20 илјади работници.

Но се наметнува прашањето дали ваквиот модел на пензионирање ќе го оптовари државниот буџет и дали неговата реализација би требало да се ограничи на една година.

Експертите велат дека ваквиот модел во Македонија би се покажал успешен за стечајците и за вработените во администрацијата што имаат над 50 години старост.

Надлежните, пак, категорички негираат дека Министерството за труд и социјална политика подготвува измени во единствениот старосен услов за пензионирање.

И Владата нема предложено измени или дополнувања на постојниот закон во врска со условите за стекнување право на старосна пензија.

- Сега, со Законот за пензиското и инвалидското осигурување е уредено дека правото на старосна пензија се остварува со навршени 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж - објаснуваат од ресорното министерство.

Познато е дека голем број вработени што се пред пензија се незадоволни од законските одредби за пензионирање, бидејќи не можат да заминат во пензија иако, според годините поминати на работа, работната способност им е намалена.

Броење на работниците и на пензионерите

Една од мерките за пензионирање, која исто така подлежи на анализи, е и онаа за зголемување на старосната граница за пензионирање, што значи дека жените ќе заминуваат со навршување на 65 години, а мажите со 67 години старост.

Но колку лица би се пензионирале доколку се зголеми старосната граница и колку со одложување на пензионирањето ќе заштеди државата, но и пензискиот фонд?

Инаку, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) прави редовни анализи со кои се мери успешноста на реформите во пензискиот систем, кои потоа ги доставува и до Светската банка.

Покрај редовни анализи за процена и прогноза колку вработени би заминале во пензија со актуелниот услов за пензионирање се изработуваат анализи со повисока возраст за пензионирање од законски утврдената за да се прават споредби со другите земји од ЕУ и да се согледа колку се успешни и каде треба да се движат вториот и третиот пензиски столб.

Според статистичките податоци, во април годинава во државата имало вкупно 284.742 пензионери. Просек на исплатена пензија е 11.676 денари месечно, или вкупно 54 милиони евра месечно. На возраст од 50 до 64 години има 172.340 вработени, од кои 106.338 се мажи, а 66.002 се жени. Над 65-годишна возраст има 7.226 вработени, од кои 4.181 се мажи, а 3.085 се жени.

Аналитичарите велат дека тешко се пресметува колку вработени од 50 до 64 години би ја исполниле можноста да одат во пензија според возраста и работниот стаж, чиј збир би требало да изнесува 80 за жените и 90 за мажите.

Од 2007 година без пензиски стаж

До 2007 година постоеше можност право на старосна пензија да се оствари само со навршен пензиски стаж, и тоа 35 години пензиски стаж за жена, односно 40 години пензиски стаж за маж. Оваа можност престана да се применува од 1 септември 2007 година, откога правото на старосна пензија се остварува единствено само со навршени години на живот и 15 години пензиски стаж.

Експертите велат дека за да спречи колапс на пензискиот систем, Владата мора или драстично да ја зголеми вработеноста или да ги покачи старосните граници за пензионирање. Според нив, сѐ поголемата зависност на Државниот фонд за пензиско осигурување од државниот буџет и драматично намалениот број вработени во однос на пензионерите го прават македонскиот пензиски фонд неликвиден.
Сегашен модел на пензионирање:
  • l Мажи на 64 години, жени на 62 години

    l Најмалку 15 години пензиски стаж
Можни нови модели на пензионирање:
  • Жените со вкупен збир на години и стаж треба да исполнуваат најмалку 80, а мажите 90 години
  • l Жени со 65 години, а мажи со 67 години старост
Во ЕУ се пензионираат со 65 години
Во Европската Унија во пензија се заминува со наполнети 65 години старост. Исклучок е Франција, каде што мажите и жените се пензионираат со 60 години, но таму нема предвремена пензија. Во неколку земји жените сѐ уште може да се пензионираат со 60 години. Во Германија, Грција, Шпанија, Португалија, Финска, Ирска, Шведска, услов за пензија се 65 години за мажи и за жени. Во Белгија, пак, ист услов за пензионирање, 65 години, како за мажи така и за жени, е од пред две години, а дотогаш жените можеле да заминат во пензија со 62 години. Во Велика Британија и во Австрија мажите можат да одат во пензија со 65 години, додека жените со 60 години. Во Србија во пензија се заминува со 60 години старост за жени и 65 години за мажи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7613816321&id=9&prilog=0&setIzdanie=22921
 

Kajgana Shop

На врв Bottom