Тања Б. на MTV Adria
Деби видео-спотот на Тања Б. за песната
Сила, изработен од
Telemitt &
Strez за продукцијата
Massive Sky, веќе се емитува на
MTV Adria, во блокот
Pure Adria. Оценките на одговорните за избор на спотови на
MTV Adria се многу високи, што покажува и фактот дека веднаш по добивањето на спотот, истиот е пуштен во етерот. Според нашиве сознанија, критиките се одлични - како за песната, така и за младата изведувачка, како и за самиот спот. Одговорните на
MTV Adria велат дека целиот пакет е урбан проект кој ги прати западноевропските трендови. Во истовреме ги зачудува фактот дека 15-годишната Тања Б, како и
Telemitt &
Strez се дебитанти на македонската сцена, секој во својата бранша...