Нов закон за пензионирање?

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од Anco, 27 јуни 2013.

  1. Anco

    Anco

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    4.593
    Допаѓања:
    7.011
    Денес жената разбрала,потчула нешто и дури се јави во Фондот ПИОМ да праша.
    Демек наскоро во пензија ќе може да одат жени со 85 вкупно години ( години+ работен стаж)
    За мажи било демек 90. На пример старост-возраст 60 + стаж 30 = 90
    Еве го одговорот и од ПИОМ. „ И кај нас се збори нешто такво ама треба да помине во собрание“.
    Јас не верувам,многу пари ќе треба за овие нови десетина илјади пензионери.
    Ама ај нека биде ќе се отворат-ослободат многу работни места.
    Што ќе кажете вие,какво мислење имате по ова прашање (ако е вистина).
  2. cige

    cige abdal

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    3.125
    Допаѓања:
    1.205
    Кога се донел законот за пензии односот вработен:пензионер бил 7:1, а моментално околу 1,5:1.така да мора нешто да се измени, или да се намалат пензиите или да се накачи старосната граница.
    На коментатор и Branchez им се допаѓа ова.
  3. Mnemozina

    Mnemozina

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    950
    Ако е вистина ќе се реши статусот на многу стечајци и слични ранливи категории, не знам зошто веднаш себично и дрско се буните, демек гужва ќе ви прават во градски превоз, а сигурна сум дека имате роднини и пријатели кои се без никакви или нередовни приходи во своите средни и доцни 50-ти, а имаат доволно стаж.

    Ама кул е да се мрчи, посебно ако си студент, или во раните 20-ти за било што ;)...
    На Meh, Мацата, El_Matocho и уште 12 други им се допаѓа ова.
  4. n/a

    n/a Ненаведено

    Член од:
    28 декември 2011
    Мислења:
    1.115
    Допаѓања:
    2.044

    .... иако, главното прашање за милион долари е: „кој ќе обезбеди пари за овие пензионери и како?“.
    Инаку, јас лично мислам дека е фер решение, затоашто познавам луѓе со 30+ години работен стаж и речиси 60 години, кои, реално, ги заслужиле своите пензии и кога би бирале, уште утре би отишле во пензија.
    Проблемот е што без драстично намалување на невработеноста, Фондот нема да може да издржи нова група пензионери, освен ако Владата не реши да пренаменува средства од приватните фондови, а тука веќе имаме проблем.
    На Vanlok и Saladin им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin the exalted

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    8.192
    Допаѓања:
    5.447
    Овој муабет е стар од поодамна.
    И стварно претерувате ако кукате за бесплатниот превоз што ќе го добијат. Сепак некои вода во очи немаат, а со пензииве малку ќе им се олесни.
  6. Mnemozina

    Mnemozina

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    950
    Проблем секако имаме, влечеме толкав паразит наречен буџетари (во кој и натаму расте вработувањето :icon_lol:) кој е невозможно да се исплатува на сметка на килавиот приватен сектор, решението е исто како и досега - нови задолжувања за плати на буџетарите, за пензии, за споменици итн. итн.
  7. Anco

    Anco

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    4.593
    Допаѓања:
    7.011
    Само колку луѓе овие години и не дочекаа пензија за година или две. Од секирации.
    Од немаштија. Технолошки вишак,стечајци.
    А колку пак и сега на таа возраст ја со душа чекаат таа пензија, бидеиќи и немаат никакви приходи. Ама нашава влада гледа како е во Европа таму 64 и оп тука 64 години
    направива до пензија, и само Европа да рипне на 67 еве ги и нашиве веднаш исто.
    Денес низ сите клиники ова се зборело, во цело здравство во Скопје.
    -----------------------
    Ајде кој ќе го стави јажето,столчето јас сам ќе го потурнам. Нели сум ......
    На ACTION му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saladin

    Saladin the exalted

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    8.192
    Допаѓања:
    5.447
    Ех кога барем последната ставка би запрела и би се инвестирало во повратен бенефит.
    На sankerce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mnemozina

    Mnemozina

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    950
    Не е само последната ставка проблем, треба драстично да се намалат буџетарите, да се стимулира правилно и да се овозможат услови за развој на едно лојално и фер рамниште на фирмите од приватниот сектор, а не да се врши нескриен протекционизам на оние партискиугодните, не е едно што треба кај нас да се измени од корен, ама џабе е оваа дискусија, кога не одговара на интересите на оние кои ги влечат конците :)...
    На blue ladybug и Branchez им се допаѓа ова.
  10. n/a

    n/a Ненаведено

    Член од:
    28 декември 2011
    Мислења:
    1.115
    Допаѓања:
    2.044

    Не, грешка си, каков килав приватен сектор, па нели слушна дека извозот расте, а увозот се намалува.
    И не, грешка си, буџетарите не се премногу, се` додека влијаат на вкупниот број на (не)вработени.

    Не знам кај живееш ти, ама освен гужвите во вторник и петок (што е единствен проблем), во оваа земја, Сонцето е најсветло и по улиците тече.... вода, дождовница, кога врне :D
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cige

    cige abdal

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    3.125
    Допаѓања:
    1.205
    Абе стари, а од каде ти е тебе информацијава?
  12. Anco

    Anco

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    4.593
    Допаѓања:
    7.011
    Абе читаш ли ти или не,или се срамиш,убаво пишува кој ми кажа и каде се збори
  13. Mnemozina

    Mnemozina

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    950
    Сум се изнаслушала и изнагледала изјави и дека ќе имаме економски раст од 6%, дека имаме најмала задолженост во регионот, најстабилна монетарна политика и слични статистики кои те наведуваат да мислиш дека живееш во место како оние во книшките на Јеховините сведоци...

    Сите здрави економии имаат буџетари во износ од 5-15% од вкупното работоспособно население, ние сакаме да играме држава во која половината и повеќе ако треба ќе го претвориме во буџетари, затоа што навистина ни се потребни :icon_lol:...
    На Branchez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. n/a

    n/a Ненаведено

    Член од:
    28 декември 2011
    Мислења:
    1.115
    Допаѓања:
    2.044

    Па како инаку би се намалила невработеноста од 37 на 29,99%?
  15. Mnemozina

    Mnemozina

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    950
    Така де, преку бројки се остварува, ете читај ги Битушанец и Дарди р‘шум направија низ форумот со статистики...
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: